ПРОЗА

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Јан 30 2010, 10:55

...те држам на раце стаклени, се прозираат моите намери, се смешкаш, сигурна си, се подаваш, ми веруваш. Се подаваш на моите одлуки кои ги препуштам на темпото на спонтаноста. Желбата за момент кој се претвара во вечност погледнува кон часовникот со притаена намера да ги сопре сказалките, иста глетка нека биде кон прозорецот, истите месечеви зраци нека ги скокоткаат нашите тела, деловите кои се најосветлени ќе бидат врежани во нашите сеќавања кои ќе ги прекријат сите оние кои наидуваат како снегот со својот молк, тие ќе крцкаат под нашите чекори во некоја брзоплета иднина знаејќи колку е голем нашиот значај.
Ослободени од бина и публика, не сме повеќе глумци, ниедна трошка од срамливост не остана, сега сме она што отсекогаш сме биле, створени еден за друг...никогаш значи никогаш живот еден без друг, се’ друго беспредметно е.
Ако некогаш иднината со своите волчји заби не’ зграби и болката не’ натера на зборови кои никогаш не сме ги помислиле, сети се само на вечниот момент, само тој е вистинит, кога сме биле оние кои отсекогаш сме биле, се’ друго само наизглед е.
Биди спокојна, те чувам онака како што се чува она што е вечно, а кршливо. Моите дланки топли се само за тебе, погледни што пишува на нив, природно истетовирани линии и шари. Гледаш дека јасно пишува „Тања“...


Последната промена е направена од zbunet на Вто Фед 09 2010, 23:13. Мислењето е променето 3 пати.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Саб Јан 30 2010, 13:06

sekoj bi i pozavidel na Tanja posle ova...

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by trpe on Нед Јан 31 2010, 03:21

Затоа јас не и давам на мојана ни да се доближи до форумов, па после:Ете гледаш,ова, она...Дрн,дрн... Па после морам да се вадам со цвеќенца, ова, она... Во секој случај

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Фед 10 2010, 00:30

... додека како змија лежев во тревата, ги слушав твоите боси табани како шушкаат, се приближуваа, застануваа, размислуваа. Го мислев начинот како да ти се приближам, посебен да биде, секогаш било што и да направиме, каде и да бидеме.
Легна на тревата и ослушнуваше, само моето срце можеше да ти каже каде сум, најгласно чука кога те очекува. Ветерот ја смени насоката кон тебе за да ти го донесе мојот мирис, можев да замислам како душкаш со носот како сламка да те скокотка. Насмевката ти ги откри забите од кои се створи одсај видлив наоколу, знаев каде да се упатам.
Додека правев круг околу тебе како прстен со кој се заветуваме еден на друг, сеуште не ти беа јасни моите намери, не знаеше што би можел повеќе да побарам. Додека гледаше наоколу не знаејќи дека те гледам, се замрзнав во моментот на восхит и со поглед ја галев твојата откриена нога пратејќи ги внимателно линиите и кривините се до прикриениот спој, а потоа се префрлив на задишаните гради под допола раскопчаната кошула сеќавајќи се на нивниот вкус. Брадавиците го насетија мојот поглед, се заканија дека ќе го пробијат тенкото платно, сакав уште некој замрзнат момент на природна убавина која го достигнува својот зенит кога нема публика, кога нема потреба од познати и очекувани ставови.
Ти се причини некој дел од мене, направи нестрплив чекор...кон птицата со огнени бои која беше фатена на дело не можејќи да одолее на глетката, одлета гласно негодувајќи и за момент застана над мене со љубоморен поглед, посакал да сум јас.
Твоите боси табани зашушкаа кон мене, бевме само јас, ти и нашите намери, се стремеа да се спојат...а потоа се загубив во твојата прегратка и да ме убиеш на ништо повеќе не можам да се сетам...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Сре Фед 10 2010, 19:27

A koj bi baral da se setis povekje od ova...?

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Фед 10 2010, 19:55

...ама стварно имаше уште нешто што вредеше да се запамети...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Фед 16 2010, 22:47

... сонцето не’ скокотка по трепавиците, а потоа минува низ твоето разголено тело откривајќи го секој детал на моите поспани очи.
Ги осветлува твоите подотворени црвени усни кои ги облизнуваш со јазикот кој ме повикува, шепкаат дека моите им требаат. Раката ти минува низ телото, ми кажува каде е потребен допир, а потоа и усни. Зад себе оставам наежени делови светликави од желба во подем и меки, но продорни прсти минуваат низ мојата коса, се јавува скокотлива струја дури до петиците, чувство дека лебдам над непрегледен рај полн со тајни кои чекаат да бидат откриени. Секогаш успеваат да бидат нови тајни иако на исто место.
Цветови се отвараат, прво ги мирисам, растат забрзано поради мојот влажен здив кој го чувствуваат и стануваат плодови спремни за берба.
Сонцето те осветлува до блескавост, нагласува богатство од бои во аурата која ја поседуваш, сета таа мекотија има и потреба од цврстина за да биде целосна, тоа ми го кажува. Симболичните завеси паѓаат како шушкава мелодија под моите прсти и како појачан рефрен се појавува твојата воздишка, чувствувам дека оваа песна долго ќе трае. Моите гладни очи се хранат со тебе, широко се отвараат полнејќи се, но никогаш не е доволно, знаеш моите очи како се однесуваат со тебе, многу им се и десет метри во светот на скриените можности.
„ Како ли можеш да бидеш толку убава ? “, велиш дека јас те правам таква и не знаеш во што ќе се претвориш. „ Во ѕвезда, сигурен сум, сонцето ги препознава своите“. Сонцето ги проби и ѕидовите за да те опфати целосно отфрлајќи ја секоја сомнеж.
Ме обземаш и превземаш како играчка, се подбивам со вољата колку не ми е потребна, ти си мојата воља, постојам за да постоиш. Го сакаме денот за да се откриеме колку е можно повеќе, ноќта е за оние закаснети гости кои не сакаат да одат предалеку.
Се движам низ најдалечните краишта на твојата разнолика пространост, секаде сум добродојден, од секој плод добивам нова енергија која ме тера да продолжам заборавајќи дека сум човек кој би требало да се замори и застане.
Секој дел е нова желба и ново искуство заради водопад од намери, се враќаме и повторно почнуваме, се губиме и повторно се наоѓаме, солза за она залудност што ја загубивме кога за нас не знаевме, насмевка и воља за да надокнадиме...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by alisa on Сре Фед 17 2010, 01:03


alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Фед 27 2010, 14:05

Кој и да е, ќе ти дае.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Саб Фед 27 2010, 16:23

ако не ти дае од прва, пробај пак

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Мар 06 2010, 00:57

... да кажам ? Што тоа имам да кажам ? Светот и вселената се премногу големи за мене...и микрокосмосот. А да...и ти си тука некаде, како и светот. Премногу сте големи за мене и од каде ви идеја дека можам да ве разберам ? Па јас сум толку ситен што дури ни’ сам не се забележувам.
Егоизам ? Ха ! Не е тоа егоизам, јас не сум вљубен во себе, тоа звучи така педерски. Не ми е гајле за педерите, а ни’ за мене, затоа швајцувам цигари и престанав да вежбам. Последен пат кога се симнав во
подрум на тегот имаше дебел слој прашина, бев рамнодушен. Да, како и животот кој за секого има по некоја лекција. Кога нешто се повторува од пламен се претвора во жар и се знае...пепел.
Не сакав да заминам во странство, долго се обвинував за тоа, но таму ќе бев некој носач на мебел или шофер на камион, а сега ? Е сега сум нешто посебно, изолиран од светот затоа што знам дека Господ не’ мрази сите и затоа не’ плаши со ова или она или ќе гориме во пеколот. Нека горам,
некако ми е сеедно, што тоа имам да ми земе ? Може само да ме отера во рамнодушност.
Ме заболе што некој ова сега го чита и си вели „ Што му е на овој серково? Срање невидено“ . Ова е мое срање, сиво срање т.е. црно бело какви ми се соновите.
Не се сеќавам дека сум спиел добро иако се онесвестувам и крчам до кров со закана дека ќе попаѓаат ќерамидите. Хм...ова е метод на слободни асоцијации, од чичко ми Фројд, како кога ми кажа нешто важно под косиот мост, а никако да се сетам што беше тоа. Не се сеќавам ни‘ што ми рече Дон Хуан додека стоеше на автобуската станица со Џенаро, само беа млади како тинејџери во понча. Ниту на Лесли Елдриж кој превеше колуци напред и погледнуваше кон мене додека ги тепаше лошите со нинџа техника за да ја ослободи Сумико. Се сеќавам само што ми рече Исус, да ставам три слоја на паднати лисја на градите и стомакот (значи тоа треба да биде есен) под маица да ги носам три дена. Го сторив тоа по некоја година, но само неколку часа, се почувствував глупаво како некој да ме гледа и
баталив. Неверник ? Не ги сваќам работите ако не добијам шлапаница, но ни‘ тоа не вреди многу затоа што ми се активира рептилскот дел од мозокот и напаѓам. Не можам да дозволам некој да се изживува врз детето кое живее во мене, сеуште цмиздри на некоја ливада под некое дрво, а баш е убаво времето. Другите деца заминаа на ручек, за мене никому не му беше гајле, толку сакав и мене да ме повика строго, наместо молкум да ми принесе на масата кога и да дојдам. Кога сакав излегував, никој не ме сопираше, а толку сакав понекогаш да ми забрани да излезам како и на другите деца. Никој не ме тераше ни’ да учам, само учителката ми ја трескаше повремено главата од табла, повремено ќе ми потечеше крв од челото.
Сите кои ги познавав беа досадни, ми требаше нешто повеќе, си ветив дека ќе бидам нешто повеќе, но не во светот, во себе. Светот е досаден и ми предизвикува рамнодушност, моето лигаво компјутерче во главата ми приредува циркуси, мисли ми шибаат како на автопат, повеќето ми бегаат пред воопшто да ги распознаам, понекогаш успевам да прочитам некоја буква или бројка и ја претпоставувам
целината на тоа што поминало. Автопат од мисли со неграничена брзина, поголема и од светлината,(тахионски погон) и заминуваат во некоја друга димензија. Детето ќе ја наведне главата додека седи на ридчето крај автопатот„ Толку е голем светот “, си вели „ Кога би можел да распознаам бар една мисла“.

Бар една мисла и ќе ти го подарам светот заедно со вечната насмевка која сум сигурен дека ја заслужи. Секоја мисла е свет, не можам да ти дадам само дел, или се’ или ништо. Не зборувам за љубов, пари, шетања и слики од нив за спомен. Зборувам за нешто поголемо за кое сум сигурен дека го има. Ме сакаш и затоа нема да ме наречеш шизофреничен, но не е само до љубовта, разликата е што сум функционален, ги разликувам работите. Пред оној прцул од свет го искажувам како фантазија и ригидно
инсистирам на тоа, морам некое име да му дадам. Не живеам во тој свет, само земам распознатливо делче кое можам да го искористам и затоа изгледам како поет или понекогаш прозаичар.
Како и да е, изгледа како да ти нудам куп глупости, да, тоа се глупости се’ додека не распознаам бар една мисла на автопатот. Често се шегувам прашувајќи те дали би заминала со мене со вселенски брод, но не се шегувам во намерата кога би стигнал до бродот кој некаде кружи во орбита и чека да го повикам со мојот мисловен импулс, сеуште го немам кодот, не можам да се сетам на него. Метод на слободни асоцијации, ми треба распознатлива мисла, права мисла, не овие бљувотини кои кружат во
секојдневието, туку за карта во еден правец надвор од вселените, надвор од претпоставената бесконечност.
Ти зборувам мила моја за свадбен подарок, само така ќе докажам дека те заслужувам, не те сакам на човечки начин,туку на засташувачки начин помоќен од било какво оружје. Времето е енергија, ништо повеќе, тоа е делче од една мисла која подзастана да ми подели некој фрагмент како ситно на просјак...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Саб Мар 06 2010, 08:51

oooooo.....

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Мар 06 2010, 12:21


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Саб Мар 06 2010, 15:27

Mojot genijalen idol!

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Тото on Саб Мар 06 2010, 15:50

zbunet напиша:... да кажам ? Што тоа имам да кажам ? Светот и вселената се премногу големи за мене...и микрокосмосот. ... Времето е енергија, ништо повеќе, тоа е делче од една мисла која подзастана да ми подели некој фрагмент како ситно на просјак...

jas sum glup za ova
ova samo zensko moza da go sfati

svaka cast


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Мар 07 2010, 23:17

... кликнете тука за да дознаете какви сте и што ве чека во животот ! Оооо, хороскоп ! Ооо, гравчиња ! Ооо, едно големо прдење со љубовни очекувања !
Дали ќе се отарасите од свињата што ја имате и ќе најдете некој романтичен со значаен поглед вперен само кон вас и со неговото однесување ќе докаже дека сите други се безначајни во споредба со вас ! Ооо, мамина принцеза ! Убавата таа !
Нема поголеми лажги од мајките. Затоа и на суд не им дозволуваат да сведочат, ќе треба и нив да ги осудат. Тие се вистински злосторници против човештвото. Секој кретен стана нарцисоиден. Нарцисоидноста е шизофренија.
Нарцисоидно синче е педерче. Не се тоа мои зборови, само пластично ги интерпретирам.
Чаре ? Се знае...од магаре. Мојата идеја секој задолжително да биде подложен на психијатриски преглед најмалку еднаш годишно, тешко дека ќе помине, кој кого ќе проверува ?
Нема врска, светот ќе чмае у тами и сите ќе бидеме вџашувани од неаднаш - глупостите кои ќе не’ среќаваат во облик на авторитети и личности кои сме ги почитувале. Секој е ко темпирана бомба, може и на спиење да те задави, можеш да се молиш дека тоа ќе биде брзо и нема долго да те мачи додека животот ти поминува на забрзана лента пред твоите очи.
Еден бугарин камионџија ми кажуваше како биле силом прилика две недели стационирани во Германија и како секој што ќе помине од тие немците викал “ Гутен таг “, а на Балканот гледа да ти го украде камионот и ако има време да те силува ; шо има врска шо пол си, важно да имаш дупка.
Знам зш не сме имале држава. Кога може некој инвеститор од пичке си мајчине да дојде и да те запосли и третира како човек колку толку за разлика од нашиве преку ноќ газди кој гледа да те направи инвалид и да те фрли како куче на улица, е тоа е наш човек. Ако ни е, наш си е. Колку подолго е горе, ја губи човечноста и луѓето ги гледа како мравки. Тоа се вика “ вокација “ кога сака да ги заборави опинците и да се рамни со дедо боже.
Стравот е единствено нешто преку кое може да се комуницира на балаканот. Кој на кого ќе му го наметне и тој ќе си го еби другиот.
Како и да е од запад ни‘ идат демагогии од типот “ Верувај во себе и ќе успееш !“ А ние едни поверливи и наивни што да ти речам, до сега све верувавме во другите. Ако ние не веруваме во себе кој би можел да се пофали со такво нешто ? Имаме кодошка традиција која брижно ја негуваме со мотивот “ Сам против сите“.
Ќе рече некој проста маса, ами не е така, злобата и користољубието кај нас е доведено до ниво на уметност, секој би можел да организира самостојна изложба и да се фали со своите трудови. Посетителите често би си рекувале „ Како не ми текна мене ваква чивија да му зачукам на ближниот свој ? “.
Ама често се бавиме и со плагијати. Кој стигне бара жиранти, све една иста финта. Заеби, ама со свој труд и своја глава и ние да можеме да се пофалиме со наши “селебрити и оскари“. Абе за глума сме ненадмашни, све мед ни’ тече од уста кога ни’ треба нешто од некого. Жена да му поебеш на пријател ? Пффф, ситница, само нека сака и по можност во овулација за да чува нејзиниот мајмун туѓо дете. Ако му е, крв нека сере на втор ден велигден, он ќе ми се фали со поарна кола од мојата. Гомнар еден, и вила има, ја наследи инаку е неспособен. Ако не наследил, тогаш украл, нема трето.
Ме насмеа едно случување кога се досели една неорганска креатура со звучен статус, абе цел комшилук се мобилизира за натпревар во дудлање. Абе се тепаа меѓу себе кој прв ќе го излиже ко лижавче, сироткиот беше цел мокар. Кога сватија дека статусот му е само формален, тој веќе ги измузе ко овци и буквално некои ги испоеба и сега курвите се кришум се гледаат надевајќи се дека нема да се излае и дознае, нивните кретени знаат, ама не коментираат, намерно ги жртвуваа заради подобро утре.
Сум имал можност да бидам вмешан како сведок меѓу некои мрсулави авторитетчиња, најверојатно затоа што им заличував на интелигнетен и кој би можел нешто да допринесе во нивна корист. Е тука сум се вџашил, леле, какви педерии ! Меѓусебно се зајадуваат дека не му чини фризурата, се нервира преку цел ден и прогања секој оној што нема да му подели комплимет. Е тоа се копилиња малоумни, нема конкуренција, е тоа е уметност на копилаштвото ! Чиста хомосексуалност, абе изворна ко од кладенец. Па додуше, реткост е да сретнеш авторитет на нашиве простори да не треска глупости и резонира како дете со посебни потреби. Е зш не ни ја бива државата ? Е оти де ?
Како и да е ја у ствари многу лажам ( имам цевка вперена у врат, црвена застава) и гореспоменататите личности и области не постојат како такви и секое совпаѓање е случајно и ненамерно, сакав само да се праам важен и дека сите други не чинат, само ја сум најарен.
(“ Сам против сите “...ова ќе го упоребам за изложбата...хехе...)

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Нед Мар 07 2010, 23:50

AND LADIES AND GENTLEMEN...OUR ONE AND ONLY...ZBUNET!

Koj sekogas umesno uspeva da ja odgatne iluzijata na svetot vo koj ziveeme i da ne ostavi site zbuneti


fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Мар 07 2010, 23:56



Blagodaram, iako se nadevam deka ne si samo subjektivna

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Пон Мар 08 2010, 00:04

Aaaaaaaaa da ne se vregjame! Ja subjektivna?

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Мар 08 2010, 00:11

Се шегувам, верувам во твојата проценка

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Мар 22 2010, 13:08

... додека правев трапави чекори сопнувајќи се од грубите корења од дебелите дрвја со рапави кори кои го попречуваа патот како рекетари. Го сватив тоа како опомена, погледот кон крошната ги потврди моите сомневања, се фрлив како “атомски с лева “ додека затропаа бели скоро течни проектили на местото каде стоев. Фрустрирани чавки се разгракаа поради залудното трошење муниција.
Се спуштија на најниските гранки како темен облак коментирајќи...„случајно“...„ти си крива, пребрзо беше“...„требаше да чекаш на мојот знак !“. Малку шушкање со крилата и гребење со канџите додека се поднаместат и потоа како еден зевнаа со своите очиња кон мене; се почувствував како да сум осветлен од рефлектор. Почнав да се повлекувам назад, но ги прочитаа моите намери и еден дел од јатото слета зад мене дигајќи облак од прашина спречувајќи ми ја отстапницата. Седнав беспомошно на земјата слегнувајќи со рамената, чекајќи на судбината која ќе ми ја одредат.
Почна да се истега најкрупната чавка на гранката на средина од редицата. Претпоставив дека е главната - ја имаше главната реч и затоа си го прочистуваше грлото додека се спремаше да ми се обрати. Прво ме измерка и промумла „ Ништо посебно “.
- Мислам дека моиве намерно те промашија, никого досега не сме промашиле со нашите гомненици - еее, какви фраери сме ги посрале, а не па тебе. Мора да се бавиш со некоја магија и тоа мора некоја пософистицирана чавка да те научила. Значи имаме предавник во нашите редови !
- Ииии...лелее... - се разлеа изненаден шепот низ јатото загледувајќи се недоверливо меѓу себе која би можела да биде.
Слета кочоперно пред мене испитувајќи ме со поглед. Само зуеше како ренген минувајќи го секој детал од моето тело, не би ли открила нешто што би ги потврдиле нејзините сомневања.
- Аха ! Што е ова ?! - се загледа во мојот медаљон кој ми висеше на вратот и го откина ланчето со клунот.
Медаљонот се отвори паѓајќи на земјата и се покажа сликата која беше скриена.
- Иииии ! Олеле ! Како го украде овој медаљон ? - огорчено и заканувачки ми се развика.
- Јас...некако успеав да ја преживеам и на крајот ми го даде како спомен. Промумлав минувајќи со мислите низ траумите врзани за медаљонот, почна дури и да ми се лоши.
- Си ја преживеал најсмртоносната чавка, тоа ли сакаш да ме убедиш ? - почна да се смее. И другите од јатото и‘ се придружија, но некако неубедливо. Се заврти и луто ги погледна своите од јатото заради слабата подршка. Но немаше друг начин да дојдам до медаљонот, дури и водачката по некој момент на непријатна тишина помирливо климна со главата.
- Значи ги знаеш сите наши тајни - фрустрирано проговори - Се гледа дека имаш многу лузни, многу си бил повредуван, но ете жив си, за ова ќе се говори долго време.
Многу удари со клун беа видливи на моето тело, со нив одеа и делови од мојата душа, многу победнички гракања ме фрлаа до дното. Бев дури до пеколот, сепак се вратив.
Водачката се поклони, а по неа и цело јато. Беше некоја свечена тишина. Наеднаш сите заедно полетаа и заминаа оставајќи ме во облак од прашина од кој долго кашлав.
Се исправив и долго чекорев низ шумата чувствувајќи се непријатно заради неприродната тишина. Сите птици ме избегнуваа, немаше причина да пеат во моја близина, веруваа дека не допира до мене.
Знаев дека веста брзо ќе се рашири и нема да има место каде да одам каде нема да бидам препознаен.
Помислив дека победата е полоша од поразот...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Чет Мар 25 2010, 09:02

... не мора да биде поинаку од кога те гушкам и милувам, да ти се радувам. Не мора да постојат други нешта кои би не натерале да правиме нешто друго кои немаат ништо заедничко со нашата љубов. Побарав слепило за таканаречени реални нешта кои наводно го условуваат нашето постоење, великодушно го добив, не гледам ништо друго сем тебе, нема ни една мисла која го нема твојот акцент. Уживам. Не е важно што ќе се случи утре, важен е денешниов ден кој секогаш може да биде последен, еден ќе биде. Сакам да бидам испратен со љубов, не со рамнодушност и лицемерни фаци кои се присатни само заради некоја услуга која сум им ја сторил во минатото. Секој ден го живеам како да ми е последен, очекувам само лошо од се’ што нема врска со тебе, не сакам било што од нив го препознаам кај тебе, тогаш ќе бидам изгубен, нема да имам причина да се разбудам. Те сакам како да ми е последно сакање затоа што е последно, потоа следуваат даноци за кои никој не ме прашал.
Од сето лицемерно насилство кое постои се затворив во тебе, никој ништо не ми може додека сум во тебе. Во тебе ги гледам сите можни бои, надвор е одвратно сивило, ми треба кров и топлина, некој да ми се радува, како човек да се почувствувам, во тебе ја препознаав таа шанса.
Ова ми е последно сакање, сите сили ги трошам, нема резерви, нема да има друг пат. Не е важно ако некогаш бидам сув кожурец, многумина се, важно е дека сум исполнет каков никогаш не сум бил и нема да бидам, тој сум денес, не се чувам за безвредно утре кои може нема да дојде и ако дојде нема да биде наменето за мене.
Ти го давам се’ она што го имам во мене, а ти како сакаш, можеш и да го отфрлиш истиот момент заборавајќи го, не е важно дали го давам на погрешна личност, важно е дека и јас некогаш имав избор...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Чет Мар 25 2010, 09:17

стави му наслов, последно сакање
многу е убаво

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Мар 30 2010, 16:36

...ако речам ...со мојот глас кој благо нагрчува, не ја ја доловуваш содржината, ја воочуваш само сексипилноста. Тоа е од многу испушени цигари поминати во самотија...премногу самотија, премногу цигари. Во облакот од дим го воочувам обликот на твоето тело...и косата се прелива додека паѓа како водопад, тоа е се’ што имам најчесто од тебе. Твојот глас на маче кој ми ечи низ мислите ме потсетува на фебруар, некој замислен во некоја фантазија.
Премногу време минато во фантазија ме одалечува од делата. Те носам низ светови, те облагородувам, те воздигам меѓу ѕвездите и боговите, таму си мојот воздух кој го вдишувам. Се’ што постои таму го има твојот мирис, твојот облик, облаците и реките личат на твојата коса.
На дело каде ме очекуваш често доцнам, не можам да се одвојам од другиот дел од тебе...тешко ми е да го препознаам светот на незаситни очекувања за објаснувања. Патот често го губам, се занесувам по шарени пеперутки и ноќни светулки, едни осветлени од сонце, други од полна месечина, кажи ми како да се вратам ? Зошто ?
Често ме прашуваш за тривијалности за кои најчесто не сум свесен. Ме прашуваш за датуми и изрази во дадени околности, а често ти велам дека луѓето се за мене само облаци, некои бели, некои тмурни, само гледам да го изодам патот кој сум го замислил, а често измислувам нови патишта до тебе. Стигнувам некаде до пола и потоа се откажувам, сакам кралевски пат кој ќе ме престави на правиот начин и ќе ме заштити од баналности, едноставно...пат кон чиста љубов без непотребни објаснувања, зошто е така како е.
Не можам да те пратам по твојот пат, премногу сивило ми се гледа, не можеш да ме пратиш по мојот пат, ти делува кичерајски со премногу бои невистинити, велиш дека животот е на другата страна, практичната, но велам кога таквите како мене биле прагматични ? Вистина е дека ќе ме воведеш во твојот свет, но крај себе ќе имаш само едно мизерно и мало човече без надеж и пак нема да го имаме тоа што сакаме, ќе имаме само слика прифатлива за однапред спремени рамки, некои ефтини...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Вто Мар 30 2010, 17:20


Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 07:44


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот