ПРОЗА

Страна 9 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Саб Мај 26 2012, 14:00

zbunet напиша:Кога ми е добро, не ми се пишува, тогаш ми се ужива smesko
guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Мај 26 2012, 22:32

smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Саб Мај 26 2012, 22:41

the nurse напиша:
zbunet напиша:Кога ми е добро, не ми се пишува, тогаш ми се ужива smesko
guska


И мене исто kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Читач на облаци

Пишување by zbunet on Сре Јан 23 2013, 18:38

Осуден е на доживотна робија и тоа во самица. Со текот на времето посака интеракција и налета некој глушец, му даде име, му фрли некоја трошка за да се врти околу него да му прави друштво и кобојаги да си разговаат, па некоја лебарка, и на неа и’ даде име и така си се дружи. На две недели му доаѓа неговата сакана со која му дозволуваат да бидат во собче два саата и потоа пак таа си заминува. Во меѓувреме се допишуваат колку си недостасуваат и дека можеби некогаш тој ќе добие помилување и ќе бидат среќни заедно. Гледа кон решетките и дебелите ѕидини и воздивнува, знае дека е лага, господ не го гледа горе меѓу облаците, но се надева дека греши.
Наутро го будат за да оди да копа бразда еден километар и кога ќе успее, треба потоа повторно да ја затрупа. Секој ден е ист и затоа не му е важно кој датум е, полека престана да гледа и кон часовникот, веќе ја знае рутината, само огледалото му кажува на неговото лице колку години изминале.
Потоа легнува на креветот и гледа низ прозорецот со решетки кон небото и облаците. Си рече дека можеби облаците нешто му кажуваат и така се обидува да ја разбере божемната порака која му ја упатуваат. Некогаш се совпаѓа некој облик на некој облак со некоја ситница од неговото секојдневие како на пример дека ќе му падне четката за заби во ВЦ шољата, тогаш се смее, има впечаток дека некоја виша сила сепак му се обраќа, сепак не е така сам. Никогаш не научи нешто позначајно од облаците, но можеби облаците се неговата судбина и дека затоа постои. И да е ќорсокак, нема друг избор, но бар е негова слобода како ќе го употребува умот.
Во затворската зграда понекогаш слуша лелеци, но со текот на времето се’ поретко, знае дека не им е подобро, се прилагодуваат на светот без надеж со гримаса која помалку личи на насмевка, а повеќе на ржење.
Се враќа кон гледањето на облаците, но кога се стемнува се појавуваат ѕвезди, ги гледа како пулсираат, но доаѓа време и за вечера која му ја протнуваат низ вратата. Додека вечера вклучува слаба светилка, си фантазира како со неговата сакана е на некоја романтична вечера, а над нив треперат ѕвездите и воопшто не се грижат колку ќе ги чини тоа.
Помисли дека можеби би можел да издејствува помилување и да го пуштат, но помисли и дека можеби ќе испадне само лажго затоа што тука слободата е состојба на умот, а надвор би била на материјата, а тој веќе се навикна на непостоење...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Сре Јан 23 2013, 19:53


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Сре Окт 30 2013, 23:51

ШЕСТОЧИНКА
Досада
Недела, ручекот мириса на готово, на телевизија почнува странска сапуница на македонски, во мијалникот чешмата капе врз кривата кула од тацни и филџани, облачно до умерено ведро, има време – само што помина пладне.
Игра
Понекогаш ме мрзи да смислам корисничко име и лозинка, а понекогаш е вистински креативен предизвик. Нема врска, важно е да се учествува. Денес.
Љубопитност
Каде води овој пат? Што ли има зад кривината? Уште една кривина. А зад неа? Ливада со шумски плодови. Црвеното е слатко оти е зрело, но може да биде и отровно. Хм ...
Зависност
Многу од бавните отрови создаваат чувство на пријатност, а пријатноста води кон зависност. Уште овој пат. Уште овој пат. Уште овој пат.
Апстиненција
Мачнина. Вртоглавица. Треперење и студенило. Вкочанетост и млитавост истовремено. Треба да се издржи. Да се има цврста волја. Да надвладее разумот. Оти разумот е среќен само кога победува. А што се случува во разумот? Хемија. Зборот апстиненција потсетува на хемија: реакција, оксидација, редукција, елиминација, валенција, есенција  ...
Страв
Седи во кругот нацртан со креда. Тука си безбеден. Имаш широчина да легнеш на грб со раширени раце и да се замислуваш дека си славниот ветрувијански човек. И ДаВинчи имал стравови. Но не се плашел да лета.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Ное 02 2013, 17:04

misli palce

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Ное 03 2013, 15:12

fala

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 12:24


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот