ПРОЗА

Страна 8 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Постоење

Пишување by zbunet on Вто Мар 01 2011, 14:49

...светот е составен од тебе, едноставно те живеам, непрегледна си. Зборувај ми за себе за да не лутам, да знам каде ми е местото во секое време. Шетам, се заборавам без замор, светот е сиромав во споредба со тебе.
Не си само планета, ти си цела вселена низ која летам или лебдам, преминувам простори за миг, на полно места пулсираш, на тие места се спуштам привлечен од љубопитност. Многу извори од кои пијам секогаш претварајќи се во нешто друго, најчесто сум ангел.
Ја сакам бурата која ја ствараш, грмотевици како рамка светкаат околу мене, а потоа се сливаат во еден и ме погодуваш за да се распрснам како светлина која допира до најодалеченото место. Нема таква глетка со која може да се спореди, дури и секоја боја е поинаква.
Нема глад во тебе затоа што секојдневно ги обновуваш своите плодови додавајќи им нов вкус и безгрижно се посветувам да те дополнам со мои нешта кои спонтано излегуват. И нови тонови кои се спојуваат со твоите, ечи нова музика која неуморно ја повторувам. Секое ново додавање прави нов пејсаж, те чекам кај водопадот, шумиш гласно и ми се доближуваш заедно со сонцето кое излегува од твојата насмевка. Станува жешко и со поглед ме соблекуваш, гордо пред тебе стојам гол.
Влегуваме во езерото, ми тераш да бидам ајкула, како делфин си погруваш со мене и ме поттикнуваш да навлезам во длабочините до самиот крај.
Можеби си само сон, а јас не сакам да се разбудам, можеби сум само твоја мисла која не се предава на заборавот, вистинито е само тоа кое го сакаме, што и да сме, постоиме повеќе од се’...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Сре Мар 02 2011, 00:30

што би рекла Кидман
Кидман напиша:се' е тоа прашање на перцепција

flower

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Златно небо

Пишување by zbunet on Нед Мар 13 2011, 22:10

... стојам, ти намигам, го управувам бродот. Редовно го гледаме изгрејсонцето и зајдисонцето. Бранови има, но ветерот сами го создаваме, исполнет со љубов не’ гали по образите. Тука е секогаш мирно, секогаш како посакувавме, како ни’ дојде така водиме љубов, тука никој не не’ вознемирува.

Ја направивме последната магија, направивме бродче во шише, не, тоа беше претпоследната. Го поставивме бродчето во шишето до последен детал, навистина ремек дело, со часови гушнати го гледавме. Замислувавме како би било да имавме ваков брод, но со текот на времето, не сакавме ваков, го засакавме баш овој. Мајсторски составен во моменти на занес кој имаше делчиња кои го опишуваа секој наш ден од нашето познавање. Името му го дадовме од нашите иницијали врежано на предниот страничен дел, а околу срце во црвена боја.
На секое поминување неизоставно го погледнувавме бродчето во шишето кое го сместивме крај прозорецот, почна да ни’ доаѓа и во соновите: Заедно пловевме во неистражени води, ги исправаваме едрата, ловевме риби и делфини редовно ни’ правеа друштво, а напред во далечината огромен кит не’ чекаше. Не беше лош кит, повеќе заштитнички не’ гледаше...
Едно утро се погледнавме и се бакнавме на сосем поинаков начин. Зборови не беа потребни; се свртевме кон нашата златна рипка која мирно пливаше.
Седнавме крај нашето бродче до прозорецот и во раката ја држев стаклената топка во која беше златната рипка - уште две желби останаа, доволна ни‘ беше уште една.
Гласно ја изговорив желбата гушнат со тебе, втората и’ ја препуштив на рипката да ја искористи како сака.
Се најдовме на нашиот брод, не беше веќе бродче во шише иако сеуште беше, како и ние во него. Го разгледувавме на поинаков начин затоа што станавме поинакви, а потоа долго водевме љубов...
Шишето се претвори во огромна златна рипка со китовски димензии, во неа ја препознавме нашата рипка; за тоа ја искористила преостанатата желба. Ја отвори устата и не’ препушти на океанот.
Небото и водата беа поинакви, беа со златна боја - рипката не’ довела во својот свет од каде потекнува. Од спротива брзо наидуваа огромни златни рипки кои испуштаа радосни звуци кон нашата, и таа им возвраќаше. Настана весела мешаница, се чинеше дека бродот ќе се преврти...
Останавме сами на нашиот брод гледајќи како заминуваат златните китови, знаевме каде ќе можеме да ги пронајдеме, но сите желби ни‘ беа исполнети...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Нед Мар 13 2011, 23:23


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Пон Мар 14 2011, 00:03


„....Настана весела мешаница, се чинеше дека бродот ќе се преврти...
Останавме
сами на нашиот брод гледајќи како заминуваат златните китови, знаевме
каде ќе можеме да ги пронајдеме, но сите желби ни‘ беа исполнети... “

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Мар 14 2011, 00:41

guska fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Пон Мар 14 2011, 10:01

zaljub

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Апр 30 2011, 01:51

- Треба нешто да ти соопштам - се завртев кон тебе неуверливо со неубедлива насмевка
- Пак ќе треснеш некоја глупост? - ми возврати со ироничен поглед и ме пресече како со меч.
- Седи, ова е многу важно - те погледнав како за последен пат, а ти ми ја шлапна една и ми рече да си легнам.
Ти си легна, го заврте грбот, а јас не успеав да ти кажам. Воздивнав беспомошно и погледнав кон балконот од каде наидуваше силна светлина, не бев изненаден затоа што знаев што наидува.
Ја спремив торбата со делови од сеќавања и тргнав кон осветлениот балкон како бина. Бесшумно лебдеше летечката чинија од каде се отвори вратата каде стоеше за мене добро познат лик со крупни црни очи, голема глава и тенко розеникаво тело кој со спора насмевка ме очекуваше.
Уште пред да стигнам до балконот ти веќе беше застаната бушава меѓу мене и летечката чинија:
- Абе каде си тргнал?! Што е ова?! Скриена камера и се зафркаваш со мене?! - грабна од кутијата и почна да фрлаш со штипките по розевиот лик со голема глава кој споро мафташе со своите пипци за да се одбрани.
- Ама сакав да ти кажам! - се обидував да го надласам твојот бес.
- Абе што има да ми кажуваш, марш во кревет, а ти мајмуне симни тоа маската и да те нема од тука! - се заврте кон него и заканувачки почна да му се приближуваш, а тој бргу ја затвори вратата таман колку да загребе дршката од метлата по неа. Набргу почнаа вибрации и летечката чинија се упати кон ѕвездите.
Гледавме кон ноќното небо каде се’ повеќе исчезнуваше леталото како светла точка.
- Не знам што зафрканција ти е ова, ама утре ќе се разбереме!
- Ама летечка чинија...и јас кон ѕвездите...а тие...
- Абе марш пред мене и на спиење, сега филмови ќе ми раскажуваш? Види колку е часот!
Заинат ти го завртев грбот кога си легнав, а утрето не ме праша ништо за случката. Нити некогаш ме праша, се плашеше дека не е се’ зафрканција што кажувам... kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Саб Апр 30 2011, 20:59

smeenje Е аko ти e...кај си тргнал сам?
Море,удри со тоа метлата...
kamsik

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Пон Мај 02 2011, 22:56

zbunet напиша:
Заинат ти го завртев грбот кога си легнав, а утрето не ме праша ништо за случката. Нити некогаш ме праша, се плашеше дека не е се’ зафрканција што кажувам...

зафрканција??? од тебе?!?!


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Мај 03 2011, 08:29

trepka flower

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Слободата на незнаењето

Пишување by zbunet on Вто Мај 31 2011, 11:52

...змејови со голи раце совладав, сега ми е жал, како маченца од моите нозе се трлаат, величенственоста им ја одземав. Стоглави онака ми се мотаат, ќе згазнам по некој по грешка, ќе писне, ќе го погалам, понизно се смирува, со очињата одоздола ме погледнува.
Тоа се змејови од мојата душа произлезени, кои некогаш ме прогонуваа и плашеа, почовечен ме правеа. Не знам повеќе за страв, само како нејасно чувство дамнешно низ магла кое се губи.
Ете ги и боговите седнале на маса, ме викаат, и тоа се мои богови, на чело од масата резервирано место ме чека. Ме поттикнуваат да разговарам со нив, никогаш не ме прекинуваат, од нивниот нектар ми дотураат, на моите шеги громогласно се смеат, со жални лица ме испраќаат.
Бесно удираат бранови од карпестиот рид, се пенат и шуштат, сонцето јасно осветлува, ако му речам и ќе зајде како и океанот кој се смирува како наидувам. Морската сирена допливува, нозе и’ растат и заносно преку плажата кон мене се упатува. Ме прегрнува, ми се нуди, ги кажува зборовите кои некогаш сакав да ги чујам. Жално лице прави, не знае како насмевка да ми измами, бар да зборувам, знам дека би сакала да ме слуша што говорам и да ме допира на начин како чувствувам дека ми треба. Ја земам на раце, ја носам до океанот и нежно ја препушам на брановите, ме стиска со дланката, не сака да ме остави.
Ѕвездите се спуштаат, околу мене заедно со сонцето играат, одмавнувам со рака и тие се повлекуваат.
Од нив е составена мојата душа, како и целиот простор наоколу кој изгледа како бесконечен. Беше добро додека не станав свој господар. Ја покорив мојата душа заедно со моите мисли, сега стана толку досадно кога се’ во мене се случува како сакам, ништо во мене не се случува без моја дозвола.
Не помислив дека ќе ја покорам и љубовта, а беше некогаш толку дива и слободна, не ме прашуваше и сама делуваше, го менуваше својот облик како ќе и’ дојдеше, никогаш не знаев што ќе ме снајде, секој ден беше поинаков. А сега и таа чека на моја наредба и го менува обликот како размислувам.
Сега сум господар на себе и на се’ што се случува во мене. Совршена контрола, баланс и прецизни мисли, отсуство на непредвидливото. Не се сеќавам повеќе кога последен пат сум се изненадил. Јасно ги гледам душите на другите и знам сигурно како ќе реагираат, нема веќе избор како некогаш го нарекував.
И другите тежнеат да се совладаат себе и своите емоции, да ги совладаат своите души и мисли. Не знаат колку се среќни затоа што не можат тоа да го постигнат, сега сеуште имаат избор и можат да се надеваат. Исчекувањето знаеше да биде и болно, но голема беше и радоста на исполнувањето, да го гледаш светот како дете, сега ми изгледа така магично.
Доаѓам до моето дете кое живееше во мене толку слободно и зачудено, пораснало и сега сме на иста возраст, се гледаме и немаме што да си кажеме...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Вто Мај 31 2011, 14:19

se klanja se klanja se klanja

Не се сеќавам повеќе кога последен пат сум се изненадил.

Совршено те разбирам... guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Јун 01 2011, 00:14

guska guska guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Чекајќи на ситници

Пишување by zbunet on Вто Сеп 06 2011, 11:15

... ништо не разбирав, казните следуваа за да научам нешто што никогаш не ми беше објаснето. Имаа свој смисол за правда и какви работите требаа да бидат, а скоро воопшто не беа такви. Реалноста беше сосем друга каде во прво време понизно ги примав казните уплашен дека повторно ќе згрешам иако не знаев што бараа од мене. Си реков дека можеби таков е животот и пробав да продолжам на тој начин.
Премногу болеше, нешто во мене почна да се буни и ржеше - велеше дека не е така воопшто. Немаше друг излез и ме бутна во жариштето на борбите - како прв пат да бев фрлен во вода и запливав, беше добро, но не беше совршено. Работите се изменија, иако бев повремено провоциран, препреките лесно ги совладував - можев да правам што сакам. Ќе беше добро уште да знаев што сакам и затоа често претерував.
Продолжив не сакајќи ништо - во мене нешто се бунеше против животот, велеше дека животот не е тоа што се гледа:борби, докажувања, грижа на совест.
Се најдов на изгубен остров - таму никој не знаеше што сака, беше права лудница, на остров во кој живеат само врколаци и не чекаа полна месечина. Се трудев да бидам по страна осветлен со посебен значај, често ми се подсмеваа заради мојата издвоеност каде истражував друга страна на животот. Можеби нешто и ќе најдев да бев на вистинското место и ако вистинското место воопшто постоеше.
Најдов скромен чамец и со него тргнав низ морската шир без никакво предзнаење за морепловство. Ветришта и бури често ме превртуваа, но некако успевав да се вратам на чамецот и полека да продолжам - страшно споро, но ништо не можев против вишите сили, Посејдон не ми беше баш наклонет. Често бладав легнат на чамецот и безизразно гледав кон небото и облаците, чамецот беше доста ошететен, а немав воља да го обновам. Додека стигнам до новото, старото требаше да се одржува и секогаш бев чекор - два или повеќе, назад.
Стигнав до мал остров на кој имаше услови само за неопходен опстанок и ништо повеќе. Решив тука да останам - немав каде да одам, беше премногу базвредно да продолжувам каде ќе наидам на исто само со поинаков распоред. Ми додеваа домородците и се повлеков на најодалеченосто место каде повлеков црвена линија - ќе згазнеа на неа повремено, но брзо бегаа затоа што знаеа дека сум сериозен. Беше скоромно добро, далеку беше од совршено.
Од чамецот направив кров врз колипката која трапаво ја изградив и лесно се нишаше и на мал ветер. Единствена разонода ми беше мајмунот кој се приврза за мене - беше интересен со своите палавости, понекогаш ме маваше и со кокоси, понекогаш знаеше и многу да ме налути, но сепак останувавме заедно, најверојатно имавме некоја сличност и скоро да се сакавме.
На плажата имаше насукан млад делфин, немав друга работа и го спасив. Тој растеше и ме чекаше да се појавам за да си играме - научивме заедно многу враголии и акробации. По некое време почна да наидува брод со туристи и гледајќи ги акробациите ни’ фрлаа по некоја ужинка која им заостанала, стоејќи на делфинот кој ме носеше им се заблагодарував, заминувајќи ракоплескаа. Повремено ќе летнеше и по некој камен од туристичкиот брод за да ми дупне глава, но научив да ги избегнувам.
Налета и шарен папагал привлечен од моите безнадежни и затоа смешни обиди да преживеам - во прво време ќе подзастанеше и ќе не’ гледаше, а потоа се’ подолго остануваше и на крај како точка од реченица бидна и лесно со нас се вклопи.
И сега е истото, ништо не е изменето, останавме какви сме и престанав да се прашувам кој сум и зошто сум. Тука е мајмунот, делфинот и шарениот папагал - секогаш нешто ново, а всушност исто.
Ноќе гледам кон ѕвездите и бладам додека да заспијам. Изгледа и во сон зборувам затоа што папагалот кажува и други зборови од тие кои сум го научил.
Денес знам во кое време ќе помине туристичкиот брод, но се обидувам да престанам да ги забавувам. Сакам да се посветам на риболов, но немам никакво знаење, никако да уловам нешто. Ќе се качам на делфинот и го чекам бродот за да преживеам со нивните заостанати грицки и ужинки...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Вто Сеп 06 2011, 18:21


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Искривени огледала

Пишување by zbunet on Сре Ное 23 2011, 13:07

...чекам на високата планина како е договорено. Сметките мора да се израмнат. Доцни како и обично, за да ме растревожи и намали концентрацијата.
Заѕвони телефонот, подрипнувам заради нарушената неприродна тишина, некоја птица пролета над мене и заграка силно, чиј ек се одбива до следните видливи врвови. Го вадам телефонот од џебот од јакната и гледам кон него, напишаната информација ништо не ми значи, сеуште ѕвони. Ржам и го фрлам кон провалијата. Заѕвони уште еднаш и се слушна далечно кршење на пластика кое се распрскува од околните остри карпи, ме потсети на крцкав кревет.
Ветерот продолжува да ме плеска по образите, како ги стискам очите ми се влажнат, една солза се стркала.
Закажав дуел со мојот ангел чувар, не сум задоволен од неговата работа и за да можам да ја превземам контролата врз мојата судбина, треба да го победам и присилам да си замине.
Од страна ги гледам црните крила како арогантно мафта со нив и се спушта зад мене. „ Копиле, никогаш немал храброст да се соочи со мене во текот на сите овие години“ тивко си говорам и не се обидувам да се свртам кон него додека гледам кон спротивниот правец во далечниот врв зад кој се појавува делче од сонцето.
- Момчето порасна? - зад мене кикотливиот и подсмешлив глас како да ме тегне за уши, мрдам со нив како куче кое реагира на звукот.
Се вртам кон него обидувајќи се да ја прикријам возбудата затоа што најпосле ќе го погледнам во лице, стиснатите вилици почнаа да ме болат.
Широко раширени црни крила, знам дека сака да остави за себе величествен впечаток, но испиено лице со рогчиња над челото и театрално крпче околу колковите мислејќи дека е Тарзан, ми ги криви усните во презир, никогаш немал вкус за ништо. Му ги барам очите и наоѓам само искривени огледалца како во циркус каде минувачите се смеат како изгледаат.
- Ха, па ти никогаш и не си знаел како изгледам! Сега не ми е јасно како е можно едно вакво суштество да се грижело за мене кое не умее ни за себе да се грижи. Се промува помеѓу другите ангели за да не те фатат и се залепи за мене кога се родив - јасноста на одговорите ми прават блицови од минати времиња кои ми го оправдуваат заклучокот.
Почнува да трепка и неубедливо да ме навредува, неговиот глас во минатото долго ме тормозеше и ме тераше да му верувам, но сега ми звучи бедно затоа што прејде како глас на алкохоличар кој моли за некоја пара за да може да го продолжи своето пијанство, трезноста за него е хорор.
Ми нуди да се смириме и да се договориме, ги ширам рацете како за прегратка. Не ми верува и веќе долго стојам така со раширени раце, но полека почнува да ми се приближува.
Веќе ми е на дофат, го фаќам за раката, му ја свиткувам зад грбот, му ги врзувам крилата, цвили неартикулирано како куче...го буткам во провалијата.
Паѓа и гледа изгубено околу себе, па во мене. Стојам како биста и го гледам како пропаѓа во длабочината. Ги тресам рацете со гадење и тргнувам да заминам.
Знам дека тоа патетично суштество ќе преживее и дека е нераскинливо врзано за мене, но знае дека веќе не може да владее со мене...бар се надевам...неговата расипаност не е за потценување...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пет Ное 25 2011, 09:12

guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пет Ное 25 2011, 13:37

guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Една слика - цела приказна

Пишување by trpe on Саб Ное 26 2011, 16:30


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Ное 26 2011, 16:34

smeenje paga smea

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Парчиња од душа

Пишување by zbunet on Чет Мај 24 2012, 20:10

... се плашеше, секогаш се плашеше иако секогаш не покажуваше. Светот го гледаше како темна сенка со качулка и долги канџи која чека на секој агол да ја дограби и да ја раскине неговата душа. Се бранеше колку можеше и знаеше иако не беше сигурен што е тоа душа, но знаеше дека мора да ја чува.
Душата го правеше различен од другите на кои не им сметаше нивната облезличеност сметајќи дека така треба, неговите пресметки беа поинакви. Тие беа многу, а тој беше скоро сам и често се предаваше на осаменоста затоа што при секој контакт со нив по некое парче од душата му недостасуваше.
Имаше ретки кои му ја залечуваа, му ги враќаа парчињата кои недостасуваа, но беа малку, а тој бргу ги губеше затоа што сенките со качулки имаа долги и валкани канџи навикнати на брзо откинување и заминување. За нив светот беше плодно пасиште, а не беше возможно никој да се сокрие, можеше само да одложи, но ударите на часовникот ги означуваа нивните чекори кои наближуваа. Но барем знаеше дека ќе поминат како болките од вадење заб.
Некаде прочита дека тоа се аморфни суштества кои завземаат секаков облик и се хранат парчиња од души оставајќи инфекција од тага и болка која ја труе остатокот од душата. Во најблиската димензија испаруваше нивната смрдеа на скапано, а тоа ги привлекуваше темните сенки како зрел плод кој го третираа како нектар, таму и се материјализираа.
Гледаше кон овците на една ливада, помисли дека никогаш немало освестена овца која би ги разбудила и другите, но барем не беа свесни и беа задоволни од тоа какви се и помирено ги трпеа хировите на овчарот, барем така изгледаше и ништо повеќе не се забележуваше.
Посака да не биде овца иако креаторот не му ја даде таа шанса, барем така изгледа, а можеби и има начин да се биде нешто друго, а ако имаше немаше кој да го каже. Имаше некои кои проповедаа дека не се овци, но само поинаку мекаа, сепак беа овци. Се сети на еден магионичар кој велеше дека магија не постои, се’ е само илузија која просто око не може да ја препознае.
Тргна полека накај реткото со надеж дека ќе му биде залечен некој дел од душата, но како и што често се случуваше никогаш не испаѓаше како очекуваше. Реткото од сенката беше прекриено, го заболе како заб кога боли...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Нова свеќа во мизантропската темнина

Пишување by zbunet on Саб Мај 26 2012, 00:22

...можеше, а можеше и поинаку да се гледа на работите. Семожното стана илузија во мизантропското егзистирање на црвите кои мислеа дека некогаш ќе добијат крила и ќе станат пеперутки. Но, од секој црв не бива пеперутка...
Ај доста со симболика, ај малку ќе преведеме: Отвори очи и погледни низ прозорецот и што ќе видиш?
Ќе видиш по улица тапи изрази како на риба, маски од кои испарува смрдеа, мизантропи кои некаде брзаат и се’ некој им е крив. Не веруваш? Застани пред нив и ќе се увериш, во состојба се да прегазат ако не си им од интерес, нема ни да се завртат, верувам, дека тоа веќе го знаеш.
Не, не ти се обраќам тебе глупчо, знам дека немаш капацитет да разбереш, ти си срам за животот, еволуциски мувлосан ќорсокак. 10 милиони години за ти да се створиш, амебо, оди и играј спортска, гледај турски серии и турбо фолк пушти до даска и потпевнувај си, биди сељак до крај. Подобро изгледа.
Требаше до сега да бидеме во вселената, многу од нас требаше до сега да бидеме пилоти на вселенски бродови, да населуваме светови. Но, решивме дека е подобро да се уништуваме меѓу себе заради побрз профит. Добро, знам, стара приказна и кој сум па јас да зборувам во името на човештвото? Ама погледни ја цената на еден смрдлив квадрат од кутивче со ѕидови со гипс картон каде не можеш ни да прднеш, а да не чуе и комшијата. А во вселената можеш да прдиш колку сакаш и дури добродојдено ќе биде.
Но, сепак, разумни има малку, тие се како свеќи кои горат во темнината на глупоста масата која ја твори, атрофирани мозоци кои чекаат на водач да ги поведе во провалија, ама ако, слаткоречив е, ги милува ушите, немиени кои ги чешаат кога се спрема да врне.
И како... за крај...по грешка прво пишав “каско“, ама го поправив, нема целосно осигурување, заеби рекламите што велат, знам дека знаеш, дојде до крајот на овие чкртаници и знам дека знаеш дека ништо ново не напишав, но знаеш дека те сакам, знаеш дека нема да те напуштам, можеш само да си заминеш ако претерам, лесно лизнувам во таа сфера. Затоа што сум сам, знам дека никој ништо не ми даде затоа што немаше што да даде, премногу се бедни и мизерни, но тебе ќе ти дадам, само опушти се, знам што давам. Нема да ти биде јасно, но ако се наежиш, тоа значи дека дошло до тебе, а потоа ќе мине време додека го почувствуваш, а јас ќе ти бидам во бледо сеќавање, не е страшно, така треба. Така е секогаш кога се пали нова свеќа во темнината на глупоста масата која ја твори...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Саб Мај 26 2012, 02:46

А зошто си ти толку револтиран ... Нели е подобро убави мисли да се пишуваат. за на сите да им е убаво......

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Мај 26 2012, 03:16

Кога ми е добро, не ми се пишува, тогаш ми се ужива smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 04:02


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 8 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот