ПРОЗА

Страна 6 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Саб Окт 02 2010, 23:06

Каде е сонцето,таму е срцето...и многу сончогледи кон сонцето...

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Нед Окт 03 2010, 15:02

Многу убави зборови се употребени во текстот...Браво Збунет...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Окт 03 2010, 22:46


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Окт 03 2010, 22:51


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Прегратката на киклопот

Пишување by zbunet on Пон Окт 11 2010, 00:09

... на пуста планета само карпи и испарувања, срушени вселенски борбени сонди и оштетен непријателски робот.
Го гледам со алат во рака, нема да има милост за мене ако го поправам, силен е, но е трапав, ќе се бркаме колку да ми помине време.
Му светна киклопското око, ме фати за врат, губев воздух кркорејќи зборови дека нема никој друг сем нас, не му беше гајле, го исклучив. Безживотен го клоцнав пцуејќи обидувајќи се да си го повратам здивот, испарувањата ми го засилија кашлањето, се потправ на карпите.
На едната карпа имаше врежано со нож иницијали и женски лик. Ме потсети на неа, сеќавања на интимни моменти ми навалија, се издишав. Имаше добри моменти, но повеќето беа напорни и исцрпувачки, но сепак беше подобро од оваа пустелија, се издишав.
Повторно го уклучив роботот со далечинско, повторно сакаше да ме дофати, поминаа денови додека ја сфати ситуацијата. Поминаа недели додека успееме да бидеме блиску еден до друг. Го закопавме заедно костурот на несреќникот кој резбал со ножот на карпата. Умрел од повредите, неговите резерви ќе ни послужат да ја продолжиме нашата агонија.
Често застанував покрај карпата со изрезбаниот лик, ништо друго не ми преостана од неа, не знаев никогаш да цртам, сега е моја, со моите сеќавања ја гледав со мои очи. Понекогаш ми се насмевнуваше, понекогаш се губев од тага, не сум можел ни да замислам дека непријателски роботски киклоп некогаш ќе ме теши во прегратка предејќи како да се обидува да ми пее приспивна песничка...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пон Окт 11 2010, 00:16

10 Само така... pisi backa

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Нов смисол

Пишување by zbunet on Пон Окт 11 2010, 12:59

... додека стоев свртен со грб кон провалијата пред мене се спремаа змејови за напад мафтајќи со нивните огромни крила. Ме фасцинираше бојата на пламенот кој излегуваше од нивните муцки, ме потсетуваше на вжештен метал, погледнав кон мојот меч - одсјај на ладната и полна месечина - таму одат душите на тие кои се безимени, една темна точка го чуваше моето место, климнав со глава и го подигнав мечот пред моето лице прилагодувајќи се на тежината. Лице ме гледаше од сечивото со големи очници - моето. Минаа стотици години, лицето имаше длабоки траги од секое време низ кое минуваше, најпосле дојде моето време.
Еден од змејовите ги имаше твоите очи, знаев дека си во неговата утроба, само тој ми беше важен. Ова е моментот кога се откажувам од мојата бесмртност за да ја продолжиш со нов смисол.
Ние вампирите не сме ограничени со време, туку со смисол, а јас веќе го немав.
Змејовите се устремија кон мене стварајќи вжештена бура со своите крила, мојот меч ја запеа песната на конечната смрт - змејови и вампири - сето тоа ќе заврши тука, ние бевме последните, немавме веќе смисол. Огновите само минуваа низ моето мртво тело, мечот се зариваше и касапеше вршејќи ја својата последна задача. По некоја змејовска канџа откинуваше по некое парче од мене кое рамнодушно пролетуваше пред моите очи. Урликање од болка, сеуште беа живи, некогаш ги сакав, но ти си поважна.
Моите лилјачки крила ме издигнаа во висините за да се устремам до оној кој те голташе - последната женка змеј. Ја касапев безмилосно иако откина големи парчиња од мене, иако многу не остана од мене, не престанував - паднавме заедно на земјата со силен тресок и облак од прав кој ги покри ѕвездите.
Нозете ми без откинати, но се довлечкав до утробата за да ја распорам - те ослободив.
Се појави низ отворот слузава и кашлајќи обидувајќи се да видиш каде се наоѓаш тргајќи ја скрамата со рацете.
Зад мене се појави очаен урлик на млад змеј кој исторвемено обзнани дека последната женка е мртва, се појави уште еден, па цел очаен хор заедно со огнови кои ноќта ја претворија во ден. Облаците беа привлечени и започнаа со своите грмотевици. Во експлозија од звуци и бои ја продолжив борбата...
Урлици...
Грмотевици...
Тишина...
Едното око ми се отвори и сфатив дека само дел од мојата глава останала и се наоѓа во твојот скут.
Го галиш тоа кое преостана, а откината глава не живее долго макар била и од вампир.
Пееш песна за мојата душа во која велиш дека сеуште ја имам иако сум вампир...месечината се спушти до мене за да си го земе тоа кое и’ припаѓа...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пон Окт 11 2010, 14:26

iznenad se klanja

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Пон Окт 11 2010, 16:38


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Вто Окт 12 2010, 12:10

Како да се повторува историјата и настаните од минатото, но сега со позабрзан тек...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Окт 24 2010, 19:55

Извадок од расказот „Ева“ на ЖаклинХарпман





... (Случајот со змијата) ...

Да зборуваме за Рајот.
Совршено се сеќавам напрвиот миг: ги отворив очите и станав свесна за моето постоење, седната на тревата пред нервозниот и возбуден Адам. Господовата рака уште лебдеше во воздухот. Првите зборови што ги слушнав беа:
- Ти се допаѓа ваква?
- Повеќеби сакал да беше русокоса.
- Ајде сега и ти, Адаме! Мислиш јас немам друга работа!
И раката се повлече.
Седев простум, вџашена, гледајќи околу мене и не разбирајќи баш најдобро што гледам.Човекот седна спроти мене:
- Готова си? - ме праша. – Господ ни` заповеда да бидеме плодни и да се размножуваме.
- Чекај да здивнам.
- Добро, ама побрзај. Господ се лути кога не им се покоруваме на неговите заповеди доволно брзо.
Се` беше кажано во таа реченица и набрзо ми стана јасна мојата положба: Неговите нестрпливи заповеди секогаш го ставаа Адам во преден план. Тој очигледно мубеше омилениот на Створителот, а јас - јас требаше да му стојам на располагање. Ме остави една минута, а потоа ме турна на трева и ми се качи.
Нема да бидам лицемер. Брзо и добро учев во тоа време, открив изненадувачки нешта. Работата е во тоа што Вечниот не е глупав: создавајќи, се досетил дека биологијата што ја измислил ќе им биде доволно мачна на жените. И иако првите седмици од бременоста, освен гадењето, поминуваат полесно, наскоро тежината на стомакот, болките во бубрезите, држењето на бебињата во раце преку ден и врескањето преку ноќ, испуканите брадавици на дојките ..., Тој ризикуваше да се револтираме.Значи, беше далекувид, барем во мојот случај. Нагоните кои Господ во својата далекугледост ни` ги даде функционираа без проблем: се впуштавме на работа и подесет минути збивтавме радосно на тревата.
- Ау! -рече господарот мој, -Вредело!
Тој прв ден беше чиста наслада. Времето го поминавме во водење љубов и јадење секакво овошје, без да обрнуваме внимание на забранетото, оти навистина имаше доволно разнообразност за да не` задоволи. Се успавме пред да се стемни и зората не`затекна будни, огладнети и спремни одново да почнеме со задоволствата.
Ама не беше предвидел се`. Мислам дека на Вечниот не му било премногу гајле да се покаже добар психолог, не помислил дека се заситуваме од нештата кои се повторуваат. Пред нас ги створил животните, кои се чини, се задоволни од тоа што им е дадено: но за нас, доделувајќи ни` повеќе интелигенција отколку ним, не ги одмерил сите последици од новонастанатата ситуација. Колку и да се пријатни сензациите кои ги извлекуваме од своето тело, тие на крајот се повторуваат, а тоа што се повторува досадува. Најверојатно Тој никогаш ништо не направил два пати. Има сто вида овошје или повеќе, ама портокал си е портокал, повеќе или помалк усладок, повеќе или помалку сочен, по дваесеттиот бараме веќе нешто друго. Почувствувавме дека се вртиме во круг.
Треба даси ја замислите нашата духовна состојба. Ни` беше дадена љубопитност, чувство за истражување, желба за откритија, и иако во почетокот градината ни изгледаше многу голема, видовме дека има граници. Уште не се гледаше мојата прва бременост, а ние веќе ја бевме обиколиле целата рајска градина на долго и на широко и бевме уморни од повторно започнување на секогаш исти прошетки. Наутро се туширавме на северниот водопад, навечер вечеравме банани и урми на запад, потоа им се воодушевуваме на убавините на зајдисонцето, за време на долгите самраци баравме парче трева на кое ќе спиеме. Се’ стана вечно повторување. Се будевме без радост.
- Што сакаш да правиме денес?
- А што може друго да правиме освен тоа што правевме вчера, завчера и пред тоа?
Продолжувавме да седиме, проѕевајќи се. Дури и љубовната жар на Адам опадна. Потиштеноста и апатијатата триумфираа над еланот.
- Што да ти кажам? Слатка си, се разбира, ама секогаш е исто!
А колку се трудевме да измислиме варијации! Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, беше рекол Вечниот? Во нашето незнаење, нејасно чувствувавме дека ова имаше некаква врска со превртувањата во тревата и локалната стврднатост на Адам, но стигнавме до таму да се размножуваме само од покорност. Понекогаш некоја нова фантазија го будеше, за потоа пак да не` отепа монотонија.
О, таго на плотта... А немав ништо за читање.
Сигурно погодувате, вистината е дека никаква змија никогаш и немало. Не знам кој ја измисли таа приказна, мислам дека е тоа бил некој кој сакал да ја дискредитира човечката интелигенција. И така, фактите се факти и нема да ги деформирам: јас,жената, бев таа која, доаѓајќи до работ на очајот, застанав пред Дрвото.
- Зошто Тој ни забрани да јадеме одова?
- Немам поим. Рече дека ова е Дрвото на спознанието на доброто и лошото, и дека ако сум јадел од него, ќе сум умрел.
- Ќе умреш? А јас?
- Не рече ништо за тебе.
Ова беше токму во негов стил, ме ставаше секогаш во втор план.
- Спознанието на доброто и лошото? Што сакал да каже со тоа?
- Немам поим и не сакам да знам. Доволно ми е што Тој не сака да знаеме.
Ова ли беше објаснување? Се изнервирав.
- И тоа е се`?
- Колку што знам. Мислам дека нешто промрмори во врска со тоа да се биде еднаков на боговите.
- Богови? Мислев дека Тој е единствениот?
- Во едно сум сигурен - јас други не сум видел.
- Можеби Тој си се ставил во множина?
- Слушај, чудни се патиштата Господови, а ти си премногу љубопитна.
- Не знам дали ти си тој што требатоа да ми го рече. Накратко, тоа е критика на Неговато дело и мислам дека Тој е лесно навредлив.
Ова беше нашиот прв сериозен разговор и како што гледате не траеше долго. Адам беше очигледно поподложен на потчинетост, тој спонтано се ставаше на страна на воспоставениот ред, а тоа ме нервираше. Но, гледано од временска дистанца, си велам, логично е: Семоќниот го створи според својата слика, а Тој е оној кој го воспостави редот. Адам можеше да се поистовети со Господарот од прва рака, додека јас бев веќе втората генерација, значи спремна да предизвикам конфликт.
Од ден на ден дрвото се` повеќе ме нервираше, а Адам стануваше се` покисел. Летото се распостилаше во сета своја величественост – кои и да Му се мааните, Вечниот е голем уметник – зајдисонцата беа божествени и небесниот свод раскошен под месечевата светлост. Но, кога му посочував на ѕвездите кои паѓаа, сопругот се муртеше:
- Ај доста де, вчера беше исто иутре пак ќе биде исто!
Го делев неговото мислење, но сакав да го натерам да ја почувствува монотонијата на нашето постоење.
Наутро, нему се стануваше и негодуваше. Преправајќи се дека сакам да го орасположам, му носев убави ракатки овошје:
- Пак јагоди! Пак киви! Не најденишто друго?
- Да. Нели гледаш дека има и грозје, круша и две мандарини?
- Вчера јадев.
- Е па, јас ги познавам само овие.
Претчувството за постоењето на друга храна да ни` ја чачкаше душата. Плодовите на Дрвото беа поинакви: не личат ни оддалеку ниту на јаболка, ниту на било кое вообичаено овошје. Беа мали, бели, проѕирни топчиња, големи колку голема јагода. Добро гледавме дека овошните плодови кои не ги собиравме – а ги имаше толку многу што навистина јадевме само многу мал дел од нив – гниеја полека на гранка и паѓаа на земја. Оние од Дрвото никогаш не го менуваа изгледот, како да не беа од иста природа.

- Не мислиш дека тоа е чудно? – го прашав сопругот.
- Престани да мислиш на тие плодови. Не смееме да ги допреме и толку. Чуму ти е толку да ги набљудуваш?
- Ме забавува.
Адам ги мрштеше веѓите, малку љубоморен затоа што него повеќе ништо не го забавуваше, но сепак, не успевав да го заинтересирам.
.........

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Окт 24 2010, 20:16

.......

Лисјата жолтеа и денес знам дека бевме во септември кога заврна. Се разбудив покисната и вчудовидена. Адам, исправен, јачеше:
- Господе! Господе! Ќе настинеме.
Дождот престана и Божјото негодување го исполни универзумот:
- Треба сепак да ги полеам Моите насади!
- Господе, не ги оспоруваме Твоите намери, кои можат да бидат само совршени, бидејќи се Твои, но јас треперам од студ и погледни ја Ева, косата и` е мокра и веќе почна да кива.
Вечниот промрмори:
- Добро. Одете под Дрвото. Доби доволно вода, тоа е вид кој не бара многу, ќе се потрудам да не врне под него. Но не заборавајте дека е забрането да јадете од него!
Бидејќи не беше ладно, брзо се исушивме. Бев заинтригирана: насекаде во градината се чувствуваа мириси од цвеќе, ароматични треви, а овде немаше никаков мирис.
- Види! Му реков на Адам кој ги собра рамениците, забележа ли дека ова дрво никогаш не цвета? Зошто ли служи?
- Е па, служи за да се засолниме од дождот!
Факт е дека отсекогаш се прашував за што би можело да служи тоа несреќно Дрво, освен за да ми оди на нерви. Стоеше таму, точно среде градина, со своите плодови кои не гниеја и кои никој не ги јадеше, се гледаше од секаде, голема, дебела маса од едно многу темно зелено, речиси црно. Лисјата му беа особено мазни и кога дождот престана и го напуштивме засолништето што Господ ни го даде, забележав дека тие се сјаеа под месечината. Не успевав да заспијам. За да се занимавам со нешто, ги гледав ноќните птици и видов дека ниедна не му се приближуваше. Зарем Семоќниот и нимим ја наметна истата забрана? Сега, кога сум малку пообразувана, си велам дека можеби Тој тоа им го запишал во генетскиот код: но ако е така, зошто истото не го направил и со нас?
Колку повеќе времето минуваше, толку повеќе дрвото ме нервираше. Се ширеше, се зголемуваше, стануваше огромно, друго ништо не гледав во градината освен него. Ако Тој не сакаше да го допреме, зошто ли ни го смести пред нос? Можеше да го посади во некој неупадлив агол, па да не ме обврзува цело време да го мислам! Тоа беше провокација и дојдов до таму да се запрашам дали Тој навистина сакаше да ја почитуваме Неговата забрана или само да ја искуша нашата покорност. Бевме ли идиоти спремни да следиме било каква наредба? Сакаше ли да го испроба нашиот смисол за иницијатива? Го гледав Адам кој се досадуваше и дебелеше, а јас од лоша волја губев апетит.
- Не знам што ти е, ми рече, рамењата ти се се` поповлечени и стомакот ти е се` поголем. Не изгледа баш убаво.
Се разбира, јас не знаев, а ни тој, дека бев бремена. Стомакот ми се заоблуваше, немав поим што се случуваше, а и не се прашував. Бев рамнодушна кон критикитена Адам, дури и бев некако задоволна кога стивна на неговата жар која се` помалку ме анимираше.
На следниот дожд, не чекавме дозвола за да се засолниме под дрвото. Седната на земја, ги гледав плодовите: ниеден не беше паднал, земјата беше сува и чиста, немаше гниеж. Беа трајни, тоа што ги расипуваше другите немаше моќ над нив.Токму во тој миг, оддекна грмотевица и молњи го распараа небото: верувам декана Господ не му се допаѓаа моите размислувања и во секој случај, не му се бендисуваа плодовите на моето расудување.
- Вечниот не е задоволен, - ми рече Адам, престрашен.
Се чувствував нервозно, но ми се чини не беше од страв. Размислував. Гранчето формира пупка, која се развива во цвет, потоа латиците паѓаат и се оформува плод, кој гние и паѓа ако не го изедеме. Можеби ќе помислите дека претерувам со тие плодови и нивното паѓање, но разберете дека немав ништо друго да ја храни мојата размисла. И ние ли, ние исто така, ќе овенеме и паднеме гнили на земја? Постои само еден плод кој, се чини, се спасува од времето, а Тој не сака да го допреме.
- Според тебе, зошто Тој ни брани дајадеме од ова Дрво? – го прашав Адам, кој се правеше дека не го разбра моето прашање.
Инсистирав:
- Мора да има некоја причина.
- Не сум сигурен дека имаме право дасе прашуваме за Неговите намери, ми одговори на крајот надмено.
- Но што би можело да се случи кога би направиле нешто забрането?
- Од кај да знам? Тој нема да биде задоволен, тоа е сигурно.
............


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Окт 24 2010, 20:23


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Окт 24 2010, 20:32

.......................


Адам се испружи на земја да спие. Мене не ми се спиеше. Мислев на следниот ден: времето ќе биде убаво, како и секој ден. Ќе јадеме овошје, ќе се испружиме на сонце, ќе одиме да се капеме во млаката езерска вода, а потоа ќе се стемни и следниот ден одново ќе го започнеме истото. Одеднаш ме обли очај. Ами немаше ли ништо друго да се прави? Ами животот тоа ли ќе ми биде, таа низа од слични денови, и кога ќе бидеме размножени, наместо двајца ќе бидеме десет, сто, не знам колку, да се среќаваме на тревниците, затапени и сити во овој сончев Рај? Го видов Адам во илјада примероци, како и моите безбројни двојници наваму натаму, блажени, надуени, глупави.

Раката сама ми се испружи, зеде еден плод и го донесе до мојата уста.

Лушпата крцна пријатно под забот, очекував сок, лесно месо, немаше ништо освен еден вид сосем тивко ветре кое ми се излеа во устата, неупадлив мирис ми се вознесе низ ’рнките и очите ми се отворија.
Оф! Чудно ли и убаво нешто, да почнеш да мислиш! Треба да си живеел глупав за да го цениш тој миг, а тоа веќе никому не му се случува: кога ќе се сетам на прекрасната екплозија на интелигенцијата, не ми е жал за месеците поминати во имбецилност. Одеднаш бев исполнета со моќ на расудување, се` доби смисол, светлост се разли низ мојата душа и ми дојдоа солзи на очи: створувајќи не` нас, Тој ни` дал токму толку, колку што ни` беше неопходно за да преживееме, одвај малку повеќе отколку на животните. Знаевме инстинктивно дека гладот води кон јадење, а половата возбуда кон плодење, имавме и малку говор... толку.

Станав свесна за размерите на моето незнаење. Не знам зошто го нарекуваат Дрво на знаењето: не научив ништо јадејќи од овошјето, но почнав да резонирам и се налутив. Значи, Вечниот сакал од нас да направи идиоти? Деновите стануваа свежи, одевме накај зима, Тој ништо не ни кажа, како ќе се заштитевме од студот? Требаше ли постојано да Го повикуваме на помош? Господе, се тресеме од ладно, а тој би ни доделил малку топлина? Моравме ли во секој миг да зависиме од Него, а потоа да го обожаваме поради Неговите добродетелства? Кое овошје ќе го јадевме кога ништо повеќе не ќе растеше на гранките? Господе, гладни сме, а тој би нашол нешто? Плодете се и множете се, рече, без да прецизира како, а јас не го поврзав мојот голем стомак со Неговата наредба, ниту со превртувањата во тревата, кои во почетокот толку ми се допаѓаа. Станав свесна за моето збунето мислење дека, од време на време, би се разбудила удвоена, уште една Ева до мене, која би почнала, и таа како мене, да се шета од север до југ, од водопадот до езерото. Си ја ставив раката на стомакот и го почувствував детето кое мрдна. Бев видела овци кои се ојагнуваат, разбрав дека и јас ќе направам исто. Како ќе го заштитам од студот детето кое, за разлика од јагнињата, несомнено нема да биде обвиткано со добра, природна волна, туку ќе биде голо како нас? Тие цицаа од вимињата на нивните мајки: но јас, што ќе му дадев? Добро видов дека јагнињата не почнуваа веднаш да пасат: овошјето кое не` хранеше, ќе му одговараше ли? Илјада прашања ме преплавија.

Адам мирно `рчеше. не можев да го поднесам и зедов од Дрвото уште еден плод, кој внимателно му го ставив меѓу подотворените усни. Тој махинално загриза и скокнувајќи се исправи.

Гласот на разгневениот Вечен ја затресе земјата.

- Ја прекрши мојата наредба!

- Господе, јас ништо не направив, спиев, - рече мојот преплашен сопруг.

- Ти дадов моќ над жената! Ти си одговорен за престапот!

Останатото е познато: ќе раѓаш во болки, ќе го заработуваш лебот со потта од челото, итн.
Но, гледате, никаква змија! Ни трага од змија. Сама си го смислив престапот и долго се прашував, зошто подметнаа змија во приказната. Од кога се образував, си имам своја хипотеза: Адам морал да се почувствува понижен што се покажа помалку љубопитен од мене, па рашири меѓу децата лоши гласини, кои од мене направија слабо суштество неспособно да оддолее. А никој не ме предизвика, никој не ме заведе, мојата сопствена љубопитност го победи стравот, со кој Вечниот сакаше да ми ја наполни душата.


Последната промена е направена од dalas2no на Нед Окт 24 2010, 20:35. Мислењето е променето 1 пати

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Нед Окт 24 2010, 20:34

bravo

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Нед Окт 24 2010, 20:39

fala backa

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Окт 24 2010, 20:45


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Ное 01 2010, 13:40

... излезе од грмушките со гаќичките во раце и тргна накај мене. Се уплашив и фатив да бегам. Кога мислев дека земав добар залет се свртев назад, но некој корен од дрвото покрај кое минував ми се испречи на патот и се испружив колку сум долг на необлежената патека. За брзо време тој беше обележан со крвта од мојот нос, зад мене се слушаше тешкото дишење на непознатата која врисна задоволно затоа што бев веќе на дофат. Сигурен глас излезе од нејзиното грло:
- Те пратам одамна, те читам на тој форумот на кој висиш деноноќно. Научив каде живееш, но ти не излегуваше од дома. Бев упорна зошто сепак некогаш мора да излезеш од виртуелното курчење бар да купиш леб и млеко. Мојата среќа е што додека стигнеш до продавницата мораш да поминеш низ оваа шумичка и конечно да бидеш мој ! Ахаха !
Почнав да ползам и лелекам низ прашината, а таа продолжи :
- Мафташ со тоа таквото низ форум и стрвиш млади моми, ај да те видам што маж си сега !
- Ама ја само се зезам и лечам комплекси ! - се обидував како црв да и’ избегам, но веќе ја дофати едната моја нога и додека се тргав ми ја соблече кондурата, мојата испотена чорапа бргу ја впи прашината низ која лазев. Се појави одвратна смрдеа која ја натера да се повлече за момент кој ми даде предност да се исправам и клатејќи се како кукла на конци да потрчам. Се’ посигурно беше дека ќе и’ избегам, а зад мене се слушаше нејзиниот очаен урлик :
- Ќе те чекам и ќе те начекам! Бар да беше недододелкан виртуелен манијак, а вака не знам на што сум ! Ќе те начекам, џабе бегаш ! Лебот и млекото што ти испаднаа се за мене ! Ахаха !

- Пак не си купил леб и млеко, а ?!
Ја исправив главата со која сум заспал пред мониторот :
- А ? Што, кој ? Е па ете се случува - промумлав сонливо
- Леле, заспал пред монитор, е сега ќе ти го исклучам - брза и строга рака направи со маусот “ Турн офф ".
Се исправив и тргнав низ ходникот кон купатилото, зад мене истиот висок глас :
- Абе зошто ти се искинати алиштата ?!
Погледнав во делот ходникот каде стоеа чевлите, едниот чевел го немаше !!!
Низ прозорецот се чу :
- Ахахаха ! Ќе те чекам и ќе те начекааам !...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by trpe on Пон Ное 01 2010, 13:58

Некој има бујна фантазија

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Ное 01 2010, 14:14

Мож е стварно affraid

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by trpe on Пон Ное 01 2010, 14:20

Со оглед на тоа што едниот чевел го немало, Скопско и се е можно Затоа што е сигурно, сигурно е, праќај некој друг по леб и млеко, на пример соседката За што се пријателите, да помогнат нели!

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Ное 01 2010, 14:44

Nemam sosetki, samo nekoi babista se vlecat niz naselba

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пон Ное 01 2010, 16:40

paga smeaКако си ме насмеал!Таа што си ја сањал, баба беше од комшилук? smeenjeСигурно, штом ти го зела лебот и млекото!

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Ное 01 2010, 21:09

Не, туку дошла од далеку само због заради мене

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пон Ное 01 2010, 21:13

А така ? kez Е па, добриот глас надалеку се слуша!

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 12:24


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот