ПРОЗА

Страна 5 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Aвг 23 2010, 14:29

... прекрасна мисла, гледам кон подот од собата, таму некаде испадна кога се удрив од столицата. На сите четри ја барав во полутемнината како да е нешто материјално, среќа бев сам, не се заморував кој што ќе помисли.Ми се причини џуџе, и беше, гипсан буда со голо и дебело стомаче како да велеше „ Што го вртам светот, мене нека ми е добро“. Беше на подот под столицата навален, сеедно му беше. Промумлав тивко „ Што бараш па ти тука на подот? “. Не добив одговор, сеедно му беше, се смешкаше како од денот кога е направен. Хм, јас плачев кога се родив, сите плачат тогаш. Сватив дека не се удрив од столицата, туку дека од него сум се сопнал и несакајќи сум го шутнал под столицата, но што бара на подот ? На неговото лице како и секогаш ја имаше неговата сеедна насмевка дали е горе или доле, но изгледа на мојана не и било сеедно и затоа чистела, го симнала од комодата и го заборавила на подот. Никогаш не и’ е сеедно, сака сите работи да ги опфати, а гипсениот буда беше мал, но доволен да ми направи модрица.
Стоејќи на колена како да се молам пред него, зашиштив низ забите трлајќи ја модрицата на стапалото, тој и понатака се смешкаше, сеедно му беше, а што друго би правел ? Тој е само гипсен буда, а јас сум тој кој лелека, од крв и месо и милион потреби кои е грижеа никогаш да не ми е сеедно, заборавив кога последен пат сум се смешкал.
Седнав со прекстрени нозе пред него, пробав да го имитирам, но брзо се почувствував како будала, на буда му беше сеедно дали сум таков или онаков.
Пробав да помислам да ми биде сеедно каков е, го делевме истиот простор затоа што знаев дека нема да се помести и направи нешто непредвидливо, нема да кенка и да бара нешто. Велат дека и кога бил од крв и месо бил истиот, со истата насмевка, како гипсана фигура. Месечината се појави ѕиркајќи низ прозорецот за да не’ осветли како во некој круг, но сепак буда беше делумно под сенката од столицата, бината беше за мене наменета.
Вратата зад мене се отвори, светлината од другата соба се судри со месечевата, неволно затрепкав.
„ Што правиш во темница ? “, ги чувствував нејзините очи како ме допираат, некоја струја почна да ме пецка по телото „ Треба да одиме на гости, што дремеш таму ?
Станав и молкум ја фатив за рака, ја одведов во другата соба.
Длабоко во ноќта со расфрлани алишта околу нас, ме почешка за градите и почна да се смее „ Што ти стана ? Нели требаше на гости да одиме, телефонот се утепа ѕвонејќи “
„ Сеедно ми беше, само го правев тоа што ми се правеше без да мислам “ промумлав и набргу сонот ги опфати моите мисли...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Тото on Пон Aвг 23 2010, 15:11

.

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Aвг 23 2010, 15:14


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Aвг 24 2010, 18:55

... имаш болка, дозволи ми да ти ја излечам. Ме гледаш со своите ѕвестасти очи, не веруваш дека сум мајстор за болки, да, тие кое не се гледаат, кои не се кажуваат никому. Ни јас не ја знам, само ја чувствувам, дозволи ми да те допрам на начин на кој исчезнуваат болките. Немаш избор, се подаваш, потонувам во тебе, се наоѓам во нова вселена.
Околу мене гргори, се спрема нова планета, нешто ја натежува и не и’ дава да се развие, ја повикувам темната маса со мене да се соочи. Се претвара во Троглав змеј и го затресува тлото на кое се наоѓам, застанува пред мене. Ме гледа со вжарените очи, се подсмева. Го гледам, не трепнувам, ги пружам рацете кон него, ме отфрла, летам долго пред да паднам, во себе повторувам „ Стравот е мојот непријател“. Треснувам, не збеснувам, стравот е мојот непријател, повторно станувам, се соочувам. Ја отвара широко муцката и исфрла оган, не се поместувам, ме гори, ме пече, мојот крик ја надгласува пламената бучава.
„ Дали е тоа се’ што знаеш ?!“ ми се обраќа змејот, громогласно се смее „ Лесно ќе те сотрам ! Ќе те пуштам да си одиш, но прво ќе го ставам мојот печат врз тебе !“
Ме грабнува со канџите за врат, чувствувам како плавило го освојуво моето лице, градите ми се дујат за некој атом од воздух, го бара моето срце.
Срцето го отварам без отпор, се изненадува, го пуштам мојот страв, мојот змеј со илјада глави кои му беа никнале поради долго заробеништво. Се исправа пред него стотина пати поголем.
Се слуша само џвакање на огромна и лигава муцка и немоќен крик на оној што згаснува во утробата на мојот страв. Го повикувам, послушно се враќа во затворот на моето срце, не ни помислува повеќе дека може да ме победи иако во себе носи еден страв повеќе.
Се соочувам повторно со твоите ѕвестасти очи, сега и насмевка ги краси. Се појавуваат големи бели крила зад тебе. Се изненадуваш, но ги испробуваш, ти се допаѓа чувството, секогаш е така. Заминуваш во висините меѓу облаците, весело подвриснуваш.
Правам ангели, тоа ми е работа. Па не баш, да не се фалам многу, само го ослободувам ангелското во тие кои мислат дека се луѓе, имам моќ само да ги препознавам и да го голтам нивниот страв кој ги направил такви. Па нормално, не можам тоа на сите, сите луѓе не се ангели...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Сре Aвг 25 2010, 17:48

samo angel moze da gi pronajde angelite i da gi oslobodi...

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Aвг 25 2010, 22:59


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Aвг 29 2010, 13:01

...тој имаше сон. Го прогонуваше и во реалноста, заклучи дека се’ е сон. Живееше два сона ; во едниот се’ му беше простено, во другиот безмилосно беше обвинуван. Го бараше и господ, не му одговори или пак не можеа да се разберат. Секаде наидуваше на дуалитет, но ништо не менуваше ако двата сона ги замени за два живота, секако тие беа за него наменети, секако не ги разбираше. Реши да чека. Песокот полека го покриваше, во неговиот ум многу бубачки најдоа дом.
Во меѓувреме ништо не му преостануваше сем да се сеќава. Сеќавањата му заличеа на сон, се запраша дали постои разлика помеѓу сеќавањата и сонот, дали воопшто беа негови, дали воопшто постои.
Се замисли околу еден сон ; тој ја сакаше, таа играше вообичаена игра на проверка, дали во неговите гради има место за уште едно срце. Сепак, нејзиното срце беше поголемо,а таа сметаше дека просторот ќе се прилагоди, веруваше дека ќе успее. Многу сонови поминаа, а нејзиното срце сепак остана поголемо, таа сепак не се откажуваше гледајќи го неговото големо срце, тој не знаеше дека го има затоа што му велеа дека има мало срце иако никој од нив го немаше видено, само таа тврдеше дека го гледа, само таа го сакаше.
Се обидуваше да го достигне нејзиното срце, беше преголемо, но имаше една празен простор, баш колку за неговото срце, сфати дека таа ги гледаше заедно и како едно, не ги разликуваше повеќе.
Кога ќе ја заболеше срцето, знаеше дека тоа е неговиот дел од нејзиното срце, другиот сон често го обвинуваше и бегаше често во оној во кој се’ му се простуваше, но премногу долго остануваше. Таа секогаш го чекаше да се врати, никогаш не се измори од чекање. О да, тој се враќаше, но како на брзање заради неуспех да и’ го даде тоа што мислеше дека и’ треба. И’ требаше, но тој и‘ беше поважен по цена никогаш да не го добие тоа на кое тој толку внимание му посветуваше, а сепак го немаше. Сам на себе си поставуваше услов, прво тоа, па тој, во спротивно нема да биде достоен.
Се најде во небрано помеѓу достоинство и љубов, достоинството го гледаше како столб, а љубовта како знаме кое на врвот се виори како знак на победа, но на судбината не може да и’ се поставуваат услови, таа највеќе што дава тоа е избор.
Судбината налагаше да нема достоинство во светот, но да биде целиот нејзин свет, како и што беше од секогаш.
Додека чекаше, почувствува дека песокот натежнува заканувајќи му се дека нема никогаш повеќе да излезе ако продолжи да сонува.
Судбината го чекаше, тој се плашеше и се срамеше да излезе, изборот натежнуваше повеќе од песокот...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Нед Aвг 29 2010, 14:19

se klanja 10 vinozito

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Aвг 29 2010, 14:23


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Нед Aвг 29 2010, 20:33

preubavo kako i sekogas...citanjeto na Mr.Zbunet e uzivanje

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Aвг 29 2010, 21:04


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Нед Сеп 05 2010, 13:36

„Среќен е тој што умее да сака“
од Херман Хесе

Колку што повеќе стареев, се’ помалку ме исполнуваа малите задоволства што ми ги пружаше животот и се’ појасно сваќав каде треба да ги барам вистинските извори на радоста и на смислата. Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да се сака, се’, дека е вештина да се чувствува тоа што му дава вредност и убавина на нашето постоење. Ако каде и да е на земјава се појави тоа што би можело да се нарече среќа, тоа е исткаено од емоции. Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, па сепак се несреќни. Убавината не е ништо, сум видел убави мажи и жени што беа несреќни и покрај својата убавина. Ниту здравјето не е се’; секој е здрав ако така се чувствува; има болни што се полни со волја за живот, која не ги напушта до самиот крај, а има и здрави луѓе кои венеат затоа што ги измачува стравот од страдањето. Но, среќата е секогаш таму каде што некој умее да сака и живее за своите чувства; ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие му пружале задоволство. Убавината не му пружа радост на тој што ја има, туку на тој што умее да ја сака и да и’ се одушевува.
Постојат различни чувства, но тоа е само привид, всушност сите тие се – едно. И волјата е, на пример едно од нив. Но, за мене и тоа е љубов. Среќата е љубов и само љубов. Среќен е тој што умее да сака. Љубовта ја става во движење нашата душа, во неа го пронаоѓа своето битие и својот живот. Затоа, среќен е само тој што умее да сака, но да се сака и да се посакува не е исто. Љубовта е желба што станала мудра; љубовта не сака да има, посакува само да сака. Затоа бил среќен филозофот, кој љубовта кон светот ја негувал во своите мисли и на тој начин постојано сознавал нешто ново. Но, јас не бев филозоф.
Ниту моралот, ниту доблеста не водат до среќата.Знаејќи дека само доблеста што ја носам длабоко во себе може да ме направи среќен, како можам да прифатам доблест што ми е туѓа? Сепак, една работа ми е јасна: светот сосема погрешно ја протолкува заповедта на љубовта, без оглед дали ја проповеда Христос или Гете! Тоа всушност не била заповед. Не постојат заповеди. Заповедите се вистини, кои учениот човек му ги пренесува на незналецот на начин на кој овој може да го разбере. Заповедите се погрешно конципирани вистини. Основата на секоја мудрост се состои од следново: само љубовта носи среќа. Ако сега речам „Љуби го својот ближен како себеси!“ тоа веќе претставува една лажна доктрина. Можеби би било правилно да се рече: „Љуби се себе си како ближниот свој!“ Можеби првобитната грешка се состоела во тоа што секогаш се тргнувало од ближниот (...)
Длабоко во душата ние ја посакуваме среќата, една благотворна хармонија со тоа што не’ опкружува. Ако нашиот однос со другото суштество не почива врз љубов, таа хармонија не може да се воспостави. Не сме должни да сакаме некого, но должни сме да бидеме среќни. Само поради тоа сме на овој свет. Но, со наметнување на должности, со поуки и заповеди тешко можеме да се усреќиме еден со друг, затоа што тоа не не’ прави среќни. Човек може да биде добар само ако е среќен, ако во него владее хармонија. Ако сака.
Сите несреќи на овој свет, па дури и таа што ја носев во себе, произлегоа поради недостиг од љубов. Од таа гледна точка, принципите на Новиот завет наеднаш ми се видоа вистинити и длабоки. „Додека не станете како деца“ или „Царството небесно е во вас“.
Тоа беше единствена вистинска доктрина. Така зборувал Христос, така зборувал Буда, така мислел Хегел, секој во својата теологија. За секој од нив најважно било неговото најинтимно битие – неговата душа – способноста да сака. Ако е тоа во ред, сосема е сеедно дали некој јаде торта или просо, дали е облечен во партали или накитен со скапоцени камења, светот е во совршена хармонија со душата, добар е затоа што во него владее ред.
Не постои ништо што човекот умее да го сака како самиот себе си. Не постои никој од кого што се плаши повеќе отколку од самиот себе си. Така, заедно со другите митологии, заповеди и религии на примитивниот човек, настанал уште еден необичен систем на трансфер и привид според кој љубовта на поединецот кон самиот себе, врз која се темели животот, била забранета за човекот и тој морал да ја прикрива или да ја маскира. Се смета дека е поморално и поотмено луѓето да се сакаат меѓусебно, отколку секој да се сака самиот себе. А бидејќи љубовта кон себеси претставува првобитен инстинкт, љубовта кон ближниот не можела да се развие покрај неа; љубовта кон себеси човекот морал да ја камуфлира, да ја сублимира и стилизира во еден вид љубов кон ближниот, која се заснова на реципроцитет. Така фамилијата, племето, селото, религиозната заедница, нацијата и народот станале нешто свето. Човекот, кој поради љубовта кон самиот себеси не смее да ја наруши моралната заповед – може да направи се’ за заедницата, за народот и за татковината, дури и најужасни работи и во таа смисла секој порив, кој, инаку, се жигосува, во овој случај се смета за хероизам. Ете до каде дошло човештвото денес! Но, можеби со време ќе паднат и националните идоли и во повторно откриената љубов кон целото човештво можеби одново ќе се воспостави првобитната доктрина.
Вакви мисли доаѓаат постепено, како да им се приближуваме по некои спирални скали, а потоа наеднаш ни се причинува дека се’ сме сватиле во еден миг. Но, мислите се’ уште не значат живот. Тие претставуваат пат кој води кон него, а многумина вечно остануваат на тој пат.







keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Сеп 07 2010, 21:08

... едноставно не беше тој. Мислеше дека е тој, и други бараа да биде тој, не очекуваа дека е некој друг, ни тој не знаеше.
Други забележаа дека е некој друг, не им се веруваше, инсистираа да биде тој за кого мислеа дека е, преколнуваа, некои дури молеа, тој не знаеше за што му говорат, сеуште не беше свесен дека е некој друг.
Но тој не стана некој друг, туку оној кој несебично помагаше досега да биде тој за кого мислеа дека е, се побуни, го побара своето место под сонцето, го завзема местото под неговата кожа. Сеуште изгледаше исто, но беше некој друг за сфаќањата на останатите, тој сеуште не знаеше, беше само збунет, понекогаш уплашен од себе, почна да не се препознава каков се препознаваше.
Сепак нешто му беше познато во неговото ново препознавање, почна да се сеќава кој беше пред да биде тој за кого знаеа, мислеше дека заборавил, лепеза од брзи слики му се нижеа. Се запраша како можел до толку да се’ заборави, одговорот како птица му слета на рамо „ За љубов кон другите“. Жално затресе со главата, посака да си се извини.
Птицата продолжи „ Тој те сакаше само тебе и мораше да избереш помеѓу него и другите кои не те сакаа, а ти ги сакаше. Престана да се сакаш, а и тие не те сакаа, само нешто невозможно од тебе бараа, на себе заборави додека се трудеше да им удоволиш “
Пружи рака кон птицата да ја погали, таа благодарно се трлаше од неговата дланка. Кога ја погледна се изненади, во неа ја препозна неговата душа, ги чуваше сите сонови од кои се беше одамна простил. Тука се’ беше сочувано.
Птицата стана голема и го покри со крилата додека клекнат липаше. Низ матниот видик погледна кон небото, тука беа сите ѕвезди кои го правеа ѕвезден патник, таму некаде беше и неговата принцеза, се срамеше кон неа да погледне, ја изневери.
И таа слета на неговото друго рамо. Се трлаше од неговиот образ гугуткајќи задоволно како ништо да не се случило. Ја молеше да му прости, таа уживаше во него не обрнувајќи внимение на неговите шепотливи зборови. Ги рашири крилата и му ја покажа нејзината душа, тој тивко застенка, ја препозна.
Таа која секогаш беше тука за него стрпливо и молкум и без закачена цена на неа „ Како можев да бидам толку слеп“, се сети, таа никогаш не се расфрлаше и не бараше посебно внимание, ниту публика. Доволен беше само тој таков каков е, за него играше додека искреа ѕвездички, сега јасно се гледаа.
Го најде одговорот кој му требаше, стана, ја истресе ѕвездената прашина од него и молкум пружи рака кон принцезата. Тргнаа по ѕвездениот пат...таа повремено му играше...тој се смееше...уживаше во себе и неа...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Вто Сеп 07 2010, 22:05

vinozito se klanja backa

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Александра on Сре Сеп 08 2010, 01:00


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by keti on Сре Сеп 08 2010, 19:03

Таков е животот...Понекогаш за „ЉУБОВ НА ДРУГИТЕ“ го потиснуваме во себе „она“ што не прави најсреќни...

Браво Збунет...текстот ти е

keti


Вратете се на почетокот Go down

Неважен сон (една мината проза)

Пишување by zbunet on Чет Сеп 23 2010, 22:55

Стојам крај прозорецот твој, гледам гости имаш, гледам како се смеете и љубопитно не симнувате очи едни од други, разговор без резерва, чашка паѓа, не е важно, шегата не престанува. А би престанала сигурно кога би заѕвонил и јас на врата твоја непробојна, зошто би ме дочекале само студени очи твои со тежок присет за нешто по тебе кое исто како да не било додека прерамката немирно ти паѓа заедно со немирниот прамен. Фантастично изгледаш, никогаш со мене не изгледаше така и сосем поинаку мирисаш, посвежо. Не ме слушаш, а не ти е ни важно. Капки дожд ми се разлеваат низ лицето и изгледа како да плачам додека гледам кон прозорецоткој некогаш го фарбав, а сега е некој друг на негово место.
Куче ми се измоча на ногата и замина. Возило со горда брзина крај мене минува и вирчето се најде врз мене, не е ни важно иако фрли цигара преку прозорецот која се залепи на мене, мрзливо ја тргнав додека ми правеше дупка на палтото. Некој гулаб се посрал во лет, почувствував на главата. Од твојот двор истрча некое куче кое не го познавам, ме лаеше и сега ми ја кине ногавицата, не е важно. Натоварен камион со старо железо минува, му испадна некое тешко железо право на мојата глава.
Темно е...ќе поспијам малку...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Чет Сеп 23 2010, 23:07

ооооооооооооооооо ..... боже, боже, боже.... да се истопи човек



алал да ти е бе, алал да ти е

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Чет Сеп 23 2010, 23:31


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пет Сеп 24 2010, 00:10

Прекрасно,боцка право во срце guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пет Сеп 24 2010, 00:13


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by ?????? on Пет Окт 01 2010, 17:54

Prošao je još jedan sunčan dan kojem se ni malo nisam razveselio.
Izašao sam iz kuće tek toliko da ne nasjedam na provokacije staroga
šišmiša s kojim dijelim stambeni prostor. Tu večer htio sam biti zaljubljen.
Potajno sam se nadao da ću naletjeti na svoju drugu, bolju, polovicu.
Najbolje što sam mogao je otići u grad.Lokalni neradnici, vječni studenti i
profesionalni ubojice vremena, skupljali su se kraj fontane na kraju rive.
Golemi spomenik udici, udica sama, od tri metra visine nadvijala se iznad
zidića na kojem su se ispijale pive i vodili glupavi razgovori. Večeras je neko
bio šaljiv i zakačio poluraspadnuti leš nekakve ribetine na udicu.
Smrad je bio pregolem.

Odlučio sam da je najbolje da potražim svoje mjesto malo dalje od udice i
pokušam fascinirati koju kvazipankericu pirsanog uha, grla ili nosa svojom
elokvencijom, erudicijom, a ako dođe i do toga, veličinom spolovila. Nije
puno prošlo, vremensko razdoblje mjereno u par cigara i limenkom piva
od pola litre, i već sam našao potencijalnu ženu snova. Bila je u čarapama
duginih boja, laganoj plavoj suknjici i sa dva pirsa. Na nosu i obrvi. Desnoj.
Nešto u meni toliko je tjeralo mozak na razmišljanje, u roku minute odmaštao
sam sa njom na put u crvenom kombiju po jebenom Meksiku, ipak, nisam
ni riječi progovorio sa njom. Samo sam je gledao. Bojao sam se da ne
ispadne glupava, propala bi mi cijela maštarija.E onda, onda je ona
progovorila. Gledala me golemim očima i govorila. Zapravo, zamolila me
da joj srolam jednu cigaru. Žene stvarno znaju biti čudne i padaju na najveće
gluposti. Na rolane cigare bez filtera, recimo. Od toga ti samo požute prsti,
pljuješ komadiće duhana oko sebe ko Clint Eastwood i smrdiš.

Motao sam joj cigaru puneći listić rizle najodvratnijom hercegovačkom
škijom kupljenom na buvljoj pjaci. Ni sam ne znam zašto, rolajući cigaru,
slagao sam kako je ovo najbolji nizozemski duhan obogaćen aromom
vanilije i komadićima šljive. Ne znam zašto, nakon toga nisam se mogao
zaustaviti, kao milijun spermija što juri, dijafragmom nezaštićenoj jajnoj stanici,
počeo sam lagati kao pas. O tome da sam novinar, da živim u Irskoj, da mi je
majka Španjolka, da za dva dana idem u Švedsku gdje mi je djed ostavio tri
soba i imanje na laponskim visoravnima... da sam prebolio dječju paralizu i bio u ...
Bio sam toliko zaokupljen njom da sam srao ne misleći. Prekrasna djevojka sa
dva pirsa slušala me i polako uvlačila dim cigare dok sam ja laprdao.
Zatim je okrenula glavu prema meni i već sam se usro da u očima ima onaj
pogled koji govori; Daj ne seri govno jedno neobrazovano.
Otpuhnula je dim i rekla;
- Jebote, ova cigara sa vanilijom ti je skroz kuul!

Ja sam ostao malo zatečen nakon što sam čuo njenu posljednju rečenicu,
zatim sam se okrenuo i bez riječi otišao prema udici. Jest da riba na njoj
smrdi kao nevolja svih naroda Balkana, ali mrtva riba na udici ne laže da
joj je dobro. I mrtva riba na udici nikada ti neće reći da puši cigaru sa aromom
vanilije ako zaista i ne osjeća tu aromu vanilije. Jebene laži,
u ovome svijetu svi samo lažu.



M.B.

??????
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by the nurse on Пет Окт 01 2010, 18:09


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пет Окт 01 2010, 19:29


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Скриено ветување

Пишување by zbunet on Саб Окт 02 2010, 22:57

...ја обожавам и милувам со поглед макар и при случајно минување. Наречи ме и опсесивен, но таа е толку твоја и единствена, толку мила и насмеана заради која моите колена откажуваат при секое нејзино внимание сакајќи да се поклонам при таква чест.
Толку мали усни кои се срамат и на кои толку малку им треба да се охрабрат и чија сум слабост поради тоа што можам да дадам и да и ја исполнам до самото дно, заборавајќи на се друго, задоволно и со постигната цел.
Толку нежно и скромно, а толку скриени ветувања со несебично предавање, толку мало, а толку неисцрпно со богатстава незамисливи. Секој нов почеток ги надополнува старите искуства со креативна искра на секој момент кој наидува благодарно прифакајќи ја секоја нова наука која можам да ја пружам.
Таа е израз на сите твои најблагородни мисли полни возвишеност со која ме оплеменува давајќи ми нови погледи и нови бои неоткриени.
Кога ќе ме понесе откривајќи ми друг свет каде сум само светулка која може да осветли само мал дел од тој огромен универзум чија господарка е само скриен дел од тебе, не обидувајќи да се наметнува, а сепак владее со нас со својата скромност и ненаметливост.
Таа е магнет на сите доблести на овој и на некои други неоткриени светови за кои треба вистински труд за спознавање...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 20:28


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 9 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот