Поезија - 3

Страна 4 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Ако ни е'

Пишување by keti on Нед Мај 27 2012, 17:32

Некој сето наше
сакал да го смеша
и со нас сакал
магии да игра
ликови да смени
и живот да ни уништи.

Но, зошто му било тоа
кога се' што сакал
со добро ќе си имал
и нему и на сите
добро ќе ни било,
а не' како на сите
сега што ни е',
aко ни е'...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Кога би можела

Пишување by keti on Саб Јун 23 2012, 05:39

Кога би можела
јас да го сменам
ова ново време,
на сите би им дарила
среќа и радост
и тие да си бидат
тоа што си сакаат
и да си имаат
што ќе си посакаат,
а не' некој друг
живот да им крои.

Кога би можела
јас да го сменам
ова ново време,
погледот нивни
не би им го скрила
туку би им дала
ливади цветни
со поточиња и реки
и се' што е рај Божји
тие да си видат
и на крајот пак среќни
сите да си бидат.

И музика од душа
низ етер да се шири
и песни за љубовта
сегде да се пеат
зошто треба да се знае
дека животот е убав
за секој што знае
да ужива во него.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Aвг 17 2012, 08:21

Разбери ме, ако можеш!

Не го разбирам тоа
што е неразбирливо
за да се разбере
а и што би го разбрала
зошто ако требало
разбирливо ќе било
а не' неразбирливо
за разбирање.

И разбери ме сега
ако можеш да ме разбереш
зошто ни јас не се разбирам
кога треба да сум разбирлива
а секогаш гледам да ме разберат
и тие што не разбираат
што сакам да кажам.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пет Aвг 17 2012, 15:57

misli bravo glusec

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Aвг 17 2012, 19:16

guska kez fala

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Чет Сеп 20 2012, 23:49

Понекогаш

Понекогаш чувствувам
ко да не сум јас
и сонцето го гледам
но ветрови ме дуваат
и студенило низ тело
како да ми врви.

И се движам
но ко да стојам во место
и чекорам напред
но ко да не чекорам
и си велам
што ќе да е ова?

Ниту сум на земја
ниту сум на небо
но сепак летам
зошто крила имам.

И за миг
сето ова ќе ми мине
и ко да не било
ќе ми се виде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Саб Сеп 29 2012, 04:11

Зошто јас, а не друг!

Се враќаат спомени
како товари надвиснати на грб
и погледот го матат
на очи песка наросуваат...

И која сум јас
и зошто сум на работ
и зошто јас небо да крепам
и зошто јас а не друг
кој не е како јас.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Окт 10 2012, 09:59

Херои на денот

Изгубени во просторот
но, со времето сме сe' уште овде
растргнати на милион страни
и тоа не' за нас
туку се' за други
на кои и не им е грижа за нас.

И што сме сега ние
ако не' друго туку
херои на денот
и тоа не' само на овој
туку и на секој друг
што е' и ќе биде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Саб Ное 17 2012, 21:00

Кажи ми нешто
а да не е тага
зошто ми е доста
од тагата на цел свет
за и твојата тага
јас да ја чувствувам.

Кажи ми нешто

И не сум јас таа
што страда...
Страда цел свет
а не е свесен за тоа,
зошто ним погледот им е скриен
од материјалното
што го љубат.

А јас сум само тажна
зошто тоа го гледам
и што ако го гледам
кога тие сакаат
така да им биде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by Тото on Нед Ное 18 2012, 00:13

Мила Кети,

Смени го друштвото. Овој од песната или е тажен за цел свет или му се е*е (за цел свет)

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Нед Ное 18 2012, 06:32

Не можам целиот свет да го сменам, но, можам јас да се сменам... и да не ми е ич гајле за светот, ако не знае да сака ... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by Тото on Нед Ное 18 2012, 13:06

ili se plashi da saka ili ne smee ...
i jas sum lut na svetot koga zaboravam deka svetot sum jas

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пон Ное 19 2012, 00:06

palce

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Ное 19 2012, 01:56

Тото напиша:ili se plashi da saka ili ne smee ...
i jas sum lut na svetot koga zaboravam deka svetot sum jas

A vo koj svet si ti! ... trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Ное 19 2012, 02:02

Леле, што стихови изнапишано на ѕидот на форумот, и кому му се потребни ... Има ли некој да ги избрише и да го извароса ѕидот за да биде бел!!! ... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Ное 19 2012, 02:04

Ами кај ми се виде мене бел, кога овој ѕид бил син, плав или каков е? ... trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пон Ное 19 2012, 02:26

seti se

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Ное 19 2012, 02:29

I ti ne znaes? ... E pa neka kaze koj znae! ... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Ное 23 2012, 13:22

Кажи ми нешто ...

Кажи ми нешто
но, да не е лага
зошто вербата во Бога
јас ја изгубив
зошто се' лошо тој
на мојот грб става
за јас да го носам,
а тој низ бел свет
чејфови да си прави
и со мојот труд
сегде да се фали.

Кажи ми само
дека ме љубиш
и доволно ќе ми е'
но, кажи го така
за да не е лага
зошто јас во лаги
и не верувам веќе
и само вистини сега
од сите јас ќе барам.

Кажи ми нешто
и што било нека е'
но, те молам само
да не биде лага
зошто од лаги ми е доста
и сега само вистината
од сите ќе ја барам.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Вто Ное 27 2012, 00:35

Има денови

Има денови
кога се собрало се' и сешто
што во друг правец ме води
и внимание ми зема,
но, само за миг
за до следниот миг
пак да сум своја.

Има денови
кога сакам да сум сама
за мисли да си средам
кои само со себе
можам да ги делам.
А мислите се такви
и тешко да се сватат
зошто кажуваат како
човек да се биде
и во ова тешко време
како да се опстане.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Вто Ное 27 2012, 23:43

О Ти, О Јас... И Јас пак Јас ... Како да нема други како Јас! ... sonce

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Саб Дек 15 2012, 07:07

Не', не ми е ништо!

Вечерва сум така сама
и некои спомени далечни
во минато ме враќаат...
Барам одговор на едно прашање:
Што е тоа што се случи
и што се случува?

Посакувам да си блиску до мене,
толку блиску за да те допрам
и да те почувствувам покрај себе...
Ми недостига твојата прегратка
за да ми го стопли срцето,
камен се стори од студот!
Ладни зборови ме бодат
и ми го здрвуваат телото,
а јас сакам да љубам
и единствено тоа остана во мене
од се' друго што зедоа.

И знам дека сакаат моќ!
Но, јас бев борец
и се' уште сум,
не ќе можат тие
да ме победат лесно,
а знам дека
само тоа го бараат.

Не', не ми е ништо
и ништо страшно,
само миг на тага е'
на спомени далечни
што во минато ме враќаат...
И бргу ќе мине,
зошто јас сум борец
и не се давам така лесно!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Дек 17 2012, 05:32

Дали сме ова ние!

Дали сме ова ние
што бевме
и уште сме!
Јас верувам дека сме
и дека ова е наша мисла,
да се љуби
и љубов да се дари,
несебично и безусловно
за да ни е добро
и мене и тебе
и на сите нас.

Многу нешта се подруги
од она што беше,
настани исти
но, поинаку одглумени
со подруги актери
од тие што беа.

Се ближи денот, велат
што никому не му е јасен...
И ќе биде ли подруг
и ќе биде ли таков
каков што велат,
ден на разни случувања
кои никому не ќе му се јасни,
или ќе биде ден на радост
и дочек на нова година 2013.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Вто Јан 08 2013, 21:01

Кои сте вие!

И повторно барам смисла
во овој безсмислен свет ...
И која сум Јас!
Не!
Кои сте сега вие!
И зошто сте тука!
И која мисла
во глава ви се врти!
И дали и ова е ваш свет
што е и мој!
И дали е ова
лудост!!!
Не!
Ова е нормална состојба
и го раздвижува
детето кај човекот
да продолжи со играта
која живот значи.....

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Нед Јан 20 2013, 14:11

PROSTI MI!

DAJ MI NESTO
NO, DA E MOE
I DA NE E TUGO
I NE ZBUNUVAJ ME VEKE
ZOSTO, ZNAES SE' ZA MENE
I TOA SE'
NE' E KAKO SITE
STO SAKAAT DA IM BIDE
I PROSTI,
PROSTI AKO GRESAM
ZOSTO JAS SAMO ZNAM
ISKRENO DA LJUBAM.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by Sponsored content Today at 20:26


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот