Поезија - 3

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Јан 25 2012, 05:02

А вие каде сте?

Или сум јас со вас
или сте вие со мене
како и да е,
многу е сега важно
да сме сите ко еден.

А вие каде сте
и вие што сте
и по кој пат сега
животот ви врви?

А треба да сме едно
и треба да сме заедно
за рака да си дадеме
и љубов да си делиме
зошто само така може
до целта да си дојдеме.

Јас вас ве чекам
почекајте ме вие и мене
за заедно до целта
да стигнеме ние.



keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Сре Јан 25 2012, 16:19

palce 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Чет Јан 26 2012, 09:00

trepka guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Јан 27 2012, 12:35

Форми

Ова е свет на форми
обличени и разобличени
црно-бели и шарени
секакви и никакви...
Знаат ли да љубат,
знаат ли да сакаат
имаат ли верба и надеж
во нас и во вас?

Ова е свет на форми,
формализми,
деструктивизми,
што знаат само да рушат
и рушат се' пред себе.
Но, џабе им е тоа
кога едно нешто не знаат:
Не знаат да љубат толку
колку што љубам јас!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Саб Јан 28 2012, 01:59

palce

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Фед 03 2012, 19:34

Ех, мој Боже!

Ех, мој Боже
цела ноќ јас
за тебе се борев
и само за тебе се молев...
Ти што си голем
во очиве мои
но, многу мал
во очите нивни.

Ех, мој Боже
зар само јас,
зар само јас
тебе те сакам
и зар само јас
тебе те љубам
и зар само јас
во тебе верба имам.


Ех, Боже мој
покажи ја сега
сета твоја моќ
за сите да ја видат
зошто само во моќта
тие верба имам
и се' друго пред себе
сакат да го газат.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Фед 08 2012, 17:45

Погледот

Оставена сама на себе
во мигот на неизвесност
заслепена од светлото на мракот
очајно те барам тебе...
Твојот поглед ми треба
да се огледам во него
и да го пронајдам својот пат
но, како да бледнее сликата
што радост во мене носи...

Дали си во ова време
или времеплов те води
на брегови морски
што мене ме чекаат
а мене таму ме нема.

И дали е ова време
што порано го кажа
или само нестварна е слика
во потсвест што ми стои
и се' нешто се враќа
и пак напред ме води
и се' така до погледот
што љубовта ја роди.

А очите ми плачат
но не сакам да плачам
зар пред светот сега
јас тага да кажам,
но очајно те барам
твојот поглед ми треба...
И дали си ти тоа
што пред мене се јави
за патот да го кажеш
до светлост што ќе води.

И како да им кажам
она што го видов
кога тие не гледаат
со очиве мои
и се' нешто ме судат
и сакат да ме рушат,
а само ти си надеж
и сонце што ми свети.

Ах, љубов моја
твојот поглед ми треба
во ова време чудно
да се огледам во него
за патот да го најдам
патот што до сонце
мене ќе ме води.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Сре Фед 08 2012, 21:27

palce 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Фед 10 2012, 19:29

usramen

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пет Фед 10 2012, 19:30

Измешана реалност

Дали е ова духовен развој
или едно лажирање само
и некој ќе рече
е не е тоа така
но, тие нешто прават
а јас нешто друго гледам
зошто мојот поглед
е како дар од Бога даден
а нивниот за слава, углед и пари.

И дали сме сега ние
или сме некои други
опиени од чудна јака дрога
која паметот ни го зема
и халуцинации ни ствара
се' со една експериментална цел
оти поефтино и поделотворно е така
сите да мислат
дека инвазија е права.

Цинизам е тоа
кој негира се'
што значи дека
вистината е права,
зошто магнет е тоа
што електрично се лепи
за мислите наши
и реалноста се губи
и во бездна те тера
за порти да бараш
избезумен од мисла
дека крај на светот ќе да е'.

Срамота е чиста
тој цинизам беден
што вонземја не носи
а ние сме на земја права.

И реалност ни измеша
ни разниша чувства
и сега порака последна
од Бога се бара
до негова творба
што светот ќе го спаси,
во отстапка од старото
што традиција се вели,
во секое поле
на Земјата стара,
за конечно до целта
сега стигнат права.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пет Фед 10 2012, 19:59

bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Фед 15 2012, 02:13

trepka guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Фед 15 2012, 02:13

Со љубов за...

Јас одам по патот
како и сите вие
и ако сум сама
јас не сум сама,
во моето срце
многу љубов има
и таа ме следи
каде и да одам.

И не ми е тешко
зошто јас нив ги сакам
и овој пат
за нив јас го одам
и што и да прајте
мое семејство ќе бидат.

И понекогаш
она што го чинам
го чинам од љубов
а не со причина
за некој да ми суди.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Сре Фед 15 2012, 08:32

palce 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Саб Фед 18 2012, 05:27

Црна се чума зададе

Црна чума денот го стемни
додека листот го вртев
името од едно во друго го смени
и може тоа со намера си беше
за да очи отворам
и со очи мои видам
што зло врз мене се фрла.

И има ли спас
од чумата црна
што со магии
се расфрла сегде
и во секој дел
свое гнездо свила
и сака сите нас
под свое да не има
и од нас да граба
и за свое да го има...

А јас тоа го видов
додека листот го вртев
кога името од едно
во друго го смени!

Но, не знае чума
дека Бог е тука
и со мене и другите
тој верно не чува
од такви како неа
што на пат ни стојат
и видикот ни мрачат
за Сонце да не видиме ние.

И треба да си знае
дека Бог не и' дава веќе
со мене да си игра!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Саб Фед 18 2012, 18:40

vinozito palce

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Нед Фед 19 2012, 23:16

Бог го љуби

Цела вечер
јас за него се молам
и светици за здравје
јас за него викам
за сила да му дадат
да го мини сето ова
зошто без него
светот ќе се сруши,
а некој сака
душа да му земе.

Тој е добра душа
и за него сите знаат
но него не го љубат
тие што власт сакаат
и сакаат се' од него
за себе да го земат...

А Бог го љуби него
и за него се' чини
за сето да го мине
и пак тој свој си биде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пон Фед 20 2012, 00:11

bidi umen bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Чет Мар 01 2012, 04:22

trepka trepka guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Чет Мар 01 2012, 04:42

Доста е веќе

Време е да станеме
зошто доста бевме седнати
оти некој посака да не турне
и очи да ни заспие.

Доста е веќе неправди
време е да се разбудиме
и очи да отвориме
за правда да видат.

И кој сакаше на ангел
ангелско да му земе
и зар тој не виде
дека Бог го љуби
и само во него
Бог надеж виде
за она што е сега
и за она што утре ќе биде.

И доста е веќе
зошто го исплативме
тоа што наше си беше
за пак наше да си биде
и што некој посака
за себе да го земе,
но тој некој не виде
дека Бог не љуби
и само во нас
Бог надеж виде
за она што е сега
и за она што утре ќе биде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Чет Мар 01 2012, 11:18

peace

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Сре Мар 07 2012, 20:26

afro kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Конечно свати

Пишување by keti on Пон Мар 12 2012, 20:45

Конечно тој свати
што сум јас,
јас сум таа
што до него е близу
и на тронот свој
тој сега ме стави
за со него заедно
земјата ја бранам.

И тој знае дека
јас знам само
со љубов да се бранам
и затоа ме праќа
кај што љубов нема
за само со љубов
срца да им полнам
и душа да им смирам
за светлина да видат.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by zbunet on Пон Мар 12 2012, 20:49

vinozito

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by keti on Пон Мар 12 2012, 21:05

sminka mastika ups

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија - 3

Пишување by Sponsored content Today at 04:03


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот