Поезија

Страна 35 of 35 Previous  1 ... 19 ... 33, 34, 35

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Кружни патеки

Пишување by zbunet on Пон Апр 14 2014, 12:41

Ако е така како што мислам
се надеваш дека ќе биде така,
се надевам дека ти дадов доволно докази за да ми веруваш
да ми веруваш и кога грешам,
а секоја грешка со време станува правилност,
графикони ли се графикони
како трафики никнуваат и згаснуваат,
за попатни потреби
секогаш на брзање
за никогаш стигнување
до цели наредени по кружната патека
само се враќаат од каде тргнале
тоа што било пак ќе биде,
но никогаш нема да биде исто.
Таа си која што беше
но никогаш истата,
повеќе го разбираш моето повремено неразбирливо мумлање
или пак јас научив појасно да се изразувам,
резултатот е ист,
кој е подобар не е важно,
важно како тетрис се сложуваме,
се’ помалку грешки правиме.
Но колку повеќе те разбирам,
толку помалку го разбирам светот
го изгубив патот кон него,
патот кон твоето срце ми е примарен,
секогаш јасно не ги разбирам знаците,
но не го напуштам
затоа што ми е последен.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Само ти

Пишување by zbunet on Вто Апр 22 2014, 01:24

Не сум од тие
кои будат симпатии кај широките маси
не умеам да бидам до толку прост
а ниту ароганција ми е потребна
немам кому што да докажувам
јасно е дека не умеат да сфатат
ништо повеќе од нивниот интерес
ако е воопшто интерес
туку само обична глупа, празноглава алчност и некоја извитоперена неписмена суета.
Не ми требаат
шутраци искомлексирани се често
ги избегнувам
нека зборат
не се замарам
не знаат што зборат.
Ми требаш само ти
само ти можеш да ме смириш,
само ти можеш да ја разбудиш мојата човечност,
се’ што имам само за тебе е наменето
ништо поважно од тебе за мене нема
се’ друго е само мизерија и апатија која води кон депресија,
сигурно натаму нема да гледам
премногу е одвратно
само кон тебе гледам
ми треба и мене нешто што ќе ми ја разгали душата
ми требаш каква си
а се’ друго е невредно да се споменува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Тото on Вто Апр 22 2014, 22:20

zbunet напиша:
не знаат што зборат. morska sirena 


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Апр 23 2014, 00:47

ups

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Зборови

Пишување by zbunet on Саб Апр 26 2014, 20:45

Знам дека ветерот
ќе ги однесе моите зборови
и измеша со прашината
ако говорам во друг правец,
моите зборови
се само за тебе наменети,
па и погрешните,
знам дека умееш да ги поправиш,
да ги наведеш на вистинскиот смисол,
да им створиш значај,
наместо очај
кога се упатени во спротивен правец.
Таму каде не си ти,
бесмислени стануваат,
никогаш во целта,
секогаш залудни,
се губат помеѓу камењата и прашината
и ехото им се губи
како никогаш изговорени да не биле.
Погледот мој зборовите јасно го пратат
насмевката им се придружува
се’ додека кон тебе се упатени
добивам форма
добивам живот
боите јасно се преливаат,
се’ има смисол и јасност,
само додека си тука.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Ветровити времиња

Пишување by zbunet on Нед Мај 18 2014, 16:43

Знам колку сум богат
кога гледам во тебе,
знам дека нема цена за такво нешто да измери,
среќен сум,
но секогаш има некое “ но “,
кое нема врска со тебе,
а ме прогонува мене,
ми се заканува дека се’ ќе ми одземе,
како сениште во секоја сенка
со канџи наострени,
го слушам неговато надмоќно смеење,
а јас заглавен во калта ржам,
не те пуштам,
знам дека сум силен,
досега немаше да издржам,
но како да не е доволно за мојата достојност.
Над провалија и на јаже стојам,
те држам
а сеништето сега е ветер кој фучи,
ме шамара и очите ми ги затвара,
бара да те пуштам,
да не те повлечам со мене
иако во вените набрекнати врие,
помислувам дека можеби е во право,
додека те држам
во очи те гледам
силата повторно ја наоѓам

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Вто Јун 10 2014, 02:20

Запалката  од непознато потекло
 
Не знам што ти текна да рошкаш во стаклената чинија на масата
во која ги оставам ситниците што треба да ми се при рака
или се на минување низ овој стан
Ластичиња за коса, ноктарица, острилка за креон,
бонбончиња од армаси и парастоси,
оревчиња од последната Василица,
два-три останати це-витамина и парацетамол
изрежани од потрошените таблички
и по некоја запалка.
Е, како ја позна баш таа запалка дека е натрапник во целата збирка?
Обична ефтина сина запалка
со црвени и портокалови златни  (ха!) рипчиња. 
Се фати за неа ко слеп за стап.
Од каде, од кого, кога дошла таа предавничка запалка во чинијата.
Зошто била запретана најдолу,
аааа, намерно – за да не боде очи!
Од кои очи бре човек да ја кријам запалката?
Од твоите кои гледаат сѐ само мене не?
И што ми е гајле да испитувам потекло на некоја
заебана запалка, која патем, гледаш дека и не пали.
Аха! Тоа е тоа! Ем не пали, ем ја чуваш, велиш,
сигурно има некаква сентиментална вредност. 
О да, ме потсетува дека и ние сме потрошена запалка,
па затоа со тивка меланхолија ја запретрувам под другите дребулии.
Тоа уште повеќе те разбеснува. А кој е крив што немаме повеќе плин?
Поставуваш реторичко прашање
оти тебе сѐ ти е јасно – уште јас да признаам и после
можеме да преминеме на темата како да се направи ремонт
на нашата врска која не пали, човече, не пали!
И да ти кажам право, баш ме боли чија е запалката,
барем да се сеќавав кој јак фраер ја заборавил или
намерно ми ја оставил „за да го паметам“.
Сто по сто е оној водоинсталатерот со „реп“ што се фалеше дека
свирел гитара и пишувал поезија за ме импресионира.
Фала ти на комплиментот, но немав впечаток дека
типот што брцаше во смрдениците од сифонот во бањата
разви романтични фантазии кога му се појавив во твоите стари тренерки
за да му го подадам кафето што пола се изли во тацната кога
се лизнав на влажните плочки.
Човекот не го ни испи, сум претерала со шеќерот.
И да знаеш,
не ја фрлам таа скапана запалка, која всушност има прилично педерски дизајн
со тие, демек, златни рипчиња.

Јас и не знам никој што има аквариум освен твојата колешка Симона.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Вто Јун 10 2014, 19:47

cita  wow

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Немит поезија кога ми е арно

Пишување by zbunet on Пет Јун 27 2014, 16:43

Кога ми е добро
насмевка ми е почеста,
ко пеперутка по усни да ми се шета,
кога сум сигурен со тебе
чуда праиме,
кажи како ни’ беше ноќеска, а?
Уживам додека ме сакаш,
се гледам во огледало,
и да се бричам и да не се бричам
дури и поубав си личам,
гледаш ли што ми правиш?
Нема господските денови,
со ние, вие, тие и оние,
дење ржиш дур си до мене блиску,
ноќе во ѕверка се претвараш,
на сите мои тестови помина
со оценка најдобра,
подобра си од учителот,
добро де, знам дека само ми попушташе,
остај ме троа и ја да се дувам
иако знам дека за секунда можеш да ме издишеш.
Е шо? Поезија?
Арно ми е сега,
за шо ми е поезија?
Пишувам кога сум плачитаквото,
кога може и поарно,
а никад не било поарно од сега,
чувствувам и ништо не ми фали.
Добро де, пари ми фалат,
за пари поезија да пишувам?
За мене се клети душмани валкани,
од монструми смислени
од раце погани излезени, итн, итн.
Батали тоа,
отвори очи за да се гледаме
и да се кладиме
кој повеќе пати ќе каже: Те сакам!
Ама без трепнување,
кој ќе изгуби, ќе дае.
Вииш ли убаа поезија
у пракса претворена,
немит пиши – бриши,
туку одма мур.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Пет Сеп 19 2014, 01:17

Da, vetroviti vreminja se ...  kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Ное 02 2016, 02:11

Ќе ви напишам нешто!

Не си е тоа што си е
а сепак ќе го напишам
зошто се бара
и не е проект
ниту е еуро ФЕСТ
туку е видовитост
или е’ или не е’
a и што и да е
ТОА Е ТОА!!!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Ное 02 2016, 02:11

СЕКОЈ НЕ СЕ СИТЕ!

Скопје - Кичево
релација на музика
златно славејче
и мнозинство деца
со златни гласчиња
како славејчиња ...
А кој е секој
во мнозинството сите
и која е птицата
која на сите
им е секој
ако тоа не е
ФЕНИКС - ОТ.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Ное 02 2016, 02:12

СРЦЕТО
наш пат кон иднината

Молитвата и играта
сигурно ќе дојде еден ден
тајни љубовни
тајните љубовни
Хеј еј еј еј еј
би сакај ли
да си љубов
на нашиот пат кон иднината.
Бескрајно благодарен
и за животот, сите промени
љубовта не води
Оооооооо ...........
кон убавото, знаат најдобро
love will lead aur way.
Eeeee .....
Ooooooo ....
Yyyyyyy ...... Jey, Jey, Jey.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 07:45


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 35 of 35 Previous  1 ... 19 ... 33, 34, 35

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот