Поезија

Страна 34 of 35 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Поинаков свет

Пишување by zbunet on Чет Окт 10 2013, 00:40

Требаше да можам да го замрзнувам моментот
прости ми што не сум семоќен
мислев дека сум способен за такво нешто
вечно да трае твојата насмевка и поглед кон мене
наместо движењето на времето
кој како ветер ја ремети сликата.
Во сонце гледам
не сакам да заоѓа никогаш
толку топлина од тебе извира
ја растерува и секоја студена самотија која повремено ме прогонува.
Толку е природно
кога сум до тебе
отвори ги очите
за потонам 
од светот да исчезнам
само во тебе да постојам
од секогаш таму и ми беше местото
и кога не знаевме
дека постојат и поинакви светови
со посебно место во универзумот.
Немам што да кријам
целиот сум отворен
земи што сакаш
се’ на мене и во мене е само твое,
од секогаш така и било,
само чекало на тебе.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Златна насмевка

Пишување by zbunet on Пет Окт 18 2013, 01:58

Додека пред очи те имам
додека мислите за тебе низ глава ми струјат
има смисол животов.
Никогаш ништо друго немаше
кога ќе заборавам
и помислам дека и други работи постојат
кои понекогаш се наметнуваат како важни,
но мирисот на повраќаница ги прати
и секогаш во отпаден материјал се претвараат,
се пцујам себе
зошто макар и на момент го свртев погледот од тебе.
Тогаш се залепувам за тебе
и со душа и со тело
мојот здив вратот ти го скокотка
покајнички додека валканиците на мене како кал се сушат
полека испаѓаат,
со секој твој допир
постепено блескам
насмевка ми се враќа
се наоѓам во светот сочинет само од тебе
се’ друго го губи својот облик и значај
лебдам додека ме милуваш
ми се врти во глава
зборовите стануваат така досадни
молчењето навистина било злато.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пет Окт 18 2013, 12:22

kuti se klanja

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Единственост

Пишување by zbunet on Саб Окт 19 2013, 23:51

Додека во мракот слушам
ветерот како го изговара твоето име
како ненамерно вклучен телефон
кој кон мене завртел
судбината кога вмешува прсти
го слушам твојот глас
кој ми ги скокотка ушите
иако изгледа како да е случаен избор на мислите
а всушност се’ е за мене,
како принц за кого наменето е кралство.
Се прашувам како делуваат силите несфатливи
премногу јасно
во сета оваа комплицираност 
до доцните часови
и од утринскиот петел
кој пее песна за тебе
и кое не е повеќе просто и обично кукурикање,
станува уметност,
ремек дело само по себе
и сето тоа само за мене
кога не можам да поверувам
дека јас сум тој и никој друг,
кога значи дека навистина сум.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Сериозна фаца

Пишување by zbunet on Пон Окт 28 2013, 13:29

Капка по капка,
зрнце по зрнце
одиме на другата страна
се надеваме дека доволно ќе остане
за нас и другите кои сакаме да ги гледаме околу нас.
Длабоко во себе знаеме дека брзо ќе помине,
вртејќи ја главата на друга страна
со сериозна фаца
мислејќи дека не се однесува на нас,
а сонот секоја ноќ ни’ покажува колку сме беспомошни,
скоро мртви
струите на мислите да не’ водат како сакаат,
сериозно мислиме дека и таму постоиме
забораваме дека спиеме
како што забораваме да живееме.
Моќни се тоа сили
како пламенот,
како водата,
кои се добри слуги,
но лоши господари,
а нас не’ учат слуги да бидеме,
колку и да сме големи,
да служиме на нешто поголемо,
а кога нема да бидеме повеќе способни за илузијата да ја одржиме
заминуваме во земја да гниеме
како награда за нашите фаци сериозни 
мислејќи дека околу нас се’ навистина се случува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Ное 03 2013, 15:15

se klanja

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Ное 03 2013, 20:34

fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Не сум повеќе член на синдикат

Пишување by zbunet on Сре Ное 06 2013, 02:43

Колку и да можам
секогаш е ништо
каде и да гледам
нема ништо
одамна престанав да го тргам погледот од тебе
само понекогаш случајно
кожа наежена од страв
како сум можел да не те познавам
не би се вратил во тоа време ни за жива глава,
сигурно ми била празна
како иначе би издржал?
А срце?
Ма јок, тешко дека сум го имал,
тоа било сигурно била само некоја канта која тропала во моите гради
да де, кородирана за сирење преку синдикат на рати
како иначе би поминал помеѓу проста маса со која растев?
Од Беч знаев само за шницла
никој школо не споменуваше
за жени ми велеа дека се само полутки
и навистина многу беа такви,
како членови во синдикат,
си велев,
па не е ваљда до толку усран животов?
Да, да, толку е, нема повеќе!
Ехо такво низ шупливи глави се пренесуваше
и мојата се празнеше
и со глупости се полнеше,
еден ден се разбудив глуп.
Ми сметаше, ме чешаше,
но некој глас сепак нешто ми шепкаше,
па виде - не виде почна да се дере,
за тебе ми спомнуваше.
Во прво време не верував,
а потоа поверував,
човечноста почна повторно да струи низ моите вени,
знаев сигурно,
сељаците и сељанките почнаа да се нервираат
ич не сакаа да ме видат.
Сега газиме по облаци
сите врвови заедно ги престигнавме
места до кои само духот може да стигне
никој повеќе не може да не’ допре.
Бевме заедно,
а сега сме еден
со тебе сум тој кој можев да бидам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Молк

Пишување by zbunet on Саб Ное 16 2013, 17:20

Ти се чини
дека не можеш секогаш 
да допреш до мене,
тогаш молчам,
не сакам да зборувам
затоа што мислите кои ме штитат 
летаат како кристални гулаби
ја носат мојата душа 
да ја постелат врз твојата
да се вгнездат
затоа што таму се сигурни и безбедни.
Тогаш сум длабоко во тебе
иако не знаеш
дека тоа ми е единствено прибежиште,
молчам,
не објаснувам,
не сакам да ме сослушаш,
затоа што твојата душа ме слуша,
знам дека ме разбира.
Тогаш сум само душа
тоа е друго ниво
зборовите се недостојни
твојот внатрешен центар секогаш блеска и ме чека
молчам,
кога устата е затворена
тогаш душата се отвара.


Последната промена е направена од zbunet на Саб Ное 16 2013, 19:23. Мислењето е променето 1 пати

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Ное 16 2013, 17:58


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Кругови

Пишување by zbunet on Саб Ное 16 2013, 19:15

Наутро миеш очи
се надеваш дека вчерашниот ден бил само лош сон
пиеш кафе
полека сфаќаш дека ова живот се нарекува,
излегуваш надвор,
агонијата продолжува,
лицемери ти се смешкаат,
штом грбот го завртиш,
не можеш да се исправиш
од тежината на многуте ножеви забиени,
секој сака да те згази
а за себе да се исправи
со петица над твојата згмечена глава.
Се браниш колку можеш,
но многу се,
а ти си сам
и секогаш ќе бидеш.
Се бориш да преживееш
но полека го губиш смисолот
стисокот полека се олабавува
не можеш да се сетиш кога последен пат си бил искрен
од стравот кој како октопод ти го стиска срцето,
а насмевката ти се претвара во грч.
Суеверие стана
радоста кога некој ќе те побара,
никој за добро не те бара,
мораш брзо да мислиш
што ли сака да те заебе.
Животни партиски нешто подмолно смислуваат
се тргаш настрана и се надеваш дека на патот нема да им се најдеш
бар на твој грб да не печалат поени.
Ветуваат подобар живот
а рогови им штрчат
дури и ѕидот зад телевизорот бидна испогребан,
не се сеќаваш дека си го чукнал со нешто.
На крајот од денот
се надеваш на моменти пријатни
а всушност се само последици од трауми од денот
исполнет со ништо во твоја корист.
Се обидуваш да заспиеш,
но фрижидерот го посетуваш
со крвави очи бело гледаш во него,
бараш нешто што ќе ти помогне
до мир да дојдеш бар на кратко
макар и само орално.
Сонот испрекинат доаѓа
како пајажина која лесно се кине
штом некоја мисла потешка помине,
но секако алармот ќе те разбуди
како петел со канџи да те гребе,
да го почнеш повторно
кругот на пеколот,
дека има нешто подобро
ќе те лаже,
а знаеш дека друг избор немаш,
сем да веруваш 
во тоа за кое никаков доказ нема.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Ное 16 2013, 19:31


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Вто Ное 19 2013, 09:52

"Neka mi bude zabranjeno da te volim,
Hoću da ispaštam, hoću da pokažem šta mogu da učinim za tebe.
Neka mi na leđa natovare betonsku kuglu,
Hoću da zamenjujem gipsanog roba na ulazu u tvoju kuću!
Neka poštari odbiju da ti uruče moja pisma,
Neka mi bude zabranjena upotreba javnog saobraćaja i telefona.
Sve što je rečeno o budućnosti,
Da je rečeno o tebi, bilo bi istinito i ne bi propalo.
Da je uzidano u tebe ono što je uzidano u hramove,
Sve to ne bi bilo besmisleno.
Ono što se govori tuđim ženama ja sam govorio tebi.
Iz punih pluća pod šlemom i pod punom ratnom spremom.
Jer ništa ne zaslužuje himne i toliku patetiku osim ljubavi.
Zato što me voliš ja volim sve ostalo.
I nikome ne želim zlo.
Moja ljubavi, digla si me toliko visoko
Da i kad bih pao - do zemlje bi se naživeo!"

Matija Bećković

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Дек 12 2013, 13:50

El aire es inmortal. La piedra inerte
ni conoce la sombra ni la evita.
corazón interior no necesita
la miel helada que la luna vierte.

Pero yo te sufrí. Rasgué mis venas,
tigre y paloma, sobre tu cintura
en duelo de mordiscos y azucenas
GARCIA LORCA

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Знам

Пишување by zbunet on Вто Јан 21 2014, 09:48

Капка по капка
се преполнувам
дури и газирано жуборам
те чекам
да ме испиеш
до последна капка.
На себе ги имам траговите од твоите усни
ме држиш како да сум од стакло
знам дека нема да дозволиш да паднам.
Во себе ги имам идеите
ги вадам како хартиени змејови
заедно се смееме додека лебдат низ ветерот
веруваш во моите шаренила
ги гледаш и од како ќе се стемни.
Знам дека ме гледаш како Петар Пан
Ѕвончице моја.
секогаш те гледам како леткаш околу мене
и ме посипаш со ѕвездениот прав.
И јас почнувам да летам како хартиен змеј
ме влечеш со твоите конци
не се плашам од ветриштата кои можат да наидат
знам дека нема да дозволиш да ме разнесат и однесат каде тие сакаат
знаат дека си посилна од нив
ме избегнуваат
знаат дека сум само твој.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Чет Јан 23 2014, 21:26


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Црно бела поддршка

Пишување by zbunet on Сре Фед 05 2014, 17:35

Висока и смела
од очи сонце ти грее,
добро де, понекогаш и ко тајфун ил бура,
ама таква низ мисли ми се моташ.
Некогаш си гола,
некогаш до пола,
си преќутувам кога си настината,
мож од тоа да е,
шо знам,
милијарди работи има што не ги глеаме,
ниту појма иаме како идат,
а уште помалку по кој ред и редослед.
Абе скокотливи жмарци од петици ми идат
коа насмеана ми идеш,
а во очи ти ги глеам оние работи кои наскоро ќе ги праиме,
ама па затоа коа очи не моам да ти видам
од спуштене чуке,
црна пареа од уши дур ти чури,
абе одма стомак ме боли,
дур до пролив,
од ВЦ да не искочам,
дур това бесот не ти мине.
Те чекам и мислам,
дека со арно ќе дојдеш,
понекогаш е обратно,
а понекогаш баш ко што ми треба,
а не ко што мислиш дека треба.
Де Јин, де Јанг
ама сепак слатко иде,
некогаш помалку,
некогаш повеќе,
тоа ме држи,
ваков ил онаков,
црн ил бел,
можам да рачунам
дека секогаш ќе ме поддржиш.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Чет Фед 27 2014, 18:05

Сива подршка, Збунет, не' црно бела! ...  trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Сад ил нови сад

Пишување by zbunet on Сре Мар 26 2014, 23:09

О’ пари, пари,
море пекол да ве свари,
зш и кај мене не идите?
Па и мене среќа да ми даите,
и со мојана на водопади и острови
да ојме и шо сакаме да си прајме,
а не у тесна када,
од кај што уште модрица носам
и она нешто се жалеше,
ама сега то не е важно.
По лесни жени ич нема да идам,
и у ниедна нема да глеам,
да се кајат оти домаќинки не биле,
оти само таква ја си сакам.
Елајте си при мене,
море пари, а не ко сега само шугави,
дека и вие душа имате
и очи у прав чоек ко мене да глеате,
а не на ќоро и на секаков да налетуете
и ко спонзоруша да му се подавате.
Дајте гордост малу
и вие троа бирајте,
истиот ќе си бидам,
на три ипол нема да се праам
и пред четри сабајле ќе си легнуем.
А?
Да де, со истата.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Кутре

Пишување by zbunet on Нед Мар 30 2014, 14:49

Понекогаш сакам
во скутот да ти заквичам како кутре,
да ме погалиш и почешкаш
по крзното кое понекогаш ми се чини шугаво,
да те погледам со тажните очиња
додека ме галиш да те лизнам по раката
и да не си ја бришеш веднаш,
да не ти смета
затоа што понекогаш сум таков.
Понекогаш сакам
да трчам околу тебе
како штотуку избањато кутре,
да лајам весело,
а ти да се смееш додека сонцето не’ скокотка,
за ноџе да те грицнам,
па и за бутче
оти кутре поголемо сум
и понекогаш и посочен залак си сакам.
Секогаш сакам
до мене да те гледам
каков и да сум,
лав, тигар, овца или полжав
секогаш сакам
околу тебе мојот свет да се врти,
а остатокот како шугава џукела на врата нека гребе,
клучот одамна го фрлив,
не отварам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пон Мар 31 2014, 09:48

клучот одамна го фрлив,
не отварам.   


 bravo 

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пон Мар 31 2014, 20:29

fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

О’ педерска ли е милата земја?

Пишување by zbunet on Вто Апр 01 2014, 14:28

Понекогаш
иако е скоро секогаш
хомосексуални неизречени односи постојат
на такви работи се темели сериозниот живот
под маската на хиерархијата
во овој сеуште патријахален свет.
На меѓусебни односи сеуште мажите имаат екслузивно право,
ги нарекуваат важни,
ги нарекуваат функционални,
но само се хомосексуални,
не може ни една шупа да се изгради
не може ни тротоар да се догради
ако не мириса на педерска пот.
Конфликт на интереси
се нарекува кога нема да си се допаднат
кога не си го нашле својот тип за договор
за иден однос
за работно задоволство
демек мажи, а само мажи си сакаат.
О да, се фалат за авантури со жени,
ама тоа се воглавном само фалби,
нешто како виц,
нешто како вулгаризација која би требало да биде смешна,
а само педери на нив се смеат
а многу машки се смеат
кога жената се третира како објект
слично на ВЦ шоља,
така се докажувала машкоста,
дури од бубуљичави чопоративни еднополови другарства,
па се’ до последна постела,
кога жена му е досадна,
бар за крај машко да си види.
Секој кој има власт
може да си дозволи да биде педер
и замерено да не му биде
и примено од него со задоволство да биде
амбициозноста и напредувањето тоа го подразбира,
бил гробар,
бил војник,
бил бизнисмен ил политичар,
педер останува,
но секогаш во множина,
од сам педер заедница не бидува,
реденка си сака,
ред, де.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Апр 02 2014, 05:08

Da ne e po verata? Sto mislis ti zbunet, ili si se zbunil pa si napisal pesna? ...  kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Апр 02 2014, 11:18

Dozvoleno da se zbuni covek, a mozebi i ne  smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 04:03


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 34 of 35 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот