Поезија

Страна 32 of 35 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пет Мај 10 2013, 19:27

Немам слики ни податоци затоа што премногу ми се гледа дело на ЦИА која сака за секого се’ да знае, не дека не може да најде, но не им ги давам на тацна smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Саб Мај 11 2013, 17:26

Da znaes deka facebook me blokira 30 dena da ne baram prijateli, zatoa sto te pobarav tebe za prijatel. Mi rekoa deka ne si mi bil poznat! Epten se zbunile, neli! zbunet

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Саб Мај 11 2013, 18:30

Pa de me brises, de me baras za prijatel, valjda si znaes sto pravis smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Мај 11 2013, 19:49


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Мај 12 2013, 12:41

kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Ние сме тие заради што постоиме

Пишување by zbunet on Пет Мај 17 2013, 16:44

Кога дишам преку твојата коса
светот го има твојот мирис
кога времето застанува
значи гледам во твоите очи
длабоко сум потонат во нив.
Знаеш точно што сакам
и нагло кога менувам
мисли се сливаат како една
тоа е тоа што секогаш се очекува
иако се многу
сите се само наши
за никого видливи и предвидливи
тоа е само неважен аудиториум
ние сме тие кои ќе останеме заради што постоиме.
Дали водам или водиш
исто е,
моментот одредува,
судбината сликата ја доловува,
се гледаме
нема од што да стрепиме
за рака се држиме
се баравме и се добивме,
празната темнина замина
кај нас нема повеќе што да бара,
ниеден повод не остана.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Мај 18 2013, 14:33


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Бојата на очите

Пишување by zbunet on Саб Мај 25 2013, 19:54

Сончев зрак го осветлува твоето лице
ветерот си поигрува со твојата коса
твојата насмевка ме милува
мојата cool фаца се растопува
во мене некој груб глас ми вели дека се лигавам
се насмевнувам од уво да уво
во гласче се претвори и тоа пискаво
ехо остана, ама и тоа се изгуби.
Ме гушкаш и шепотиш
да одам до крај
дека лигав нема да бидам
туку од твои сокови опиен
ми ги покажуваш резервите непрегледни
на сите од нив стои моето име.
Епа тогаш штом е така
целосно ти се предавам
сакаш вака, или така,
како ќе посакаш така ќе биде.
Никогаш не испадна ни по твое, ни по мое,
секогаш е наше,
многу зборови ги кажа кои ги мислам
почнав да зборувам како што мислиш,
во тоа што си го правиме
ни останаа само очите
да ги гледаме телата слиени,
а потоа и душите да ги чувствуваме како се допираат
ним очи не им требаат,
погледни во огледало,
нашата боја ја добија,
а потоа исти станаа.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Сенка која се држи за сламка

Пишување by zbunet on Вто Мај 28 2013, 10:39

Кога сенката која те прати
не можеш да ја препознаеш
кога те прикажува во поинаков облик
кој од секогаш се обидуваш да го избегнеш
кога велат дека си баш тој
и сите твои напори залудни биле
се’ што си направил
прашината ќе прекрие,
на секои три дена
колку што трае секое чудо.
Кога се прашуваш
по кој пат се движиш
мислиш поинаков си,
а гледаш и други крај тебе
кои си ги презирал
кои мислат дека бетер од нив си.
Решенија има
за некои си чул
за некои кои никогаш не ги сфати
затоа што никогаш наменети за тебе не беа
судбината бара подобри луѓе
секој ден тоа ти го плеска во фаца,
по секој шамар образот го вртиш
затоа што боли цело време на истиот,
но ништо не се разбиструва
само поматно станува.
Знаеш дека ти треба отрпнатост
за да стекнеш трпение
не затоа што ќе биде подобро
туку да издржиш вака како што е
и да се молиш да не биде полошо.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Вто Мај 28 2013, 18:07

Matno vreme e zatoa sto ne se pravite luge na pravoto mesto, pa zatoa ne im ostanuva nisto drugo tuku da se drzat za "slamka"! kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Мај 29 2013, 12:24

smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Очи полни со ѕвезди

Пишување by zbunet on Чет Мај 30 2013, 00:00

Те допирам
а потоа брзо заминувам кон ѕвездите
таму сум најчесто
таков сум почесто
иако поинаку тоа личи
кога ќе се преведе на нашкосељачки.
Не сум ниеден од тие кои ги познаваш
никогаш не си имала шанса да ме запознаеш
гледаш раце, нозе, фаца која се смее или мршти
мислеше доволно е
сега знаеш дека не е.
Отвори ги очите
ѕвездите ги гледаш само додека сум тука
значи почесто треба да ти ги вдахнувам
непрекинато да те исполнувам
да не се двојам повеќе од тебе
заради ништо друго
и да го заменам светот кој го знаеш.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Пет Мај 31 2013, 00:44

Komu mu e posvetena pesnata?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Цел саат

Пишување by zbunet on Пет Мај 31 2013, 19:08

Ветерот те милува по образите
ти ја разлетува косата
интересно изгледа
ама почнува да претерува
копче ти откопча
да можам би му ја акнал една,
таму само ја смеам да пипам.
Додека сум на друго место
понекогаш ми поминува мисла
како некој идиот ти се лигави на трето место,
помислувам да имам моќ
ако му се смешкаш забите да ти поцрнат
и неубав здив да имаш,
под мишки многу да се испотиш.
Нормално, со мене пак со мене ќе си бидеш нормална,
а на секој што ќе фрли око кон тебе
да му изгледаш ненормално
како од некој хорор филм
кошмари нека има, ако му е.
Времето е најслабата карика во нашиот ланец
да имам моќ и времето ќе го заробам
заедно со тебе за мене ќе ве залепам,
уф, замисли, цел саат оргазам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Саб Јун 01 2013, 02:31

Збунет!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Како беше, така и ќе биде

Пишување by zbunet on Вто Јун 04 2013, 21:36

Нема да бидам никогаш
тоа што се надеваш дека ќе бидам
секогаш ќе бидам тој кој сум сега
времиња поминаа, над мене прелетнаа,
на глава ми се исраа,
како да сум споменик кој нешто означува
а всушност не води никаде,
ниту некогаш имаше поинаков смисол
од тој кој е сега.
Секогаш исто ќе те сакам
ништо пропратно нема да додржам
немам сили за повеќе
секогаш само на тебе ќе ги трошам
никогаш конкретнтно како пример за успешност пред светот
секогаш емоционално
додека трае
а до самиот крај ќе трае.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Јун 05 2013, 04:20

Zbunet!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Јун 06 2013, 13:35

zbunet напиша:Нема да бидам никогаш
тоа што се надеваш дека ќе бидам
секогаш ќе бидам тој кој сум сега
времиња поминаа, над мене прелетнаа,
на глава ми се исраа,
како да сум споменик кој нешто означува
а всушност не води никаде,
ниту некогаш имаше поинаков смисол
од тој кој е сега.
Секогаш исто ќе те сакам
ништо пропратно нема да додржам
немам сили за повеќе
секогаш само на тебе ќе ги трошам
никогаш конкретнтно како пример за успешност пред светот
секогаш емоционално
додека трае
а до самиот крај ќе трае.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Пет Јун 07 2013, 02:54

Lastovicji krila jas da si metnam
i na nekoja terasa da si sletam
i gnezdo da si napravam
za mene i ljubovta flower
pod uslov
ako me ljubi!!!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Тото on Пет Јун 07 2013, 23:27

keti напиша:Lastovicji krila jas da si metnam
i na nekoja terasa da si sletam
i gnezdo da si napravam
za mene i ljubovta flower
pod uslov
ako me ljubi!!!

Јас имам на баба ми терасата три гнезда полни ластовички и сите ги љубам zaljub guska backa

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Саб Јун 08 2013, 01:39

lol! smeenje

keti


Вратете се на почетокот Go down

Како велат дека е невозможно

Пишување by zbunet on Саб Јун 15 2013, 00:38

Би сакал
како што никој не сакал
да можам како што никој не можел
да бидам првиот кој така сака
за кого нема никој да знае
затоа што во незнаењето е слободата.
Никој за нас да не знае
и природата
а посебно општеството да заборави на нас
канџите од нас да си ги соберат
има такви кои уживаат во нив.
Ние не сме од нив
и никогаш нема да бидеме
за нас е само голо место за кое велат дека не постои
каде непрестано голи би можеле да бидеме
да правиме само тоа кое ни’ се прави
а во очите ни’ се гледа што ни’ се прави.
Гледаме на друга страна од каде гледаат многуте
ние не сме дел од нив
за нас друго место е наменето
велат не постои
само сакај ме
и сигурен сум дека ќе се појави.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Вто Јун 18 2013, 09:02


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Секогаш е малку

Пишување by zbunet on Вто Јун 18 2013, 14:50

Додека чекориш
стоиш или седиш,
пак некако се трпи,
ама кога ме гледаш
па уште и насмевка имаш,
уште па и да лежиш,
е тоа стварно не се трпи.
Не ме прашуваш зошто треперам
во очи ми се гледа
низ забитe ржење ми се цеди
сркам од лигите кои ми течат
мисли како облаци се појавуваат
молњи и светкавици од разни сцени
разни изрази во разни пози
секој дел од тебе со некој од нив е поврзан.
Денот и ноќта се менуваат
заедно со годишните времиња,
секогаш е погодено 
секогаш во целта која целосно се исполнува,
се троши, а уште побрзо се надокнадува,
и уште погладно побарува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Кога не знаев

Пишување by zbunet on Вто Jул 02 2013, 19:33

Постојам додека ме има
пред тебе ме немаше
сега знам колку загубив 
кога те немав.
Ја отвори вратата во мене 
но не беше тоа врата
туку капак од контејнер
полн со ѓубре кое љубоморно го чував
ме лажеа дека вреди
а јас како глупав поверував.
До гуша ми дојде
ме чистиш стрпливо
кога губам воздух
преку бакнеж ми го додаваш.
Гледам што направив
уште една таква ми фалеше
и веќе ќе ме немаше
помеѓу трулеж распаднат
таму бев, 
прости ми, не знаев,
велеа подобро нема да најдам.
На снежните врвови ме подржуваш
свеж и остар воздух
црвенило ми враќа
бледило додека се губи
конечно гледам во боја.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 04:02


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 32 of 35 Previous  1 ... 17 ... 31, 32, 33, 34, 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот