Поезија

Страна 4 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 19 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Саб Мар 12 2011, 18:40

guska fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Секогаш

Пишување by zbunet on Нед Мар 13 2011, 20:05

Никогаш никој никому не требал
како ти на мене,
никогаш не си требала никому
како ти на мене,
но сепак некогаш ти е малку
како некогаш
да си требала некому повеќе
иако тоа никогаш не било.
А нема ни да биде
зошто никогаш нема да имаш
ваков како мене
каков не си имала никогаш.
Можеби сум фалбаџија,
но ти никогаш не ме фалиш
секогаш бараш уште,
не ми даваш да застанам
се плашиш дека ќе престанам,
а веќе не знам ни да застанам
секогаш те сакам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Нед Мар 13 2011, 20:40

Преубаво... se klanja guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Мар 13 2011, 20:50

guska fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Пон Мар 14 2011, 00:09

неодолив/о

Александра


Вратете се на почетокот Go down

УФ!

Пишување by zbunet on Пон Мар 14 2011, 17:07

Уф,
немој таму,
премногу ниско е,
не,
не ме боли ама се кикотам
уф, какво раче имаш,
од злато е?
Ме тераш да сакам
тоа што требаше после да го направам,
гајле ти е што имам работа,
ќе остане неонадено,
ај смири се,
не?
Не се кикоти,
веќе знам што имаш на ум
не ме гледај така
ко змија жаба ме хипнотизираш
се дујам
ќе експлодирам,
од жабец у принц ме претвараш
ќе те качам на коњов
у мое царство ќе те носам
штом сакаш царица да те правам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Пон Мар 14 2011, 17:22

jak ti e naslovov lol!

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пон Мар 14 2011, 17:33

Bar e priroden kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Пон Мар 14 2011, 18:30

da, i nosi poraka

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пон Мар 14 2011, 18:40

Голуб со гранче kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by doc holliday on Вто Мар 15 2011, 19:53


doc holliday


Вратете се на почетокот Go down

Непостоење

Пишување by zbunet on Сре Мар 16 2011, 20:59

Замислив
како би изгледал мојот живот без тебе,
од замислата се исплашив,
кога се видов
ништо човечко во мене немаше,
само луд сјај од очите ми зрачеше
го мумлав твоето име,
талкав по улици искинат и валкан
кучиња ме лаеа,
безобразни деца ми се подсмеваа.
Помислувам на замислата
навистина немам никој друг сем тебе,
каков сум
навистина нема ни да имам.
Моите палавштини
се само израз на безгрижност
додека твоето око ме прати,
подалеку е само црна темница
студена осаменост
ме потсетува на непостоење.
Навистина не можам
подалеку од тебе
навистина сфаќам
дека ме нема без тебе.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Сре Мар 16 2011, 21:07

bravo palce

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Мар 16 2011, 21:08

fala guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Чет Мар 17 2011, 10:28

guska guska guska flower backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Ракета

Пишување by zbunet on Чет Мар 17 2011, 12:00

Имам ракета
да летаме кон вселената сакам
качи се
те чекам
да се вивнеме
гледај колкава е
и нагоре исправена
има место баш како за тебе,
само седни и опушти се
јас ќе работам на погонот.
Сакаш да легнеш?
Стисни ја рачката
ќе те налегне
лесно ќе ти биде
иако знае да биде притисок голем.
Веќе сме меѓу ѕвездите
зрачиме како нив
планетите се како јајца
веќе полна кошница набра,
насмевка возбудена имаш
ти реков дека убаво ќе ни’ биде.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Мар 17 2011, 12:06

kez ognomet

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Остаток

Пишување by zbunet on Саб Мар 19 2011, 19:10

Не може пола,
ме навредува кога не сакаш цел,
не може само таа половина
која тебе ти одговара,
јас сум цел
знам дека голем сум,
за останатото немаш време ни интерес,
а дали е тоа остаток
или доволен ти е остатокот?
Тој дел кој го бараш
немаше ни тој да го имаш,
да не беше целината
која ја гледаш бело,
да се обидеше да разбереш
ќе знаеше и која е мојата цел.
Сакав да ти се дадам цел,
а само те промашувам,
а ти само ме избегнуваш,
а нема да те боли,
знам што правам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Тото on Саб Мар 19 2011, 19:17


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Саб Мар 19 2011, 19:28

kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Саможивни машини

Пишување by zbunet on Сре Мар 23 2011, 16:24

Ништо повеќе човечко повеќе не остана
ќе се загубиме и ние ако меѓу нив останеме
тоа се луѓе без лица
обични машини
призведуваат само саможивна себичност
живеат за моменти подмолни
ѓаволот им го гледам
се кикоти хистерично
ги чешка по главите
како да се негови мајмунчиња
деца негови послушни се.
Патот прав е
никој не не’ вика,
но од тука никаде полошо не може да биде.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Филмски фудбал

Пишување by zbunet on Сре Мар 23 2011, 17:56

Дозволи ми само да те љубам
онака како знам
без да ме прашуваш
од каде знам
од филмови се учи
од натпревари не
и затоа за фудбал не ме бива
ама за тебе да те љубам
специјалист сум.
Те проучувам
те гледам
те чекам да кажеш “Немој“
тогаш е мојата шанса
се затрчувам колку можам
и давам гол.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Ноќно ржење

Пишување by zbunet on Сре Мар 23 2011, 20:49

Тапани удираат
време е
вие кои умирате во мене не гледајте
нека ве лечат сега вашите глупави надежи
за вас нема лек.
Се откажав од сите надежи
решив да живеам
во вас да не верувам
едноставно било
така отсекогаш требало.
Останав сам
никогаш поинаку и не било
газејќи по ивица
над некоја стрминина
како и секогаш
ќе заминам и ноќеска
не знаејќи дали ќе се вратам,
ќе те бакнам додека спиеш
препуштена на соновите
ќе ти го дадам од мене
оној дел кој ти треба
таму каде одам
оној дел кој ржи во мене останува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Мар 23 2011, 21:28


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Полна планета

Пишување by zbunet on Нед Мар 27 2011, 21:56

Кога кон ѕвездите ќе погледнам
ми се чини меѓу нив играш
затоа ноќе светкам додека се смешкам
ја сум само планета која кружи околу тебе.
Многу не‘ има
но само на мене живот ми даруваш,
не сум премногу блиску до тебе,
ниту премногу далеку да не можеш да ме сфатиш,
на дофат ме имаш,
ме правиш џунгла
или цивилизиран,
од комети и метеори ме пазиш
опашката нивна од мене ја тргаш.
Ми се чини околу себе се вртам
вртоглавица дури не ме фати,
додека околу себе ме вртиш
како сакаш
кога сакаш,
ако,
јас сум планета која е преполна со живот.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 16:07


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 19 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот