Поезија

Страна 3 of 35 Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Натепан болен човек

Пишување by zbunet on Вто Мар 01 2011, 00:13

Сега
настинат сум
телото ме боли
во глава ми се врти
ми се чини
време за збогување е дојдено
памти ме по добро
ако имаше такво,
и не ме тепај,
полесно ми е глупости кога зборам
така се лечам
делува
проверено е.
Кога зборувам глупости
вирусот го бркам
да зажали што кај мене дошол
и затоа ретко кај мене иде
а ти си колатерална штета
кога експлозија од глупости ќе активирам.
Не ти е смешно
иако со очи на пола копје
сепак можам да видам
ќе легнам
глава ми тежи
најверојатно нема никогаш повеќе да станам,
не ме тепај
телото ме боли
болен човек не се тепа.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Мал ни’ е

Пишување by zbunet on Вто Мар 01 2011, 11:07

Чекаме
исти да бидеме
различни сме
такви и ќе останеме
никој не се откажува од своето
ако се откаже
навидум е само.
Оној дел кој ни’ е ист
на почеток само задоволува
а потоа оргазмите изостануваат
ретки стануваат
значи мал ни’ е.
Обвинувања
затоа што сме такви родени
требаше да не’ нацрта
некој кој знае што ни’ треба
кој требаше да знае кој со кого ќе биде.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Тесна патека

Пишување by zbunet on Вто Мар 01 2011, 12:27

Само гушни ме
тоа ми треба
се надевам и тебе
насмевни се
надвор е облачно
сонце ми треба
ладно ми е на душава
просто кажувам
не комплицирам.
Не можеш ни да замислиш
колку сум нежен и кршлив
тесна е патеката,
а околу провалии
во нив нечии заби чекаат
само за месо се гладни,
таму нема бакнежи.
Изморен сум од рамнотежи
дај да паднам во твоја прегратка
од тебе повеќе да не станам
светот е толку страшен
а ти си толку мила.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Сре Мар 02 2011, 00:34


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Сре Мар 02 2011, 12:33

Знаеш ли како е
да си овде кај што сум
сред болка и смрт

Не,не знаеш
не ни можеш...
можеш само да замислиш
А јас често го гледам
оној без лице,но со коса во рака
вредно си работи
по некој несфатлив распоред

Како мајка што ги фрла
скршените играчки
и на која не треба да и се лутиме
оти ...доаѓаат нови
и нема веќе место за старите

Сите го гледаат
но,се прават луди
подобро е така
полесно...

Само се лажеме
дека ќе му избегаме
оној ден кога ќе влезе
без да заѕвони.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Мар 02 2011, 13:41

palce bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Правецот на кометата

Пишување by zbunet on Сре Мар 02 2011, 21:44

Некои морски бранови
зад нив полна месечина,
стојам сам.
Крајот го нема
водата се спојува со вселената
ѕвездите се капат
небото е чисто,
денеска сум тука
утре не,
а ова ќе остане.
Треба да се вратам кај тебе
сакав нешто да ти донесам,
бар ѕвездени капки,
бар малку месечева светлина,
а тука полно ја има.
Комета се распрсна
во правецот каде треба да тргнам,
помислив желба
нашето да остане,
зошто и кометата беше,
но веќе ја нема.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Птица

Пишување by zbunet on Чет Мар 03 2011, 18:28

Да заминам
нешто ми вели
да исчезнам
без да се збогувам,
дадов се’ што имав
малку беше
немам веќе.
Да се претворам во нешто друго
повторно да почнам
тоа е правиот одговор,
не бев за човек
за птица одсекогаш бев
веќе лебдам
од земја се одвојувам.
Може само ми се чини
сакам да е вистина
сакам да сум птица
повеќе ќе бидам,
да се биде човек
премногу е досадно веќе.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пет Мар 04 2011, 00:05


Жар-птица?

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пет Мар 04 2011, 00:36

smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Единствена женственост

Пишување by zbunet on Пет Мар 04 2011, 01:19

Додека спиеш
со усните минувам низ твоето лице и тело
гласно издишувам
ги растерувам сомнежите
како ѓаволчиња се разбегуваат
се топат меѓу сенките
остануваш осветлена од месечината
несомнено си единствена.
Насмевка се пружа кон мене
не сакам да ја расипам глетката
го доближувам прстот меѓу твоите усни
за сега сакам само да те гледам.
Ги затворам очите
појасно те гледам
го слушам твоето мирно дишење
го слушам тактот на твоето срце
слушам нежна музика.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Лесен трк

Пишување by zbunet on Нед Мар 06 2011, 02:04

Искра светлина
над тебе лебди
секаде те прати
лесно те наоѓам
ниедна темнина не ми е закана
откако знам што сакам.
Лесно ми е сега
лесен како пердув
на врвот боја од душата моја
на срцето твое
моето име го испишувам.
Сигурен сум сега
ништо не може да ми те одземе
мирот ме носи
се’ друго е смешка и пародија
шупливи гранки паѓаат пред мене
лесно ги прескокнувам,
кон искрата светлина се упатувам
ветерот фучи околу моите уши
никогаш не сум можел да трчам вака брзо.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Нед Мар 06 2011, 09:59

guska

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Еднаш во милион години

Пишување by zbunet on Нед Мар 06 2011, 14:05

Едноставно пак ми се спие
едноставно одсекогаш сакав,
кривини и вијугави патишта ме заморуваат
нема амортизација
тврдо возење исцрпува,
а веќе трае бескрајно долго.
Едноставно гледам во една точка
ветерот нека си дува
тоа си е негова работа
не ме загрижува.
Од многу работи сум поразличен
со многу немам што да си кажам
не дека сум подобар
само сум поинаков.
Знам дека во секој камен
се крие дијамант
секој некаде вреди,
но не секаде.
Не можам да жалам
вселената е предалеку,
а и ти понекогаш
си галаксија со твои ѕвезди
јас со мои,
не можеме да се жалиме
затоа што еднаш во милион години се доближуваме,
но иако е кратко
сепак вреди повеќе.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Нед Мар 06 2011, 14:37


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Мар 06 2011, 16:45


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Провокација

Пишување by zbunet on Вто Мар 08 2011, 19:25

Можам да здивнам
добив многу од тебе,
па не треба и да претерувам
да беше некој друг,
каква си
немаше ништо да добиеше,
но каков сум,
мораше да ми се дадеш
и повеќе од колку знаеше.
Те научив на љубов
иако ни јас не знаев,
ме провоцираше да ти се посветам
повеќе од колку сум мислел дека можам,
не ни знаеше дека до толку ме провоцираш
само беше таква каква си.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Вто Мар 08 2011, 20:58


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Вто Мар 08 2011, 21:47


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Мар 09 2011, 10:05


keti


Вратете се на почетокот Go down

LIBERTATI VIAM FACERE - Отварање на патот кон слободата

Пишување by zbunet on Пет Мар 11 2011, 18:10

Ars poetica,
libertati viam facere
sapienti sat,
lapsus calami
audaces fortuna iuvat.
In dies
dies diem docet,
in spe
inter nos
nosce te ipsum,
ipso facto
eo ipso,
se ipsum vincere pulcherrima res est
quod rarum carum.


Поезија,
отварање на патот кон слободата
за паметниот е доволно,
грешки во пишување
на храбрите среќата им помага.
Од ден во ден
денот денот го поучува,
во надеж
меѓу нас
запознај се самиот себе си,
со самиот чин
со самото тоа,
најубавата работа е да се победиш самиот себе
се‘ што е ретко е драго.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Пет Мар 11 2011, 20:13

чек чек чек... шо е ова двојазичности,
Рамковен договор?

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пет Мар 11 2011, 22:56

kez Sum se oprobuval na drugo jazicno podracje

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Саб Мар 12 2011, 14:55

кога човек го бива, го бива на секое (јазично) подрачје

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Мар 12 2011, 16:04

Го бива...да, ова веќе не се трпи... kez guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 04:02


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 35 Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот