Поезија

Страна 2 of 35 Previous  1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Фед 16 2011, 09:30

Живеењето во два света не е својствено на човекот, ниту пак е карактеристика на земскиот живот.
Животот е убав и затоа уживај во него... trepka guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Сре Фед 16 2011, 11:59

dalas2no напиша:... и колку многу кажува
... и погодува каде треба

баш

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Сре Фед 16 2011, 12:00

Не оди си,
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Млитав и мек

Пишување by zbunet on Чет Фед 17 2011, 01:09

Сега можам
само млитаво да те сакам
таму каде бев
ме исцицаа,
гушни ме,
дај ми да цицам од тебе
насмевка да ми се врати,
тврдо да те зграбам,
во неочекуван момент
додека мислиш дека дремам
додека очекуваш да клапнам на страна
како лигав и мек.
Приближи се поблиску
дај ми енергија
да цицнам уште малку
нешто во мене почнува да ржи
се чувствува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Фед 17 2011, 10:40


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Бакнеж кој врие

Пишување by zbunet on Чет Фед 17 2011, 14:46

Гледам дим
оган нема
тоа од ушиња пареа ти излегува,
дај да те гушнам
ушиња да ти бацам,
а ти се тргаш
да бегам ми викаш.
Ама ти си мојот образ,
зар ти личам на таков
кој сака шамари да си мава?
Ти си мојата душа,
зар ти личам на некој,
кој сака вампир без душа да биде?
Не ме разбирај погрешно
тогаш ни сам нема да можам да се разберам,
само гушни ме
тоа го барам цело време.
Ќе кенкаш малку
ама ќе ти се излигавам
да ми простиш мораш,
иако не знам за што.
не е важно,
крив сум,
само исправи се,
знам дека и погача сакам
се гледа дека сакам и да ме бакнеш
со спремни усни те чекам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Чет Фед 17 2011, 15:25

една маана има песнава - погрешен наслов
треба да се вика
КАБАЕТЛИЈА

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Чет Фед 17 2011, 23:38

lol!

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by doc holliday on Пет Фед 18 2011, 18:41


doc holliday


Вратете се на почетокот Go down

Малиот Магеланов Облак

Пишување by zbunet on Саб Фед 19 2011, 15:17

Би сакал секогаш да го можам
тоа кое ти треба,
мојата визија да не ми досаѓа,
да ми брбори за некои цели напредни,
ти чекаш,
а јас се мислам дали вреди понатака
се колебам,
а тешко ми е да се вратам од каде почнав
требаше поинаку да биде.
Можеби сево ова е само обичен сон
можеби ќе се разбудам како беше
да отфрлам секој друга цел
да те гушнам и погледнам
да признаам,
колку глупав бев.
Малиот Магеланов Облак само ме лажеше
мислев таму е мојот дом,
тој бил само слуга на Големиот.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Фед 20 2011, 00:18

zbunet напиша:....
а јас се мислам дали вреди понатака
се колебам,
а тешко ми е да се вратам од каде почнав
...

ех, Хамлете kez
а сепак ова е а не психоанализа и затоа еве ти од мене едно bravo и guska


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Фед 20 2011, 20:59

kez guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Пон Фед 21 2011, 01:00

flower

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пон Фед 21 2011, 10:36


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Шизик

Пишување by zbunet on Пон Фед 21 2011, 16:36

Ти седиш
јас те гледам
врапче сум
гледам трошки во твоето крило.
Сакам да слетам
често прекрстуваш нозе
се плашам да не ме натиснеш.
Цел ден би те колвал
не би застанал
низ тебе би потскокнувал
на увце би ти запеал
од тебе би се трлал
среќен во твоето крило би заспал
дур пердуви ми чешкаш.
Отвори ми прозор
ќе ризикувам
што и’ да ми правиш
ќе издржам
шизик сум.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пон Фед 21 2011, 17:15


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Пон Фед 21 2011, 20:27



keti


Вратете се на почетокот Go down

Чукање

Пишување by zbunet on Сре Фед 23 2011, 19:49

Отвори ги очите
или затвори ги
секако ќе ме видиш.
Побарај некоја слика друга
ниедна нема така да те привлече,
мислите секогаш ќе ти лутаат немирно
што и да правиш,
додека ме има
мир нема да имаш.
Премногу работи заедно направивме
премногу работи се врежаа,
со мене премногу работи имаш
со мене полна си.
И ако ти е,
нека ти е,
мислиш поарно ми е?
Се збудалев по тебе,
може и повеќе
низ мојот крвоток се возиш,
го зовриваш,
од срцето мое тапан правиш,
кога ли последен пат
мирно чукаше?
Да се сетам невозможно е,
насетувам само,
ако те снема,
најмирно ќе застане
како никогаш да не чукало.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Сре Фед 23 2011, 21:00


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Сре Фед 23 2011, 21:06


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Чет Фед 24 2011, 09:09

uf... tazen

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Твој свет

Пишување by zbunet on Пон Фед 28 2011, 13:35

Знам,
дека ми се чини дека знам,
молкот ми кажува дека ништо не знам.
Знаеш,
но некогаш е толку малку,
сакаш дело на видело,
треба моќ
на бел ден да ме видиш
од сенка излезен
кон престол ветен
на раце да те однесам.
Имам моќ на обичен смртник,
подмолен да бидам не сакам
не по секоја цена,
тебе те сакам
ме восхитува твојата цена,
од се’ да се откажам
само твој да бидам.
Не ми е тешко да се откажам
ионака никој не купува,
ионака ништо од тебе нема поважно,
само сакав да се правам важен пред тебе,
од сите страни да те зграпчам,
само твој свет да бидам,
стариот да го заборавиш
ионака умира,
останатите,
ионака не сфаќаат.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Пон Фед 28 2011, 19:42

не знам за вас
ама јас не можам да престанам да ја читам

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пон Фед 28 2011, 21:15

se klanja

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пон Фед 28 2011, 22:11

guska fala guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 12:24


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 35 Previous  1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот