Поезија

Страна 6 of 35 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Има - нема

Пишување by zbunet on Чет Апр 07 2011, 13:08

Кога нема друг начин
го завземаш преостанатиот
додека сфатиш дека немало друг начин,
не е тоа губење пат
тоа е единствениот.
Се движиш, не размислуваш
си мислиш можеше и подобро
иако не можеше поинаку,
ти си тој и никој друг
и некој друг посакува да биде ти.
Никој не знае како треба
додека по патот како пијаница се занесува
сака да биде оној кој мисли дека е,
но и сака да го има тоа кое го има некој друг
и ќе го има, но кога нема да му треба
затоа што и тогаш не му требало.
Можеме ако сакаме,
а го немаме
невидена глупост
кој сака да нема?
Тоа е што е,
нема друго
нема ни да има,
а ти занесувај се по патот
ако мислиш дека има.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Апр 07 2011, 14:23

Ааа, нема има-нема...има да имааа. smesko guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Чет Апр 07 2011, 20:10

zbunet напиша:Кога нема друг начин
го завземаш преостанатиот
додека сфатиш дека немало друг начин,
не е тоа губење пат
тоа е единствениот.
Се движиш, не размислуваш
си мислиш можеше и подобро
иако не можеше поинаку,
ти си тој и никој друг
и некој друг посакува да биде ти.
Никој не знае како треба
додека по патот како пијаница се занесува
сака да биде оној кој мисли дека е,
но и сака да го има тоа кое го има некој друг
и ќе го има, но кога нема да му треба
затоа што и тогаш не му требало.
Можеме ако сакаме,
а го немаме
невидена глупост
кој сака да нема?
Тоа е што е,
нема друго
нема ни да има,
а ти занесувај се по патот
ако мислиш дека има.

колку тажно

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Чет Апр 07 2011, 22:03

А бре Збунет, зошто не збунуваш со ваква поезија...Имало-па немало trepka:
Ајде пишувај малку поведра поезија... kez
guska guska guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Саб Апр 09 2011, 21:39

море, пишувај си како ти иде.
не мора поради нас да се „устезаваш“

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Месечина во магла

Пишување by zbunet on Саб Апр 09 2011, 22:06

Во полусенка седам
цигара по цигара горам,
те гледам
го гледам животот како гори во тебе,
ти не се движиш, играш балет,
само на тебе моите очи не се изморуваат.
Ме знаеш кога во ќош и полусенка седам,
каков сум
кога волкот во мене ми досаѓа
кога ми вели повеќе работи наеднаш да направам
кога сум блокиран
растргнат од повеќе идеи
од кои ниедна не припаѓа на овој свет.
Тогаш само во тебе гледам
за да не истрчам кон мрачните шуми
кон месечина да завивам,
а потоа кон маглата да заминам
од каде потекнувам
каде ми рекоа
дека во овој свет нема ништо да најдам
се излажаа
те гледам
за тебе не знаеа.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Саб Апр 09 2011, 22:31

pusti gi, nisto ne znaat



ja procitav dva tri pati, mnogu e ubava

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Саб Апр 09 2011, 23:21

Збунет, тоа се вика СУДБИНА... trepka guska guska guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Саб Апр 09 2011, 23:44

zbunet напиша:Во полусенка седам
...
те гледам
...
... ми рекоа
дека во овој свет нема ништо да најдам
се излажаа
...
за тебе не знаеа.



Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Апр 10 2011, 00:56

guska guska guska fala pile

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Сега знаеме

Пишување by zbunet on Нед Апр 10 2011, 16:06

Сега знаеш дека сум волк
исправен на две нозе,
сега знаеш колку
од светот сум одалечен,
сега знаеш колку вредиш
штом од шума за тебе се спуштив
кога прво мислев дека само обично јагне си.
Се сеќавам колку тогаш се изненадив
само молкум клекнав пред тебе
ржењето го стивнав,
главата ја допре до мојата
ме погледна
почнав да цвилам.
Го напушти стадото
замина со мене.
го отфрли јагнешкото крзно
реши со мене волчица да бидеш,
на месечината те преставив
со зраците не’ погали,
низ шумата
нашето завивање сеуште ечи.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Нед Апр 10 2011, 16:42


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Снежен човек

Пишување by zbunet on Пон Апр 11 2011, 23:10

Кога сум крај замрзнатото подземно езеро,
склупчан под мразулци,
го шепотам твоето име
кое беспомошно се губи низ ходниците.
Повремено станувам
и го гледам твојот профил
под дебелиот слој од езерскиот мраз,
безуспешно удирам по него да го разбијам.
Знам дека немам доволно светлина и топлина
да го заживеам ова место,
гледам кон напукнатиот мраз
кој набргу ќе го прекрие нов слој,
посакувам
да се свртиш кон мене.
Пливаш низ потоплите долни слоеви,
не можеш да ме видиш
ниту знаеш каде сум,
ниту колку ми требаш.
Кога би знаела
мразот ќе се стопеше
водата ќе зовриеше,
ќе блеснеше заслепувачка светлина
ова место во вулкан ќе се претвореше.
Тивко е,
го гледам твојот профил под мразот,
можеби и знаеш каде сум
можеби јас сум навистина снежен човек.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Вто Апр 12 2011, 08:24

Совршено... se klanja se klanja se klanja

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Вто Апр 12 2011, 14:34

guska fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Наивно ветување

Пишување by zbunet on Чет Апр 14 2011, 23:08

Се кажува многу,
се верува малку,
се зема многу,
се дава малку.
Никој наивен не е,
само се препушта на илузијата на надежта
како да гледа филм,
иако крајот го знае,
но бледеат боите во сеќавањата
и затоа се навраќа
иако знае дека новата технологија
нема да го подобри впечатокот,
знае
дека само реклама е.
Не можам да ти ветам,
не можеш да ми ветиш,
дека нема да се навратиме
на наши неразрешени детски дилеми
во возрасна верзија,
последиците се исти,
и тогаш и сега
исто ги доживуваме,
иако никому не му гајле
за тоа што не го добивме,
затоа што секој си има
свое промашено детство.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Апр 14 2011, 23:34

Mмм...

П.С.Детството никогаш не е промашено.
Промашувањата се за големите.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Чет Апр 14 2011, 23:48

Тогаш ние сме промашен детски сон kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Чет Апр 14 2011, 23:50

Ууух... tazen

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Пет Апр 15 2011, 00:31

криво је море

секогаш е крив некој друг.
...или трет

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Модра иднина

Пишување by zbunet on Саб Апр 16 2011, 11:12

Знам дека си лоша
бесна, будалеста,
ама не можам да престанам да те сакам.
Знам дека би сакала
во машина за мелење месо да ме ставиш,
ама од кај нозете
за да слушаш како се дерам
и потоа на в’ците да ме даеш
во шум’та тамо кај најтемно е,
врани очи да ми колваат.
Оти не сум умен,
оти те нервирам,
викаш дека сум провоцирачки гад,
викаш, не велиш,
оти наглув се праам,
и те третирам како трофеј
на ѕид закачена
и пак одам кон шум’та тамо
и други ѕверки да ловам
колку подиви толку поарно
оти ми мрда г’зот
да седам мадро не умеам,
за мене викаш само модро добро ми стои.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Саб Апр 16 2011, 11:42



на некои добро им стои и модро и плаво


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Саб Апр 16 2011, 11:50

kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Саб Апр 16 2011, 14:05

е арно, арно си рече

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Саб Апр 16 2011, 14:13

Pff, ja samo se zezam. Ne e svarno taka kez trepka flower

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 12:28


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 35 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 20 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот