Поезија

Страна 5 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 20 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Нед Мар 27 2011, 22:09

Точно, ти си планета која е преполна со живот и затоа си ПОСЕБЕН...исто како и ЗЕМЈАТА... kez
palce vinozito 10

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Нед Мар 27 2011, 22:14

Преубаво...

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Мар 27 2011, 22:14

guska fala

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Мар 27 2011, 23:54

колку е убаво ова да се прочита пред спиење, во пет до дванаесет

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Мар 27 2011, 23:56

kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Вистинска илузија

Пишување by zbunet on Пон Мар 28 2011, 13:01

Можеби сум само слика на платно
молкум висам
некој ако ме погледне добро,
ако не,
пак добро.
Нешто знам,
но како да не е мое,
а во моето нема ништо
тапкајќи на дното
меѓу заборавените работи,
сега е други време,
сонцето на кратко го гледам
врвот додека го осветлува.
По ѕидот со нокти гребам
поезија пишувам
ќе ми речат дека не е добра
секогаш кога пишувам за себе,
денес ми е тешко
лицето да го искривам во весела гримаса
да заборавам што навистина се случува.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Пон Мар 28 2011, 19:29

zbunet напиша:
денес ми е тешко
лицето да го искривам во весела гримаса
да заборавам што навистина се случува.

значи таа претходната била весела гримаса, а? ех, пак не` измами

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пон Мар 28 2011, 22:17

smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Пон Мар 28 2011, 22:18


keti


Вратете се на почетокот Go down

Моќта на сонот

Пишување by zbunet on Пет Апр 01 2011, 08:25

Полека заминуваш
сонцето не го чувствувам
не може да те замени,
не сакам да излегувам
останувам меѓу сеќавањата,
малку ги преправам
какви требаше да бидеме,
со нив потонувам во сон.
Во сонот сум безгрижен
тоа е мое место
јас сум мајстор на сонот,
никој,
ама баш никој не може да створи сон како мојот
никој,
ама баш никој не може да ми ја одземе таа моќ
ти си дело на таа моќ.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пет Апр 01 2011, 08:46


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Кој сум јас?

Пишување by zbunet on Пет Апр 01 2011, 22:38

Кој сум јас?
Не знам, а кој знае?
Со мојата приказна
да се поистовети можеби секој не може
бев поинаков,
а сепак ист како и другите
заради страв од отфрлање,
а веќе тој страв одамна го нема
отфрлен сум и немам страв
не било страшно,
било ослободување.
Сепак по некој рецидив од минатото ќе се закачи
во некоја нова форма, но предвидлива
сеуште имам слабост кон таквите
ме потсетуваат од каде потекнувам
не бев ништо подобар
ни сега не сум
само сум нешто поинаков.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Саб Апр 02 2011, 00:51


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Апр 03 2011, 00:34


Александра


Вратете се на почетокот Go down

И денес е таков ден

Пишување by zbunet on Нед Апр 03 2011, 18:58

Некој занес,
прегрнати во далечина гледаме,
полека се нишаме
заедно со ветерот кој со нас си поигрува,
заедно со сончевите зраци
кои нашите трепавици ги скокоткаат,
затрепкуваме и повторно се погледнуваме,
се насмевнуваме,
ми се чини требаше нешто важно да ти кажам,
но ми се чини дека од овој момент поважно нема,
впрочем за ваков ден и мечтаевме.
Ти кажав ли денес колку си убава?
Ма женско си, се подразбира
уште штом си моја
нема споредба.
Се трудиш да ме воодушевиш,
а тапани во моите гради тропаат
само сенката твоја
штом те наговести,
како кутре душкам
мирисот твој го пребарувам
телото ме чеша,
само со твоето можам да го исчешам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Нед Апр 03 2011, 19:40

kez Збунет, колку и да ми е напорен денот, твојата поезија секогаш ме расположува guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Апр 03 2011, 20:01

fala guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Нед Апр 03 2011, 22:59

zbunet напиша:Некој занес,
прегрнати во далечина гледаме,
полека се нишаме
заедно со ветерот кој со нас си поигрува,
заедно со сончевите зраци
кои нашите трепавици ги скокоткаат,
затрепкуваме и повторно се погледнуваме,
се насмевнуваме,
ми се чини требаше нешто важно да ти кажам,
но ми се чини дека од овој момент поважно нема,
впрочем за ваков ден и мечтаевме.
Ти кажав ли денес колку си убава?
Ма женско си, се подразбира
уште штом си моја
нема споредба.
Се трудиш да ме воодушевиш,
а тапани во моите гради тропаат
само сенката твоја
штом те наговести,
како кутре душкам
мирисот твој го пребарувам
телото ме чеша,
само со твоето можам да го исчешам.

mislam deka... mislam deka... mislam deka...

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Нед Апр 03 2011, 23:14

trepka usramen

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Сре Апр 06 2011, 18:55

Кукла во излог

Да се биде кукла во излог
не е тешко
страшно е...

Од сите посакувана
од никого не сакана
Дури ни од сопственикот
кој ужива да те покажува
и облечи-соблечи ти прави
Се перчи пред светот
а потоа те остава сама
во мракот
меѓу бубачките
и...духовите
Па, ти си само кукла
и не мислиш
и ништо не те боли
Никој не знае дека сонуваш
за оној ден
кога еден слеп човек
ќе застане пред излогот
и ќе се насмевне
оти ќе те види

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by trpe on Сре Апр 06 2011, 20:05


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Сре Апр 06 2011, 22:08

hot nurse напиша:Кукла во излог

Да се биде кукла во излог
не е тешко
страшно е...

Од сите посакувана
од никого не сакана
Дури ни од сопственикот
кој ужива да те покажува
и облечи-соблечи ти прави
Се перчи пред светот
а потоа те остава сама
во мракот
меѓу бубачките
и...духовите
Па, ти си само кукла
и не мислиш
и ништо не те боли
Никој не знае дека сонуваш
за оној ден
кога еден слеп човек
ќе застане пред излогот
и ќе се насмевне
оти ќе те види

лелее, колку е добро!

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Апр 06 2011, 22:32

vinozito ognomet wow

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Сре Апр 06 2011, 23:44

Благодарам

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Чет Апр 07 2011, 09:15

guska guska guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 07:44


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 35 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 20 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот