Поезија

Страна 1 of 35 1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Пон Фед 07 2011, 20:34

[quote="zbunet"]И медот ти ја препушти победата
и тој знае што е послатко,
чоколадите ти ракоплескаат
среќни бар слуги да ти бидат,
сладоледот за прошка те моли
што воопшто и помисли
со тебе да се натпреварува,
и торти како светилници нанижани
патот кон престолот ти го осветлуваат,
е таму стојам и те чекам
лиги со ракав забришувам.
На престол седнуваш
светкавици наоколу,
за рачка се фаќам
престол во кревет се претвора
со насмевка спремно легнуваш,
како бомбона ме одвиткуваш
очи широко отвараш.
усни твои се црвенат
да ме ишмукаш се спремаш.[/quote

ууууу.... држ се здраво

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by the nurse on Пон Фед 07 2011, 21:43

kez

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Вто Фед 08 2011, 12:08

fala guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Вто Фед 08 2011, 14:10

Mislam deka ne mu e mestoto tuka. E ova off topic zbunet

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Вто Фед 08 2011, 21:34

А кој одлучува дали некому му е тука местото или не?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Вто Фед 08 2011, 23:34

E so bara Ivanov vo poezija? zbunet Da ne e poet slucajno?

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Фед 09 2011, 00:28

Не знаеме дали е поет, ама многу поетски кажа како му намигнале...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Сре Фед 09 2011, 01:09

Тоа е повеќе грешка на неговите советници. Треба под итно да ги смени додека не му почнат да му се подсмеваат.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Фед 09 2011, 08:47

Зарем советниците одлучуваат како треба да се однесуваме?
Можеме да го сослушаме нивниот совет, но одлуката треба да биде наша...
Самите одлучуваме кои сме и што сме и каков ќе ни биде нашиот живот... trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Сре Фед 09 2011, 09:03

Иванов ти намигнува оти му се допаѓа твојата поезија
Претседател е, кај сака ќе си се појавува, па било тоа офф или он

А советниците сигурно не му рекле да му намигне на Обама. Тое си е уште еден негов уникатен бисер

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

О’ ја не разбрав

Пишување by zbunet on Сре Фед 09 2011, 10:32

О’ ја не разбрав сега
кој кому намигна
о’ а секој претседател има
чопор пудлици околу него
кои само нешто му шепкаат
сигурно вицови не му кажуваат.
За стајлинг негов се секираат
бар колку ја од шпанска музика се разбирам
говори му спремаат
што да каже го потсеќаат
но и за намигнување му рекле
оти се боси во главите
и не се за таму
за кромид на пазар се
таму да продаваат
оти памет немаат.
А претседател само слика е
некој поголем значај нема
потпарол обичен
на држава некоја
да се смешка
и да каже што ќе му кажат да каже.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Здивени бакнежи (Ај малку љубовно)

Пишување by zbunet on Сре Фед 09 2011, 11:50

Јато здивени бакнежи ти праќам
помалку и грицкаат
прерамки буткаат
копчиња откопчуваат
внатре се устремуваат
не се сопираат,
такви се
бргу огладнуваат,
ама што да им правам
какви се, такви се,
мои се.
Жртва нивна си
само за тебе ми зборуваат,
се облизнувааат,
на твојот мирис ме потсетуваат,
знам,
претеруваат,
а не можам да ти помогнам
и со мене владеат.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Сре Фед 09 2011, 12:20

ognomet bravo guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Ден за одмор

Пишување by zbunet on Чет Фед 10 2011, 13:27

Денес е од оние денови
килави,
сонце грее
мене ми е како ситна ѕвезда
моето село напуштено стои
залудно довикувам,
само трња во тесни простори ми возвратија.
Врата затварам
двете брави ги заклучувам
ролетни навлекувам
ден за одмор е,
кога ќе се стемни ќе излезам.
Нешто на врата гребе
мислам таа е,
отварам,
мачка била.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Пет Фед 11 2011, 00:45


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by zbunet on Пет Фед 11 2011, 20:16

Abe isto takvo kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Не сум таков јас

Пишување by zbunet on Нед Фед 13 2011, 01:45

Ме прашуваш
зошто ми е дрво
зошто ми е камен
секогаш кога ќе те видам.
Дрво во двор да ти насадам
на него да се потпишеш
на него да се задржиш
кога е стрмно и лизга
и твое е засекогаш.
Со каменот
куќичката да ти ја доградам
а и дрвото кога ќе се запали
каменот ќе се стопли
топло и внатре да ти биде.
Се смешкаш
велиш дека многу со симболика се служам
дека нешто друго кажувам
те гледам чудно
ама се смешкам
не сум таков
ти велам јас.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Нед Фед 13 2011, 13:49

Ич не си таков де....

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Нед Фед 13 2011, 14:24

keti напиша:Ич не си таков де....

„слушај што ти велам, не гледај (ти) што правам“ kez

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by keti on Нед Фед 13 2011, 16:32

Сега ликот вешто се крие, ама делото пак го гледам...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by doc holliday on Пон Фед 14 2011, 20:20


doc holliday


Вратете се на почетокот Go down

Изгрејсонце

Пишување by zbunet on Пон Фед 14 2011, 21:19

Пружаш алишта
одзади те гледам
изгрејсонце меѓу нозе твои се појавува
додека пружаш
пупка расцутува
насмевка ми се разбудува,
шумно дишам
се вртиш
ме погледнуваш
со раката ко вртелешка вртиш
заканувачки со главата климаш
постар чичко со бел мантил ми спомнуваш.
Со веѓа мрдам и намигнувам
со глава кон кревет покажувам
со рака - вртелешка ми возвраќаш
за алишта недопружани ми спомнуваш,
ама ќе се подадеш
предчувствувам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Не оди си (Краток нихилистички осврт)

Пишување by zbunet on Вто Фед 15 2011, 20:38

Не оди си,
тука никому не му е гајле за тебе,
таму секако ќе успееш
можеби и среќа од срце ќе ти сакаат
тука само ќе ти завидуваат
ќе глумат,
а ќе те мразат,
зарем не е вака повозбудливо?
Не оди си,
можеби таму не ќе има кој да те повреди или излаже,
насмеана по цел ден
до остареност на столица ќе се лулаш
со тивок залез на сонцето
до тебе некој со љубов ќе те погледне
за рака ќе те стисне
ќе ти шепне дека те сака,
а потоа чопор твои успешни деца
стотиот роденден ќе ти го честитаат.
Не оди си,
тука секогаш можеш да бидеш ограбена или осиромашена
тука со циганите исти сме,
купи ден, продај,
а таму ни тие не се цигани
каков ли живот е тоа?
Не оди си,
нема да знаеш што си пропуштила,
а нема ни да сакаш да знаеш,
само понекогаш престрашена од сон ќе се разбудиш,
нашиот живот траги остава
кај тебе недовршени ќе останат,
ќе раскажуваш,
како од Титаник да си се спасила.
Не оди си,
дури и јас ти личев на посебно нешто
сега знаеш дека не е така,
а таму можеби сите се посебни
и секогаш ќе знаеш дека е така
не оди си,
тука никогаш на подобро нема да се промени
од никој од нас, човек нема да биде.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Кидман on Вто Фед 15 2011, 23:21

koлку е убава

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Александра on Сре Фед 16 2011, 00:34

... и колку многу кажува smesko
... и погодува каде треба zakacko

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија

Пишување by Sponsored content Today at 12:24


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 35 1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот