Поезија од Кети

Страна 2 of 12 Previous  1, 2, 3, ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:39

Исповед

Еве признавам,
пред себе и пред сите,
дека, ти си сонцето кое
ми го осветлува срцето
и го исполнува со љубов.

Само пред тебе
ги признавам гревовите
и ги разголувам мислите
скриени длабоко во мене.
Ти ме разбираш,
разговараш со мене,
ми помагаш, и
ме правиш посебна.

Ми подари крила, ангелски.
Со нив летам кон височините
и не ми е веќе ништо тешко.
Го симнав товарот
од сопствениот грб.
Пред мене се отвори
еден волшебен свет,
многу одамна заборавен,
но, повторно пронајден,
исполнет со
светлина и љубов.

Верувам во тебе,
верувам и во себе.
Те милувам и
бескрајно те љубам...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:40

Преобразба

Можеби јас случајно те запознав,
но, ти сепак со намера ме пронајде,
и можеби сме една иста душа
која патува низ времето
како временска машина...

Ти беше господар на моето минато,
но, иднината ја креирам Јас,
и таа веќе не си Ти
таа се преобрази во Јас,
во моја свест и подсвест
контролирана од моите желби,
иднина која носи само радост...

И што ако сега твоите „три точки“
станаа мој заштитен код,
драг мој војсководецу,
сонце на мојот дом.
И нема повеќе манипулирање,
зошто секоја невистина мутира
и се преобразува во вистина...

Ти беше мојата мисла
која бараше да се прочита
и да се претвори во поезија.
Ти беше мојот сладок сон
кој бараше да се доживее
и да се преобрази во проза.
И што ако сега таа поезија и проза
станаа мој заштитен код,
драг мој романтичару...

Нема повеќе манипулирање,
зошто секоја невистина мутира
и се преобразува во вистина,
иако потајно остава траги
како спомен од минатото,
но, со јасна намера и цел
кон посветла иднина...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:40

Препознатливост

Моја си среќна коинциденција,
случајност или среќно совпаѓање,
љубов моја посакувана,
во магичен миг случена,
еднаш доживеана,
но сега повторена...
Моја си ретроспектива,
враќање назад кон минатото,
но и моја проспекција,
сликар на настаните
кои треба да се случат...

Омилена си фигура, контраст
на силното и слабото,
доброто и лошото,
убавото и грдото,
поглед на светот виден
во црно-бела претстава,
парадокс на неверојатното
кога тагата ја носи среќата...

Отсутен лик си во поезијава
опишан од повеќе гледни точки,
реконструиран според замислата
на некои познати ликови,
и раскажан со гласот на нараторот.
Ти си експлозија, заплет и перипетие
и конечно епилог, или состојба
на смирување на напнатоста.
Ти си позната препознатливост
во мојата поезија...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:41

Патување на мислите

Ова мисла е моја
се' додека некој
не успее да ја украде
и прикаже како своја...

И овој миг е мој
се' додека некој
не успее да го превземе
и преобрази во свој...

И времето е мое
се' додека некој
не успее да ми го земе
и посака за свое...

И просторот е мој
се' додека некој
не успее да го присвои
и запише како свој...

Но и празникот, ангелски
е мој ... се' додека некој
не ми забрани
да го прославувам...

Дури и универзумот е мој
се' додека некој
не ме убеди
во спротивното...

Јас не сакам
и не дозволувам
тоа да се случи.
Овој живот е мој
и го живеам
како ќе посакам,
и никој не смее
да ми го ускрати
правото на слободен избор,
но, никако не смеам
да го злоупотребам
тоа дадено право...

И кога оваа мудрост
ќе ја разоткријам,
ќе успеам да го достигнам
и совршенството...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:42

Слобода на мислата

Мисла моја читаш
со зборови раскажана,
на хартија напишана
и во слики претворена,
мисла слободна
во секој дом достапна.

Новинарска приказна
во медиум објавена,
јавноста ја храни
со настани разни,
економски нестабилни,
здравствено заразени
и општествено празни.

Но, моќници се сетија
медиум да укинат,
зборот да го сокријат
и во рамки да го стават
затворен да биди
и слобода да не види.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:43

Пајажина

Повторно се враќаат
и пораки ми праќаат
настани поминати
но никогаш не одминати.

Јас не се препознавам
и повторно се запознавам
со лик свој нестварен
за тебе сепак реален.

Во длабоки бездни ме враќаш
и демони ми праќаш,
не ми подаваш рака
за пак да видам мака.
Велиш, подобро е вака
кога не умеам да сакам.

Солзи сакаш да течат
за очи да ми печат
и срце да ми гори
само за љубов да збори.

Но ти добро знаеш
а сепак пајажина ткаеш
за пак да ме вратиш
и во дом свој ме пратиш.

А јас желба своја не силувам
зошто најмногу те милувам
и сакам љубов да бидеш
и ко своја да ме видиш.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Дек 07 2010, 00:06

Урбани правила

Време е на безредие
преточено во правила
за урбано планирање,
разбирливи и неразбирливи
смислени и измислени.
Правила претставени
со непознати равенки
на недозволени растојанија
поголеми од нула
и помали од метар...
Урбани правила
кои создаваат хаос
во овој двосмислен свет.

Правила замислени
од урбани експерти
донесени со намера, но
изменети и дополнети со цел,
применети и неприменети
законски и беззаконски..
Урбани правила
кои создаваат хаос
во овој двосмислен свет.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Дек 11 2010, 19:29

Повисока цел

Го препознав твојот шепот,
како благ ветер
ги допира моите усни,
бара спојување
со моите мисли,
ме занесува и опива...
Се јавува и слика
покажува твој лик.

Но, доаѓа потсвеста
и порака праќа,
не е време за страст,
време е со љубов
да го спасиме светот.
Доста е веќе
од збунети мисли.

Да ги победиме
пониските страсти
за да достигнеме
повисоко задоволство.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Саб Дек 11 2010, 21:07

smesko ме потсети на една девојка со која некогаш делевме стан. нејзиното тогашно момче имаше филозофија на духовно `општење` и физичка апстиненција пред вистинскиот момент (не се сеќавам дали тој момент смееше да се случи пред брак). и така, кога за време на тие 5-6 месеци ќе се случеше да остане преку ноќта, тој спиеше на подот во холот пред нејзината врата. таму за жал светилката често прегоруваше и една ноќ за малку ќе се истепав кога го нагазив одејќи до вецето. kez

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Дек 12 2010, 01:34

Момчето изгледа било збунето, или можеби си ја чекало девојката од соништата...
Што се случува сега со тоа момче? Ако и до денес ја применувал истата филозофија, сигурно станал мастер на духовно општење...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Нед Дек 12 2010, 02:20

можеби. не знам. се разделија.
но, како што тече времето, се` повеќ наоѓам поетичност во таа ексцентричност

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Нед Дек 12 2010, 02:49

закон

спиј мирно лилјану мој
во таа света градина
кај што си блескава кралица
помеѓу бршлен и пиреј

заклучи ја тешката портата
за ѕверот на мојот копнеж
да не те раскине крволочно
во миг на безразумна глад

о, тоа би бил оргазмичен пир
што мојот бог го казнува
со сурова бесмртност
без тебе

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Дек 12 2010, 17:08

Денес не постојат свети закони, постојат само екцентрични...И живееме во еден екцентричен оргазмичен свет каде преовладуваат само ниските страсти...Само оние со развиена свест сакаат да го променат тој свет, но поголем е бројот на оние кои не сакаат да се откажат од задоволството што му се пружа, затоа што сакаат бесмртност...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Дек 12 2010, 20:11

Срцето мое

Срцето мое е
исполнето со љубов,
љубов без цена
но со вредност
поголема од валута,
не се позајмува
како кредит со камата
која константно ескалира,
туку само се дарува
за да те збогати
и направи
господар на твојот живот.

Срцето мое не е банка
и не наликува на трезор,
без обврска е
љубовта да ја чува
како почетна резерва
легално авторизирана,
со процент на прилог
поголем од понудата
со цел давање позајмица,
не наликува на
трансакциона сметка
и не функционира како
затворен банкарски систем.

Срцето мое е
исполнето со љубов,
љубов без цена
но со голема вредност,
не се позајмува,
само се дарува,
за да те направи
господар на твојот живот.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Нед Дек 12 2010, 22:36

bravo

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 13 2010, 14:28

Благодарам dalas2no...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пон Дек 13 2010, 17:09

bravo vinozito

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Дек 15 2010, 15:51

Архи футуризам

Оживеан футуризам
во облик на современ израз
како игра на архи форми
со необична волуметрија
и детал аналитично протолкуван.
Гламурозен проект,
ставен на пиедестал
и насликан блескаво
во урбан архи портал.

Футуристичка архи форма
естетски агресивна
и доминантно впечатлива
во урбаниот простор,
со хаотична естетска фасада
со пластични кругови,
како асоцијација на кадар
виден со фото окце.

Урбана архи форма
како предвесник
на архи футуризмот.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Дек 16 2010, 23:29

Нов живот

Денес почнувам нов живот
денес од сенката на минатото
излегувам на светлина
и ги берам зрната на мудроста
посадени од најмудрите.

Денес ќе го посеам
семето на успехот
и нов живот ќе проструи
низ мојот крвоток,
ќе станам свесен
и ќе го отфрлам неуспехот,
ќе станам и способен
и ќе ги остварам целите
кои ги поставив во мојот живот.

Денес во себе ќе изградам добри навики,
ќе ги отстранам лошите
и ќе ги заменам со добри
и ќе го пронајдам
клучот на мојот успех,
ќе го следам правилото
и ќе го повторувам
од ден на ден,
за да стане дел од мојот ум
и се вгнезди
во оној таинствен извор
кој ги создава моите сонови.

Денес почнувам нов живот
и повторно се раѓам,
чекорам гордо меѓу луѓето
и никој не ме препознава
и никој не може да го успори
развојниот пат
на мојот нов живот.
Од денес сум
нов човек со нов живот.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by trpe on Пет Дек 17 2010, 11:02


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пет Дек 17 2010, 13:39

10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by the nurse on Пет Дек 17 2010, 14:59

palce guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Кидман on Саб Дек 18 2010, 09:37


Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Дек 19 2010, 17:50

Ви благодарам на сите за подршката и ќе се трудам да бидам подобра... smesko guska guska guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Дек 19 2010, 18:09

Ангел чувар

Кажи ми кој си ти?
Ти, што ги знеш моите тајни,
ти, што ги читаш и моите желби.
Ја чувствуваш и мојата болка,
ја доживуваш и мојата радост.

Понекогаш го гледам твојот лик
и го слушам твојот глас.
Понекогаш си топлина
која го милува срцето,
понекогаш и енергија
која струи низ крвотокот,
но, секогаш си мисла
и ме спојуваш со универзумот.

Кажи ми дали си ти
мојот таен заштитник,
мојот ангел чувар?
Кажи ми, те молам
кој си ти?


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 20:26


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 12 Previous  1, 2, 3, ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот