Поезија од Кети

Страна 10 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Мар 24 2013, 01:00

Зошто побогу!

Ќе се најдеш некаде
во некоја неизвесност
и ќе си речеш
што се случува
и зошто побогу
се случува ова
што се случува
и зошто баш мене!

И ќе си го вратиш филмот
зошто сепак човек си,
човек со спомени
и тие биле убави
и немаат врска со она
што сега се случува!

И пак ќе си речеш
зошто побогу
ова се случува
кога ова не сум јас,
а кој е'
само еден бог знае!

И ќе се помолиш
и ќе си побараш
да си дојдеш во времето
во кое вистински припаѓаш.
Е па нели,
добрината со добрина се враќа!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Мар 29 2013, 05:12

Животот е убав
и уживај во него!

Ќе си речеш
добро е'
и нека потрае
но, за миг
нешто ќе се случи
и се' некакво нешто
ќе те начека
и ќе ти тропне на врата
и бара да му отвориш
и треба да си спремен
на се' и сешто...
Но, ќе си речеш:
НЕ!
Јас го сакам овој миг
и сакам да потрае
зошто е се' добро
и ме прави среќна
и ќе му се препуштиш на мигот
и ќе потонеш во сонот
заборавајќи на се'
што околу се случува.

Но, таков е животот, нели!
Сепак, имај на ум дека:
Животот е убав
и затоа уживај во него!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Мар 29 2013, 23:12

Така сакаат

Не признавам
дека сум тоа што не сум
но, тие бараат да сум
тоа што сакаат да сум
и сигнали праќаат
и со мисли напаѓаат
за да ме збунат
и да го кажам
тоа што љубат да го кажам...
И глава ќе ми прсне
од тоа што го бараат
и не' дека го бараат
туку телепатски напаѓаат
зошто без докази љубат
целта да ја остварат,
затоа што се власт...
А јас?
Јас сум само човек
и не сум нечовек
но, тие сакаат
сите така да ме видат
и уште љубат
врските семејни
и родбински,
па и пријателски
безмилосно да ги прекинат.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Мар 30 2013, 18:24

Се' е игра!

И така
ќе се сретнеш со некого
и ќе мислиш дека
ти посакува добро
и ќе мислиш дека
се' ти е добро,
се' додека не сватиш
дека се' е игра,
игра без граници
или поточно
игра на која и нема крај
и во таа игра
само еден е играч,
играч за сите
а тоа си ти!

И така
се' додека мислиш дека
правиш добро на сите
ќе сватиш дека
се' било невистина
или поточно лага
и само еден е измамен
а тоа си ти!

И кога ќе сватиш дека
сето тоа било
за да ти се уништи сонот,
ќе застанеш...
и дури тогаш ќе почнеш
да го живееш својот живот.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Мар 31 2013, 17:11

Недовршена песна

И уште една ноќ без сон
и ништо чудно
и ништо ново за мене
и ми доаѓаат мисли
и ме враќаат назад
и си велам:
Што е тоа
што на мој грб се става
па јас морам да го носам
и срце ми кине
и душа ме боли ...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Апр 01 2013, 14:11

Ден на априлска шега

Се' нешто чудно
ми се гледа денес
и не' дека е април
и е ден на шега
но, гледано од мој агол
ко да овој свет
не е мојот свет.

И децата на улица
со маски ги видов
и бебиња во количка
со цветови на лице
насмевки ми праќаа
но, сепак
се' нешто чудно
ми се виде денес.

А и сонцето
ко лажно ми се стори
и облаци чудни
на небото видов
и не' дека е април
и е ден на шега
и не' дека денес
со маски се шетаа
но, сепак
се' нешто ми вели
ко да овој свет
не е мојот свет.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Апр 03 2013, 17:24

Зошто е тоа така?

Во свој свет живеам
и се' ова така ми изгледа
и зошто е сето ова вака
само еден Бог знае.

И тој мој свет
сега е толку чуден
а зошто е тоа така
само еден Бог знае.

И ова веќе не е сон
а што е'
само еден Бог знае.

Милион свеќи запалив
а може се и повеќе
и сите тие побрзаа
мојот свет да го рушат.

И зошто е сето ова вака
само еден Бог знае!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Апр 05 2013, 20:34

И така ...

Нема резон
ниту има логика
да го поправиш
ниту да го сочуваш
она што некој не сака
не' само да го поправиш
и не' само да го сочуваш
туку упорно настојува
сето да го уништи.

А јас посакав
и пробав
да го направам невозможното,
секому да е добро
и секој да има можност
да си го оствари
својот сон.

И така ...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Апр 07 2013, 17:33

Што да се прави
со бдеењето во ноќта!

Ах, што да се прави
со бдеењето во ноќта,
си велам,
со времето сум пак
некаде другде
и не е до времето
туку до временската зона
и тука сум и овде
но, сепак,
како да сум некаде другде.

И додека такви мисли
низ глава се вртат
сонот ме фаќа
и во некој друг свет
влегувам тогаш
и тоа не трае долго...
И кога повторно
ќе отворам очи
сеќавам
ко рој од пчели
во глава да ми брмчат
и се борам да останам будна,
но телото се буни
и не сака да мрдне.
И се' правам
да разбистрам мисли
и сето лошо во себе
да го тргнам од себе
за и телото мое
да ми стане лесно
и така малку по малку
да се вратам на свое.

Си велам,
Боже мој
зошто јас сето ова
морам да го трпам!
И се' со такви мисли
денот ќе ми мине
и се' така
додека не дојде ноќта.

Ах, што да се прави
со бдеењето во ноќта!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Апр 11 2013, 18:07

ЗА НЕПРАВДИТЕ

Неправдите ги имало
ги има и не верувам
дека ќе ги нема
но, кој е тој
кој сака да ги има
и каква корист од нив
сега тој има?

Зарем со неправди
ние ќе постоиме
и поколението наше
во иднина ќе го водиме!

И ако неправди
толку многу љубиме
зарем не мислиме дека
неправди ко бумеранг
и на нас би се нафрлиле?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Апр 14 2013, 01:59

New age

И така тоа!
Ама кому му е важно
што на кому му е'
и кој што проблем има
за да си го реши.

Ново време е ова
и нема вредности,
квалитетот не се цени
вулгарноста доминира
и јас би рекла
не' е до луѓето
туку такво си е времето
и си е така наречено
New age.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Мај 13 2013, 13:02

Пуста желба!

Во понорот на животот
наоѓам само машини
преполни со чипови
скроени по шема на чудовишта
за да не се препознаат
и да мислат дека се
во светот на бајките
каде е се' убаво
и се' е весело
и се' е преполно со пари!

Ненаситната човечка памет
каде стигнала се' уништила
и бар да имаше некој
кој барем знае
што е срце и душа
и што е љубов!
Да имаше барем
еден таков!
Или јас сум една
и единствена!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Тото on Вто Мај 14 2013, 00:39

keti напиша:Пуста желба!

Во понорот на животот
наоѓам само машини
преполни со чипови
скроени по шема на чудовишта
за да не се препознаат
и да мислат дека се
во светот на бајките
каде е се' убаво
и се' е весело
и се' е преполно со пари!

Ненаситната човечка памет
каде стигнала се' уништила
и бар да имаше некој
кој барем знае
што е срце и душа
и што е љубов!
Да имаше барем
еден таков!
Или јас сум една
и единствена!

Не си единствена, имаш колку сакаш клонови, само што не си личат како јајца па тешко се препознаваат gal

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Мај 14 2013, 02:21

Bre Toto! Od koja planeta si ti! kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Мај 14 2013, 02:23

За животот мој

Некој посакал
безмилосно
да ми го уништи животот,
а не знае дека
толку многу вложив
толку многу труд
за да го исплетам
баш по моја мерка.

Не!
Нема да стојам така
и да гледам
како ми прави лошо
и се' ќе сторам
за да го задржам
и да го направам
уште поубав
отколку што е сега!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Мај 15 2013, 22:15

За бистрата мисла

Денес, ова време
се вика ново време
и секој ќе си го добие
она што го заслужил
а можеби и не го заслужил
но, сепак ќе си знае бар
дека си го добил за сите.

Е ова време е такво
и само бистра мисла се цени
но, по можност
позајмена од други,
да не речам,
ама сепак ќе речам
украдена од други.

И многу е битно
кој е програмерот
што бистрата мисла
во глава ни ја става
зошто многу ги има,
а не' секој знае
природен да биде
и во програмата ко низ шега
и пцовка да му мине.

Ако не' за друго
бар ќе се знае
која бистра мисла
универзумот ќе виде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Мај 18 2013, 14:51

Ми вели!

Ми вели
побарај го моето лице
а јас се чудам
и збунето му велам
а бре, каде да го најдам
кога го нема
и не сум сигурна
дека ќе го најдам,
зошто се' ми изгледа
наопачки свртено
и за чудо
сите се весели
и сите се насмеани
и сите се задоволни,
за чудо!

И да си знае,
или нека се' стави во ред
или и ние
наопачки ќе се свртиме,
па од такви и вакви
ќе станеме онакви и секакви!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Мај 21 2013, 03:17

Ништо без љубов

Дајте ми крилја
јас да си летнам
и на луѓето во срцата
љубов да им вметнам
за да почнат да се сакаат
и меѓусебе да си помагаат,
зошто само така
на сите ќе ни е убаво
и сите ќе сме среќни,
зошто очигледно
не се може без љубов.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Мај 22 2013, 04:22

МОИТЕ 5 МИНУТИ

СЕ' БИ ДАЛА НА СВЕТОТ
ДА ИМАМ СВОИ 5 МИНУТИ
ВО КОИ ЌЕ БИДАМ ЈАС
А НЕ' НЕКОЈА ДРУГА
ИАКО НЕКОЈ САКА
ДА СУМ ТАА ДРУГАТА.

ЕХ, КОГА БИ ГИ ИМАЛА
ТИЕ СВОИ 5 МИНУТИ
ВО КОИ ЌЕ БИДАМ ЈАС
БИ ПРАВЕЛА ОНА ШТО ЌЕ ПОСАКАМ
ОНАКА ЗА СВОЈА ДУША
И ЌЕ БИДАМ СРЕЌНА ВО МИГОТ
КОЈ ЌЕ ГО ПОДЕЛАМ И СО ДРУГИТЕ
ЗА И ТИЕ ДА СЕ СРЕЌНИ
И ДА СЕ ВЕСЕЛИ
И ЗАДОВОЛНИ ОД ЖИВОТОТ.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Јун 03 2013, 05:29

Ако ме разбравте!

Што ако
се аретира мислата
кога таа сака
афирмација
и многу сака
да бондира
како бонвиван.

И што ако
многумина сакаат
да ја демантираат вистината
зошто била езотерична
но со меандрирање
се создава небулоза
која ја омбражира
онтозофијата.

Ако ме разбравте
сакам да кажам
дека
има многу политика
во политиката!

И ова време
не' е време на срцето
и не' е време на душата
туку е рацио време
т.н. рациолатрија.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Јун 15 2013, 14:50

Додека јас спијам!!!

Додека јас спијам
овој свет си ја везе
својата приказна
и бара логичен начин
да ги сплете настаните
за да не се сплеткаат
во пајаковата мрежа,
која во ова ново време
е персонификација
на интернет мрежата.

Додека јас спијам
овој свет сонува,
го сонува својот сон
преточен во реалност
не знаејќи дека
тој сон е мојот живот
исполнет со многу чувства
љубов и грижа
за моите најмили
и за сите луѓе
на овој свет.

Додека јас спијам
овој свет е буден
и зошто е тоа така
и зошто не е онака
како што отсекогаш било
само еден Бог знае!

А кога сум јас будна
и дали сум будна
или е сето ова само сон
илузија на стварноста,
се' уште истражувам
и барам начин
да го отплеткам клопчето
што на толку чуден начин
го исплеткал животот
на овој свет.

И сепак ќе речам
ништо без љубов!!!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 20 2013, 18:42

Е таков е овој свет!

И не ми е до ништо
веќе!!!
Иако сум вечити оптимист!
Замислете
што се' има на овој свет!
Да потрошиш цел живот
за некому да наштетиш
и живот да му згрозиш,
стварно е вон памет!
Но, ете, има и такви
и не е само еден
многу се,
премногу за да се вразумат
и црниот облак од злоба
да се растера!
Добро е само едно
што облакот не се гледа
и не може никој да го види
и затоа сите се смешкаат
демек им е се' арно
а во душата и срцето
злобата ги стега
и стално се на мисла
како некому да наштетат
и живот да му згрозат...
Ете таков е овој свет!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 20 2013, 18:48

Јас - две Јас

Тука сум
а како да не сум тука...
И се' се сведува
на пишаното
и на спомените...
Вртам низ албумите
а фотографиите ми велат
дека сум Јас
сведена на две Јас,
од оваа страна
и од другата страна на огледалото
и некој по потреба
ме носи ваму - таму
низ времето и просторот
како да ќе смени нешто
од она што било
и што сега е'.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 20 2013, 18:50

За жал!

Од другата страна на огледалото
се' ми е рамно
и сеедно е'
дали во мене има
радост или тага
кога не ја споделувам со никој
и што ако чувствувам
кога чувствата и не се мои
туку се наменети за други,
а Јас,
јас треба само 
да ги донесам до нив
и тоа се' со мој труд
и со моја мисла!

Од другата страна на огледалото
нема светлина
тоа е само отсјајот 
на моето Јас
пак наменето за други
кои гледам дека
не го ценат
тоа што го добиле,
за жал!

И да нема забуна!
Ова сум јас
и отсекогаш сум била јас
но, овој пат сум свесна
за она што сум 
и отсекогаш сум била.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 20 2013, 18:55

Ех!

Бремето на ова време
тешко се носи
и се' гледаат
на еден да му го турат
за да го носи ...
Бар да се најдеше еден
со срце и со душа
кој со разум
се' добро ќе стореше
и не' само за себе
и не' само за еден
туку са сите!
Ех, да имаше
барем еден таков!
Ех!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 17:55


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 10 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот