Поезија од Кети

Страна 9 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Ное 03 2012, 03:01

Сепак, вреди да живеам!

И секогаш ќе си речам
пушти го нека оди
остави го
нека вода го носи она
што душа ми измачува
но, ете пак тука е'
и се' подлабоко
сака да се вгнезди
и солзи од очи
сака да ми пушти
и срцето во тага
сака да го стави.

И се' така
везден се повторува
и во интервали се јавува...
А јас храбро го дочекувам
и со љубов го опсипувам,
иако телото ми го обзема
и во кревет ме втурнува
и притисок во глава ми создава
и мислата ми ја зема.

А времето си врви
и се' јасно ми станува
и тоа што било
и тоа што е'
и тоа што допрва ќе биде,
зошто јас го видов
не' за да некому
сето го прераскажам,
туку за да сторам се'
подобро да биде
и не' само за мене
туку и за сите
зошто ако е секому добро
и јас ќе сум добро...
И затоа си велам,
за тоа сепак
вреди да живеам!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Ное 04 2012, 00:50

Амин!

Повторно раѓање
и повторно заминување
и пак повторно раѓање
и се' така до недоглед...
И кому тоа така му текнало
и каде е тука крајот...
Да излуди човек
од сите глупости што се случуваат
и во нас
и надвор од нас
и секаде околу нас...
Амин!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Ное 04 2012, 00:50

Кој го боли!

И да кажам
како ми е'
зар би ме разбрал некој
кога не е на мое ниво
за тоа да го свати
и се' би му било чудно
а чудно е' зошто
некој така сакал да биде
и се' измешал
и каша направил
која не сака и тој да ја срка.

И сега јас ли пак
да го исправам она
што некој го измешал
а и зошто би
кога немам корист од тоа
само болка и плач
и голема штета
што никој не сака да ја плати.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Ное 07 2012, 23:47

На свој начин

Не' е дека не го слушам
твојот глас
и секој твој збор
како ѕвон одекнува
во моите мисли
но, не сакам да ги злоупотребам
твоите зборови
зошто тоа се твои зборови
а не' и мои.

И затоа
толку многу стихови
останале ненапишани
и толку многу песни
останале неиспеани
но сепак, сето тоа
на свој начин
си беше манифестирано
во универзумот.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Ное 12 2012, 00:48

Музика на тишината

И во тишината има музика
но, ретко кој може да ја слушне
музиката на тишината ...
Таа не е шепот
туку е бран
што како светлина
се шири низ просторот
и тоа не се звуци
туку разиграни ноти
од позната мелодија
која длабоко се врежала
во фолдерите на мојата меморија.

И секогаш кога сум тажна
и кога душата ми ја кинат
безброј грижи
до мене допира тишината
и како блесок од светлина
ги распрскува низ просторот
нотите на мелодијата
која ми го разнежнува срцето...
И веќе во следната слика
се гледам како весело играм
во ритамот на нотите
кои како бисери
се нанижани на петолиние.

И во тишината има музика
но, ретко кој може да ја слушне,
зошто таа не' е'
ниту шепот, ниту звук...
А би дознале што е'
ако со срце и со душа
се поврзете со тишината.

trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Правда си има!

Пишување by keti on Вто Ное 13 2012, 03:51

Гориш во студенило
и мразулци како искри
низ тело ти жарат
и зошто да гориш!
Исфрли ги грижите
што памет ти матат,
зошто ти не си жртва,
иако можеби
тие така сакаат!

Ти чедо си мое
и многу љубов за тебе
во душава носам,
зошто Ти си Јас
и Јас сум Ти!

Ти дар си од Бога
и по негова желба
даруван од мудри
со се' она што тие
во себе го носат,
за душа да им смириш
и љубов да им дариш
на сите што им треба.

И главата горе
зошто правда си има
и тогаш кога треба
неправди ќе реши!

И зошто да гориш
во студенило и мразој
и грижи да ти кинат
и душа и срце...
Исфрли ги од глава,
зошто правда си има
и тогаш кога треба
неправди ќе реши!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Вто Ное 13 2012, 15:57

koj

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Ное 13 2012, 21:34

Кога ќе речат "сонце мое" мислат на нешто свето, а знаат дека и сонцето може да те изгори ... и полошо е' и од оганот, зошто нема да го сетиш... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Тото on Сре Ное 14 2012, 02:03

мене „сонце мое“ ми значи „ти си светлината и топлината на мојот свет, без тебе ќе ме голтне темнина и студенило“.

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Ное 14 2012, 22:07

kez guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Ное 18 2012, 08:10

Закон на природата

Не го разбирам тоа
што е неразбирливо
дека сега сум овој
а после сум оној
и дека час сум ваков
па час сум таков
и за да Јас
пак сум Јас
треба да сум играч
кој знае игра
најдобро да игра.

И не го разбирам тоа
што е неразбирливо
дека по нечија волја треба
закон да следам,
зошто законот на природата
нешто друго вели,
дека се' природно
треба да ни е'.

И затоа не го разбирам тоа
што е неразбирливо
дека јас своја волја
не можам да имам
зошто јас само по своја волја
можам своја да бидам
и тој закон на приридата
јас да го следам.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Ное 23 2012, 11:28

Доволно е!

Не остана многу
од зборот љубов
за да ти го пратам
срце да ти отвори
и душа да ти смири.

Но, сепак
ти следи ме
зошто само јас борец
останав во светов
и може не е така
како што треба да е'
но, сепак доволно е'
за добро да ни биде.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Дек 26 2012, 03:56

САКАМ

Сакам да те сакам...
И толку!
Сакам да ни е убаво
и на мене
и на тебе...
И толку!
И сакам да не мислам
ниту на времето
ниту на просторот
ниту на друго било што...
И толку!
И знам дека не е многу
и знам дека не е бог знае што
но, за мене е многу
и многу ми значи...
И толку!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Јан 13 2013, 18:45

Тие мислат

Тие мислат дека
го немам тоа
тоа што ми треба
и тие само мислат!
А срце имаат ли?
А душа имаат ли?
А чувства имаат ли?
Имаат ли тие се'
сe' што им треба?
Зошто,
ако имаат
нема да мислат,
туку ќе љубат,
ќе љубат барем
колку што љубам јас
и како што сакам јас!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Јан 29 2013, 05:12

Се прашувам, зошто?

Не, ве молам,
не ми го кажувајте
тоа што го знам,
кажете ми го тоа
што можеби и не го знам.
Зошто, ве молам,
зошто мојот свет
за миг се смени
и не е веќе тој
што јас го имав,
а имав се'
што Бог посакал
мене да ми даде.
И зошто некој посакал
мојот живот да го има
кога не му бил од Бог даден
за свој да го има.
Се прашувам, зошто?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Фед 08 2013, 00:59

Се вртам во круг ... 05.02.2013

Скоро секоја ноќ сум будна
и не знам што е тоа
што не ми дава сон
и ме држи будна.

Скоро секоја ноќ ја преседувам
и бдеам и следам
што се случува сегде
и кај нас и во светот
и не знам што е тоа
што ме чува будна.

И по некоја мисла
ќе проструи низ глава
и не ќе ми даде мир
и гради ќе ми стегне
и воздух ќе ми земе ...
И барам и барам
што е тоа што не ми дава сон
и што ме остава будна
и ме држи цела ноќ
да ја преседам.

И кога зората денот ќе го најави
и кога секој брза онаму
каде утрото го носи,
јас онака будна
се' уште бдеам и следам
се' до мигот
кога чудна мисла
ќе ми проструи низ глава
и не ќе ми даде мир
и гради ќе ми стегне
и воздух ќе ми земе
и веќе сум некаде
ни самата не знам каде
се' до мигот
кога очи ќе затворам
и ќе ми стане јасно
дека утрото заминало
и денот ме бара
да побрзам да го стигнам.

И се' така брзам
да завршам се'
што треба и што не треба
и што морам и што не морам
и што е мое
но и што не е мое да го сторам
за пак да стигнам до ноќта
и да сватам дека
ова и не е мојот живот
оној што го имав
и што се' уште го сакам
и брзам за пак
до него да дојдам.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пет Фед 08 2013, 01:59

Ke ti padne imunitetot taka, pa posle ke ti tekne deka treba porednovno da spies kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Фед 09 2013, 08:17

Види, види, кој нашол тоа да ми го каже! ... trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Саб Фед 09 2013, 21:33

Mene mi plakaat da bidam nenanspan kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Фед 13 2013, 00:51

Mene ne mi plakaat, ama jas pak dobro im pravam ... trepka


Последната промена е направена од keti на Чет Фед 28 2013, 04:02. Мислењето е променето 1 пати

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Фед 13 2013, 00:51

Романтична песна, баш!

Денес не е денот
за да го кажам она
што ми задава мака
и не е само едно
за да се стави во стих,
а прозата и не е она
што баш сега ми лежи,
а и не ќе сака секој
толкав текст да чита
зошто ова време е брзо
и баш не љуби спори.

А јас баш сакам се'
онака романтично да ми е'
баш како и денот што е'
а баш и не знам што ден е'
и треба да е како и сите
но, знам дека се ближат
денови што се празнични.

И денес баш сакам онака
да сум сама со себе
баш онака како што секогаш сум била
за да не сум им виновна
за сето она то сами си го чинат,
а баш сите љубат
наопачке да ме свртат.

И баш денес сум онака
романтично расположена
и ова романтика еве
и со вас ја споделувам.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Фед 21 2013, 23:52

Посакав ...

Долго ме немаше овде
и бев таму во небиднината
каде што не бев
и не постоев!

Но, посакав да ве видам
и да се вратам од таму
каде што никој не беше
и каде што никој не допре до мене...
И посакав да дојдам
за да ве видам
и да останам со вас.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Фед 28 2013, 04:06

Колку да се знае!

Нема да напишам ништо
само ќе помислам на нешто,
колку да се знае
дека сум тука со вас
и не сум таму
каде што не треба да сум.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Мар 11 2013, 00:59

Чуден свет

Да не сум јас
тоа што сум
би помислила дека
ова е чуден свет
разумно необјаснив
и сега сум тука
но, за миг сум таму некаде
во свет кој ми е познат
но, со подруги врски поврзан.
И не' дека ме збунува
туку сметам дека
можеби треба да е подруго
она што е во овој свет така
за да сепак може
разумно да се објасни
и осмислено доживее
и тоа се' со цел
за доброто на сите!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Мар 21 2013, 18:25

Игра на ангелите

Не е пожелно
да си во тунел
кој неизвесност значи
но, дали ќе си таму
или можеби и не'
не зависи од тебе.

И додека сватиш,
во следниот миг
не ќе знаеш кај си
и не ќе знаеш дека
тоа е игра на ангелите
и не ќе ти е забавно
зошто, не ќе имаш избор
да одиграш по свое.

Но, имај верба во себе
и следи го верно
гласот што во тебе збори
и со него цел пат
со лесно ќе го минеш
и на крајот од тунелот
светлина ќе видеш.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 16:08


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 8, 9, 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот