Поезија од Кети

Страна 6 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Јун 03 2011, 07:35

fala guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Јун 17 2011, 02:18

Љубов моја

Љубов моја, слушаш ли
Ангелите пеат,
ја пеат песната на љубовта,
се радуваат на нашата средба
и ни го постилаат патот
со ружите на радоста...

Љубов моја,
радувај се на новиот ден
и љуби ме нежно,
љуби ме страсно,
земи ме во твојата прегратка
и исполни ме со љубов,
рашири ми ги крилјата
за да летаме заедно,
да го допреме небото
и се слееме во бесконечноста...

Не постојат повеќе граници,
за нас сe' е можно
за нас се' е достапно...
Рашири ги крилјата
и да летаме заедно,
Љубов моја...



keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пет Јун 17 2011, 11:09

vinozito 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by trpe on Пет Јун 17 2011, 12:11


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Тото on Пет Јун 17 2011, 14:28


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Јун 17 2011, 15:20

kez guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Јун 29 2011, 21:15

Љубовен шепот

Шепоти ми нежно
шепоти ми заносно
јас го слушам твојот глас
мисла е во збор претворена
со отворен ум искажана
и со боите на виножитото
на јаве е насликана...
Молитва е света
со љубов и верба изговорена
и сите нас не поврзува.

Твоето шепотење свето е
и љубовен занес раѓа
целото битие ми го опива
и со чувство на радост ме облева
и смирение ми носи
и душата ми ја милува...
И небото над мене се отвара
и со Светлина ме опсипува
и со Универзумот ме поврзува.

Твоето шепотење
Молитва е света
со љубов и верба изговорена
и сите нас не поврзува...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Љубовно шепотење

Пишување by keti on Сре Јун 29 2011, 21:24


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Чет Јун 30 2011, 17:41

10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 30 2011, 21:48

fala guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Jул 23 2011, 20:22

Простете

Кога би знаела
кој е кој и што е што
на овој чуден свет
се' би било во ред...

Но, овој свет ме збунува
и појасен ми е другиот
каде можам да летам,
да ги ширам своите крила
и да се радувам
и да бидам среќна...

А во овој свет
само душата ја чувствувам
и срцето ми зборува
и ме води до вас
и до вашите срца
за да ги исполнам со љубов,
да ја почувствувате хармонијата
и да се радувате на животот...
И простете ако грешам
зошто, јас искрено ве љубам.

А моите дела,
тие се мојот дар до вас
за да ви биде убаво,
да се радувате
и да бидете среќни
и да ви го подобри животот
и ви ја осветли иднината...
И простете ако грешам
зошто, јас искрено ве љубам.
backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Саб Jул 23 2011, 21:45

guska bravo backa

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Jул 24 2011, 00:23

Ти благодарам за се' збунет trepka ... Ако, ти само збунувај ме, а јас ќе си творам...за вас и за сите луѓе, се разбира... kez guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Jул 31 2011, 18:08

Ангелот на љубовта

Те пронајдов
во темнината на светот
и твојот лик го видов,
твојата убавина ме опи
и ме исполни со љубов
и ми ги насолзи очите
од радост...
Солзите ти ми ги дарува
за да ми ја измиват душата
од сите неправди и злоба
што го трујат овој свет...

Ти си Ангелот на Љубовта
мојата сродна душа.

Те пронајдов
во темнината на светот
и сега си тука,
во моето срце те носам
те милувам
и те љубам...

Ти си Ангелот на Љубовта
мојата сродна душа.

Нашата љубов е вечна
душите ги разигрува
природата ја оживува
и иднината ја просветлува,
ја исполнува
со радост
со среќа
и со убавина...
Да се радуваме на новиот ден.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Нед Jул 31 2011, 19:59

palce 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Aвг 01 2011, 07:49

fala guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Aвг 21 2011, 03:53

Порака до вас

Не е ни до мене
не е ни до тебе
до сите нас е,
таква ни е судбината
да бидеме заедно.

И сето ова што го правам
го правам за сите нас
и за нашата иднина
и за нашата земја
и за нашите деца
и за сите луѓе
и за целата планета
и за целиот космос
и за многу, многу подалеку...
и за нашите срца.

Слушнете ја песната
што ја пее вашиот Ангел Тоше...
ВЕ САКАМ СИТЕ.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Aвг 21 2011, 13:48

Ве љубам

Понекогаш е премногу тешко
да се верува во невозможното
но невозможното станува возможно
во очите на мечтателот
кој ги љуби луѓето
како себе си што се љуби.

Мудроста е во нас
ако веруваме во вистината
а вистината е во
надежта, љубовта и верата,
во простосрдечноста
во чесноста и смиреноста
и во вербата во себе си.

Да се љуби
значи да се простува
а јас знам да простам
зошто сум Ангел на Љубовта
И ВЕ ЉУБАМ СИТЕ.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Aвг 22 2011, 20:03

Прости ми

Прости ми среќо
јас искрено те љубам
и секој твој чекор
верно го следам.
Во твоето срце
јас спокојно спијам,
ме гушкаш, ме топлиш
и со радост ме полниш.

Прости ми, те молам
што мојата мисла
и твоја ќе биде,
со Божјата волја
ко една ќе творат
и две неба
во едно ќе спојат.

Прости ми среќо
што мојот пат
и твој пат ќе биде,
а јас молкум ќе следам
песната ангелска
до тебе да допре
и исправи неправда
со векови збрана.

Те љубам среќо
душо моја сродна,
не криви ме, немој
понизно те молам,
само срцето свое
отвори го сега
за љубовта моја
до тебе да допре
и космичка светлост
во тебе да бликне.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Aвг 23 2011, 01:46

Зарем грев е

Зарем грев е
ако душа своја разголам
и пред целиот свет
искрено кажам,
дека Ве љубам
и Ве сакам
и од срце
љубов своја дарувам,
да ве топли
и среќни да ве прави.
И простете
ако љубовта моја
за вас е грешна.

Зарем грев е
ако душа своја разголам
и пред целиот свет
искрено кажам,
дека јас само барав
душа да си стоплам
и срцево осамено
со љубов да го исполнам.
И простете
зошто грешев,
грешев зошто љубовта
за себе ја барав,
а требаше само
вам да ви ја дарам.




keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Вто Aвг 23 2011, 12:55

guska palce se klanja

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Aвг 23 2011, 16:28

kez guska backa

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Aвг 24 2011, 00:22

Повик од дивината

Гладни соколи
круни на глава си стават
и крила црни шират
за свој плен да зграбат,
но, само тага носат
а мудреци се прават.

Празно е, пусто е
и само тишината се слуша
и еден повик од дивина
на една душа осамена
до моето срце допира...
Душата е позната,
но многу е далечна
и во река од вино се дави,
виното што од вода
самиот го створил
за грешни души да напои.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Сре Aвг 24 2011, 00:26

guska bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Aвг 24 2011, 08:39

Мојот Бог

Ослободена од душата
ослободена од срцето
зарем мислите дека ќе летам
лесна сум, но сепак паѓам,
се борам со себе си
зошто сум воин
и покрај се'
за мене се' е можно.

Мојот Бог ме створил
да ги победам битките
кои за мене живот значат
и водена од неговата љубов
да ги победам планините
и достигнам висините.

И Бог ме учи како
да стигнам до дивината,
водена од повикот
да ја пронајдам душата,
да се спојам со срцето
и дојдам до светлината.




keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 20:25


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 12 Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот