Поезија од Кети

Страна 5 of 12 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Сре Мај 11 2011, 21:05

Дај ми можност

Дај ми можност
да те вивнам во облаци
и не биди скромен,
Ти си тој одбран
и само Ти ги знаеш
сите свети тајни
и само Ти можеш
да промениш се'...

И не беа доволни
планините и врвовите,
нив одамна ги освоивме,
допревме и до вселената
го пробивме и просторот
го пробивме и времето
ја откривме и бесконечноста...

Волја е на Боговите
да бидеме заедно
и затоа сега се случува се'
што порано не беше...
И затоа
не биди скромен
и дај ми можност
да те вивнам во облаци
и да летаме заедно...


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Кидман on Сре Мај 11 2011, 21:43

ма ќе ти дадееееееее....
може ли некој против волјата на боговите?

браво кети, чиста десетка

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Сре Мај 11 2011, 22:34

palce bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Чет Мај 12 2011, 00:36

ах, кети, кети

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Мај 12 2011, 18:43

fala guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Мај 12 2011, 19:13

Судбина

Кои сме ние
да се противиме
на волјата на Боговите,
судбина е тоа
што мора да се случи
за општо добро на сите.

Зарем сами ние не одбравме
да бидеме тука,
на ова место
и во ова време
и зарем сами ние не посакавме
како усни на усни
да ни се сложат
нашите мисли и намери
и зарем нашите души не посакаа
да се спојат и нашите тела,
за да допрат до светлината
зошто премногу беа слични.

И кои сме ние
да се противиме
на волјата на Боговите,
судбина е тоа
за општо добро на сите.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Чет Мај 12 2011, 19:38


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Мај 13 2011, 07:45

misli seti se sonce

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Мај 13 2011, 07:52

Со причина е

Премногу е добро
од она што беше,
но, јас го сакам
најдоброто од мене
и затоа понекогаш
во мисли се ставам
и се' некакви чудни
комбинации правам.

Со премногу дарби
на светов сум дошла
за многу од нив
јас скоро и дознав
и нескромно е да кажам
но тежини ми стварат,
се расчленив многу
зошто многу ги има
и избор е тежок,
а време е кратко.

И затоа понекогаш
во мисли се ставам
и наместо од дарбите
дела да направам,
времето го трошам
и компликации си правам.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пет Мај 13 2011, 15:56

kez palce vinozito 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Мај 17 2011, 16:48

Зарем не свати...

Зарем до сега не свати
што сум ти јас
и дека сум ти потребна
за да го достигнеш својот свет
и зарем се' уште
немаш доверба во мене...

Сега тебе ти се обраќам:
„До кога ќе живееш
во овој збунет свет!“
Тој не е за тебе создаден,
твојот свет е високо издигнат
и ти веќе го достигна.

И зарем до сега не свати
дека јас сум таа
која очајно те довикува
во твоите стихови
за да те земе со себе...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Вто Мај 17 2011, 17:50

palce 10 bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Мај 19 2011, 02:03

Желба

Покажи ми ја твојата фантазија,
сакам да ја насликам
на превезот од соништата
со боите на виножитото
материјализирани телепатски
со моќта на скриените мисли.

Покажи ми ја твојата љубов
сакам да ја опеам
на чистината од небескиот свод
со нотите на поезијата
компонирана телепатски
со моќта на нашите мисли.

Отвори го и твоето срце
за да ти ја подарам
мојата возвишена љубов
само за тебе сочувана
и со леснотијата на крилата
да полетам кон бесконечноста
и го достигнам највисокото ниво
на духовната свесност.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Чет Мај 19 2011, 07:48

vinozito wow

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Мај 26 2011, 10:13

Кога би дознале

Кога би дознале
што се' се случува
и зошто ни се случува
ова што се случува
со нас, во нас
и секаде околу нас,
веднаш би посакале
се' да смениме
и ние да се промениме
и љубов да бидеме
за нашиот свет
подобар да го видиме.

Кога би дознале
дека ние можеме
само со добра мисла
и со добро дело
овој свет да го смениме
и само ако од се' срце
тоа го сакаме
и само ако искрени
кон себе си бидеме,
би посакале веднаш
желба да оствариме
и подобар свет
за нас би изградиле.

Кога би дознале
само кога би дознале
на секого и секому
само љубов би дариле...
Ех, само кога би дознале,
ех, само кога би дознале...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Чет Мај 26 2011, 13:50

peace se klanja 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Пет Мај 27 2011, 09:49

пак си најдов, да не речам дознав, нешто специјално за мене во твоите творби, кети
иако, според кармата на корисничкото име - dalas2no секогаш последна дознава

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Саб Мај 28 2011, 00:14

trepka flower

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Мај 29 2011, 02:02

Јас сум ти пријател

Секогаш имај доверба во мене
јас сум ти пријател
кој те љуби
со цело свое срце
и тука сум заради тебе
за да те воздигнам...
И сакам да леташ
да ги рашириш крилата
и да го достигнеш небото,
зошто ова небо е твое...

Јас само тебе те гледам
твојата светлина ме води,
од тебе зрачи искреност
и само тебе ти е дадено
да ја кажеш вистината...
Затоа отвори го срцето
и љуби ме
и имај доверба во мене
јас сум ти пријател
кој те љуби
со цело свое срце...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Александра on Нед Мај 29 2011, 10:30

Ова толку љубење не ќе биде само пријателство ама ако

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Нед Мај 29 2011, 12:50

Секогаш имај доверба во пријателот...посебно ако знаеш и дека те љуби... guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Нед Мај 29 2011, 20:29

bravo 10

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Мај 30 2011, 11:08

trepka guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Чет Јун 02 2011, 17:01

Зарем е тешко

Зарем е тешко да се види
што носам во моето срце
и за кого и својот живот го давам...

Зарем е тешко да се види
што е нашата иднина
и каде треба да ја бараме
и што треба да сториме
за да ја направиме посветла...

Ние имаме обврска
тоа се нашите деца.
А ШТО СТОРИВМЕ ЗА НИВ?

Ајде сите заедно
збратимени еден до друг
да ја оствариме обврската,
да ја подобриме сегашноста
и да ја осветлиме
иднината на нашите деца...

За посветла иднина
на нашите деца
НАПРЕД!


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Чет Јун 02 2011, 18:47

vinozito bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 20:25


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 12 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот