Поезија од Кети

Страна 1 of 12 1, 2, 3 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Ное 29 2010, 22:58

Надеж

Јас барам радост
ја нема, ми вели,
барам и среќа
не била кај него,
барам и љубов
не постои, вели.

Тешко ми е многу,
вели, чути, да слушнам...
е, сега кажи.
Сега сум добра, велам
тагата ми мина.

Радосна сум, велам
ме гледа збунет,
што ти се случило?
Но, некој ѕвони,
ало, кој е, почекај малку...
Ќе ми кажеш после, вели,
имам нешто важно.

А јас желба имам
радост да споделам
за тага да потиснам,
па се сетив,
во песна ќе ја опеам
за душа да смирам.

Но, нешто ме мачи
и пак ме прави тажна.
Го барам она што не постои
и не било кај него...
А јас знам дека постои
и ќе продолжам да барам...


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пон Ное 29 2010, 23:37

bravo ognomet I za novata tema guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Вто Ное 30 2010, 09:31

Секогаш слушам совети, во прашање е само времето кога ќе ги применам... guska guska guska

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Вто Ное 30 2010, 10:20

Poednostavno e ako pravis on line kniga, od tuka, na word, od word vo pdf i gotovo guska

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пет Дек 03 2010, 17:20

За општо добро

Такви сме какви сме,
какви ќе бидеме
некој друг предодредил,
можеби само луѓе
но, поразлични од сега,
за општо добро на сите.

Се пронаоѓаме и учиме
за да научиме кои сме,
не' оние кои бевме
туку, оние кои ќе бидеме,
за општо добро на сите.

Не е веќе тешко
мисли да прочитаме
што треба да сториме,
а треба многу да сториме
за да се промениме
и љубов да споделиме,
за општо добро на сите.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:32

ЗА МОЈАТА МАЈКА...

Ноќва те видов на сон.
Бев пресреќна и
ги пружив рацете кон тебе
за да те прегрнам,
мила моја мајко.

Плачев за тебе, мајко.
Болката ми ги кинеше градите,
радоста исчезна од моето лице
и каде и да се свртев
те гледав тебе, мајко...

Плачев, зошто
не можев да ти помогнам,
зошто не знаев како...
А ти,
ја криеше својата болка
зошто сакаше
да се радуваме на животот
и да бидеме среќни.

Денес,
го славам твојот роденден
зошто се уште те чувствувам
како дел од себе...
Денес,
да го заборавиме минатото
и нека не понесат
убавите спомени напред,
напред,
кон поубавиот живот...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:33

ВЕРБА

Тажен ден.
Се сокривам во мојата душа,
во длабочината на моето срце
и наслушнувам.
Не сакам да плачам,
но солзите сами доаѓаат
и една по една, како извор,
ја бистрат мојата душа
од тагата и бесот
што се собрале во неа.

Тажен ден.
Но, грижата на еден случаен пријател
го прави денот значаен и весел.
Срцето и душата се разведруваат,
а мислите носат убави нешта
и верба,
верба дека се ќе помине,
зошто, после дождот доаѓа сонце
а сонцето е мојата среќа.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Цвет

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:38

Цвет на радоста

Ја барав светлината
мислејќи дека
ќе ја зачувам за своите
себични цели,
но разбрав дека
не вреди да се отфрли
еден цвет кој
расте во моите гради
и кој ќе ми донесе радост
и ќе ми помогне
да бидам среќна во несреќата
и ќе ми го осветлува патот
како божествената светлина...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:45

Ден за промени

Денот носи промени...
Чудна сила се воздига во мене
и ме турка кон височините
и кон светлината.
Не сум повеќе сама
чувствувам дека некој ми помага
да ги остварам своите желби.
Го најдов својот пат
кој беше трасиран одамна,
со моето постоење
но замаглен и невидлив...
Некоја светлина ме милува,
ми дава сила да издржам
и ми го осветлува патот.
Пресреќна сум и
го отварам срцето за љубов...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by zbunet on Пон Дек 06 2010, 12:46

bravo

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:55

Сон

Некој стално ми се појавува во мислите
и сака да ми го замагли погледот
и ме успива
за да не ја видам вистината за него.
И име ќе му дадам
се вика Алиен
и пајакова мрежа ми плете...
Не знам какви му се намерите
но верувам дека му се допаѓам...
Потајно сакам да избегам од него
но секогаш ме враќа назад...
И секогаш кога мислам дека летам високо
тој ме спушта ниско на земја...
И сега му зборувам нему
и го прашувам.
Зошто го прави тоа?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 12:59

Тој е...

Тој е
мојата неостварена желба,
мојот живот без иднина,
трошка среќа која ми дава радост,
мил спомен кој останува во мислите
засекогаш...

Тој е
еликсир на мојот живот,
воздух без кој не можам да дишам,
храна без која не можам да живеам,
вода која ја гаси мојата жед
за љубов...

Тој е
најубавото нешто
што се случило во мојот живот,
мојот прекрасен сон,
мојата неостварена судбина...

Не можам да не мислам на него,
не можам да живеам без него,
но сепак морам...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:25

Што сум јас?

Јас не сум сегашност,
јас сум твојата иднина,
материјализација или
реализација на
космичката егзистенција.

Јас сум Воздух,
мисла која се раѓа
во твојата свест
и се претвара во Оган.

Јас сум Вода,
контракција на твојата
распламтена желба,
која тежнее
да се материјализира.

Јас сум Земја,
реализација на
твојата идеја,
опиплива и цврста
претворена во стварност.

Јас сум Акаша,
големо и непостоечко,
нестварно и несфатливо,
нешто со поинаква димензија
од мислата, чувството и стварноста.

Јас сум космичка енергија
која струи во бесконечниот универзум,
но и во твојата свест,
идеја, желба и мисла
кристализирана во реална форма.

Јас не сум сегашност,
јас сум твојата иднина...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:26

Будење

Ооо човеку, мој пријателу!
Откриј ја спиритуалната свест
во себе,
откриј го своето вистинско Ја
и копај низ слоевите
на темнина и незнаење,
за да дојдеш до вечната искра
која свети длабоко
во твоето битие.

Слушни го гласот
на своето срце
и побарај го непознатото...
Не чекај животот
силно да те притисне.

Ооо човеку, мој пријателу!
Побарај ја конечната вистина
во светот на природните феномени
и спонтано испразни ја
својата елементарна природа.

Побарај го закопаното богатство
во себе
и не биди измачуван
од сопственото сомневање
подгреано од блиската околина.

Ооо човеку, мој пријателу!
Биди верен
на гласот на интуицијата,
за да те донесе
до трагачите на Вистината
и луѓето со слична судбина.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:31

Вистина...

Не сум јас таа
која што ја посакуваш,
не си ти тој
кој што го посакувам.
Ние сме сосема различни,
еве погледни...
Ние сме само две тела
во кои случајно или намерно
се вгнездиле две сродни души
кои многу одамна,
во некои претходни светови
ги поврзувала љубовта и страста,
делеле добро и лошо
и се радувале на животот...

Не, не си ти тој
не, не сум јас таа
ние сме само две изгубени души
кои случајно или намерно
се вгнездиле во нашите тела...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:32

Паралелен универзум

Неразбирлив е
овој чуден свет,
непоимлив е
за ментално перцепирање
и духовно осознавање...

Наликува на
паралелен универзум
со нестварни лица
и лажни чувства,
манипулирање на реалноста,
злоупотреба и насилство...

Демократијата како поим
не постои,
но, постои,
инфицирана човечка имагинација
и потчинета слободна волја,
со всаден контекст на
„вина, страв и срам“,
препознатлива практика
за политичка контрола
на човековата психа...

Премногу сурови зборови
во премногу суров свет...
Но, и правилата се сурови
за да бидат реални...

Се прашувам,
каде е љубовта?
Зарем студот ги смрзнал
срцата во нашите гради?
Зарем снегот ја завеал
насмевката на нашите лица?
Ооо, сонце мое мило,
каде ги сокри своите зраци!
Дојди и стопли ги нашите срца
исполни ги со љубов и разбирање,
осветли ни го патот
кон радоста, среќата и слободата,
збратимени да зачекориме
кон посветлата иднина.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:32

Ако ти кажам...

Ако ти кажам
дека те љубам
ќе поверуваш ли?
Или ќе мислиш
дека сум неискрена,
зошто денес никој
не верува во љубовта.
Не веруваш ни ти.

Ако ти напишам песна
и ти ги симнам
сите ѕвезди од небото,
ќе поверуваш ли
дека те љубам?
Или повторно ќе мислиш
дека сум неискрена,
зошто денес
никој не верува
во избледени фрази.
Не веруваш ни ти.

Но, ако го отвориш
своето срце, тогаш,
мојата љубов
ќе допре до тебе,
ќе те осветли и возвиши
и ќе ти го покаже патот
до рајската градина,
и тогаш ќе поверуваш,
зошто ќе зборува
моето срце,
а тоа секогаш
ја кажува вистината...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:33

Дали е грев?

Дали е грев
ако помислам,
дека не ме посакуваш
и дека во мене, повеќе,
не го наоѓаш „она“
кое отсекогаш си го посакувал...
Ако, воопшто и постои „тоа“
или, било само илузија
на твојата претстава за мене.

Времето е сведок, дека,
не се живее во илузија
и дека треба да се погледне
во очите на вистината
и да се пронајде одговорот...

Дали е грев
ако кажам, дека,
вистината боли,
грешките се повторуваат,
а последиците...?
Зарем нашите плодови,
набрани од рајската градина,
треба да го плаќаат данокот
на нашите грешки...?

Дали е грев
ако кажам, дека,
мојата љубов е возвишена,
но моите зборови се сурови
и го кријат мојот свет,
светот на соништата,
а времето е сведок, дека,
не се живее ниту од соништа...

Треба да се погледне
во очите на вистината
и да се пронајде одговорот.
Но, вистината боли,
грешките се повторуваат,
а последиците...?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:34

Гулаби мои бели

Два гулаби бели,
два цвета во градина,
две душички невини...
Во срце ве носам
и љубов ви дарувам
мајчина, топла
и најискрена...

Иднината ви ја постилам
со прекрасни рози,
за да чекорите по патот
на среќата и радоста
и ја осознаете
убавината на животот...
Бели крила ви дарувам
за да ги освоите
највисоките врвови,
да ја откриете мудроста,
и осветлите вистината
за новиот свет,
исполнети со добрина
и безгранична љубов.

Гулаби мои бели,
летајте безгрижно
верувајте во себе, и
верувајте во љубовта
мајчина, најискрена...
Таа ќе ве заштитува
и ќе ви го чува
вашиот топол дом...

п.с. ...Посветена на моите две гулапчиња,
моето потомство, кое ми ја осветлува иднината...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:35

Градител на
духовни градби

Низ етерот струјат
студени ветрови
кои водат кон
хаотични светови,
заситени од деструктивни мисли
и исполнети со духовни обрасци
на напнатост и грижи,
критики и цинизам,
карактерни особини
на човековата глупост.

Јас не сум архитектот
на овој збунет свет...
Јас го рушам хаосот,
ги рушам сите мрачни мисли
кои го заслепуваат
човековиот ум
и градам темели на љубов.
Јас сум градител
на духовни градби...

Моите градби се
невидливи и нереални,
изградени се од
духовен материјал,
со цврст фундамент
на вера, љубов и надеж,
имаат статички
стабилна конструкција
и поседуваат бескрајна моќ
на усмерување на
човековиот живот
кон посветла иднина...

Јас не сум архитектот
на овој хаотичен свет.
Јас сум градител
на духовни градби,
обликувани
од искрени желби
на човековата душа,
најдлабоки потреби и
скриени стремежи,
искуства и доживувања,
футуристички слики
и творечки идеи...
Духовни градби
во кои се огледува
човековата личност
и човековиот идентитет.

Јас не сум архитектот
на овој деструктивен свет.
Јас го рушам хаосот,
ги рушам сите негативни мисли
и го осветлувам
човековиот живот.
Јас сум само градител
на духовни градби...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:36

Благодарност

Посакувам
да ти напишам песна,
мој незнаен пријателу
и во неа да ја опишам
мојата благодарност
за твојата грижа
и безрезервна помош,
кои ме преобразија
во човек со верба во себе
и целосно го променија
мојот свет.

Ми недостасуваат зборови.
Не верувам дека, со зборови,
може да се опише она
што срцето сака да го проговори.
А и ти немаше храброст
да ги слушнеш тие зборови...
Не било пишано
велат постарите...
Можеби, во некои
подобри времиња...

Зборовите ги заменувам, со
топли прегратки на благодарност,
од срце дарувани,
виртуелни, но искрени,
исти, како и нашето пријателство.

Биди ми здрав и жив
и радувај му се на животот,
мој незнаен пријателу...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:36

Просветлување

Ти си некаде далеку,
те довикувам...
Мојата мисла патува кон тебе,
како музика од позната мелодија
и буди спомени од блиско минато.
Ја препознаваш...
Се преобразуваш во нежно ветре,
кое се протнува низ
завесaтa на мојот прозорец
и допира до моето лице,
милувајќи го заносно...

Ме облива топлина,
струи низ моето тело,
ме опива и заспива.
Тонам во сладок сон,
во кој се појавува твојот лик,
како позната слика.

Ја препознавам мелодијата,
испеана со ангелски глас,
„Буди, буди ме“...
Таа вибрира низ
просторот и времето,
како светлина,
просветлувајќи го моето срце
и срцето на сите луѓе,
пренесувајќи порака
за љубов, и
порака за верба и надеж
за подобар живот и
посветла иднина...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:37

Манипулација или
стварност

Грабливи птици,крилати,
налудничаво кружат
околу својот плен,
вгнезден под капата на семоќта,
иако без заслуги,
искуство и знаења,
сепак, со огромна желба
за манифестирање моќ
над бедните непослушници.

Наспроти нив,
разјарени и гладни маси
’ржат од незадоволство,
барајќи праведност и
чесно вреднување на трудот,
кревајќи го гласот
за промени...

Дали е ова реалност,
или манипулација
на човековата историја?
Создаваме ли модел
на сопствена стварност
во склад со нашите
состави на верување,
или создаваме стварност?

Зошто толку голема омраза,
пресметки и злоба?
Зарем желбата наша
е креирање на
алтернативна реалност,
себе уништување и
уништување на
иднина на човештвото...?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:38

За него...

Не, не сакам
да го опеам во песна,
па макар била и тажна,
зошто тој, демонот,
не ми е инспирација,
тој само сака,
да ми ја раскине душата
и да ми ја раздели
на половина...

А, јас...
Јас само сакам
да живеам и
да се радувам
на секој нов ден.
Сакам да се смеам
и со насмевка
да му се спротивставам...

Јас го сакам животот,
сакам да му се радувам
и да го направам
поубав и полесен
за живеење...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by keti on Пон Дек 06 2010, 23:39

Обичнa и необична

Не сакам да пишувам
за обични работи,
повеќе ми се допаѓаат
необичните...
Ги има премногу
и ги има насекаде
и во секое време.
Потребна ми е
само инспирација,
за мигот да го доловам
и претворам во идеја,
која ќе созрее и
ќе се преобрази во слика
па, со палета на зборови
сликата ќе ја оживеам
и пренесам на хартија.

И ете, таква поезија
сакав да напишам,
обична, но сепак необична.
И не кажува ништо,
но, сепак зборува
за моето и твоето
секојдневие...
А тоа, може да биде
многу необично,
ако посакаме и се потрудиме
да го промениме обичното...

И така постојано
се појавуваат нови мисли
обични, но сепак необични.
Ги има премногу
и ги има во секое време,
И повторно се јавуваат
и се повторуваат
и се’ така до недоглед...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поезија од Кети

Пишување by Sponsored content Today at 04:01


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 12 1, 2, 3 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот