AРХИТЕКТУРА

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

AРХИТЕКТУРА

Пишување by keti on Сре Окт 20 2010, 12:12

АРХИТЕКТУРАТА е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и пејзажи, пејзажна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.

Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник).

Во најстариот запис за архитектурата, “За архитектурата” или “De Architectura”, Витрувиј или Витрувиус пишува дека архитектурата е основана на рамнотежата на трите начела: firmitas=цврстина, utilitas=корисност и venustas=убавина. Цврстина значи дека темелите на градбата се поставени на тврдо тло и материјалите се паметно одбрани, корисност значи дека уредувањето е без грешка и не постојат пречки при користењето на просториите, и убавина значи дека градбата е пријатна и со добар вкус.



Боженствена пропорција

Луѓето порано претпоставувале, а и денес, дека PHI (φ) = 1,618 (φ) е предодреден од самиот СОЗДАВАЧ НА УНИВЕРЗУМОТ, затоа и е наречен или претставен како БОЖЕНСТВЕНА ПРОПОРЦИЈА.
PHI е изведен од низата на Фибоначи (1123581321...), која е низа од броеви позната не само по тоа што збирот на два соседни броја го дава следниот, туку и поради тоа што количникот на било кои два соседни броја (со исклучок на првите два пара) има својство да го содржи бројот 1.618 - PHI.
Односите на мерите кај растенијата, животните, па и кај луѓето со восхитувачка прецизност се приближувале кон односот PHI:1. На пример, ако го поделите бројот на женски пчели со бројот на машки пчели во било кој пчеларник(кошница) се добива бројот PHI!
ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ најдобро ја разбирал „Божествената“ структура на телата.
Прв докажал дека човечкото тело е буквално составено од градежни блокови чии пропорционални размери секогаш изнесуваат PHI.
Да Винчи ја прикажал човечката пропорција на цртежот „Vitruvian Man“. Цртежот зборува дека човечкото тело може да се впише во кружница или квадрат. Висината на човекот е еднаква на растојанието меѓу дланките на раширени раце. Ако се постават раката и ногата во ’неправилна’ дијагонала, човекот станува центар на кружница.
„Vitruvian Man“ е наречен по Маркус Витрувиј, римски архитект кој ја величел божествената пропорција во својот текст "De Architectura".


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by the nurse on Сре Окт 20 2010, 12:28

10 Како и секогаш! se klanja

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by zbunet on Сре Окт 20 2010, 13:04


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by alisa on Пет Окт 22 2010, 01:07

ИНТЕРЕСНА АРХИТЕКТУРА

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Динамична архитектура

Пишување by keti on Пет Окт 22 2010, 20:35

Првиот динамичен или подвижен објект во светот е изграден во Дубаи. Тоа е кулата на осумдесет спрата со ротациони апартмани, дело на архитектот Дејвид Фишер и неговото проектантско студио. Се состои од осумдесет префабрикувани апартмани кои што се ротираат независно еден од друг. Висока е 420 метри, а апартманите се ротираат за 360 степени на гласовна команда околу централниот столб со силата на 79 гигантски турбини на ветар лоцирани помеѓу секој спрат.
Зградата е предвидено да е самоодржлива бидејќи турбините се замислени да ги задоволуваат енергетските потреби на целата зграда, дури и да создадат вишок енергија кој што ќе го враќаат во централната градска мрежа.
На апартманите ќе им биде потребно од 1 до 3 часа за да направат полн круг и ќе коштаат од 3.7 до 37 милиони долари. Сличен ваков објект се подготвува на 70 ката и во Москва.




keti


Вратете се на почетокот Go down

Динамични фасади

Пишување by keti on Пет Окт 22 2010, 20:42

Студиото на Giselbrecht + Partner ZT GmbH инспирирано од шпанските брисолеи развило технологија која ќе овозможи да ја менува формата на фасадата и нејзиниот интерфејс во повеќе варијанти.
Нивната таканаречена динамична фасада е одраз на времето во кое живееме и социјалниот стил на современета архитектура која го диктира стилот кое ова студио го негува.


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by Александра on Саб Окт 23 2010, 21:37

keti, многу убава тема


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by the nurse on Вто Окт 26 2010, 15:20

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ најдобро ја разбирал „Божествената“ структура на телата.
Прв докажал дека човечкото тело е буквално составено од градежни блокови чии пропорционални размери секогаш изнесуваат PHI.
Tогаш кои сме ние да ја расипуваме структурата што ни ја дал бог?! flower

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by zbunet on Вто Окт 26 2010, 16:01

Каде има хармонија таму има и естетика. Каде нема хармонија таму има хирургија.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by keti on Вто Окт 26 2010, 18:32

zbunet напиша:Каде има хармонија таму има и естетика. Каде нема хармонија таму има хирургија.

За да се разбере оваа мудрост, треба лично да се доживее...А ти Збунет како ја дозна?

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by zbunet on Вто Окт 26 2010, 18:45

Бог ни’ го дал тоа право како предизвик да менуваме, како дел од еволуитивните способности. На пример ја дозволил и физиката за да го докаже неговото постоење.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

АРХИТЕКТУРА НА ИДНИНАТА

Пишување by keti on Сре Ное 10 2010, 13:34


FUTURE CITY


PROEKT "VENERA" - Zhak Fresko


SAN FRANCISCO 2108


ANARA TOWER - DUBAI






NOAH: Mammoth Pyramidal Arcology Designed for New Orleans
by Yuka Yoneda

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by trpe on Сре Ное 10 2010, 14:04


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by zbunet on Сре Ное 10 2010, 17:22


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by keti on Вто Ное 16 2010, 14:59


keti


Вратете се на почетокот Go down

Made in China

Пишување by trpe on Пет Дек 24 2010, 17:04

Ова е зграда во Кина, на 13 ката која лежи на земја



1. Подземната гаража била ископана на јужната страна на објектот на длабочина од 4.6м.

2. Ископот бил депониран на јужната страна на зградата до висина од 10м.

3. Копале веднаш до темелот на зградата.

4. Пристигнале дождови.

5. Зградата доживеала нерамномерен страничен притисок од север кон југ.

6. Ова резултирало во страничен притисок од 3.000 тони, кој бил поголем од можноста на не- пренапрегнатите шипови можат да поднесат.

Според тоа, зградата се срушила комплетно во јужен правец.

Најпрво, зградата била изградена.




Потоа планот бил да се ископа подземна гаража. Ископот бил натрупуван на другата страна на зградата.




Големите дождови резултирале во тоа да водата пробие низ земјата.



Зградата почнала да се навалува, потоа да се поместува и „плитките“ бетонски шипови биле прекршени заради нерамномерниот страничен притисок.





И така...



Ако овие згради биле поблиску, ситуацијата ќе резултирала во домино ефект.



Се забележува дека НЕМА арматура во шиповите! Само мрежа од жици.

Изградиле 13-катница, без подрум, и сето тоа сврзано со плитки шипови без арматура.

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by keti on Пет Дек 24 2010, 20:18

Да беше ова еден од објектите кои кај нас се градат, сигурно ќе се распаднеше целосно, а овој објект останал целосен при падот...
Шипови се поставуваат кај објекти кои се градат на нестабилен терен, кога цврста земја има на многу голема длабочина...Се поставува прашање зошто му било потребно да градат подземна гаража на таков терен...Сигурно биле ЗБУНЕТИ...

keti


Вратете се на почетокот Go down

3D sound-waves concept in Taipei Performing Arts Center by B+U, LLP

Пишување by keti on Саб Мај 28 2011, 19:49













Here are some technical data:

Client: Taipei City Government- Department of Cultural Affairs
Program: Performing Arts Center
Size: 400,000 sqft
Budget: 130 million
Completion date: 2008-12-08 unbuild
Material: Glass, Steel, metal, concrete
Architect: B+U,LLP
Team: Principals:Herwig Baumgartner, Scott Uriu Team: Paul Macherey, Justin Oh, Phillip Ramirez, Art Zargaryan, Daniel Saltee, Yaohua Wang
Consultant: S.C.S. & Associates (Executive Architect), ARUP (structure& MEP), Theatre projects consultants, Inc (theater consultant), Nagata acoustics (acoustician)

keti


Вратете се на почетокот Go down

Новиот проект на стариот Oscar Niemeyer

Пишување by keti on Вто Јун 28 2011, 16:13







„...Centro Niemeyer je novi kulturni centar u lučkom gradu Avilesu u sjevernoj Španjolskoj, ujedno i najnoviji projekt neumornog stotrigodišnjaka, velikog Oscara. Projekt se nalazi na istaknutoj poziciji gdje rijeka Aviles utječe u more i stvara luku, sastojeći se od četiri zasebne građevine na otvorenom trgu: auditorija sa 2000 mjesta, nadsvođenog izložbenog prostora, promatračnice i zgrade u kojoj se nalaze kino-dvorane, konferencijske sale i kavana...“

http://pogledaj.to/arhitektura/novi-projekt-starog-oscara/

Ете зошто јас имам многу силна волја за живот...Се уште не сум ги покажала сите мои квалитети и таленти... smeenje

keti


Вратете се на почетокот Go down

Креативна архитектура

Пишување by keti on Пет Jул 22 2011, 14:15

Креативност и имагинација се два квалитети кој треба да ги има секој архитект ако сака да биде успешен во она што го работи. Без овие две есенцијални карактеристики може да се каже дека вложувањето и трудот се бесцелни.
Како и да е, фантазијата мора да биде ограничена до одредено ниво, затоа што некои идеи едноставно се невозможни за остварување и покрај модерната технологија.
Ова се неколку интересни примери за креативно размислување кај архитектите – објекти и уредувањето на окружувањето.























http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/7219-kreativna-arhitektura

keti


Вратете се на почетокот Go down

Еколошка архитектура

Пишување by keti on Пет Jул 22 2011, 14:22

Ekološka arhitektura

"...Za klimatsko temperiranje zgrada u industrijskim zemljama troši se gotovo polovicu primarne energije tih zemalja. Zato je gradnja bez ekoloških inovacija arhitektura prošlosti bez budućnosti. Već dugo je razvijena ekološka građevinska tehnologija: nisko energetske zgrade koje za grijanje godišnje troše manje od 30 kilovatsati po metru četvornom, energetski pasivne zgrade bez potrebe vanjske energije za grijanje i energetski plus zgrade koje dodatno proizvode energiju s aktivnim solarnim uređajima. Zgrade budućnosti biti će ne samo domicili nego i električne centrale koje će moći pokrivati više od polovice potrebe električne energije jedne zemlje. Građevinski inženjeri danas moraju biti ekološki inženjeri.



Takve zgrade neovisne od fosilnih ili nuklearnih energija građene su na principu „crvenog luka“, slojevito. Njemačko ministarstvo za gradnju je financiralo putujući realni model takve jedne zgrade koju su dizajnirali studenti arhitekture Tehničkog Univerziteta Darmstadt pod vodstvom praksi orijentiranog profesora Manfreda Heggera. Oni su dobitnici internacionalnog arhitektonskog natjecaja 2007. godine „Solar-decathlon“ u Washingtonu D.C. u natjecanju 19 zemalja. Zgrada se danas nalazi u centru Münchena i otvorena je za građane do 15. 04. 2009. i onda odlazi kao putujuća izložba u Berlin i Hamburg. Vanjski sloj zgrade je pokretni zaklon (španjolski zid) s lamelama u kojima su ugrađeni fotonaponski elementi. Krov je također pokriven s fotonaponskim panelima. Toplu vodu za kućanstvo i grijanje proizvode dodatni solarni termički kolektori. Unutarnji sloj je izoliran s pločama u vakuumu....."

http://www.zamirzine.net/spip.php?article7361

keti


Вратете се на почетокот Go down

Футуристичка архитектура

Пишување by keti on Пет Jул 22 2011, 14:44

За половина животен век од сега, можеби и за многу помалце со фотографии од вакви објекти ќе можете да им се пофалите на пријателите кога ќе се враќате од годишниот одмор. Вреди да се разгледа визијата на најголемите светски архитекти за иднината.























http://bumbar.mk/28/futuristicka-arhitektur/

keti


Вратете се на почетокот Go down

Пејсажен урбанизам

Пишување by keti on Пет Jул 22 2011, 15:32

Денес можат да се сретнат различни комбинации на пејсажен урбанизам како Passages на James Wines или Postopolis на TeReForm Collective кои се стремат да воведат поодржливи принципи во архитектурата како естетски така и еколошки, но, никој неможе да каже дали луѓето имаат доволно свест за да го прифатат овој концепт и целосно да се свртат кон обновување на Природата преку промена на денешниот современ начин на живот зауздавајки го претераното извештачување на сите полиња од храната па се до архитектурата, сепак и не зависи толку од народот колку од корпорациите кои го одржуваат капиталистичкиот систем кој дефинитивно воопшто не е расположен за екологијата во светот туку попрво за константниот економски раст кој неминовно ќе доведе колапс на сите нивоа порано или подоцна, за ова добра демистификација е www.storyofstuff.com каде прилично пластично е разобличена капиталистичката детерминираност за економски развој и општествена хармонија!
Ако е за утеха сепак доста луѓе размислуваат за тоа како да се спаси потомството од генетска и духовна ерозија, но дали тоа ќе биде доволно ќе покаже времето
Еве неколку проекти и идеи кои го подражаваат Пејсажниот Урбанизам.


Treehouse with Terreform
http://inhabitat.com/video-grow-a-living-treehouse-with-terreform/




Eco-hotel in Songjiang
http://inhabitat.com/the-songjiang-sustainable-hotel-in-china/#more-4821


Green California Academy of Sciences
http://inhabitat.com/california-academy-of-sciences-unveiled/


keti


Вратете се на почетокот Go down

Национален ресторан во Неготино - проект

Пишување by keti on Саб Aвг 06 2011, 01:59

НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ВО НЕГОТИНО - Дипломска работа 1992 год.
локација: Авионот во дворот на хотелот "Парк" во Неготино


Авионот "ИЛ 14" се наоѓаше во дворот на хотелот "Парк" во Неготино и дваесет години беше заштитен знак на градот и се користеше како ресторан и дискотека...
Авионот е подарок на Тито од Русија и поради дефектите тој ре­шил да го ос­та­ви ка­ко ек­спо­нат кој­што ќе све­до­чи за доб­ра­та со­ра­бот­ка со Ру­си­ја во тоа вре­ме. Пр­вич­но би­ло до­го­во­ре­но ави­о­нот да се ло­ци­ра на Вод­но во Скоп­је, но по­тоа, по зас­лу­га на из­ве­сен Ми­ле кој­што имал кам­по­ви око­лу хо­те­лот "Парк", ави­о­нот бил до­не­сен во Не­го­ти­но ...










Во приземјето се сместени: влезниот хол, гардеробата со тоалетите, изложбениот простор (за реклами, извештаи за семинари и сл.), водени и зелени површини (фонтани), слаткарница директно поврзана со кујната, и ресторанскиот простор кој е исто така директно поврзан со кујната и со терасата, посебниот дел во кој е сместена кујната и скалите за галеријата.
До авионот се доаѓа со кружни скали со хидрауличен лифт, кои имаат и посебен директен влез од надворешната страна.


На галеријата покрај ресторанскиот простор е сместен и аператив-бар, маси за билијард со простор за седење, тоалети и тераса поврзана со кружните скали кои водат до авионот.


До авионот се доаѓа со кружни скали во кои е сместен хидрауличен лифт, а во авионот е сместен кафе-бар со пулт и тоалети.
















Ова е Дипломата со која станав магистер на технички науки по архитектура, а магистерскиот труд имам намера набрзо и да го објавам на интернет...


*И на крај само да објаснам што ме потикна за да ја објавам мојата дипломска работа...Тоa е овој текст објавен во весникот "ВЕСТ" со наслов "Ќе сле­та ави­он "ИЛ 14" во Не­го­ти­но"...
http://www.vest.com.mk/?ItemID=3CDAE00668BBD141AFD73A28D078A5A5


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by zbunet on Саб Aвг 06 2011, 14:32

palce vinozito

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: AРХИТЕКТУРА

Пишување by Sponsored content Today at 20:24


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот