СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Нед Aвг 08 2010, 14:59



"...Ова е време на знаење и на образованието треба да му ја должиме нашата
среќа. Колку што сме повеќе образовани толку е поголема нашата слобода. А
слободата на личноста е идеалот за среќа. А среќата е во нашето
однесување, во премавнувањето на табуата. А сексот е најдолго чувана
тајна во историјата на човештвото. Колку повеќе знаеме за односите меѓу
половите толку сме побогати и послободни да го планираме нашето
потомство и да ги градиме личната среќа и среќата на нашите деца..."

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Нед Aвг 08 2010, 15:08

Aleks Komfort - RADOST SEKSA

"...Славеќи секс као најузвишенији облик игре одраслих, Комфортов мудар и духовит текст омогуќава паровима да заједнички развију и појачају свој сексуални живот, узимајуќи у обзир додатне савете за превазилажење присутног ризика AIDS-a..."

http://mekici.ideaboard.net/forum-f7/topic-t380.htm#381

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Нед Aвг 08 2010, 17:38

ПЕДАГОШКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ПОЛОВИОТ ЖИВОТ

Потребно е младите поколенија уште во најраната возраст сериозно и одговорно да бидат подготвени за својот полов живот, за својот брак и за семејството. Издигнувањето на половата и на брачно-семејната култура на личноста е неделив дел од изградба на нејзината целосна култура како многу страна и хармонична личност.
Педагошка дејност е насочена во три основни правци: просвета, подготовка и воспитување. Половото и брачно-семејното воспитување треба да помогнат за ослободување на личноста од чувство на вина, срам и страв, како и од факторите што ги потиснуваат полови-те реакции и го отежнуваат половото заемно однесување.
Подготовката за брачно партнерство и семеен живот се состои во давање информации и градење навики за бракот и семејството како посебни важни и значајни социјални институции врз кои се гради нашето општество. Целта е да се изгради здраво, трајно и хармонично семејство за поголема среќа меѓу сопружниците.
Подготовка за свесно родителство треба да им даде информација на младите луѓе и да ги запознае со основните функции на семејството: да создаде, да одгледа и да воспита ново поколение. Раѓањето на деца треба да е свесно, доброволно и посакувано од двата родитела.
................................................

ПОЛОВО И БРАЧНО-СЕМЕЈНО ВОСПИТУВАЊЕ
Се разликуваат четири типа односи на родителите кон децата, и тоа:
репресивен тип – родителите строго им сугерираат на децата дека сексот е лош и недостоен;
избегнувачки тип – родителите имаат рамнодушен однос кон сексот, сметаат дека е неопходен, но ја избегнуваат темата за разговор со децата;
наметнувачки тип – на сексот родителите гледаат како корисна и здравствена појава и го поставуваат во центарот на семејниот живот. Тие се либерални и јавно го покажуваат својот полов живот, што во многу случаи ги измачува децата;
експресивен тип – родителите на сексот гледаат како на нешто природно, ја откриваат темата, но во разумни рамки, за појавата на сексуалната активност кај децата. Им сугерираат дека не треба сите мисли да се насочени кон неа.
Иако се зборува за полово воспитување, всушност станува збор за многу поширока педагошка дејност што е насочена во три основни правци.
Просвета, т. е. давање информации за важни факти, појави и закономерности за половиот и за семејниот живот. Тука станува збор не само за знаења што се поврзани со размножувањето, анатомијата и физиологијата на половиот систем, туку и за психичките доживувања поврзани со половите заемни односи, за љубовта, за семејството и неговата функција, за родителството, за одгледување на здраво и животнорадосно поколение и правилната претпазливост од несакана бременост и др.
Подготовка, т. е. изградување и усвојување методи, навики и умеења за најуспешно, полезно и задоволително остварување на полов и семеен живот за двајцата партнери. Во нашето население половите заемни односи се многу примитивни и бедни. Мажите малку знаат за сексуалноста на жената, а жените – за мажите. Се потценува неопходноста од еротичноста, од љубовната подготовка, нежностите, од ефективното стимулирање на ерогените зони, значењето на различните пози и други подобности што го обогатуваат доживувањето. Сè уште за многумина тоа е расипано и срамно или глупаво и не заслужува внимание. Лаицизмот и незнаењето во таа област се чести причини за сериозни конфликти меѓу сопружниците во семејниот полов живот.
Воспитување што компактно ја стимулира целата просветна работа, во младината да изгради погледи, односи, убедувања, скапоцени системи и критериуми, односно да изгради полов живот и семејство. Да ги надополни знаењата и навиките со морални и етички содржини за половото поведение и семејниот живот да бидат подобри, благородни и убави, а луѓето порадосни и среќни.
Главната цел на половото и на брачно-семејното воспитување е да ги подготви партнерите за остварување успешен и задоволителен полов живот, за среќно и задоволувачко брачно партнерство и семејно соработништво како и за свесно и посакувано родителство, за создавање на здраво и животнорадосно поколение. Тоа треба да биде стабилна основа за создавање мисли и договори за правилен избор на полово и семејно поведение.
Секоја личност има право на потполна информација за проблемите на полот, за половите односи, за бракот и за семејството. Половото и брачно-семејното воспитување треба да ја ослободуваат личноста од чувството на вина, срам и страв, како и од факторите што ги потиснуваат половите реакции и го отежнуваат половото заемно однесување. Просветно-воспитната работа треба да ги има предвид, како потребите на општеството, така и желбите и заемните можности на семејството и на одделната личност.
............................................


Миле Д. Миќуновиќ
Професор, доктор на медицински науки, Педагошки факултет – Битола



http://www.mnd-bitola.mk/files/broj%2012/19_Pedagoskite%20Problemi.pdf

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Нед Aвг 08 2010, 17:49

За книгата „ПOЛОВО ОБРАЗОВАНИЕ“ од професорот д-р Миле Д. Миќуновиќ
................

"Предметот полово образование, е во редовна настава при Педагошкиот факултет,со
што сме веројатно единствена образовна институција на Балканот која го
има во редовна настава овој предмет. Но, оваа книга не е пишувана само
за студенти, туку и за сите млади кои се заинтересирани и им е потребна
(секогаш е потребна) информација и наобразба од овој дел на живеењето.
Да се знае за сексот, за неговата важност во животот, е лична слобода"


http://ohridnews.com/index.php?mod=13&kat=18&id=749&s=1

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=342A8C13A872B449AE230C00F97DA9E2


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Нед Aвг 08 2010, 18:01

Во четврта година средно образование имавме некое предавање од страна на министерство за образование за "Сексуално образование кај младите генерации", кое опфаќаше запознавање со половите органи како увод, па се до заштитата од несакана бременост, користење на кондоми и заштита од заразни полови болести. Меѓутоа, во тоа наше време оваа беше се уште "табу тема" и може да се претпостави како помина целото предавање...(со кикотење и префрлување...) .
Меѓутоа, за денешните генерации оваа тема веќе не е "табу" и отворено разговараат за се што ги интересира, но прашање е дали сме ние доволно образовани за да на најдобар начин им го објасниме тоа што ги интересира младите?????

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Нед Aвг 08 2010, 20:52

Кети,што да ти кажам,се што работиш , го изработуваш до перфекција! guska

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by zbunet on Пон Aвг 09 2010, 00:01

Sto mislis zosto ja regrutirav ?

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Пон Aвг 09 2010, 00:30

Pa zatoa kez

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Пон Aвг 09 2010, 12:58

trepka


Последната промена е направена од keti на Чет Мар 01 2012, 03:31. Мислењето е променето 2 пати.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Сре Aвг 11 2010, 22:59

Сексуално преносливи болести

Болестите кои се пренесуваат преку сексуален однос се во постојан пораст, особено меѓу младите, а секојдневно се откриваат и нови болести.

Овие болести, условно, можат да се поделат во 4 групи:

1* Банални инфекции: трихомонас во вагината, габи, вошки и шуга.

2* Класични венерични болести: гонора (трипер), сифилис (lues), Lymphogranuloma venerum (четврта венерична болест) и др.

3* “Модерни” венерични болести во кои спаѓаат:

- Clamydia trachomatis. Голем процент од населението, особено младите, се заразени од оваа бактерија која се пренесува преку сексуален однос. Слично како гонорејата, инфекцијата со кламидија се шири подмолно без манифестни потешкотии, од каналот на грлото на матката кон слузницата на матката и јајцеводите, предизвикува воспалителен процес кој може да доведе до непроодност на јајцеводите и стерилитет.

- Haemofilus vaginalis (Гарднарела). Тоа е бактерија која се пренесува преку сексуален однос и воглавно се задржува во вагината. Вагиналниот секрет што го предизвикува е сличен на оној со трихомонас: жолтозеленкаст, пенушав и има непријатен мирис.

- Ureaplazma и Mucoplazma hominis

4* Вирусни инфекции. Преку сексуален однос се пренесуваат најчесто 5 вируса: Herpes simplex virus (HSV), Citomegalovirus (CMV), Хепатитис Б, вирус кој ја предизвикува жолтицата (се пренесува по истите патишта и на ист начин како и вирусот на сидата), Human papiloma virus (HPV) кој меѓу другото, предизвикува и рак на матката и најпосле вирусот што ја предизвикува Сидата- Human immunodeficiency virus (HIV).

Според податоците на Светската здравствена организација, во светот секоја година заболуваат нови 200 милиони луѓе од гонореја и околу 40 милиони од сифилис.
Причините за ширење на сексуално преносливите болести се многубројни.

Денес младите многу рано започнуваат да живеат сексуално, многу често ги менуваат партнерите, имаат односи со партнер кој пред тоа воопшто не го познавале. Чести се вонбрачните сексуални излети. Луѓето денес многу патуваат. Многу видови од предизвикувачот на гонорејата станаа неосетливи на лекувањето со Пеницилин. Поради користење на концептивните таблетки и влошки во матката, се напуштија бариерните средства за контрацепција, особено презервативот, кој освен за забременување, ги заштитува партнерите и од сексуално преносливите болести. Одсуствува адекватно сексуално воспитување, особено на младите.

Сексуално преносливи болести, бременост и новородено.

Многу од овие болести можат да го оштетат, дури и да предизвикаат смрт на плодот и новороденото дете. Некои од нив се пренесуваат преку крвта од заболената мајка на плодот: ЦМБ може да предизвика конгенитални заболувања на плодот, а сидата и сифилисот тешки оштетувања и смрт на плодот. Сидата и Хепатитис Б вирусот, освен преку крвта, се пренесуваат и преку млекото од заболената доилка на доенчето. Други предизвикуваат заболувања кај новороденото, а инфекцијата настанала за време на породувањето: гонорејата може да ги инфицира очите, а кламидијата да предизвика воспаление на белите дробови кај новороденото.

Контрола на сексуално преносливите болести.

Најважна е превентивата и здравственото воспитување на населението, особено на младите. Треба да се одбегнуваат сексуални односи со непознати партнери, со партнер од ист пол и однос во чмар. Оние кои немаат стабилни сексуални врски, со еден и познат партнер, задолжително треба да користат презерватив, сам или во комбинација со некое хемиско вагинално, контрацептивно средство.

http://www.ringeraja.mk/clanek/seksualno-prenoslivi-bolesti_473.html

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Сре Aвг 11 2010, 23:23

Сексот и младите

Абортус

"...Во денешно време многу од девојките при самиот секс едноставно забораваат на својата заштита и се препуштаат на задоволството не размислувајќи за последиците. А последиците можат да бидат катастрофални, од најразлични полово преносливи болести до несакана бременост, поради која младите девојките или поради неподготвеност, незрелост или поради немање финансиска и морална поддршка, се решаваат да ја прекинат бременоста, односно да абортираат.
Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Меѓутоа, абортусот честопати е намерен со цел да се прекине бременоста- артефициалис. Бременоста може да се прекине до третиот гестациски месец или до четвртиот лунарен месец, односно до десет навршени недели од бременоста. После овој период да се прекине бременоста е доста ризичен потег, но доколку има индикации за тоа, прекинот мора да се изврши и покрај тоа што се можни последици. Комликациите кои му следат на абортусот, можат да бидат рани и доцни. Како рани компликации се јавуваат- најразлични видови инфекции, долготрајно крварење, заостанато ткиво, постабортален синдром- крв во матката. Како најлоша последица од извршениот абортус е смртта, како и неможноста за бременост во иднина...."

Како да се заштитиме од несакана бременост?!?

Како што претходно споменав, причините поради кои доаѓа до несакана бременост како и заболување од полово преносливи болести, се сведуваат на ништо повеќе туку од незаштитени сексуални односи. Развојот на технологијата, денес во 21 век, е на највисоко ниво и ни дава можност постојано да се информираме за прашања поврзани со сексот и жалосно е кога слушаме со какви проблеми се соочуваат младите, бидејќи биле недоволно едуцирани за последиците што следуваат по него. За тоа, како да се заштитиме од несакана бременост, постојат многу превентивни средства, за кои можеме насекаде да се информираме и треба ги знае секој човек.
Како контрацепциски средства за заштита од бременост можат да се користат:

* Презервативи (кондоми)
* Спирали
* Таблети
* Дијафрагма
* Хемиски средства за претпазливост итн.

Абортус- да или не?!

Денес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во гинеколошко- акушерско одделение и клиники со доказ дека бременоста нема повеќе од десет недели и прекинот на бременоста нема да го загрози здравјето на жената.
Според Законот за прекин на бременост, абортусот го извршува лекар, специјалист, во здравствена установа која располага со соодветна медицинска опрема. Ако е почеток спонтан абортус, а е загрозен животот на плодот или на бремената жена или нејзината репродуктивна способност, прекинот на бременоста може да се изврши во здравствена установа која не ги исполнува горе споменатите услови од страна на лекарот кој не е специјалист.

Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.

http://21stcenturyjournalists.blogspot.com/2009/05/blog-post_18.html

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by zbunet on Пет Aвг 27 2010, 16:45

Еве зошто е потребно да се биде сексуално писмен


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Саб Ное 13 2010, 17:51


the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by trpe on Саб Ное 13 2010, 20:44


trpe


Вратете се на почетокот Go down

10 интересни секс факти

Пишување by trpe on Вто Јан 11 2011, 13:28

1. Знаете ли колку сексуални односи се случуваат во еден ден? Приближно околи 100 милиони.

2. Бакнувањето е добро за здравјето. Замената на плунката е корисна за вашите заби бидејќи ја смалува можноста да настане кариес.

3. Со бакнувањето можете да слабеете. За време од десет минути можете да потрошите околу 260 калории.

4. Главоболката нека не биде изговор за да одбиете секс. Оргазмот има благотворно делување, ако ве боли глава. Подобро секс, наместо аналгин.

5. За време на сексот согорувате калории. Ако се сексате 7 пати месечно во една година ќе изгубите приближно два килограма!

6. Мислите на секс секој ден, и тоа повеќе пати дневно? Без паника, не сте единствени! 54% од мажите секој ден помислуваат неколку пати на секс, а истото кај жените е 19%.

7. Американците се најактивни во кревет, годишно се сексаат околу 126 пати! После нив се грците со 117 пати годишно, најмалку се сексаат Јапонците кои имаат само 36 пати годишно.

8. Очигледно дека на луѓето им е важен сигурниот секс. Годишно во светот се трошат околу 9 билиони кондоми.

9. Во Индија сигурниот секс е уште нешто што не е достапно. Поефтино е да имате секс со проститутка отколку да купите кондоми.

10. Жените кои сакаат љубовни романи повеќе се сексаат од оние кои не уживаат во таква литература. Во сексот уживаат два пати повеќе.

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Чет Јан 13 2011, 11:26

Šta sve ubija spermu kod muškaraca

Stvari koje ubijaju spermu su svuda. Koncentracija, pokretljivost i
broj spermatozoida, kao i njihova DNK struktura pod neprestanim je
napadom hemikalija i predmeta iz naše okoline. Evo nekoliko primera.

1. Fiskalni računi

Koliko
vam puta uruče račun u ruku? Dok popijete kafu, sipate benzin, kupite
pecivo, odete u bioskop, prodavnicu... Transakcije su beskonačne.
Problem je u tome što je 40 posto računa presvučeno hemikalijom
bisfenol-A (BPA) koja ometa rad hormona i povezuje se sa srčanim
bolestima. Muškarci koji u urinu imaju veći nivo BPA imaju i manji broj
spermatozoida i slabiji kvalitet sperme nego muškarci sa nižim nivoom
spermatozoida.

Zaštite se: Račune koje želite da sačuvate ne
stavljajte u novčanik zajedno sa novcem koji često dirate, niti u
džepove. Čuvajte ih u posebnoj koverti. Osim toga, ne bacajte ih u
papir za recikliranje jer će BPA kontaminirati nove proizvode.

2. Konzerve

Gotovo
sve konzerve su obložene BPA premazom, a on prelazi u hranu. Kiseli
sadržaj poput paradajza ili umaci posebno su puni BPA.

Zaštite se: Umesto konzervi izaberite svežu ili smrznutu hranu. Sos od paradajza kupujte u staklenoj ambalaži.

3. Igračke za seks

Vibratori
i seksi igračke za muškarce sastavljne su od plastike i ispuštaju
ftalate, koji omekšavaju plastiku, a povezuju se sa rakom, alergijama,
urođenim manama i neplodnošću.

Zaštite se: Okrenite se ljudskom telu.

4. Sredstva za kupanje

Ftalati
se nalaze plastičnim bočicama mirisnih pena, šampona, sredstvima za
čišćenje i plastičnim zavesama za tuš. A toplina koja nastaje pri
tuširanju olakšava njihovo isparavanje.

Zaštite se: Koristite
jednostavne sapune za bebe ili one iz ekološke proizvodnje. Izbegavajte
sredstva koja sadrže mirise. I investirajte u kvalitetnu zavesu za
tuširanje.

5. Pesticidi

Pesticidi ubijaju štetočine, ali truju i nas.

Zaštite
se: Pomaže ako uvek pod jakim mlazom isperete plodove. No, kako su
pesticidi i ispod kore, kad je god moguće jedite voće i povrće koje je
gajeno prirodnim putem

6. Ugrejana automobilska sedišta

Luksuzni
automobili imaju ugrađeno grejanje za sedište. A sve su češći i oni
koji zagrevaju različite presvlake. Ali, ovaj luksuz, baš kao i duge
vruće kupke mogu smanjiti broj spermatozoida.

Zaštite se: Ovde
je problem direktna vrućina. Umesto toga, uključite grejanje u
automobilu i neka topao vazduh cirkuliše po vašim kolima.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

И малку фалби од комшилук...

Пишување by the nurse on Чет Јан 13 2011, 11:28

Razna istraživanja veličine penisa na starom kontinentu govore da
prosečan muškarac sa tog podneblja ima penis dugačak izmedju 11 i 15
santimetara. Medjutim, prosečan Srbin uveliko odskače od evropske mere,
i broji čitavih 17 cm polnog organa.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by trpe on Чет Јан 13 2011, 13:08


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by Кидман on Чет Јан 13 2011, 15:30

оооооооооооооооооо за грев pale

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Како се однесуваат луѓето (според хороскопскиот знак) после секс

Пишување by trpe on Пет Јан 14 2011, 12:59

Овен: Супеееер! Ајде уште еднаш!

Бик: Злато, што има за мезе?

Близнаци: Сега кога завршивме, мора малку да поразговараме за сексот!

Рак: Ајде да се венчаме!

Лав: Фантастично! Зар не беше фантастично! (ајде еден аплауз)

Девица: Стој, чекај да ја сменам постелнината!

Вага:
Ако тебе ти беше супер, тогаш и мене!

Шкорпија: Дали сега кога завршивме може да ме однесиш дома?

Стрелец: Не ми звони, јас ке ти се јавам!

Јарец: Остави ми визит картичка!

Водолија: Може сега да го повториме истото, ама без облека!

Риба:
Не кажуваат ништо, плачат... И никогаш нема да се дознае дали бил добар сексот или не.

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Пет Јан 14 2011, 18:05

Па,јас во ова:
Може сега да го повториме истото, ама без облека!-
Дали сега кога завршивме може да ме однесиш дома?

баш и не се препознавам... zbunet

Но,затоа ужасно ми е познато:
Злато, што има за мезе?

jazik

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by keti on Саб Јан 15 2011, 00:35

Трпе, а ти кој знак беше?...Да не беше првиот?...
За Збунет веќе знам, а мислев дека и hot nurse е истиот знак како и Збунет, ама по одговорот некако не ми изгледа така...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by the nurse on Пет Јан 21 2011, 12:34

Му ја купив на син ми книгата,,Јас сум тинејџер,,.Ја прочита и го прашуваме:-Што научи?
-Најважното!
-А што е тоа?!
-Дека и девојчињата мастурбираат! iznenad

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by zbunet on Пет Јан 21 2011, 17:21

iznenad Pa ja ne sum znael zbunet

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by Кидман on Пет Јан 21 2011, 21:47

јас сум Стрелец, ама со оглед на понудените варијанти,
мош во подзнак нешо ваму таму, куќа, месечина да сум Близнак


Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Пишување by Sponsored content Today at 16:05


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот