FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Нед Јун 13 2010, 17:31

ФЕНГ ШУИ е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.
Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Нед Јун 13 2010, 17:41

ФЕНК ШУИ И БОИТЕ ВО ДОМОТ
ФЕНГ ШУИ му придава големо значење на правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот. Во просторијата со поголема динамика (како дневна соба или кујна) се внесуваат поинтензивни, додека во просториите за одмор (како спалната соба) се користат поблаги нијанси. Не се препорачува користење на силни бои за големи површини (ѕидови, големи теписи и прекривки). Таквите бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. При изборот на боите, нивниот интензитет и карактеристики, обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја. Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.
БЕЛАТА БОЈА е добра подлога која помага при истакнувањето на други бои и предмети. Во Кина тоа е боја на жалоста, но истотака симболизира и цврстина. Светло белата боја е погодна за предсобја. Кај простории во кои подолго се престојува се препорачува нијансирана бела (крем, нечиста бела, беж, седефесто бела и сл). Поволна е и за кујните.
ЦРНАТА БОЈА, ако правилно се употребува, може да создаде импресивна атмосфера или квалитетна позадина за други бои. Во спротивно може да делува депресивно. Се препорачува умерено да се употребува. Не е поволна за детски соби, трпезарии, како и за простории за рехабилитација.
СИВАТА БОЈА е боја на компромис и рамнотежа, но исто така може да делува депресивно. Потребно е сивите премази да се одржуваат свежи за да не доведат до малодушност. Често создаваат службена, формална атмосфера. не се поволни за кујни, додека во работната соба и просторот за учење имаат поволно влијание.
СИНАТА БОЈА го намалува стресот и напнатоста, ја поттикнува мудроста, па често се користи и во спалните каде луѓето знаат често да се караат. Исто така симболизира самоувереност и трајност. Не се препорачуваат големи површини со сина боја во дневната соба и кујната.
ВИОЛЕТОВАТА БОЈА се поврзува со интроспекција и медитација, како и со чесноста. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.
ЦРВЕНАТА БОЈА е силна, поттикнувачка боја која се употребува за зголемување на активностите. Ако се чувствувате доволно исцрпено и ви недостасува енергија, внесете во својот дом црвена боја – ќе ви биде потребно неколку црвени цвеќиња, декоративно перниче или некој друг украсен предмет. Со црвената треба внимателно да се постапува и не смее да се внесува во големи количини како не би предизвикала раздразливост и хиперактивност. Не се препорачува во работната и спалната соба (освен во по некој детал заради зголемување на страста).
ПОРТОКАЛОВАТА БОЈА се поврзува со здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. Може да се употребува во простории кои се свртени кон север. Поволно влијае за потикнување на комуникација. Не се препорачува во работната или во спалната соба, додека е поволна во трпезаријата и дневната соба.
РОЗЕВАТА БОЈА е смирувачка нијанса на црвена боја и е ислучиво женствена боја. Ја зголемува романтиката и детската разиграност, па затоа е поволна за спални и детски соби.
ЖОЛТАТА БОЈА исклучително стимулира, а се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Ја симболизира енергијата на сонцето. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите. Поволна е за сите семејни и дневни простории. Силната нијанса е неповолна за спалната соба.
ЗЕЛЕНАТА БОЈА го поттикнува чувството на хармонија и мир. Тоа е смирувачка боја која се наоѓа помеѓу ладниот и топлиот дел на спектарот. Поволна е за работни и спални соби, а во светли нијанси и за кујните, додека не се препорачува за просториите во кои е пожелна голема динамика. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.
КАФЕНАТА БОЈА има стабилизирачки ефект, но премногу кафена боја може да делува уморно. Не е поволна за постарите луѓе бидејќи се поврзува со есента. Прикладна е за работни простории.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by zbunet on Нед Јун 13 2010, 23:34


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Вто Јун 15 2010, 23:57

ДОМОТ КАКО ТЕЛО - ФЕНГ ШУИ

Метафорично кажано домот е вашето “второ тело”. Начинот на кој се однесувате кон домот остава големо влијание врз вашето физичко тело како и врз случувањата во вашиот живот.
Секој дел од домот има своја приказна и одредена улога во нашиот живот, како што секој дел од домот има своја намена и функција. Не би требало ниеден дел да е запоставен, запуштен или надвор од функција, затоа што тоа може да се одрази и врз одреден сегмент од животот. Хигиената на умот, духот и телото е битен сегмент во одржувањето на човекот, а исто е и со домот.......

http://patotnadusite.blog.mk/2008/01/27/domot-kako-telo-feng-shui-tret-del/

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Сре Јун 16 2010, 00:08

ОГЛЕДАЛОТО И ФЕНГ ШУИ
Во Фенг шуи огледалото се користи за исправување на неправилностите во просторот, но исто така и за активирање на текот на позитивната енергија.

Основно правило кое треба да се земи во предвид при одбирање на местото за огледалото е да тоа го дуплира се она што во него се одразува, со тоа што доколку се стави огледалото наспроти некој неуреден простор и неред ќе дуплира негативна енергија, но доколку во огледалото се одразува нешто убаво и вредно (украси, слики и убаво уредена маса) ќе дуплира позитивна енергија.

Доколку поставувате огледало на внатрешната страна од плакарот, внимавајте во плакарот да биде се средено. За зголемување на благосостојбата се препорачува спроти огледалото да се стави вазна со цвеќе или кутија со накит или пак некој уметнички предмет.

Освен положбата, битен е и изгледот на огледалото. Пожелно е огледалото да биде направено од еден дел, огледалата направени од повеќе дела не се препорачуваат. Во Фенг шуи не е добро кога огледалната слика на човекот се крши во повеќе делови. Затоа одберете убаво и големо огледало составено од еден дел, финоизбрусено или пак ставено во украсна рамка.

Не се препорачува поставување на огледалото спроти влезот во домот, бидејќи цела енергија ќе се одбие од него и ќе излегува надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнува поставување на огледало во кујната за да несе дуплира огнот од електричниот шпорет, бидејќи премногу елементи на оган можат негативно да делуваат на станарите, не се поставува и во спалната соба директно наспроти креветот, бидејќи огледалото може да влијае негативно на сонот.

Пронајдете добра позиција за своето огледало, одржувајте ги чисти огледалата и уживајте во благотворното струење и дуплирање на позитивната енергија во вашиот дом.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Вто Јун 22 2010, 15:36

Симболи на добра среќа
„...Во фенг-шуи се користат многу поволни симболи кои можат да се употребат за да се потикне добрата среќа во сите области на својот живот.....Добрата среќа може да се потикне со употреба на некои популарни симболи на добра среќа од списокот кој следи: .....„



http://www.savremena.me/ostalo/feng-shui.html

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by trpe on Вто Јун 22 2010, 22:01

Сум слушал за фенг шуи, ама не сум обрнувал многу внимание на тоа. Обично околу уредувањето, тој дел ние машките го оставаме на другата страна да „лупа“ глава околу тоа и не се замараме многу, многу. Единствена работа што ја имам слушнато за фенг шуи и што ја употребувам (како што слушнав тоа било почетна работа, односно прва работа што треба да ја направите) е да ги прегледате работите дома и да исфрлите се она што ви е непотребно, оносно тоа што го чувате со години и не го употребувате ,надевајќи се дека некогаш ќе ви затреба, а всушност само го преместувате од едно место на друго. Изгледа требало некој да ми го „тутне“ сево ова пред очи и да го прочитам, и морам да признаам дека ме заинтересира.

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Сре Јун 23 2010, 10:14

Мило ми е ако поставив тема која е интересна да се види. И јас случајно влегов во сето ова, но колку повеќе дознавав, па понекогаш и практично применував, се уверив дека има многу вистина во она што е напишано и дека доколку правилно се употреби го подобрува животот. Со оглед дека сум архитект, прво ме заинтересира начинот на уредување на просторот, поставување на мебелот на одредени места, но потоа почнав да користам и некои симболи...Во секој случај вреди секој сам да проба, за да се увери во вистината...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by zbunet on Сре Јун 23 2010, 16:11

Mene alatite najcesto mi se vo haos oti posle upotreba ke gi dzitnam nadevajki se deka nikogas poveke nema da gi upotrebam

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Нед Јун 27 2010, 20:42

Фенг–Шуи анализа на просторот

За одредување на секторот на некој простор некои автори го практикуваат методот LO-SHU за кој се користи мрежа (магичен квадрат), а некои PA KUA кој претставува компасна метода.



Компасниот Фенг-шуи е попрецизен бидејќи осумте сектори на PA KUA ги покриваат сите осум сектори на компасот и вистинските правци.



Подобро е прво да се објасни методот LO-SHU бидејќи е поедноставен.
Значи, имаме осум надворешни сегменти и едно внатрешно енергетско поле TAI CHI.
Мрежата едноставно треба да се нацрта преку планот на вашиот стан, потоа поделете го планот на станот на девет еднакви енергетски полиња, кои ги симболизираат различните аспекти на вашиот живот. Секоја зона претставува едно поле: кариера, знаење (мудрост), фамилија (претци), богатство (благосостојба), углед (иднината), партнерство (односи, брак), деца (креативност), пријатели (помош) и животна енергија (здравје).
Значи, Ви треба планот на Вашиот стан и на него треба точно да се обележат (со фломастер) влезот во станот, дневниот престој, спалната соба, детската соба, кујната и така натаму...., а потоа преку планот се исцртува мрежата (магичниот квадрат), односно се дели планот на девет еднакви енергетски полиња, така што основните линии со полињата „Знаење (8) – Кариера (1) – Пријатели (6)“ треба да лежи на ѕидот од влезната врата. (Мрежата се прилагодува према планот, така што може да се растегнува во секаков правоаголен облик).



ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЛИЊАТА:

1. Кариера KAN
2. Односи (партнерство,брак) KUN
3. Фамилија (предци) CHEN
4. Богатство (благосостојба) SUN
5. Здравје (животна енергија) TAI CHI (центар)
6. Помош (пријатели) CHIEN
7. Деца (креативност) TUI
8. Мудрост (знаење) KEN
9. Углед (иднина) LI


За значењето на деветте енергетски полиња може да се прочита на следниот линк......

http://www.kreativandom.com/zivotnapodrucja.php

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Вто Јун 29 2010, 00:43


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Вто Jул 20 2010, 00:32

Фенг Шуи - „Kua“ броеви, источна и западна група и поволни и неповолни правци

Познавајќи го својот Кua број, својата група (источна или западна) и своите поволни и неповолни правци, можеме да си го подобриме својот живот.
Кај поволните и неповолните правци најважно е, кога сме будни да бидеме завртени со лицето (или телото) спрема еден од своите поволни правци, а кога спиеме главата да ни е свртена кон еден од поволните правци, а нозете на спротивната страна без разлика дали е поволна или не.Исто така, при поставување на работната маса, било да е во домот или на работното место, секогаш треба да седиме со лицето завртени спрема најповолниот правец или правецот на сопствениот развој.

Значи, како прво треба да го пресметаме својот Кua број и својата група (источна или западна) врз основа на следниот „Кua калкулатор“

http://www.feng-shui-dom.com/kua-kalkulator.html

Во следниот линк е даден табеларен приказ и опишани се поволните и неповолните и нивното влијание на нас.

http://www.feng-shui-dom.com/feng-shui-osnove/kua-brojevi/kua-brojevi-povoljni-i-nepovoljni-pravci.html

http://www.feng-shui-dom.com/feng-shui-osnove/65-kua-brojevi/289-povoljni-i-nepovoljni-pravci.html

Со пресметување на личниот Кua број (1 - 9) добиваме четири поволни и четири неповолни дирекции, па се препорачува во секојдневниот живот да се користат поволните, а да се избегнуваат неповолните правци.

.........................
GUA BROJ: 1

TRIGRAM: Kan
ELEMENT: Voda
BOJA:
Crna

GRUPA: ISTOK

GUA BROJ: 2
TRIGRAM: Kun
ELEMENT: Velika Zemlja
BOJA:
Tamno smeđa i žuta

GRUPA: ZAPAD

GUA BROJ: 3
TRIGRAM: Zhen
ELEMENT: Veliko drvo
BOJA:
Zelena

GRUPA: ISTOK

GUA BROJ: 4
TRIGRAM: Xun
ELEMENT: Malo Drvo
BOJA:
Svjetlo zelena

GRUPA: ZAPAD

GUA BROJ: 5
BEZ SPOLA

GUA BROJ: 6
TRIGRAM: Quian
ELEMENT: Veliki Metal

BOJA: Bijela | Zlatna
GRUPA: ZAPAD

GUA BROJ: 7
TRIGRAM: Dui
ELEMENT: Mali Metal
BOJA:
Srebro | Platina

GRUPA: ZAPAD

GUA BROJ: 8
TRIGRAM: Gen
ELEMENT: Mala zemlja
BOJA:
Siva i svjetlo smeđa

GRUPA: ZAPAD

GUA BROJ: 9
TRIGRAM: Li
ELEMENT: Vatra
BOJA:
Crvena

GRUPA: ISTOK

Povoljni pravci:

SHENG QI – Životna energija

TIAN
YI
– Nebeski doktor

YAN NIAN – Veze

FU WEI
Stabilnost

Nepovoljni pravci:

HUO
HA
I – Nezgode

LIU SHA – Šest Ubojstava

JUE MING – Potpuni gubitak

......................................

Во следниот линк опишани се поволните и неповолните правци за секој Кua број (1 - 9).

http://astrotanja.9forum.biz/feng-shui-f29/pa-kua-broj-povoljni-i-nepovoljni-pravci-t93.htm

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Чет Jул 22 2010, 20:36

ФЕНГ ШУИ СОВЕТИ

Фенг Шуи е стар кинески систем (вештина и уметност) на уредување на просторот со цел да се максимизира внатрешната хармонија и среќа или благосостојба на луѓето кои живеат во него.
Најважниот аспект на Фенг Шуи филозофијата е CHI (КИ) - животна сила која се движи помеѓу нас и не опкружува, поврзувајќи се’ во една хармонична целина. КИ е енергија која мора слободно да се движи и лесно да протекува, ако сакаме да имаме добар Фенг Шуи. Кога КИ стагнира добиваме лош Фенг Шуи.
Фенг Шуи начелата, во поголем дел се базираат на старата кинеска религија – таоизам. Во согласност со таоистичкиот начин на размислување, светот може да се подели на две меѓусебно одвоени подрачја МАТЕРИЈА и ДУХ. Таоистичките филозофи материјата (реалните предмети) ја нарекле ЈИН, а духот (надземното) ЈАНГ. ЈИН претставува ЗЕМЈА и се означува со круг, а ЈАНГ претставува НЕБО и се означува со четириаголник сместен во внатрешноста на кругот. Овие две начела се претставуваат и со поедноставни симболи, со една права линија која го претставува небото-Јанг и со испрекината линија која ја претставува земјата-Јин.
ЈАНГ, духот, постои за да се соедини со светлината, денот, маженственоста, летото, југот, горното и надворешното.
ЈИН, материјата, се соеднинува со темнината, ноќта, женственоста, стабилноста, зимата, северот, долното и внатрешното.
ЈИН и ЈАНГ, според кинеската филозофија, меѓусебно не се спротивставуваат, туку се надополнуваат. Така настанал еден од најстарите и најсилни симболи ЈИН/ЈАНГ симболот.



Вселување во нов дом
Кинезите при вселувањето во нов дом прво го одбираат поволниот датум и час на вселување. Во главно, како поволни се сметаат сите денови кога има млада или полна месечина, а најдобро е вселувањето да биде помеѓу 9 и 11 часот наутро.
При влегување во новиот дом како прво треба да се отворат сите прозори за да влезе чист воздух, односно потребно е да проструи воздухот во просторот околу три часа.Истовремено треба да се пуштат сите чешми во куќата или станот и да се остави водата да тече, а потребно е да се вклучат и сите светилки.Така ќе се исчисти просторот од застојаната енергија и ќе навлезе свежа позитивна енергија. Покрај тоа потребно е да се вклучи и радио или може и сами да направите некој вид на бука, со пеење или плескање со рацете. Пожелно е и пред вселувањето во куќата или станот просториите да ги варосате или бојадисате и да ги променат тапетите, доколку ги има во просториите.
Потоа, сварете си чај и земете парче чоколада или кекс. Конечно, можете да го внесете својот кревет и да внесете едно парче мебел (пример шкаф), а останатиот мебел може да го донесете и другиот ден или веднаш, како ви е подобро, но важно е да после вселувањето се преспие ноќта во новиот дом.



Ефекти на пренатрупаност
Кога струењето е попречено од пренатрупаност на просторот се губи чувството на удобност, елементите во нашето тело стануваат неурамнотежени, поради што настануваат и проблеми со здравјето и емотивниот живот.
Доколку е пренатрупаноста во близина на влезната врата, се појавува отпор за да се излезе надвор и чувство дека тешко можат да се остварат замислените цели.Сигурно, постојано ви лебди прашањето во вашата глава „До кога вака?“.
Пренатрупаноста на полиците над главата, или на предметите кои се поставени високо до таванот го наметнува прашањето „Што ако се случи нешто неочекувано?“.
Пренатрупаноста под вашиот кревет дури и кога предметите уредно се сложени, го оптеретуваат вашето тело додека спиете и се појавуваат проблеми во вашето здравје.
Доколку пак некое парче од мебелот е поставен така што претставува препрека во одреден сектор, тогаш можат да се појават и проблеми во дадената област на животот.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Пон Aвг 09 2010, 13:10

ЈИН И ЈАНГ ЕНЕРГИЈА ВО КАНЦЕЛАРИЈА

"Бизнис зградите и трговските центри треба да бидат многу јанг, со многу светли бои, активности, бучава, атмосфера на позитивна енергија.На такви места јанг енергијата им носи среќа во бизнисот. Кинезите секогаш ги украсуваат продавниците и рестораните користејќи многу црвена боја затоа што ја симболизира драгоцената јанг енергија. Исто така, предниот дел на продавниците секогаш добро го осветлуваат, што е многу јанг.
Позитивноста за канцелариите ја носи зголемената јанг енергија, па затоа треба да се поведе сметка за декоратерите да не се занесат премногу воведувајќи голема количина на јин енергија, затоа што тоа лошо ќе се одрази врз бизнисот. Тоа се случува кога е преголема тишина, кога се кабинетите направени од сив челик, со ѕидови со темни бои и многу темни, неосветлени агли. Таквите канцеларии се така мирни и толку јин, па ја симболизираат смртта. Долгите ходници од кои се влегува во разни простории кои наликуваат на ќелии, имаат премногу јин и шар чи енергија. Фенг шуи на таквите канцеларии не е добар. Доколку воздухот е застоен поради долгогодишното користење на клима уредите, отворете ги прозорците и пуштете ја сончевата светлина во просторијата. Заменете ги прљавите стари завеси кои се неиспрани господ знае од кога или пак потполно избледени од старост. Сето тоа создава јин енергија.Јанг канцелариите се секогаш светли и проѕирни, енергијата не е застоена. Таквите канцеларии се чисти и оживотворени со здрави јанг билки. Кога се слуша и музика, јанг енергијата уште повеќе зајакнува и фенг шуи-то е подобрено. Собите за состанок имаат корист од големи прозорци кои водат светлина во просторијата. Билките им даваат уште поголемо чувство за животворност и активност. Тоа се јанг симболи кои го подобруваат канцелариското фенг шуи."
........................................................................
http://www.seznam.mk/%D0%A4%D0%B5%D0%BD%D0%B3-%D0%A8%D1%83%D0%B8/2010-02-01-23-07-23.html

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by keti on Вто Aвг 23 2011, 18:40

За подобро здравје со фенг шуи

За да се дојде до благосостојба и здравје во животниот простор во домот, по древната традиција фенг шуи има древни правила што треба да се направaт.

На прозорската даска ставете било каква фигура од брусен кристал за да се распрска енергијата која доаѓа од уличното осветлување. Вака ќе се избегнат сите здравствени проблеми.
За здравје и хармонија во семејството, ручајте заедно на округла или овална маса, затоа што енергијата на кругот сите ќе ве ојача.
Не претерувајте со жолта боја, наметнува грижи и негативна енергија, а со тоа ќе бидете под стрес и подложни на чести заболувања.
Негативна енергија наметнуваат и билки со остри листови и игли, како кактуси и слично. Затоа чувајте растенија со заоблени листови.
Кујната никакао не ја фарбајте со темни бои, тие се извор на лоша енергија. Затоа фарбајте ги со пастелни бои за да имате позитивна енергија и можност за подобро здравје.
Ако често сте жедни или имате проблеми со дијабетис, ставете во домот предмети од мермер, камен или гранит. Добрата енергија ќе работи за вас.
Во дневната соба или трпезаријата, ставете билка бамбус која ќе расте во вода, а го стимулира просперитетот. Ќе бидете поздрави.
Не претерувајте со украси од камен и кристали, ваква комбинација од земјани елемнти може да предизвика пореметување на несоница и чести главоболки.
Ова се извадоци од „фенг шуи – формули за здравје и благосостојба“.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: FENG SHUI - ФЕНГ ШУИ

Пишување by Sponsored content Today at 04:03


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот