Дилетантски водич низ образованието

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Вто Јун 08 2010, 14:14

ДИЛЕТАНТСКИ ВОДИЧ НИЗ ОБРАЗОВАНИЕТО ВО БРИТАНИЈА или ШТО ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКО СО БРИТАНЦИТЕ

Да се биде учител е стара, а во ретки моменти дури и почитувана професијата веќе неколку илјади години. Во минатото имало само неколку прочуени учители: Платон, Аристотел, Исус и уште двајца-тројца.

Библијата не спомнува училишта. Во тоа време луѓето користеле поинакви и погруби начини на малтретирање.


Последната промена е направена од dalas2no на Пет Окт 14 2011, 22:43. Мислењето е променето 10 пати.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Вто Јун 08 2010, 15:00

Грците, веќе, имале училишта, но тоа биле урнатини без покрив каде што учителите често ја завршувале својата кариера со присилно или доброволно пиење отров од пелин (Сократ, на пример). Со својата појава, синдикатот на наставници ставил точка на оваа практика, но се забележуваат знаци дека мрачните времиња можат да се вратат.

И Римјаните имале училишта, но некако се збуниле и наставниците ги викале судии (magistratus, -us), а учениците - послушници (discipulus, -i). Додуша, не ни било толку важно како ги викале затоа што и едните и другите ги служеле робови. Постојат знаци дека и оваа практика може делумно да оживее.

При крајот на 19-тиот век, бил донесен закон со кој децата морале задолжително да одат на училиште. Така училиштата се нашле во групата на затворите и менталните институции – единствените установи каде луѓето биле испраќани против сопствената волја. Оттогаш наваму, сите реформи во образованието се стремеле да испратат што повеќе деца во што повеќе различни образовни институции на што подолго време.

Првите училишта во Британија биле студени, неопремени згради каде кинел провев; таквите училишта опстанале со векови и сите редум се викале „Крал Едвард“. Денес, училиштата повеќе не личат на затвори, првенствено затоа што ниедно не е саглам изградено според стандардите на цврстина и безбедност, и имаат имиња инспирирани од двигателите и дрматорите кои му донеле на светот надеж за подобро утре. Некои од дилетантите во ова ќе препознаат длабока иронија.

Во старо време, многу одамна, имало едно нешто што го нарекувале Филозофија на образованието. Денес, тоа нешто се вика Цели. Образованието има три главни цели, и тоа:

1. Да се подигне квалитетот на наставата со тоа што ќе се посочат и посрамотат наставниците кои се`уште не ги сфатиле Целите.

2. Да се подобри успехот на училиштата така што секое училиште на крајот ќе покаже натпросечен успех. За ова ќе треба малку да почекаме.

3. Да се разреши мистеријата како тоа стандардите се во постојан пад, а резултатите се во постојан подем.






Наставата денес



Во „Златното доба на наставата“ (крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век) било релативно едноставно да се стане наставник. Требало само да знаеш а) да си го напишеш името и б) да стоиш без да те потпираат.

Е, откако ќе те примеле, никој не можел да те помести од таму, затоа што немало начин да се докаже колку некој наставник не го бидува за работата. Оваа информација е од исклучително значење и не смеете да ја заборавите. Ова сознание е зракот светлина во темнината додека собирате сила да влезете на час по мајчин јазик кај џурлаците од петто одделение. Тоа ви е единствената предност на професијата наставник во споредба со занимањата како отстранувач на радиоактивен отпад или чистач на автопат.

Златното доба на Слободната настава, Методот на откривање, Долу училиштата и Фрикови во тексас јакни помина и настапи Ерата на Националната наставна програма. Сè уште е скоро невозможно да ве исфрлат од работата, освен ако не сте направиле нешто страшно како подбуцнување-светска-револуција-иако-ви-кажале-седи-мадро или голем-грабеж-на-училишна-сопственост (овде кај нас се крадат камиони хартија и пенкала). Затоа пак, во секое време можете да станете технолошки вишок, како резултат на законите на економијата во образованието – колку повеќе државата одделува за образованието, толку се помалку наставниците, а поголеми одделенијата.

Проблемот во професијата наставник не е дали ќе најдеш работа, туку дали ќе имаш шанса да ја смениш кога еден ден ќе ти преседне. Затоа, ако веќе сте одбрале да бидете наставник, добро размислете:
[/color]
Во какво училиште?

Како прво, расчистете со себе какви формулари и обрасци сакате да пополнувате. Наставниците се` уште поминуваат голем дел од денот во училницата, но во поново време поминуваат цела вечер пополнувајќи формулари. Постојат повеќе видови училишта и повеќе видови формулари.

Во основното образование можете да работите со децата од претшколска возраст (3-5 години), со деца во прва фаза на описменување (5-7 год.), или со деца во втора фаза на описменување (7-11). Во Британија, средното образование трае од 11 до 18-годишна возраст и овде имате поширока лепеза (хаха) на насоки: општо-образовни, технички, стручни итн. Во Златното доба, на власта и` текна да ги замрси работите и да воведе таканаречени Меѓуфазни училишта кои опфаќаат деца од 9 до 13 години. На никого не му е јасно зошто. Како и обично, во образованието се случуваат многу работи кои на никого не му се јасни.

Претшколската фаза има свои добри страни бидејќи децата се многу мали, неискусни и отворени кон светот на нивен прекрасен начин. Училиштето е нивниот прв поглед и доживување на светот надвор од дома. Тие се пулат во наставникот со почит и обожавање, а нивните родители се пресреќни што дома ќе имаат бесплатен мир и спокојство на неколку часа додека нивното потомство е во сигурни раце. Така, цело време сите се насмеани и си помагаат фино и културно. Единствената мана на оваа возраст е што децата се мнооогу мали, па треба да ги учиш апсолутно се` освен како да им се слоши, а им се слошува цело време. Поголемиот дел од денот минува во бришење солзи (на децата) и мрсули, како и во врзување врвци.



(продолжува)


Последната промена е направена од dalas2no на Сре Ное 24 2010, 10:20. Мислењето е променето 3 пати.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by zbunet on Вто Јун 08 2010, 15:05

Во текот на моето образување имав чест ( по некоја случајност, нели ? ) да им припаднам на наставничкиот шљам. Кога ќе се потсетам немам ниедно пријатно сеќавање и се ежам кога ќе помислам на тоа време. Но не можам да да речам дека само јас сум бил казнет од судбината и само јас сум имал контакт со разноразни психопати од образовниот кадар, тоа значи дека таква мака имале и многу други ученици на кои учебниците им биле трескани од глава. Учениците се осетлив материјал за обработка, а баш напротив им се предаваат на најгрубиот олош кој е невозможно да се докаже дека има ментално заболување или е неспособен. Како и во секоја непотистичка пора на државава у тука се местат според однапред незаслужени заслуги.
Има наставници кои навистина го заслужиле својот статус , но тоа е занемарлив процент кој се губи во шумата на идиоти.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Кидман on Вто Јун 08 2010, 17:57

имав на факултет еден романтичен професор по математика .
еден ден на сред предавање, застана покрај прозор..... и рече тивко,
- Ве молам, одете си! Паднал првиот снег, јас сум премногу возбуден да го продолжам предавањето. Ве молам, одете си!

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Вто Јун 08 2010, 20:57

.......................
Една од добрите страни на Првата фаза на описменување во Британија, е што плачките се поретки, а држењето час е нешто полесно, па дури и возбудливо (понекогаш). Сепак, радикалните реформи во последните 20 години не ги заобиколија ни најмладите. Часовите по мајчин јазик и математика траат по 60 минути! Исто така, некој одлучил дека децата уште на 7 години треба да го поминат првиот државен тест за проверка на знаењето. Тестот се вика САТ – звучи како кратенка за оружје за масовно уништување, а дејството му е исто толку разурнувачко.
Работата во ова ниво на образование има уште една добра страна - родителите се` уште имаат желба за соработка, а децата се` уште покажуваат почит. Најголемиот недостаток на работата во овие училишта се другите наставници, кои како да не знаат да разговараат за ништо друго освен за теписи и завеси. И, за жал, децата се`уште не знаат да си ги врзуваат врвците. Ај оди врзувај врвци на цело одделение ако немаш друга работа. Додека да стигнеш до последниот, првите пет експериментирале и успеале пак да се одврзат. Ајде јово наново.
Втората фаза на описменување е добра затоа што некои деца веќе знаат да читаат, па не мора по триста и четврти пат да им ја читаш Црвенкапа. Исто така, овие децата веќе имаат постигнато некое ниво на самостојност во работата. Можат да пишуваат, цртаат, сечат и лепат, а кога се разбрани, за награда смеат да се наредат пред школото и да прават попис на сообраќајните средства што ќе поминат. Во овие одделенија од основното образование, на овој начин се собира џиновска количина детални, строго локални и смешно неточни информации и податоци. Собраните податоци се од минимално значење, и освен за изработка на графикони за споредба на податоци не служат за ништо друго. Но, графиконите во основното школо се како владината Бела книга на образованието: доказ дека нешто се работи, а што – тоа малкумина го знаат.
Лошите страни на работата во овие одделенија се: евидентирањето, завршните нижи одделенија (отприлика четврто во МК-системот) кои се толку полни со себе и исто толку исплашени што догодина одат во вишите основни одделенија, како и ретките можности за унапредување (освен ако не сакате да бидете одговорни за безбедноста на компјутерите во училиштето или да изработувате стратегии за корелација помеѓу наставните предмети). Ако имате среќа, директорот нема да се замара дали работите повредно од другите, туку без врска ќе ве унапреди во истакнат наставник (бидејќи и онака никој не се истакнува нешто посебно) со што ќе ви се покачи платата колку за уште едно шише поефтин коњак месечно.
Да предаваш во вишите одделенија е добро бидејќи во работни саати ти се пресметуваа и времето додека оценуваш писмени или се подготвуваш за часови. (Ова време во никој случај немојте да го нарекувате слободно, затоа што такво нешто во едноставно не постои во ниедно училиште.) Вишите основни одделенија се исто така добри затоа што децата постојано некој ги вади од час од ред причини: советување за професионална ориентација, непримерно однесување, проверка на присуство на наркотички средства во урината, претрес дали носат оружје, идентификација на осомничено лице, а не смеат да се изостават и важните повици од нивните конфискувани мобилни телефони кои се чуваат во педагошко-психилошката служба. Покрај тоа, во овие одделенија има повеќе можности да се истакнете. За жал, овде има и неколку непогодности.
Првата незгодна работа се - децата. На оваа возраст веќе се покрупни од вас. Вие можеби сметате дека тоа нема врска, хехе, но, тие сигурно не мислат така. Исто така, на оваа возраст на децата им е здодевно, знаат повеќе (да се снајдат, да направат будала од тебе пред да се освестиш), а некои веќе ги имаат изгубено сите илузии (повеќе не се ни невини ниту наивни). И не само тоа. Помислете на родителите. Тие како слеп за стап се држат за ставот дека тоа што нивните деца се недоквакани тапчовци е апсолутно ваша грешка.


(продолжува)


Последната промена е направена од dalas2no на Сре Ное 24 2010, 10:27. Мислењето е променето 2 пати.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Чет Јун 10 2010, 00:38

УЧИЛИШТЕН ПЕРСОНАЛ

Најголемиот дел од своето време наставниците го поминуваат во друштво на своите колеги, дури и кога одат на забава. Но, сите знаеме дека за да се направи едно американско вселенско летало или да се организира Евросонг потребни се луѓе од разни области и со разни таленти. Така, и во образованието има еден куп персони кои немаат врска со наставата.

Директори
Директорите се најдалеку од наставата, затоа што тие се цело време некаде далеку од учениците. Како ќе ги препознаете директорот или директорка? Носат костум и ги работат следните четири работи:
1. држат наставнички совет;
2. прават комплициран распоред на часови;
3. жонглираат со парите на училиштето, и
4. се нервираат поради сметот што се прави.

Управен одбор
Управниот одбор го сочинуваат угледни граѓани. Некои од нив се назначени од угледни политички партии (тоа се оние партии кои си прават реклами на телевизија), а некои се предложени од другите сфери на образованието. Има повеќе видови членови на УО и сите тие си имаат своја посебна улога:
1. Претставниците на родителите имаат задача да им се испофалат на другите членови на УО колку многу знаат за образованието, или колку малку.
2. Претставниците на политичките партии имаат задача да се караат со другите претставници на политички партии за соработката на школото со приватните фирми, за грантовите, за изнајмувањето на салите, и се` што нема врска со образованието.
3. Претставниците на наставниот кадар имаат за задача да раскажат на сите колеги од училиштето како се избламирал директорот на состанокот на Управниот одбор.

Администација
Администрацијата во училиштата ја сочинуваат мрачни фаци кои седат во мрачни канцеларии и им го загорчуваат животот на наставниците бидејќи сметаат дека наставниците им го загорчуваат животот ним. Најдобро е воопшто да не ги запознаете.

Инспектори
Во минатото имало два вида инспекции. Едната била државна инспекција и главно се состоела од краток разговор (штокче) со директорот. Другата инспекција била локална. Тие инспектори биле љубезни и со мајчински тон бидејќи не сакале да го критикуваат училиштето што практично е под капата на истите луѓе кои ги плаќаат и нив. Ако не чини школото значи не чини и локалната власт. Затоа овие фини инспектори ќе посочеле една-две работи на кои би можело да се обрне внимание, а потоа дрндале со саати околу евидентирањето и пополнувањето записници и формулари. Посетата од локалниот инспектор најчесто не била никаков проблем.
Денес инспекциите се чувари на високите стандарди во образованието (Ofsted). Посетите на Офстед се вистинска закана и причина за паника. Можат да траат цела недела и секој наставник се плаши дека дошле токму поради него. Секој ваш збор, гест или воздишка пред учениците на час треба да биде педагошки оправдано и неопходно. Овие инспектори ќе побараат од децата да ги набројат целите на вашиот час, и ако некое дете не внимавало додека сте објаснувале, сте го обрале бостанот.
Како поминала инспекцијата, се знае веднаш. Ако директорот ве почести сокче и кикирики, поминало добро. Ако ја здувне со својот автомобил преку портата на школото и преку тротоарот – не ќе е на арно.

Секретарката
Секретарките се најважните фигури во образованието. Тие секогаш знаат што каде се наоѓа, каков записник да се направи за повреда, за тепачка, за плата, за нарачки на материјали, како да се пресметаат и срамнат сметките за прослави, како да се справат со здодевни и нервозни типови на телефон. Ако се скараш со училишната секретарка – си наебал.


Последната промена е направена од dalas2no на Сре Ное 24 2010, 10:34. Мислењето е променето 1 пати

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Чет Јун 10 2010, 10:47

Советници
Советниците се поранешни наставници на кои додека биле наставници (не помалку од 15 дена) им паднала на ум некоја добра идеа и неа ја споделиле со Инспекторот. На прв поглед Советниците во образованието личат на Брзи Гонзалез. Добиваат плата за да се возат од школо до школо и да ви кажуваат што да правите иако тие самите никогаш не ја испробале во пракса сопствената блескава идеа. Но и да бидеш советник не е најлесно на свет. Еве зошто:

1. Мора да организирате обуки за наставници. Ако сте мислеле дека полските филмови и германските новели се здодевни, присуствувајте на некој семинар за наставници, па ќе видите што е здодевно.
2. Мора да поминувате многу време со инспекторите.
3. Секој наставник што ќе го сретнете ќе ве мрази затоа што се правите многу паметни. Само што некои тоа нема отворено да го покажуваат.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by zbunet on Чет Јун 10 2010, 10:57

Sekoja pora na drzavava e zatruena so diletanti

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Чет Јун 10 2010, 14:16

Домаќин
Во Британија, најмоќната двојка во секое школо се домаќинот (секогаш е машко) и неговиот германски овчар. Неговата мисија е да им го отежне животот на другите. Домаќинот е цар на школото. Тој има усовршено техника да креира различни климатски услови во секој дел на објектот, така што додека во источниот блок едни приумираат од тропската жештина, во западното крило други се смрзнуваат како да се на Северниот пол. Домаќинот по инстинкт знае која просторија да ја заклучи (по правило токму онаа која ви треба во моментот) а која да ја остави отворена за потенцијалните крадци (онаа просторија каде што ги оставате вашите вредни предмети). Нарачува тони тврда тоалетна хартија која за жал после трае со години, а нејзината употреба ја чувствувате со часови. Домаќинот може за една секунда да го уништи секој изложен проект на кој учениците работеле со недели.
Домаќинот никој не може да го смота. Кога го критикувате, тој ве гледа со поглед „можеш да ми се фатиш“, што би значело дека некаде, во некоја фиока лежи некаква “индулгенција“ специјално за него и нему му се сите гревови однапред простени. Ако се скарате со него, следното што ве чека е: вашата училница нема парно, кафето што го чувате во вашата фиока во наставничката канцеларија го нема, количка полна старо железо и гнили даски е паркирана таму каде обично се паркирате вие.

Помошен персонал - Хигиеничари
Има два вида хигиеничари (по старо, служители) во училиштата: прекрасни и одвратни. Прекрасните хигиеничари ги смируваат децата што се степале, ги тешат и преврзуваат децата што се удриле, ти наоѓаат се` што ти треба за работата, ги забавуваат немирните деца, варат чај, кафе, какао итн., значи се` на се`, тие се сонцето во училиштето – носат топлина и живот. Одвратните служители се како Круела де Вил во „101 далматинец“.


Последната промена е направена од dalas2no на Чет Јун 10 2010, 15:56. Мислењето е променето 1 пати

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by zbunet on Чет Јун 10 2010, 15:39


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Чет Јун 10 2010, 15:48

Како и да е, вас најмногу ве интересираат:

Наставниците

Ах, наставници има секакви. Буквално секакви - по форма, возраст, политички убедувања, степен на писменост итн., но, општо се делат на четири категории:

1. Млади и желни за работа. Во Британија овие најчесто потекнуваат од Австралија, Јужна Африkа или Нов Зеланд. Имаат страшна кондиција и енергија и без разлика во каква пареалелка ќе влезат, тие заведуваат дисциплина чиниш по пат на некаква волшебна осмоза. Тоа мора да е некоја генетски вградена способност. Дури да трепнеш, стануваат раководители на актив ( група наставници од исти и сродни премети) или заменици и помошници на директорот. Тие се вистинско чудо, но немојте да се трудите да се зближите со нив. Тие немаат време за такви како вас.
2. Млади и збунети. Овие мака мачеле додека да завршат за наставници, криво-лево некако истуркале до диплома и така се нашле во дивиот и непознат свет на образованието. Овде, овие кутри луѓе дење трпат терор во училницата, а ноќе до никое време пишуваат извештаи, цртаат дијаграми за успехот на секој ученик и планираат нови безнадежни стратегии за да се спарават со теророт што ги чека утре иако знаат дека се` им е залудно.
3. Стари и мудри. Суви тетки и чичковци, едните во волнени блузи и долги здолништа, другите во излитени костуми со свиткани агли на реверите. Тоа се бивши огнени учесници на мировни и еколошки кампањи (но сепак – бивши). Тие си седат во својот ќош од наставничката канцеларија, пијат цели лонци кафе или чај, први се дофаќаат за дневните весници што ги добива школото и знаат како да преживеат во тешки услови. Не е лошо да се потрудите да им се приближите, бидејќи тие ја усовршиле вештината да пловат без компас по бурните мориња на образованието. Немаат поим каде одат, но затоа пак знаат дека нивниот брод никогаш нема да потоне.
4. Стари и збунети. Тоа се обично наставници кои привремено пополнуваат туѓи часови. Тие се редовно на работ на нервен слом, а таа нивна состојба се препознава уште при првото интервју за вработување кога пристапот е најблаг и најведар. На лицето имаат длабока загриженост, а на фармертките имаат дамки. Овие наставници потонале одамна или се потрошиле на промашени цели, како на пример, празно критикување на американската надворешна политика или на англиската фудбалска селекција.

smesko Се разбира, постои и петта категорија наставници, а тоа сте ВИЕ – чувствителни, совесни, со широки погледи и познавања, искрени и професионални. Постојано го губите или заборавате распоредот на часови, никогаш не успевате да стигнете каде треба кога треба и никако не се снаоѓате во извештајот од вашата плата, па постојано се сомневате дека сте оштетени.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пет Јун 11 2010, 14:14

Kаков треба да биде наставникот

Поимот „вистински наставник“ е често употребувана фраза иако никој нема јасна претстава што значи таа.
За волја на вистината, постојат неколку различни „учења“ за тоа кој наставник е „вистински“:
1. Наставникот што носи вратоврска и секогаш е тука точно на време.
2. Наставникот што работи повеќе од 15 часа на ден.
3. Наставникот што добива мала плата.
4. Наставникот што ретко е болен.
5. Наставникот што отфрлил се` што учел на факултет, сите обуки и сето свое искуство и го прави само тоа што од него го бараат родителите на учениците.
6. Наставникот што наоѓа начин да ги направи своите ученици поумни.

РАБОТА СО ДЕЦА
Обрнете внимание на насловот. Вели „Работа со деца“! Тоа е тоа што наставниците најмногу го прават. Да работиш со деца и да ги научиш нешто децата се две сосема различни работи. Ова второто се случува многу, многу ретко во текот на работењето со децата, но, убаво е кога ќе се случи.

Тајната на успешната настава е да развиеш техника со која ќе ги натераш децата да седат мирно и да не зборуваат. Каква иронија! Добиваш плата на наставник, а сакаат да бидеш полицаец (за истите пари)! Ако децата седат мирно и не учат ништо, ќе речат, толкав им е капацитетот. Но ако се дерат, плукаат, дофрлаат предмети, се тепаат или прават влези-излези од училницата, тогаш си виновен Ти и никој друг.

За да бидеш успешен како наставник ти треба харизма на естрадна мегаѕвезда и неограничен арсенал на тејзери и солзавец. И, бидејќи никој не може да те научи како да управуваш со полна училница деца, најдобро е да бидеш прагматичен, што пред се` би значело – дознај што повеќе за непријателот.


Последната промена е направена од dalas2no на Сре Ное 24 2010, 10:39. Мислењето е променето 1 пати

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Кидман on Пет Јун 11 2010, 16:25

претпоставувам дека е ова превод на некој британски текст, се насетува англискиот хумор.
ако, прева лига е
ама како не ти беше мака да го преведуваш

админе, чести го момево една табла мекици!

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пет Јун 11 2010, 16:35

:tavce: pod uslov da ja delime so tebe guska

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пет Јун 11 2010, 16:39

Учениците

Има десет вида ученици: добри и лоши, болникави и потпикувачи, ревносни и безволни, брзи и бавни, бунтовни и конзервативни. Сите видови се проблематични.

1. ДОБРИ. Проблем: Слушаат што зборувате, знаат што треба да прават и го завршуваат тоа премногу брзо. Постојано се гладни за нови знаења, никако да ги задоволите и затоа се чувствувате виновни и неспособни. Решение: Кажете им за замолчат и да помислат малку на другите на кои Господ им дал помалку и уште не знаат како да започнат, а камо ли да ја завршат задачата. Така, барем накратко, Тие ќе се почувствуваат непријатно.
2. ЛОШИ. Проблем: Не можат да се сконцентрираат, не можат да седат мирно, не можат да ја сработат зададената задача, не можат да молчат, не можат да ги делат работите со другите, не можат да ги остават другите на раат. Решение: Не смеете да применувате ни физичка сила ниту психичко малтретирање, па затоа, мора да примените некоја итроштина (да не речам подлост) за да се отарасите од таквите ученици. Ако побарате да се казнат или отстранат, има да чекате на неизвесната одлука со недели затоа што ќе се водат долги и мачни состаноци на кои работата ќе ја тенчат Директорот, Советот на родители и Управниот одбор. Еве што можете да сторите: Секогаш, уште од вратата на наставничката канцеларија, гласно и на долго и широко, жалете се на однесувањето и успехот на тоа дете; наскоро некој самобендисан колега ќе реагира: „Чудно, јас никогаш немам такви проблеми“ Супер! Искористете ја вообразеноста на колегата и неговата наводна способност да излезе на крај со проблематични ученици, па би требало за неколку недели да се издејствува префрлување на ученикот во негова паралелка.
3. БОЛНИКАВИ. Проблем: Постојано криват, киваат, кашлаат, повраќаат, и се` нешто им фали. Решение: Пратете ги кај служителот со белешка да ги однесе кај педагогот. Таму ќе чекаат на ред со белјаџиите, кои во меѓувреме од здодевност ќе им го загорчат малку денот на болникавите, кои следниот пат ќе размислат двапати дали нешто ги боли. Оваа тактика се вика Модификација на однесувањето и е многу применувана од страна на училишните психолози.
4. ПОТПИКУВАЧИ (УЛИЗИЦИ). Проблем: Постојано некого поткажуваат, се мавтаат низ училиштето по часовите, сакаат да ви помогнат, се потпирааат на вас или ве фаќаат под рака, ве прашуваат лични прашања. Решение: Немојте да ги бркате од себе: одбивноста која тие ја чувствуваат кон вас е поголема од онаа што вие ја чувствувате кон нив. Кога ќе дојдат да „отчукаат“ некое дете, кажете им сето тоа да го запишат и потенцирајте дека тоа е многу важно. Кажете им дека изјавата мора да се поднесе до Директорот. Кога ќе запишат се`, набројте им ги сите правописни и граматички грешки и кажете им да го препишат убаво. Оваа тактика се вика Детето во фокусот на образовниот и воспитниот процес и неа училишните психолози исто така често ја применуванаат. Најголемата придобивка на овој пристап е што детето најверојатно ќе се откаже од тоа што го наумило. Кога овие деца се бесат на вас и се потпираат тргнете се нагло, да ропнат на земи. Така ќе им помогнете брзо да се одвикнат од тоа. Ако пак постојано блеат по вас за да ви помогнат, дајте им некоја невозможна задача. Не се секирајте, ниеден метод не е доволно суров за нив.
5. РЕВНОСНИ. Проблем: Се` што прават е со премногу жар и ентузијазам. Почнуваат со работа уште пред да стекнат блага претстава што треба да работат оти вие се`уште не сте објасниле ни половина од задачата. Секогаш тие се тие што сакаат да ја избришат таблата, да прават училиштен весник, да организираат претстава, да одите во групна посета на места што воопшто не ви се допаѓаат. Решение: Кажете „Добро“ за се` што ќе предложат, но немојте да мрднете ни со прст за тоа да се оствари. Благодарение на вашата суптилност, овие ученици наскоро ќе ги надминат своите илузии и ќе станат исто толку безживотни како и сите други на кои им предавате.


Последната промена е направена од dalas2no на Сре Ное 24 2010, 10:49. Мислењето е променето 2 пати.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Кидман on Пет Јун 11 2010, 16:49

dalas2no напиша::tavce: pod uslov da ja delime so tebe guska

важи ма, ама и салцево после да го делиме по пола

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пет Јун 11 2010, 17:49

6. БЕЗВОЛНИ. Проблем: На овие ученици ништо не им се прави. Не им се иде на училиште, не им се вади учебникот од торбата, не им се чита, не им се бара пенкало, не им се пишува, не им се мисли, не им се зборува, не им се игра, не им се оди на излет, ... Решение: Искористете ја нивната апатичност. Кога задавате задачи, напомнете дека „оваа задача е премногу тешка/опасна/лесна/бескорисна за тебе и ти немој да ја работиш“. Наскоро толку ќе заличат на жители на дом за стари и изнемоштени лица, па и таа „пргавост“ што ја покажувале ќе ја снема. Решен проблем.
7. БРЗИ. Проблем: Овие деца уште на 6 години читаат, множат, зборуваат француски, прават бомбици од толчени ореви и бисквити, знаат да користат микроскоп, разговараат за демократијата во Зимбабве и мобилниот им ѕвони со музиката од филмот „Супермен“. Решение: Сигурно потекнуваат од средната класа, родителите им се веројатно наставници (со комплекс дека не успеале во животот). Под итно треба да ослободите од ваквите деца. Еве еден начин: Повикајте ги родителите. Првин со восхит до небо фалете ги нивните деца колку се бистри, интелигентни, напредни, надарени, итн., а потем со тага и во доверба додадете дека во ова училиште нивните деца само ќе тапкаат во место, а тоа би била ненадоместива штета затоа што ќе ги осакати за цел живот.
8. БАВНИ. Проблем: Со нив, никако да поминете на следната задача: ниту таблата можете да ја избришете („чекајте, не сме готови“), ниту нова страница да свртите ( „како беше одговорот на последното прашање?“). Решение: Кога веќе сте се ослободиле од белјаџиите и од учениците кои пребрзо учат, и плус сте ги смириле безволните, немојте сега да правите проблем од бавните. Бавните не се проблем.
9. БУНТОВНИ. Проблем: Постојано сакаат промени - нови предмети, нови методи, нешто револуционерно. Тие секогаш слушнале дека другите класови, другите училишта правеле ова или она: „Зошто и ние немаме аквариум во училницата/училишен минибус/јапонска градина во училишниот двор/екскурзија до Венеција?“ Решение: Ако толку запнале да креваат револуција, возвратете на соодветен начин. Оптегнете некоја беседа за пазарните сили или исплатливоста на промашените инвестиции. Само така се излегува на крај со бунтовниците.
10. КОНЗЕРВАТИВНИ. Проблем: Сакаат да го вратат времето еден или два века наназад. За разлика од Бунтовните ученици кои постојано негодуваат „А зошто и ние да не го правиме ова-она?“ (Синдромот на алчниот револуционер) Конзервативните секогаш велат „А зошто вие не ... (Синдромот на мрзливиот слуга)... ни` задавате некоја тешка задача/не користите прачка за дисциплина/не проверувате дали сме ја напишале домашната/не не` терате да носиме училишни униформи?“ Решение: Укажете им дека нивните вистински непријатели се Револуционерните бунтовници и молете се меѓусебно да се испотепаат на големиот одмор – се разбира, доколку вие не сте дежурни и одговорни за редот и мирот во школото тој ден.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пет Јун 11 2010, 20:07

Кидман напиша:
dalas2no напиша::tavce: pod uslov da ja delime so tebe guska

важи ма, ама и салцево после да го делиме по пола

paga smea јас тебе од моето, ти мене од твоето zenska prskalica

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Нед Јун 13 2010, 21:54

Одржување дисциплина

Веројатно претходно изнесеното ви изгледа како прилично розова слика на животот во училиштето, и не кажува доволно за притисокот под кој е секој наставник додека ги врши своите работни задачи.

Еве неколку работи што секој наставник мора да ги има на ум:

Наставникот мора:
1. за училницата и се` што е во неа да вели „мое“ – мои книги, мој радијатор, моја креда, мои светилки, скршената рачка на мојот прозорец. Децата знаат дека ова не е вистина, а некои дури и ќе се спротивстават. Но сепак, тие, како и животните, ги почитуваат оние кои јасно ја обележуваат својата територија и што е нивно.
2. да влегува на час бучно и изнервирано. Кавгаџиите и фалбаџиите ќе бидат импресионирани, а плашливите деца моментално ќе паднат во несвест.
3. често да им кажува на децата долги бескорисни и неразбирливи информации кои на некој начин се однесуваат на нив. На пример, земете го дневникот и речете:„Овде гледам дека твојот перцентилен ранг на редовност, Маре/Стојане/Ајше, е за 2,4 бода под тековниот просек на ниво на клас.“ Учениците ќе бидат мирни, бидејќи нема да разбираат што значи тоа и ќе се прашуваат дали тоа што го кажавте е добра или лоша вест.
4. одвреме-навреме да се преправа дека го пресекува силна болка. Ова веднаш ќе ги смири ушениците и ќе им го расипе расположението. Исто така, наставникот треба често, долго и во детали да ги опишува симптомите што ги чувствува. Децата обожаваат симптоми.
5. да најде некој поголем привезок и да наниже на него што е можно повеќе клучеви, да мавта со клучевите и да треска со нив по катедрата. Децата обожаваат клучеви.

Наставникот никогаш не смее:

1. да носи патики кои чинат помалку од 100 евра, затоа што ќе ја изгуби сета почит во очите на учениците.
2. да се меша во ништо што има било каква врска со Суд за човековите права или, не дај боже, некој инцидент во училиштето.
3. да ги третира сите ученици подеднакво. Како прво, тие и онака знаат дека тоа не е возможно и дека се преправ; второ, наставникот треба да одбере еден или двајца кон кои ќе покажува одвратност – ова ќе дејствува превентивно за повеќето потенцијални белјаџии.
4. да се заканува дека ќе ги задржи учениците по часовите. Децата знаат дека нема шанси за таа плата наставникот да остане прекувремено по своја волја.
5. да ги тера децата да бидат тивки кога гледаат заедно некое видео, кога се на театар или концерт. Во денешно време никој не е тивок кога гледа ТВ, видео, кога е во театар или на концерт.

На крај, уште неколку фрази кои ќе ви користат на час: „Ти момче што седиш лево во четврта клупа покрај прозорецот, донеси ми ...“/„Ученици, сакате ли да видите една навистина катастрофална писмена работа?“/„Вие сте премногу мали за да се сеќавате што му се случи на еден Даре кога сакаше да ...“/„Па, се случи токму тоа што ви реков дека ќе се случи...“/„И, Петре? Уште ништо, а? ...“

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Кидман on Нед Јун 13 2010, 22:34

оооууу..... јееаааа.....



Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by zbunet on Пон Окт 04 2010, 12:30

Што е министерство за култура ? Министерство без ресор.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Александра on Пон Окт 04 2010, 23:56


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Тото on Вто Окт 05 2010, 22:55


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by zbunet on Сре Фед 02 2011, 17:55

Што е интелектуалец? Личност со повеќе образование од интелигенција

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by keti on Вто Aвг 23 2011, 18:28

Насловот на темата е Дилетански водич низ образованието во Британија...Јас не сум била никогаш во Британија и не знам какво им е образованието...но, децата и младите знам сигурно дека се како и нашите и тие повеќе ја сакаат практиката отколку теоријата...а во образованието многу повеќе има теорија отколку практика... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дилетантски водич низ образованието

Пишување by Sponsored content Today at 16:07


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот