ПРОЗА

Страна 1 of 9 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Сеп 02 2009, 20:30



Последната промена е направена од zbunet на Сре Сеп 30 2009, 15:00. Мислењето е променето 3 пати.

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by ?????? on Пет Сеп 04 2009, 19:43

ДОМ

Нозете, завиени во прав, ми тежат и уморни се од талкањево по тесниве и непознати улички. Крадешкум застанувам под секој прозорец кој ме мами да sирнам, да погледам да не е таму, она моето…одамна загубеното…

Не! Внатре нема ништо мое, се е напознато и туѓо.

Застанувам под секоја придушена светилка, со засолзени очи, што од замор, што од тага, го кревам погледот и сем брзата, нервозна игра на мушичките не препознавам ништо… и тука нема ништо мое.

Можеби очите не можат, но носот ке може, ке го открие она моето…одамна загубеното…

Од порта на порта, тивко, незабележително вдишувам за да го почувствувам мирисот на јасминот кој престана да цвета во мојата градина, по кој толку многу тажам и се обидувам да го воскреснам за повторно да живеам.

Не! Повторно се е туѓо, туѓи мириси, непознати.

Продолжувам, но веке не знам каде и не знам како да го најдам она моето…одамна загубеното…

Сетилата не помагаат, можеби и не можат, но срцево силно ми чука, не ме издава.

Не, не губам надеж!

Одеднаш небото се отвара, силни грмотевици ја парчосуваат тишината, молњите ми го осветлуваат патот, се истура благодет.

Лие по мене, ја измива правта од моите нозе, го мие заморот од моите очи, ме полни со свежина и ми дава сила. Повторно сум онаа истата, како на почетокот на патот, повторно сум Јас.

Сега е мирно. Се е чисто и јасно.

На небото звезда чијашто светлина ме мами.

Очите ми се широко отворени, срцето заигрува во ритамот на космосот, душата те впива…Tе препознавам.

Го наоѓам она моето…одамна загубеното…


Го наоѓам мојот ДОМ!

…јасминот повторно цвета во мојата градина!

??????
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Фрагмент од една приказна

Пишување by zbunet on Саб Сеп 05 2009, 12:26

...не одговори, само ме раскопча и почна да минува прегладнето со усните по моето тело, ѕвездички заискрија пред моите очи, премногу бев напнат. „ Хм “, си реков насмеан : „ Вака постојано нека ме казнува “.
Ми ја фрли кошулата на задните седишта р’жејќи и гризејќи; не обрнуваше внимание на мојата веќе скиселена пот ; шепкаше дека секогаш сум бил вкусен; бело знаме на предавање ми се јави во мислите, панталоните ми беа откопчани, а “тој “ веќе се исправаше во нејзините раце тегнејќи се како мачор кој видел невнимателен врабец. Пулсираше на бледата светлина од месечината пумпајќи се’ поголеми количини крв; дури почувствував болка од прекумерна затегнатост надраснувајќи ги нејзините дланки кои го милуваа, ми се чинеше дека ќе запее, борбен марш ми засвири во мислите.
Гладните усни го заклопија, а нејзниот јазик веќе минуваше влажејќи го и наговестувајќи го морето кое ќе наиде, зашиштив низ забите нурнувајќи ги прстите во нејзината коса. Крвта ми биеше насекаде низ телото, неконтролирано и’ ја притискав главата, се побуни мумлајќи, не можејќи целиот да го внесе во нејзината усна шуплина...слатки шуплини ; моето животинче предеше како мачор, како да е дома; низ стаклото се гледаа само облаци.
Ги одвои влажните усни и со јазикот го поздрави врвот од набрекнатото сврдло кое штрчеше нападно и наметливо на средината од моето тело. Без најава стана од нејзиното седиште, го задигна краткото здолниште од каде блесна нејзиниот тазе издепилиран венерин брег, ги рашчекори нозете и наеднаш силовито го наседна моето сврдло.
Влезе лесно и без никаков застој ; како да сум рипнал до висока карпа во длабочините на морето, сите сетила наеднаш еруптираа, застенкавме истовремено. Додека се прилагодивме еден на друг, почна со спори кружни движења со намера подобро да навлезе; ниеден дел да не остане надвор, ја помагав стискајќи и‘ ги газињата и набивајќи ја додека да навлезе до она место каде никој не бил ; се изненади, го откри низот од бисерните заби заедно со задоволната насмевка, ми возврати со подивени бакнувања и гризнувања низ моето лице и врат. Настана диво родео, а моите усни ги шмукаа нејзините дојки неуморно, се држеше цврсто како и нејзините набрекнати брадавици, а возилото се нишаше како брод на немирно море. Почна да подизлегува и повторно да се враќа набивајќи се со гласен плесок, се побрзо,...не се заморуваше, никогаш не се заморуваше ( отсекогаш велеше дека силата ја црпи од мене ). Почна да се грчи, залепувајќи се’ поцврсто до моето тело, го забрзав темпото се додека не’ крикна гласно, а сите мускули и беа затегнати.Забрзав колку можев повеќе мрдајќи со колковите под неа и притискајќи и одбивајќи; почна неразбирливо да зборува меѓу криците... го обожавав тој дел и никогаш не престанував додека ме молеше да застанам бар за кратко да земе здив.
Целодневната напнатост си го стори своето ; додека се набиваше и припиваше се посилно до мене, мравките почнаа да ме лазат и голицаат низ целото тело. Во мислите ги бркав велејќи им дека има уште има време за уживање, но тие се множеа се’ повеќе лазејќи низ секое место и не знаеа да престанат. Некоја сирена ми засвири додека се концентрираа кон средишниот дел од моето тело; таа го почувствува тоа и ги засили своите движења и смешкајќи се се’ отвори како правосмукалка. „ Не, не сега, уште малку“, си велев додека струјата ме земаше се посилно носејќи ме без можност да се задржам ни за миг зошто го почувствував нејзиниот вулкан како почнува да еруптира . Не можев да го сопрам приближувањето кон водопадот, а таа раширена го чекаше мојот пад. Споро паѓав со неконтролирани крици кои се споија со нејзините додека ја тресеа оргазмични грчеви како и нејзината гладна утроба за белузлавиот еликсир, се цедев како лимун додека неконтролирано загризував по нејзините дојки. „ Душиче мое “ , прошепоти и скоро да не го почувствував боцнувањето од иглата во вратот.
- Што направи мило ? Се затрлав со прстите по вратот и изненадено ја погледнав додека сеуште седната врз мене ме гледаше со шприцот во десната рака од чија игла се сливаше последната капка која беше намената за мојата вратна вена која почна да пулсира за да наиде бран од жарење и печење низ целото тело.
- Ништо страшно миличок, само специјален отров кој се активира по три дена и кога ќе умираш во агонија.
Ја грабнав за врат, не се бранеше дури и го подисправи да ја фатам полесно „ Те сакам и не те давам “, проговори пред да почне да гргори од стисокот. Не симнувајќи го погледот од моите очи ме галеше по косата. Движењето на нејзината рака почна да се успорува заедно со плавилото кое почна да го освојува нејзиното лице.
Ја пуштив и ја турнав силно на возачкото седиште. Се згрчи кашлајќи додека се обидуваше да земе воздух, се поднамести на седиштето и со челото се потпре на воланот дишејќи длабоко. Со другата рака по неколку обиди ја отвори вратата и се струполи на земјата. Излегов од возилото со пиштолот во едната рака, а со другата сеуште се трлав по вратот. Поради раскопчаните панталони се сопнав и паднав до неа , некој камен го пречека мојот нос. Се виткавме во прашината како црви и лелекавме, ноќните птици замолкнаа, а месечината не’ осветлуваше како на бина.
- Противотров, има ли ? – ржев на колена како куче со вперениот пиштол во нејзината глава иако знаев дека изгледам смешно, не ја ни забелажуваше цевката створена да блуе олово и раскинува месо.
- Нема да биде штетен...ако доаѓаш кај мене на секој трет ден за противотров кој мора да се прима во мали дози, а лечењето трае една година, не можеш наеднаш да се ослободиш од него и тешко дека ќе го најдеш на друго место серумот...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Сеп 12 2009, 08:38

... момент на цврста решеност која доаѓа во ретки моменти на јасност на ситуацијата. Проблемот е што доаѓа во моменти на опиеност од слатки грчеви така да целата ситуација делува несериозно и дека постоиме за сосем друга цел која ја користима како утешна награда за нашите настојувања иако знаеме дека не нуди ништо посебно, нешто што лесно се заборава обвиена со маглата на сличните доживувања кои со текот на времето лесно се споредуваат.
Маса со превртени шољи од кафе, погледи испитувачки, повторени прашања по кој знае кој пат, планови со многу празнини и крадешкум поглед кон небото колку да го сокриеме нашето суеверие, дека сме во тек со модерните збиднувања...нема аудиториум кој би го одобрил нашето постоење, ни’ преостанува да уживаме во неговото незнаење и рамнодушност.
Тука има вакум простор, никој не знае што се случува тука, никој нема да прибележи, затоа е тука нашето постоење валидно, реално колку може да пружи една нереалност. Нашето вродено настојување да оставиме белег на времето, да загребеме по ѕидот на историјата за некој во иднина да рече дека сме биле нешто посебно, а потоа ја затвори книгата загледувајќи се во својата споредена смртност каде ќе го зароби стравот од столбот на срамот на кој би можеле да го приковаат неговите потомци.
Имаме нешто што во реалност немаме, настојуваме да ја пренесеме љубовта во вистината која други ни’ ја пласираат, за да ни ја загадат до толку да се чудиме каде исчезнала додека меѓусебно се обвинуваме, а никако да ни’ стане јасно дека не може да влезе во постоечките рамки каде љубовта кон опстанокот на видливите факти е ненадминлива.
Само прегрни ме и не ме прашувај, не сум толку моќен да одговорам додека се губам во механизмите на постоењата. Се сакаме на непризнаен начин уживајќи на маргините, па што ? И нашиот сончев систем е на маргините на Млечниот пат...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Сеп 13 2009, 10:52

... кога велам дека огледало си, замисли на што мислам кога ќе застанам помеѓу тебе и обично огледало. Во прв момент не ти е јасно на што мислам, но кога ќе се повлечам и две огледала се суочат бескрајно пресликувајќи се, сваќаш дека си една од димензиите во која постоиме и која го содржи бескрајниот низ на паралели на љубовта. Можам на различни начини да те сакам, секој ќе го прифатиш, а јас само ти помогнав да сватиш која си повлекувајќи ја црната марама со која беше прекриено огледалото мислејќи дека надежта ја нема веќе закопувајќи ја длабоко во себе прекриена со правот на заборавот. Ништо не направив да те менувам, кожурецот сам испадна, блескаво суштество се појави, не можеше да се разбереш, огледалото молкум ти објасни.
Те најдов додека маката ме безмилосно ме гонеше со својот камшик кон слепи улички, болката ми створи сила да го одбегнам следниот удар и се појавам пред тебе препознавајќи те. Се сокрив зад тебе, маката зловолно зашишти беспомошно повлекувајќи се со своите змиолики камшици, не ми можеше ништо повеќе.
Понекогаш во далечина ја гледаме маката додека со своите камшици гони очајни толпи кон некоја провалија газејќи преку расфрлани и распарчени огледала кои ги расекуваат нивните боси нозе, бараат помош, но не веруваат.
Се’ што се случува е само патоказ, маката е само строг учител кој ни’ остава лузни за да запаметиме зошто подарокот најмалку се цени, а уште помалку заемот...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Вкусот на слободата

Пишување by zbunet on Сре Сеп 23 2009, 10:00

Некаде на некое место има извор. Никој не знае каде се наоѓа...некогаш некои знаеа, никој не знае кои биле тие.
Велат дека од изворот блика свежа вода која е толку чиста и проѕирна да
на прв поглед изгледа дека нема воопшто вода, а како ретко кој има
време и желба за втор поглед за да ги забележи бар движењата на водата,
можеби и затоа никој не ја забележува. Понекоја, налик на мала риба ќе
проструи низ водата, но и тие тешко може да се забележат затоа што се
проѕирни, но тие воопшто не се риби туку неродени делови од души кои
засекогаш останале такви.
Тој извор и не е така непосетен како се чини. Повремено наминуваат
луѓе, но не го препознаваат како посебен бидејќи е потребен подолг
поглед. Не знаејќи како, покрај него минуваат само несреќни луѓе заради
разни причини. Се зачудуваат кога ќе ја пробаат, бидејќи е толку чиста,
но сепак има вкус. Тој вкус не е непријатен, но ретко на кој му се
допаѓа бидејќи е навикнат водата да нема вкус. Ни оваа вода не би имала
вкус, да не беа душите во неа кои постоеа само да ги пополнат
празнините на веќе постоечките души. Откако ќе ја вкусат како случајно
им се појавува мисла какви би биле нивните животи доколку решат да
живеат поинаку од досегашниот начин, да живеат како што им налага
душата и да бидат слободни. Таа мисла најчесто ги престрашува и како им
е чуден вкусот на водата, најчесто заминуваат кон оние места на кои
биле навикнати заборавајќи ја...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Сеп 29 2009, 13:43

...иако си морска сирена, не ми е тешко да се носам со тебе. Иако знаеш да ме повлечеш во длабочините за кои не може ни да се раскажува, те изненадувам зошто знам дека воздухот не е неопходен, зошто знам дека ти си, ни ти не знаеше. Ти докажав дека се’ друго постои заради тебе, не беше тешко, видливо беше зошто сакав да видам. Еден поглед ми беше доволен и ниедна далечина не можеше да ја сокрие твојата длабочина. Ние сме едно и единствено, задоволни меѓу потонатите работи кои некогаш постоеле заради другите, а сега постоиме заради нас и не се сомневаме дека сме излезени од сенката на светот.
Покрај потоната Атлантида минуваме, како обично нешто ја гледаме, но изразите наши се менуваат кога ќе се погледнеме, четри пламена видливи во морските длабочини надалеку, на зборови човечки заборавивме, само сме тела и дела, повеќе и полесно се изразуваме.
Секоја наша клетка од љубов е допрена, овековечена на дното да гори, а кога на површина ќе излеземе ѕвездена патека нови длабочини ни‘ нуди. Те прегрнувам и имам повеќе од било кој свет што може да понуди.
Цел свет ми е понуден, твојот свет, во него живеам, го додавам и мојот, тој сега е огромен со неограничени простори, но ние сме јавачи на мисли, секогаш сме близу,секогаш на иста мисла се ноѓаме...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by fragola on Пон Окт 05 2009, 23:21

Nekakva promena zabelezuvam...sepak,ostava bez zdiv!

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Окт 07 2009, 14:46

... во секоја наредна мисла се појавуваш, не знам за понапредна, се’ почнува и завршува со тебе. Ти си единствената цел заради која постојам, порано мислев така, сега сум сигурен. Го најдов крајот на светот, онаму каде завршува виножитото, онаму каде си секогаш очекувајќи да ме видиш меѓу крилата на белот коњ додека долетувам. Иако ветерот фучи ги слушам отчукувањата на твоето срце, твојот топол здив се меша во просторот и доаѓа до мене. Отсекогаш велеа дека богатство има онаму каде се краевите на виножитото, го бранат подземни Тролови, така и беше, ги поразив иако многу скелети сведочеа за нивните порази да ме обесхрабрат. Виножитото немаше краеви, се спојуваше длабоко во утробата на земјата, во поинаков и недопрен свет каде има и море и плажа покрај која шеташе, а над тебе облаци од испарувања на благонаклони вулкани кои се издигаа како ридови носејќи пријатна топлина.
Твојот повик беше неодолив, потонав во длабочините на земјата и не се плашев, јасна ми беше наградата.
Сега троловите ми мафтаат, ги отпоздравувам расеано додека со еднорогот навлегувам во огромните пештери, гледам кон фигурата која ме очекува зад која се наѕира подземното море и ме потсеќа на моменти кои брзам да ги повторам. Ме скокотка во стомакот, се смеам, а ти знаеш кои моменти ќе ги повторам...
Се симнав од крилатиот коњ и му кажав дека е слободен, ти климна со главата, нема веќе враќање...за мене нема друго место никогаш повеќе...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Окт 10 2009, 17:59

... понекогаш те гледам како да не можам да те допрам. Те гледам како шеташ низ облаците кои се спуштиле заради тебе, за потоа да те издигнат. Понекогаш не можам да те достигнам иако се сомневаш, иако не ми е секогаш јасно како успеав да те залажам дека сум достоен за твоите сваќања.
Понекогаш си сокол кој долго лета со раширени крилја, испушташ звук додека ме довикуваш, и од таа висина секоја моја мисла на лицето ми ја читаш и се устремуваш кон мене како кон плен заради одреден израз кој те предизвикува, секогаш не можам да сватам која е таа мисловна намера која ме издава.
Понекогаш си волчица која мирисот мој го прати и секогаш ветарот послушно те води кон мене, се откажав од секакво сокривање, трпеливо те чекам и дури и до 30 минути, секаде ме наоѓаш.
Кога ќе ме опколат диви ѕверки, ме тешиш дека таква им е природата и како такви треба да ги сватам, немаш желба да ги сотреш, ме имаш мене и тоа ти е доволно, зар сум јас најголемата дива ѕверка ?
Ми се предаваш целосно и така добивам крила да постојам, но аголот ми е чуден, се преправам дека тука припаѓам, велиш дека знаеш нешто што сум заборавил за мене и затоа сум избран меѓу многуте црви кои лазат по земјата, велиш дека никогаш не сум бил црв, дека само така ме убедиле...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Окт 19 2009, 02:16

... да го сакам животот толку тешко беше , а веќе ги оживеа сите мртви делови од мене. Темнината намуртено зафрчи и се одалечи од нас, одамна ја немам видено, моите зеници заборавиле на напрегање, се е јасно и продорно.
Моите раце го имаат обликот на твоето тело, секој дел се прилепува за вистинското место, моите усни нестрпливо треперат во твоја близина, ме потсетуваат на ждребец кој сака да претрчува низ секој твој дел. Не распознавам мириси на цвеќиња, но твојот надалеку го насетувам, знам како мириса рајската градина, знам каков вкус имаат плодовите кои натежнуваат кон мене, како намерно тоа да го прават.
Цела вечност ќе биде потребна да дознаам се’ за тебе, доволно да заборавам на себе и сите мисли да ти припаднат тебе. Немам веќе мисли кои припаѓаат на нешто друго, ги споредувам буквите од твоето име со се’ што научив, колку ли бледи знаења беа тие кои би ги заменил за бар минута претходна од таа кога се спознавме.
Морав да созреам, често ми велат тие додека се враќаат кон восхитувањето на твоето постоење, иако мислите мислев дека се само мои, среќен сум додека ги гледам како се одалечуваат од мене...

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Тото on Пон Окт 19 2009, 23:23

Таа мојта ного саке такви состави, ама ако гу препишум уд спајдермен, одман ки знае оти не е уд мене.
Ја, и јас така ја усекјум неа, ама не знам така да гу кажум

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by trpe on Вто Окт 20 2009, 01:59

Отсекојпат сум им завидувал на оние кои што умеат убаво да пишуваат и да се изразуваат. Јас ја немем таа способност и тоа го сметам за голем минус кај мене, но барем се тешам со тоа што знам да го препознаам и да го ценам убавиот збор.
Сега ќе се послужам од самопослугата за смешковци за да искажам едно големо „БРАВО“

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Саб Окт 24 2009, 14:49

... се сеќавам на првото будење во сонот на заспаната реалност.
Гледам како се бакнувавме и се држевме за раце крај некоја плажа на
зајдисонце додека полната месечина се појавува од другата страна. Ние
на сред денот и ноќта, како не бина, за прв пат сами бевме. Се сеќавам на желбата исполнета во тој миг, само ние бевме една единствена во преплетот на прегратките и воздишките.
Од тој свет потекнувам, не забележа, не ти беше важно каде сме, мислеше дека сонуваш, управував со сонот затоа што ми дозволи не плашејќи се да се разоткриеш. Те отворив како жена за да немаш дилеми, со леснотија го освои мојот свет, не забележа колку си моќна, само продолжи да ме бакнуваш правејќи ме кршлив.
Се’ што имав и знаев во прегратки го имаше, не се плашев да се загубам, ионака за мене немаше враќање. Самотијата може да се исполни со вредни сеќавања поживи од секоја реалност, немаше што да загубам. Стана кралица на моите соништа само заради тоа што ми се предаде целосно без ниедна сокриена мисла или збор, станав само зрнце песок кое внимателно го чуваше.
Сеуште сме во сонот без намера да се разбудиме во заспаната реалност каде љубовта е заменета со обврска која би можела да послужи како доказ пред некој заспан суд ...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Пон Окт 26 2009, 23:37

Сега е ноќ на една смрт. Како да го слушам косачот како шушти со неговата одежда, како зад мене да стои и ѕирка преку мене. Не може да се приближи поблиску, сеуште му сметам да види јасно.
На дното од кафезот склупчано топче од тиркизно плави пердуви, никогаш не ја загубија својата јасност и чесност на постоење. Боите се преливаат додека ми праќаат слика која неизбежно ќе ја запаметам. Во меѓувреме ми поминуваат слики од некои среќни времиња, додека болеста беше далеку од нас. Никој не умееше толку насмевки да ми измами, тие имитираат на шарматен начин, овој посебно, беше надарен, имаше свој карактер, но беше и “јас“ во птичја форма. Така се засакав преку него.
Сега има само топче од пердуви на дното од отворениот кафез кој ионака ретко се затвараше. Тоа топче сеуште дише, се напрега окото да го отвори кога ќе го насети моето присаство, ништо повеќе нема да биде како што беше, бар за мојата дупка во душата која ќе се отвори, нема да има утеха, само животот ќе си остане проклет каков и си беше отсекогаш.
Тој сега умира, веќе е целосно легнат на едната страна, понекој пердув мрда за да ги означи неговите присилни стремежи кон последниот здив. Косачот не ми зборува, само знам дека е тука, во еден сон го презирав, тој како да беше за прв пат зачуден, знае дека немам поинакво мислење за него ни сега.
Косачот молкум ја заврши работата минувајќи низ мене, некоја ладнотија ми помина низ душата и допре до кафезот. Папагалчето ги рашири крилата со стакласт поглед пред себе, загреба со каџите и се смири...засекогаш.
Секогаш мртвите во сонот ги испраќам, ноќеска ќе биде тој сон, секогаш било така, не се сомневам. Првата ноќ од смртта и првиот сон секогаш се поврзани, не знам зошто е така, но никогаш не било поинаку.
На некој начин тој беше и “јас“, на некој начин и еден дел од мене умре...размислувам за мртвите...во оваа ноќ тие ми се најблиски...

26.10.2009 21:45



Последната промена е направена од zbunet на Вто Окт 27 2009, 10:05. Мислењето е променето 1 пати

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by ?????? on Вто Окт 27 2009, 09:20

ооооооо.......

??????
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Ное 04 2009, 16:56

...ми приоѓаш нежно и тивко, која жртва и да ја побараш, за неа спремен
сум додека се посилно ме допира твојот поглед кој се приближува. Сетила
во ерупција, црвената наежена кожа е надмината, сега сум факел.
Ми поминува смешна мисла дека на истото место секогаш паркетот ми крцка, тебе никогаш: „Е тоа е женственост ! “
Слухот не помага многу додека се приближуваш, ниту промена во воздухот
не се случува додека зад тебе бесшумно вратата се затвара. Само милион
скокотливи боцки од стомакот до рамената ми шетаат, за потоа рацете
стишано да ми отрпнат додека наидува бура низ вените, ми минува смешна
мисла дека и мртви негодуваат кога јас ја затворам вратата.
Ја оставаш чантата, ги шириш рацете и сето тоа во еден шум претопен со
твојата насмеана воздишка низ заводливи усни од кои изледува воздушест
шепот:„ Најпосле си мој ! “. „ Е тоа е женственост! “, наместо моето
трупкање како разулавен бик додека зад мене сеуште се слуша тркалањето
на чевлите шутнати низ ходникот и шушкање на паднато палто кое ја
промашила закачалката од кое истрчуваат како глувци клучеви и некои
ситни пари од џеповите. Тресната врата зад мене која те праплашува
немајќи време да се повратиш од шокот додека ти рипам во прегратка
напаѓајќи ги веднаш познатите скокотливи места со моите излигавени и
нестрпливи усни...
А ти тоа го правиш како да си дел од мене, се прилепуваш полека
освојувајќи го секој дел од моите бранети подрачја кои веднаш
предавнички го истакнуваат бело знаме за предавство - ни три пара темни
наочари не можат да ми помогнат бар да изгрувам воздржаност макар и на
кратко: „ Е тоа е женственост ! “...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Ное 10 2009, 02:46

... ликовите кои изгледаат осамени имаат најдобри приказни додека ја бараат свеќата за да тргнат кон среќата. Такви беа и нашите додека се храневме со тага, се навикнавме, немаше подобар избор. Тогаш бевме свои не делејќи со никого, тие што беа со нас, беа на некое друго место.
Дали доживувавме оргазми ? Познато ни’ беше тоа чувство како кога устата ќе ја наполниш со снег и чекаш да се растопи за да можеш да ја пиеш водата. Се тешевме дека само невротичните се гладни за пријатели, дека пријателството е преценето, а љубовта само бајка со која се успивавме. Тоа беа големи молитви за мали чуда, а некои цимолеа за изгубени љубови, но ние бевме надмоќни затоа што знаевме дека е мртва како во некоја сообраќајка. Сакавме само да бидеме мистериозни, бар на првата средба, мразевме секс со полни стомаци, секогаш го прескокнувавме главното јадење, непотребна предигра за недозреани, ние немавме време, возрасните секогаш го немаат.
Верувавме дека сме квалитетни глумци соживеани со улогата, не сакавме да помислиме дека сме само експериметални глувци. Кога кажувавме за себе внимававме да не не’ чуе никој на тој начин што кажувавме многу, а навистина не кажувавме ништо. Душите ги претворивме во пари, само разгледувавме, не трошевме многу, само се штедевме, не можевме да се преболиме.
Во вообичаено време застанувавме во излог со цена закачена за нас, се купивме по вообичаена тарифа за сезонска распродажба.
По некое време кога рокот кој ни’ го предвидоа измина, кога останавме без гаранција, станавме чудни како колачиња без вештачки засладувачи...продолживме да се држиме за раце без цена закачена за нас.
Ако нешто не може да се купи престануваат да важат вообичаените правила...продолживме заедно надвор од секоја вообичаена логика од каде започнува слободата...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Нед Ное 22 2009, 12:02

... сила сум, енергија, на повеќе места што се движи, на ниедно место не бев без тебе иако сите патишта водат до тебе, се сеќаваш на силата која не’ спои?
Не побарав ништо од тебе, само ти го дадов клучот од моето срце, спремен бев и да патам, силата ме тешеше и ми даваше верба во тебе, знаеше што е подобро за мене иако не знаев што е тоа сила. И’ одаде почит на твојата моќ која умее да ги избрка сеништата во моите соништа, немаше веќе пусти ноќи со очајни звуци на чкрипења со забите, само успиена спокојна насмевка.
„ Колку е часот ?“... „ Сакаш да ме бакнеш ? “...„ Време е, доста се чекавме “...„ Балавица она моја “...
Со испотени и треперливи дланки допрени додека усните ни’ лачеа лепак, од оној кој поврзува со вкус на мед и хранлив како млеко. Лебот остана за тој ден, расеано го пржевме следното утро додека мислите ни’ раскажуваа мрсни случки кои сеуште не се случиле, црпеа инспирација од оние што се случија.
Шума од мисли низ која одекнуваа наши замислени чекори „ Дали се покажавме во добро светло ? “, посакувајќи да ги видиме мислите едниот на другиот, а сигурноста не се стекнува лесно, времето секогаш ја игра својата игра оставајќи возбудлив простор на незнаење со повремен скаменет грч на залудна мисла. Пецкања додека заоѓа времето заради доловување на вообичаена слика на сигурност, но по тој момент веќе не можевме еден без друг, во нашите истории се појавија провалии, конечно се родивме.
А потоа клупчето се разврза играјќи со него како палави мачиња, се плетеше нашата иднина...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Вто Дек 01 2009, 11:13

... и ова утро ме праша што правам. И ова утро ти кажав дека те сакам, и ова утро мисла ти мина дали тоа го кажувам наместо “ Добро утро “, а зар би било добро утрото ако не те сакам ? Додека лутам низ маглата ми се појавуваат облици од твојот лик, дали сам ги стварам додека замислувам како шетам низ облаци по означен пат кон твоето срце. Зар би те барал меѓу облаци да не те сметав за небесно битие кое ми ги лечи раните кои одамна ќе беа смртоносни заедно со распарченото срце кое го состави ? Моето срце е сега во твоето царство зад седум ридови и планини, го чува змеј кое блуе оган доколку некој и помисли да му се приближи. Пепелта околу змејот е сега опомена за оние кои забрзано заминуваат не помислувајќи да се задржуваат ни со невнимателен поглед кон она што никој не би поверувал дека е толку нежно кое пред тебе беше чувано зад дебел оклоп. Само ти виде дека е напукнат и пред распаѓање кое тежнее да стане како и на другите на кои не им смета да немаат срце. Не дозволи да бидам восочна фигура, ме грабна од рацете на чуварите на музејот, не можеа да ти се спротистават. Да се биде жена без трошка масни машки дамки по душата ? Чиста изворна женственост ? Тоа значи моќ, но немав доблест да ти признаам, но врвот на ридот беше осамен додека завивав и засрамено се симнав додека трпеливо ме чекаше на подножјето. Го сватив тоа како пораз иако ништо не ти значи победата, повторно се засрамив додека сваќав дека победата и поразот се само глупави именки, тие што летаат не се во предност ни најмалку пред оние кои чекорат по земјата, со сигурноста во тоа што се сака не може ништо да се спореди.
Никогаш не бев силен колку сум сега, ми даде сила да сакам, чудата ми се секојдневие. Заборавив на лицето кое го имав за другите, имам лице само за себе и за тебе додека се гледаме осветлени, а се’ останато потонува во темната сенка на обичаите...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Сре Дек 16 2009, 22:09

Posmatrao sam je.

Jutarnji pljusak doveo ju je u zamku prolaza kroz lamelu preko puta moje,

a mene u fazu preranog buđenja.

Izdisao sam ostatke sinoćnjeg zadnjeg piva i smišljao joj ime,

tek toliko da maštoviti dijalog koji sam vodio s njom mislima bude uvjerljiviji.

Prošla je rukom kroz kosu i pokušala sa što više dostojanstva propratiti slobodne prolaznike pod zaštitom kišobrana.

Nisam siguran,

ali mislim da je imala plave oči,

koje inače nisu moj tip...

Bilo je jutro i bila je prva djevojka koju sam vidio tog dana,

tako da valjda nisam imao izbora.

Imala je stav dame,

usput sam joj dodijelio jak karakter i nasumice joj pripisao neiskvarenost,

postala je san.

Nisam je prije vidio,

svjetlost kojom sam je obdario bila je potpuno nova,

mana bi bila totalni kolaps mom pospanom razmišljanju.

Laganim pokretom iz džepa je izvadila kutiju cigareta i nonšalantno zapalila jednu.

Razbudio sam se i zatvorio prozor.

Drolja.

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Сре Дек 30 2009, 15:28

...болките во дебелото месо почнаа да ми сметаат од рапавиот камен на кој бев седнат под знакот за раскрсницата. Ги набљудував мравките како се качуваат по мојот меч, ни тие не знаеа каде да одат, „ Знаењето е моќ “, „Хм,кај мене сигурно нема да го најдат“.
Едната мравка се подигна на задните нозе мафтајќи луто со предните ноџиња : „ Што си ни’ застанал на патот бе бадијалџија еден !“. „ На кого бе бадијалџија, трошко една смотана ! “, му свикав оти уште бубалкава ми фалеше да ми соли памет, „ Тргнав да ја спасам принцезата, ама сега одмарам малку пред да го истепам змејот што ми ја грабна !“. Мравката се почеша со предното ноџе „ А таа даваше отпор кога тој змејот ја грабаше ? Оти како те гледам баш и не си некоја прилика“. „ Гррр ! “, заржав, „ Сега ќе видиш оти се правиш паметен“, го шутнав со средниот прст од раката и се слушна само пискаво „ Сееее...љаа..к едее..н...тинк !“, „ Хихи “ , нешто злобно се процеди низ моите суви усни заедно со остатоци од лигава плунка. Во следниов момент се намрштив „ Се бранеше ? Да де, викна еднаш изненадено, а што може повеќе ? Женско е“.
- Лалала, тралала ... - зајко си трчкаше - Лала, трала...ла - звук од кочење на зајачки шепи и облаче од прашина која ми навлезе право во нос и од која почнав да кивам и никако да го довршам сочното пцуење. Замавнав со раката да ја разбркам прашината со надеж дека ќе го мавнам и безобразниов и дрзок зајко, но само ги допрев волнестите уши додека како молња се појави зад мене.
- Нешто си нервозен бе брат ?
- Губи се од тука, од кај ја на тебе брат, да ти ... тие сленгинзми, све бре тоа сељаци у модерна верзија и шо те боли каков сум ја бе !
- Па ми падна жал оти изгледаш ко да си за жалење - си ги зачешла ушите.
- На кого бе ти, ушлар еден ! - се исправив да види со кого си има работа сокривајќи ја болната гримаса која ми идеше заради крцкањето во половината и едното колено - Сега ќе идам да го истепам змејот оти ми ја зеде принцезата !
Зајакот падна на земја семеејќи се мафтајќи со ножните шепи, се пуштив да го клоцнам, ама ми избега и продолжи да се смее.
- Абе ти не можеш ни баба ми да ја совладаш, а не па змеј ! Слушнав за тоа и ти не свати дека тоа е мајка и’ која си ја одведе ќерката дома оти не те бива - урлаше од смеење тапкајќи со шепите по земјата - Абе ќути, не кажувај, цела шума ќе ти се смее !
Привлечен од галамата слета и стариот сокол - само тој не ме заебаваше. Тажно климна со главата на моето непоставено прашање, но сепак охрабрувачки се насмевна. „ Имам за тебе решение, појди со мене “.
Заминав по соколот, оставајќи го зајко зачуден и незадоволен затоа што не сакавме да го поведеме со нас и да ја задоволиме неговата љубопитност„ Може ќе те носи до провалијата, да го фрлиш прстенот “, и продолжи да се смее, ехото долго не’ пратеше.
По пат стариот сокол ми раскажуваше дека на едно подалечно ридско место има една слепа русокоса девојка која живее сама во куќичка и како скоро му се пожалила дека и’ треба маж. Соколот ја знаеше како мошне трпелива и кротка, а и мене ме познаваше ...
Патот беше долг и макотрпен, но се исплатеше. Кога се вратив со мојата нова сакана, низ шумата им го покажував јазикот на љубопитните погледи, ова ќе трае...знаеа дека ќе трае...така и бидна...па што ако е слепа ? ...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by zbunet on Чет Јан 07 2010, 21:32

...извираш, не се сопираш, заедно со твојота свежина заради која заборавам на тежина и ми се лета. Сепак знам дека без тебе можам само да паднам, премногу сме високо и тоа заради тебе. Никогаш нема да видев со свои очи што има над облаците, никогаш немаше да знам колку можам да те немаше, но тогаш немаше ни да живеам, ќе бев како другите.
Некогаш мислев дека љубам како и другите што мислат, мислев дека некоја ме љуби, милозлива насмевка ми се појавува сеќавајќи се колку многу не знаев. Колку многу ме чека по временската провалија која се протегаше до сегашната иднина, не ни знаев дека е провалија, мислев дека е ливада, а таму имаше дрворед, да, сливи беа.
Ја обожавав сливата заради тоа што го нудеше, мислев дека нема ништо повкусно, мислев дознав се’ што требаше да се дознае топејќи се од нејзините сокови до млитава одземеност како хронично пијанство. По некоја слива шумеше со своите лисја дека сум посебен, но никогаш не го почувствував тоа, кога ќе помислев на некоја-неа нешто во мислите ми чкрипеше како стара врата. Зад вратата се’ погуста пајажина се плетеше, а ниту беше врата за излез, останував осамен додека продолжував да ги голтам сливите без семка.
Зелени беа, доцна се сетив дека само зелени сливи немаат семка, им поверував на другите дека е се‘ што треба да се бара. Тргнав да го барам крајот на светот, ме одвраќаа, решив повеќе да не им верувам, го сваќаа тоа како дрско самоволие и арогантност. Се надевав во себе дека постоиш, ја платив цената во жртва, им свртев грб на зелените сливи и засекогаш станав глув за нивните повици.
Попатно гледав како свињите се хранат со паднатите и скапани сливи, а зрелите ги грабаа гаврани и стари орли, дрвјата кои ги раѓаа како да се срамеа.
Продавачот на крофни ми спомна дека чул дека има рајска градина со извор од која никој не вкусил плод затоа што некој змеј ја чувал, знаев дека постоиш.
Долго ја барав рајската градина и често се случуваше да залутам во некои лажни, но лесно ги препознавав, немаа извор, ниту избиваше свежина од нив. Светлината тешко допираше до нив и затоа беа со засушени смокви, сливи и многу други плодови кои висеа како кожурци. Кога внимателно ќе навлезев во градината плашејќи се од змеј, најчесто истрчуваше по некоја запенета дива свиња газејќи по старите орли кои немаа сила повеќе да полетаат. Заминував оставајќи ги зацрнетите крошни од разгаламени гаврани заради вознемиреност или заради празна фалба, ги имаше повеќе од колку што имаше сливи.
Една ноќ во некоја од градините заспав не прашувајќи се дали е вистинска, ми требаше само сон. Додека спиев се будев од жештина - можеби змејот повремено ме набљудува со неговиот жежок здив - се пошегував со себе и продолжив да спијам.
Утрото ме разбуди со песните на најшарените птици кои ги бев некогаш видел. Несвесно тргнав кон шумот на водата да се освежам. Потоа следуваа блесоци на јасност додека стоев на брегот и од мене капеа мир и сигурност и Венера ме осветлуваше како сонце, змејот се појави пред мене мафтајќи со своите големи крилја и упати кон мене голема топка пламен. Не се поместив, немав каде да бегам, ниту каде да се вратам, знам зошто дојдов макар тоа бил и мојот крај.
Ги затворив очите и се препуштив на она што следува. Мојата затреперена душа која чекаше да се распадне по некое време беше зачудена и изненадена од испитувачкиот допир на друга душа. Секој дел го проверуваше и потоа како исплашено да се повлече наоѓајќи многу сличности кои не’ поврзаа со блесокот од молњата.
Кога ги отворив очите змејот со крилјата ги допираше границите на рајската градина со поглед кој ме обзема со својата женственост. Змејот и градината беа едно, само изгледаа различно, се придодаваше и мојот дел, почувствував целосност.
Змејот и градината се претопија во тебе додека те прегрнував, затреперив од женственост која наеднаш наиде кон моето тело со сета своја мекотија и нежност, секоја наша мисла се надополнуваше, речениците станаа двополни, а потоа се претопија во совршеност како и нашите споени тела. Со силата на змејот ме издигна во висините да ме нахраниш со своите зрели плодови насадени на облаците, а потоа ме одведе до изворот да ме искапиш од насобраните нечистотии од минатиот живот.
Чисти и бели се погледавме, сега можеме да си дозволиме да бидеме и облаци прошарани со невидени бои на сонцето кои си погруваат со нашите тела кои искрат додека се спојуваат...

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Кидман on Сре Јан 20 2010, 21:54

и п.с. мисла ми беше,
ти се стопи ли чоколадцето во рака или си го касна на време?????

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by trpe on Нед Јан 24 2010, 10:18

Ова ми го разубави утрото

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРОЗА

Пишување by Sponsored content Today at 17:59


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 9 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот