МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н. 5 5 2

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by zbunet on Пон Фед 08 2010, 23:16

Златна Злато,Злато Мори

О, о, о, златна Злато,Злато мори,
Златна трепетушке,
Стребрена верушке,
Срмено обетче,
Прилепско симитче,
Охридско белвиче,
Тетовско јаболче,
Грутка шекероа,
Јатка ореова,
Гранка маслинова,
Турунч мемелија,
Ајван губеклија,
Јагне сугаренце,
Овчко пресно млекце,
Горска еребица,
Јасна месечина,
Бегај кај да бегаш,
Јас ке ми те најдам,
И ке ми те земам,
Љуба да те имам.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by Кидман on Нед Мар 07 2010, 19:24

Твојте очи Лено мори, Воденски черешни се,
дај ми ги на мене, јаска да
ги изедам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини,
севда, севда моја, севда да ми излези

Твојто усте Лено мори Костурско кутивче е
дај ми го на мене, јаска да го
отворам
мерак Лено мори, мерак да ми помини,
севда, севда моја, севда да ми излези

Твојто лице Лено мори, Леринско симитче е
дај ми ги на мене, јаска да
го изедам,
мерак Лено мори, мерак да ми помини,
севда, севда моја, севда да ми излези

-----------------------------------------------------
Во оваа песна сме сведоци на појава на канибализам во македонското народно творештво
мљац...мљац...Лектор Ханибал е наш
замислете го како и го јаде лицето на Лена

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by keti on Пон Мар 15 2010, 20:58

Вчера бев паметен. Затоа сакав да го сменам светот. Денес сум мудар. Затоа се менувам себеси.....
С. Шимо

Постои само едно добро - знаењето и само едно зло - незнаењето.
Сократ

Кој многу зборува или многу знае или многу лаже.
народна

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by keti on Пон Мар 15 2010, 21:10

Итар Пејо знае да зборува турски

Дошол еден Турчин во Мариово. Ги собрал Мариовците и ги прашал да му дадат за коњот сено. Тие не можеле да го разберат, па кметот му рекол на протуѓерот:-Викај го Итар Пејо! Тој знае Турски да зборува, зошто понекогаш одеше во град кај Турците.
Дошол Итар Пејо и му рекол на агата:
-Што бараш?
-Сено за коњот.
Тоа рече Турчинот и му покажа на кровот на една куќа што бил покриен со слама и со трева зараснат, а Пејо им вели на Мариовците:
-Агата рекол коњот да му го качиме на авлијата горе!
И зеле Мариовците коњот да му го качуваат врз куќата озгора за да ја паси сламата!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by keti on Вто Мар 16 2010, 20:44

МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ

Македонско девојче, китка шарена,
во градина набрана, дар подарена.

Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема, не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Нема ѕвезди полични, од твоите очи
да се ноќе на небо, ден ќе раздени.

Кога коси расплети како коприна,
лична е и полична, од самовила.

Кога песна запее, славеј натпее
кога оро заигра, срце разигра.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Еѓуптинот

Пишување by alisa on Сре Jул 07 2010, 18:10

Еѓуптинот

Еден Еѓуптин си дошол од село в град и го прашал некој:
- А, бре, Манго - му рекол - што има, што нема, по патот?
- Лошо многу, брате! - му рекол Еѓуптинот.
- Кога поминав низ коријата, триста мечки видов. Аман, колку страшни беа, умира чоек од страв, тако ми Бога единога!
- ја посмали, бре Манго, да не не беа триста?
- Е, ако не беа триста, сто ј педесет беа, ја! - му рекол Еѓуптинот.
- Ја посмали, бре Манго, уште троа!- му рекол чоекот.
- Е, ако не беа сто ј педесет, седумдесет и пет беа! - рекол Манго.
- Ја уште троа посмали, бре Манго!
- Е, дваесет беа, де!
- Гајрет, бре Манго, посмали уште троа!
- Е, пет беа сега де, и ти, веруј оти 'и видов мечките.
- Ај уште троа, бре Манго, посмали!
- Е, кој знаи, лебами, ветрот вееше, гората се лелееше и шумата шумеше, да што ти треба мрдало! Ете, тоа беше, ами можи и мечки да беа! - рекол Манго лажот.
И му излезе лагата на мегдан.

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Свети Трипун на први февруарија одејќи в лозје го срела Богоројца - Марко Цепенков

Пишување by alisa on Саб Jул 31 2010, 10:47

Свети Трипун на први февруарија одејќи в лозје го срела Богоројца

Марко Цепенков


На први сечко си зел Трипун едно кравајче в торба и една карта вино, си закачил соро за појас и тргнал да оди в лозје да го кроит.

Одејќи по пато, го стрела Богоројца и го поздравила:

- Со здравје, свети Трипуне, ако даи Госпо, каде вака?

- Ќе одам да го кројам лозјето, - је рекол- света Богоројце.

- Ако је кабил, Трипуне, не оди денеска кај се пригодуам за утре да одам црква да си земам молитва, да ке те клаам да те празнуат луѓето на треќио ден од сечка, пред мене да бидеш, а не зад мене.

- Не се враќам, Богоројце - је рекол- јас сум си зел кравајчето, картето со винце и соро сум си го наточил ќе одам и друго чаре не бидуа.

Коа виде Богоројца оти не се враќа Трипун и не ја послуша му рекла:

- Е арно ќе одиш в лозле да кроиш, бре Трипуне, ами ти лели не знаиш да кроиш?

- Кој ти рече оти не знам - је рекол- знам ем саде за ќеф, знам да кројам!

- Е, ко знајш, де кажи ми да видам као ќе кроиш?

- Пеки, света Богоројце - је рекол - да ти кажам, еве вака је!

Го изваил соро од појас и се ватил за нос ѓоа прачка носо му се стори да је на некоја пењушка, и тргнал со соро та си пресекол носо и останал со чпрнтав нос. Тогај дури се сетил сиромаи Трипун пијаница оти со непослушувањето на Богоројца си го исекол носот и останал чпрнтав, и го кладоа празник да биде пред Богоројца, а не по Богоројца.

Одејќи Трипун в лозје, застанал на крајо од лозјето и се наведил до еден ќутук да го крои, арно ама, едно се наведил и ватило крв да му течи од носо, како река. Тогај виде оти не Ќе можи да го крои сето лозје, та се предумал да го крои две-три пењушки. Тогај да оди утре тамо да го крои.

Зел кравајчето малце да касни, арно ама од крвта што му течела, не могол да јади, кренал картето да се напие винце, па од крвта не могол да се напие. На тоа згора измислил да напраи, потурил една пењушка со вино и пресекол три прачки колку за адет и отишол во другио крај на лозјето и тамо потурил една пењушка со вино и пресекол од неа три прачки, та го остаил нескројено лозјето и си тргнал да си оди дома.

Кого ќе сретнеше Трипун и ќе му дадеше едно парче од кравајчето и ќе го напиеше една чаша винце. Дури си влегол в град, сето кравајче го раздал и сето вино, за задуша, чунки тој не можел да каснува од крвта што му течеше. Едно додал сичко и крвта му престанала.

- Еј, сполајти, Богородице - беше рекол - па си била милостина што ми запре крвта за да не умрам без дена!

Од тој адет што го напраил некогаш цвети Трипун, и ден-денеска го праат луѓе у нас што имаат лозја, ама не како што праеја во постаро време.

Чунки во старо време носеше секи домаќин што имал лозје- кравајче и карте со вино, та откоа ќе кроеше по три пењушки, ќе седнеше на меѓата од комшијата и ќе се собереа неколцина од комшиите, та ќе седнеа да се напоручаат и да се изнапијат од винцето.

Откоа ќе си изблоосоија лозјата за Госпо да му умножи со бериќет и да му чуа од слана и град, ќе си тргнеа да си идат дома, до што чоек ќе сретеа, се ќе почестеа со едно парче кравајче и една чаша вино, да дури имаа леб и вино.

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by Кидман on Сре Окт 06 2010, 18:09

Јоване море Јоване
чаршија збори за тебе
дека си арно мајсторче
мајсторче арно терзиче

еве ти свила коприна
фустанот да ми сошиеш
ако ми згрешиш мерката
дуќанот ќе ти запалам
во него ти да изгориш
и твоите лични чираци (лични, а? - се чеша коконава, као успут спомнува дека се лични, а у ствари ги меркала)

Коконо, мори коконо
коконо, лична убава
мерката ти е земена
уште пред две три недели
кога во бања одеше
сенка во дуќан паѓаше
тогаш ти мерка зедовме
( потрефџии едни)

--------------------------------------------------------
леле песнава колку е еротскааааааааааа...... па па па.....

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by ?????? on Нед Окт 10 2010, 15:07

можи да се постираат народни песни од џумерко?

??????
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by zbunet on Нед Окт 10 2010, 15:57

Џумерко е многу експлицитен, значи во “ Нешто без врска“ во Бла, бла можеш да го ставиш

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Како градот Скопје го добил името

Пишување by alisa on Пет Окт 22 2010, 00:20

Народната традиција за името на градот по населувањето на Словените создала своја легенда. Според легендата што ја презентирал Ѓ. Кајдамов (Легенди за Македонските градови, Скопје 1981,10) градот - тврдина кој се наоѓал на денешното Скопско Кале бил заштитен со високи ѕидови, поради што тешко можело да се влезе внатре. Требало да се војува со стрели и копја. При нападот на утврдениот град водачот на словенската војска командувал : "Со копја да се напаѓа тврдината". Командните зборови "со копја" (скопја) водачот на Словените ги повторувал повеќепати. Зборовите на водачот останале долго во сеќавање на војниците и населението. Така градот почнале да го викаат Скопја, Скопие или Скопје.

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ, ПРОЗА, ПРИКАЗНИ, ГАТАНКИ И.Т.Н.

Пишување by the nurse on Пет Мар 04 2011, 22:50



Eее, Холанѓаниве ја научиле,а некои наши уште ја пеат,,Болен ми лежи Миле под јорганот,, smesko

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот