Шо праиме со диетиве...уф...

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Пет Фед 05 2010, 19:47

Три дена јадам сточна храна и храна за врапци
ми се пљачит, а треба вака уште месец или два

Ама имам кец у рукаву - ако ми попушти волјата, ќе си се сетам што ми вика милиот ми,
- Срце јас секаква те сакам


Кој е паталец, нека пише, да си поплачеме заедно

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by alisa on Сре Фед 10 2010, 18:53

Веројатно си слушнала за Аткинсоновата диета, т.е. протеинска диета. Се губат многу килограми. Имам една колешка која изгуби многу кг. со таа диета, само кој може да издржи да јаде само таква храна. Се јаде само месо, риба, јајца,салати, односно зеленчук, а не треба да се јаде компир, сувомеснати, млеко и млечни производи, овошје, и сето тоа 21 ден. А потоа полека во мали количини се внесува и друга храна.

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Сре Фед 10 2010, 18:58

Сум ја пробала - никогаш во живот не сум се чувствувала толку нервозно и затруено

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by zbunet on Сре Фед 10 2010, 19:16

Dokazano e deka so nejadenje se slabee

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Сре Фед 10 2010, 19:19

zbunet напиша:Dokazano e deka so nejadenje se slabee

фала што ми кажа

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by zbunet on Сре Фед 10 2010, 19:45

...redoven sport i drugi fizicki temperamentni aktivnosti

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Пет Фед 12 2010, 23:40

Еј, сте пробале Ѓумбир? Мислам, топла вода и во неа исцеден лимон и пола лажиче ѓумбир, бурич-бурич... добро било наутро за циркулација. И лути и горчи истовремено

А сте пробале Соја лецитин? Добро било за косата и ноктите. Има вкус на маст за тенкови подмачкување

Не сте пробале??? ЕЕеее... јас тоа секојдневно го јадам

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by alisa on Саб Фед 13 2010, 15:47

Еднаш купив сушен ѓумбир, оти претходно јадев сушен ананас, па мислев да пробам, ми изгледаше интересно, мали коцкички, убава боја, а откога ги пробав ги нудев сите по ред:
- Земи, земи, ова е здраво, грицни малку!
А во себе си викав, дадов пари, да не го фрлам

Ама отгога ќе го пробаа најчест одговор беше:
- Не фала, ТИ ДА СИ ГО ЈАДЕШ

И што да правам, ми беше жал за парите што ги дадов, Едно кесиче јадев три дена, и се разбира

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Саб Фед 13 2010, 16:10

Тоа ти се вика Пењал се непењал, пари сум дал, ќе го јадам

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Александра on Пон Фед 22 2010, 18:28

Диетите се за мазохисти

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Тото on Пон Фед 22 2010, 19:42


Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Пон Фед 22 2010, 21:27

оу јеа...
а ти Тото, и ти ли си мазохист како мене?

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Тото on Пон Фед 22 2010, 23:27

Кидман напиша:оу јеа...
а ти Тото, и ти ли си мазохист како мене?

Јас сум пацифист помеѓу две војни и вегетаријанец помеѓу два хамбургера

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by ?????? on Пон Фед 22 2010, 23:32

e taka de

??????
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Сре Мар 03 2010, 11:03

каков бурек сум јадела
м..м..м...
леп, фришак, мастан, све ми онако маст цурила низ браду

толку од мојот карактер

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Александра on Чет Мар 04 2010, 18:17

има една многу успешна диета за пополнување на оние кутри сучки што не можат да си најдат гардероба па од ракав на ролка си прават фустан ...

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by trpe on Нед Мар 07 2010, 03:02

Кој е моронов што во два часот по полноќ јаде пица и седи пред компјутер?


О не, не, не сум јас, не е тоа што мислите, така ви се причинува само, само мааааааааалку ќе каснам

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Саб Мар 13 2010, 19:44


Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Нед Мар 14 2010, 22:48

Корисни совети при диетирање

1. Ако јадеш нешто а никој не те гледа, не се рачуна за јадење.

2. Ако пиеш чај за слабеење и грицкаш чоколадо, калориите од чоколадото се поништуваат од диеталниот чај.

3. Скршените бисквити имаат помалку калории од целите, заради кинетичката енергија која се ослободила при нивното кршење.


Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by trpe on Пон Мар 22 2010, 10:53

Супер ! Колку е ефикасна оваа диета


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by alisa on Саб Апр 03 2010, 16:54

Диетава се држи 3 пати по пет дена, т.е. од понеделник до петок, сабота и недела се јаде нормално, и така три недели.

Појадокот секогаш е ист т.е. две парчиња овошје (исти) само не банани. Може два портокала, јаболки, круши итн., шоља чај и 1-2 двопека.
1 ден:
Ручек:1 портокал, 1 варено јајце, 1/2 кисело млеко.
Вечера: 2 домата, 2 јајца, краставица, 2 двопека.

2 ден :
Ручек: 1 портокал, 1 јајце(варено), 1 кисело млеко, 2 двопека.
Вечера: 125 гр. телешко месо варено(може конзерва риба), 1 домат, 1 портокал, 1 двопек, 1 чај.

3 ден:
Ручек:1 портокал, 1 јајце, 1 кисело млеко, салата од една краставица.
Вечера:125 гр. јунешко месо, 1 портокал, 1 двопек, шоља чај.

4 ден:
Ручек:125 гр. сирење, 1 домат, 1 двопек,
Вечера:125 гр. месо варено, 2 домата, 1 јаболко, 1 двопек, чај.

5 ден:
Ручек: 200 гр. риба варена, 1 домат или една чаша сок од домати, 1 двопек, шоља чај.
Вечера: 1/2 кг. варен зеленчук (морков, грашок, компир), 1 јајце, 1 домат.

Продуктите се јадат по редослед како што е наведено, и не се мешаат. Чајот не смее да биде од овошните, и се разбира може да се заслади само со вештачки засладувачи. Месото и зеленчукот може да се зачинат со вегета.

По диетата од 15 дена, се јаде нормално и секој понеделник се јаде следново:
Појадок: сок од лимон без шеќер.
Ручек: 1 јаболко, 1 двопек.
Вечера: 1 јајце, 1 домат, 1 двопек

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Нед Апр 04 2010, 15:59

а, да оваа диета е многу убава
ја држев пред неколку години, кога се спремав да бидам кума на свадба

не ослабев баш нешто драстично, ама многу пријатно се чувствував, имав енергија

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Кидман on Нед Апр 04 2010, 16:02

абе јас у ствари имам некои 4-5 кг вишак, не сум некоја дебељуца огромна, ама и тие ми сметаат. Вишак си е вишак

Како беше она, - Што си зинал бе во неа, што има она повеќе од мене? - Абе срце нема ништо повеќе, помалку има

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by zbunet on Нед Апр 04 2010, 19:04

Од поише не боли глава

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Диета

Пишување by alisa on Пон Апр 05 2010, 12:09

УН диетата е диета која трае цели 90 дена. Не само што помага во намалување на тежината, туку дејствува и на метаболизмот.Целта на оваа диета е да го спречи повторното враќање на претходно загубените килограми.
Во овој период од 90 дена можете да ослабете од 18-25 килограми. Ако сакате да намалите помалку килограми, тогаш едноставно прекинете ја диетата порано.
Оваа програма на исхрана се состои од 4 дена кои се повторуваат.
Појадокот е секогаш ист. Овошје и тоа во парови: 2 јаболка, 2 портокала, 2 круши или пак 2 раце ситно овошје: цреши, боровинки и слично.

1. ДЕН НА ПРОТЕИНИ

Месо, јајца, риба и други извори на протеини како и некалоричен зеленчук во големи количини. Овој пристап вели дека протеините заситуваат, но и го успоруваат метаболизмот. На овој начин доаѓа до стимулација на глуконеогенеза, која е важен дел во создавањето енергија за лицето кое е на диета. Освен тоа, протеините го спречуваат губењето на мускулната маса.
РУЧЕК
Можете да приготвите 3 парчиња варено или печено месо или 3 варени јајца, 1 парче леб и салата во неограничена количина. Овој ден се дозволени и сирење и млеко, но ако веќе се решите да ги консумирате за таа количина на внес на овие два производа треба да ги намалите месото или јајцата. Една шолја супа без тестенини (200 децилитри), како дополнување на ручекот.
ВЕЧЕРА
Исто како и ручекот, но без супата. Важно е да знаете дека ако сте ручале месо мора да вечерате месо. Или пак јајца. На вас е да решите за што сте расположени.

2. ДЕН НА СКРОБ
Доаѓа веднаш после протеинскиот. Метаболизмот е насочен кон глуконеогенезата, залихите на скроб во мускулите и црниот дроб се потрошени, па јаглехидратите кои во нормални услови би го стимулирале складирањето на масни наслаги не може така ефикасно да се користат во таа намена.
РУЧЕК
Грав, грашок, ориз или компир, исклучиво варени, а може да бидат и зачинети. Едно парче црн или интегрален леб и салата.
ВЕЧЕРА
Истото од ручекот, но само половина од количината.

3. ДЕН НА ЈАГЛЕХИДРАТИ
Награда за сетилата и вентил за опуштање за сите оние со слаба контрола врз изборот на јадења.
РУЧЕК
Варени тестенини со зачини, солено печиво, пица вегетаријана.
ВЕЧЕРА
Две парчиња торта, 3-4 колачиња, 3 топки сладолед и задолжително еден ред чоколадо за готвење.

4. ДЕН НА ОВОШЈЕ
Било кое мешано овошје. Дополнително, еднаш месечно треба да воведете т.н. воден ден кога цел ден пиете само вода, а по него задолжително следи протеински ден.

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ПРИ ПРИМЕНА НА ОВАА ДИЕТА
• Строго придржувајте се кон распоредот
• Не е дозволено прескокнување на оброците
• Не смеете да јадете помеѓу оброците
• Што е можно повеќе јадете салати, свеж зеленчук и овошје
• Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер
• Соковите сведете ги на минимум
• Препорачливо е да земате барем една витаминска таблета дневно
• Наместо шеќер користите вештачки засладувачи
• Оваа диета може да ја повторите по пауза од 3 месеци

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Шо праиме со диетиве...уф...

Пишување by Sponsored content Today at 07:41


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 4 1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот