АФОРИЗМИ

Страна 8 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Мај 05 2013, 11:55

Зошто служат вежби за жени? За да можат да носат мини

Пешки, со точок ил у автобус да фатиш риба, тоа е финта, а со бесна кола и звање секоја будала и кретен тоа го може.

И тој си има мака штом изгледа како да нема каде, а му се кака.

Таа му се сука, значи ќе бидне мрсна пита.

Кој само зема без да даде, тој краде.

Човекот не се менува, само глупавоста, расипаноста, интелигенцијата или надареноста немал шанса до тогаш да ги искаже.

Кога треба да одговориш на незгодно прашање дури го слушаш времето како споро капе, и ако одговориш неснаодливо времето се претвара во дива река со брзаци кое те води кон опасен водопад.

Тој е таков, не трпи ни курлиња, ни курвиња.

Оти и’ беше лут ја замислуваше гола на снег за да настине.

Размачкана шминка значи дека нешто биднало или и’ побегнало.

Дај сливче, фати сомче.

Често се обидуваат да се истакнат во полн сјај, а почесто испаѓаат само сјајни лајна.

Во нечии раце парите се како побеснети ѕверови, а во некои како уплашени зајчиња и често им бегаат.

Многу крв од недолжните има на рацете на нашите господари, а се надеваме дека ќе не’ погалат и нема да завршиме како свинчиња за колење, туку како миленичиња на ланец.

Најчесто во затвор одат невини.

Има лекарства против пролив, но нема за досадни ко пролив.

Меѓу т.н. главни работи постои еден детал во кој сакаме да навлегуваме и заради кој постоиме како човештво.

Колку што има интелигенција во ниските слоеви на човештвото, толку има чесност во високите.


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пон Мај 27 2013, 19:45

Постојат дебили и демобилизирани.

Кои се сакат не ги забележуваат луѓето наоколу, а луѓето ги забележуваат тие кои се сакаат.

Кога не можат да калкулираат со факти, тогаш играат со зборови.

Лесно е да се бориш против машко, тешко е ако го советува жена.

Минимална плата за максимален губитник.

Некој мисли дека мислиш за него тоа што тој го мисли за себе, но гледа да го сокрие и затоа има такви кои не те поднесуваат.

Демагогијата е десерт на ситиот кој несебично го дели со гладниот.

Кога сака да ти расипе, а не му успеало, обично ти вели дека само се шегувал, за да добие уште една шанса.

Вели дека и’ годи кога си љубоморен, ама вели и дека нема зошто да бидеш.

Сакајте се, почитувајте се, но не заборавај дека еден ден може ќе станете непријатели.

Доколку и двајцата се свесни што значи љубовта, ќе знаат и дека цел свет ќе биде против нив затоа што не функционира на тој начин.

Најзаедничка тема им е кога молчат.

Владата вели дека е супер, а кој не верува, дека е трипер.

Има лоши и добри луѓе, само што вторите почесто само се прават такви и се кодоши.

Не сум доживеал љубов на прв поглед, но подобро сум поминал со тие за кои сум помислил “Што к.. се занесува оваа?“ од со тие кои се лигават на прв поглед.

Сите можат да заминат, но ти секогаш ќе останеш, себе си да си досадуваш.

За многу работи владата вели:" Woow!" Како да кој знае што направиле, а на тоа народот често вели:“Пффф!“.

“За сваког госта три дана доста“ - А сега и три часа се многу.

Време дојде кога прво треба да ја прашаш не само дали има дечко туку и девојка.

Во искушение се препознава лицемерие.

Болестите поврзани со стресот убиваат многу луѓе, а причина број еден за стресот се парите, а со парите располага владата и олигарсите. Значи преку парите убија многу луѓе и секогаш ќе убиваат.

Настап како на стап.

Љубав је свуда где има муда.

Некои се за во зоолошка, ама за со нив да ги хранат лавовите.

Глава страда ако е храбар, а онака само газот кој не е сапун да се троши.

Вистината е често неканет гостин и никому не му се отвара врата кога ќе затропа.

Со тие кои лошо изгледаат, а не морало така да изгледаат, лоши се изгледите со нив било што добро да изгледа.

Кога нешто живо ќе се разбуди помеѓу мртво ѓубре, првото чувство му е чувството на осаменост.

Кога ќе ја пронајде вистинската, тогаш ќе сфати дека всушност до тогаш тој бил ебаниот.

Да го прошеташ цел свет со таа што ти дава воља за живот.

И оптимизмот е како цвеќе кое мора по малку да се наводнува со вистинска вода, но е па кактус.

Кога почесто би воделе љубов од секс, почесто би имале и секс.

Кога ќе се соберат најмалку тројца, често ја забележувам следнава типологија: Едниот се’ знае, другиот контрира, а третиот се сложува и со двајцата.

Тој е оштар ко поштар кој не добил бакшиш.

Понекогаш љубовта се жртвува за барем на едниот да му биде подобро.

Во филмовите обично почетоците се лоши, а краевите добри. Во животот обично е обратно.

Ако бара прошка и ветува дека ќе биде умен често тоа може да значи дека ќе биде поитар за да не го фатиш на дело.

Неприфатениот од околината често го слават идните генерации.

Исус рекол дека никој не станал гатач во свое село, а тоа значи и дека не треба да очекуваш од другар да ти биде следбеник, туку баш напротив, најголемите клевети против тебе ќе ги искажува.

Збореа, збореа и наеднаш се затнаа.

Интелигентно куче е тешко да го врзеш, а ако не успее да се ослободи тогаш ќе цркне од мака.

Нашите кои се наивни, бргу стануваат нивни.

Информативниот разговор е татко на сите признавања.

Поважно е дали те сметаат за жив ил не, од тоа дал те сметаат за нормален ил не.

Велат дека чекориме, но заборавија да ги мрднат и нозете, а не само да се прават мрднати,

Кога постоело робството, робовладетелот бил должен да им овозможи храна и сместување на робовите, а сега со парите кои ги заработуваат сами се снаоѓаат и од како ќе ги подмират трошоците за живот, не им останува скоро ништо исто како и на робовите во минатото. Затоа што како пари може да се третираат само оние кои можат да се трошат по слободна воља, а не за нужни и основни потреби. Заклучокот е дека работиме бесплатно.

Не може политичар да ти го подобри животот, може само научник. Значи каде има повеќе политичари од научници неразумно е да очекуваш подобар живот.

Случајностите се привлекуваат.

Toj e човек со ефтин ум - со ефтин вкус и бедна состојба на свеста, но има дарба да има многу лица и ги менува по потреба.

Ги плашат дека се’ што е добро ќе биде лошо, а дека добро е ова што е сега иако е лошо.

Модерно убиство - ти ги земаат парите, па разумот и на крајот животот.

Постојат паралелни димензии во кои имаме близнаци и се мешаат со нашата димензија. На пример ветуваат на избори и изгледаат како да навистина да ќе ги исполнат ветувањата, а потоа не се сеќаваат, значи не се истите. Ил па ти ветува дека ќе те сака до гроба и после тебе нема друг/а, кога оно и те како ќе те шутне и ќе има друг, значи не е истата.

Се работи како на запад со услови како на исток, а плата ако ти дадат - добро, ако не, барем да не седиш дома.


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Јун 15 2013, 16:07

Машкото сака таа да биде мила со него, а со другите лута кучка и никако и никогаш обратно.


Кога ќе те удрат, сврти го другиот образ, затоа што боли цело време на истиот.



Кога едниот од двајцата е лош, стануваат и двајцата лоши, затоа што никогаш не стануваат и двајцата добри ако едниот е добар.



Моќниот може да биде лош кога сака, а обичниот ако врати значи прв почнал.



Нема полоша од одбиена жена, не затоа што си толку посебен, туку затоа што е осудена да биде со ептен обични.



Каде и да се појавиш најчесто бледо те гледаат, ако немаат корист за нив не постоиш, но кога би имале корист од тебе на крајот би сфатил дека всушност не постојат.



Зградите се симбол на граѓаните, но помини блиску покрај нив и ќе доживееш работи кои никогаш не би ти ги направил селанец.



Љубезноста се’ почесто спаѓа во дел од професијата, но како студент ретко ќе ја доживееш од професори.



За машките е згодна и комуникативна, а за жените е опасна.



Во него чувствува празнина, затоа што станал заднина.


Преку ноќ газди станаа и затоа нема да видиме бел ден.



Не се сите наши лоши, само кога ќе дојдат до власт.



Па фризура, па штикла, па сукња ваква ил онаква, абе на се’ тоа на мажот само на секс може да му асоцира и никако поинаку - Дотерана значи еблива.



Некогаш се знаело кој можел да биде писмен, само блиски до власта, како што и сега се знае кој може да биде новинар. Целата историја се само куп глупости каква што и сегашноста се прикажува.



Што е гинеколог? Уредувач на сала за пречек на гости.



Колку се постари, толку се погласни, имаат се’ повеќе барања, а се’ помалку шанси да им се исполнат.


Богатите се повеќе се богатат, а деновите се се’ пократки.

Вицот е постар од човештвото, впрочем така е и створено.


Таа што добро изгледа често знае дека мора да се продава, оти нема добро да изгледа на крајот.



Ако добиеш критика од некоја кој те познава може и да се подзамислиш, но ако добиеш од некој кој не те познава тој е сигурно шизофренично копиле.



Не сакаат црв у цреша, го сакаат у гаќи.



Мајки! Сакајте си ги децата оти кретени ќе станат!



Има жени сакани, ама има и покакани.



Се бркаат работите што значи да се “биде“, затоа што ние “сме“, но нас почесто не’ мачи колку ќе бидеме платени, а колку сме платени не значи дека сме тоа.



Сведоци сме дека неморалните се подобро платени, а не’ воспитуваат да бидеме морални, што би значело сиромашни.



Кога некој тоне по своја вина, замини си, а тоа што ќе вреска зад тебе и ќе те оговара, тоа е затоа што не успеал и тебе да те повлече.



Кога будала зборува, само будали и кукавици го слушаат, а како ги има многу, се чини како да е во право.



Кој е со сите, не е со сите.



Горчливоста е лек, кога некој ќе ти го загорчи животот ќе те излечи од илузиите.



Кога на лош човек ќе му направиш добро, тој мисли дека тоа го заслужува, а добриот се заблагодарува и не го заборава.



Работните места им висат како мрсули, можат да бидат дувнати кога газди ќе посакаат.


Имате финансиски проблеми ?! Купете ја мојата книга за само 1 000 ден во која пишува да не се трошкарите безвезе, да не се зајмите, да не се коцкате и да бидете умни! И на крајот испечатете вакво ѓубре во облик на книга и во повеќе примероци и продавајте им на други наивни!



Му дозволија да има чест, потоа сфати дека тоа значело дека е само чест - такви ко него со лопати да ги ринеш.



Кога ќе и’ речеш на девојка да каже нешто валкано и на домаќинка, сосем различни работи ќе кажат.



Кога се околу тебе само расипани со кои мораш да соработуваш, невозможно е да не погрешиш.


Кога треба да дадат, се прават на будали, а кога треба да земат кој од кој попаметен се прави.


Малку знаење лесно се злоупотребува затоа што на глупите тоа им е доволно за да станат злобни.


Се накрадоа, се најадоа и напија и сега ќе ни’ серат.


Ова е земја на вампири, никогаш нема да им дозволиме да почиваат во мир и ќе ги храниме со свежа крв.



Тој жена бараше, ама во која нема машки хормони, доста му беше од глупи жени.



Чуле нешто, нема врска што не разбрале за да повторуваат како папагали.


На социјалните прашања најчесто имаат одговор кој ништо не значи.


Од знаење најчесто покажуваат ароганција.


Скромноста е доблест, да се задоволуваш со мали работи, ама па не со микроскопски.


Со неписмено лесно се владее, доволно е само да е на власт или претпоставен, а дали е всушност бандит, ја немаат таа способност за проценка.



Ако имаме шеф на државата ондак ние сме под мобинг.



Како машко на културен начин кажува дека сака да има секс со неа? Кажува дека е убава.



Некогаш ни’ доаѓаа сметки и така ги викавме, уште ни’ доаѓаат, ама сега ги викаме грабеж.



Кога ти е јасно, тогаш обично е касно.



Ако ти ја земат насмевката значи те победиле.


Џабе што е креативен кога е лигав, затоа што бисери не им се фрлаат на свињите.

Трговија со луѓе е кога потоа се изложени на сексуална и робовска експлоатација. Не постојат ублажени форми, сите сме во иста категорија.


 Не се трудат да докажат дека е правилно тоа што го работат, туку по секоја цена се трудат да докажат дека се во право.


Креативноста бара инспирација во разноликоста затоа што не може да ја најде во монотонијата.



Најприродни средства против наталитетот и најделотворна контрацепција - сметки од ЕЛЕМ, Топлификација, приватно здравство, цени на недвижнини и партиски запослувања.


Кога нема основ за понатамошна соработка, значи дека личноста фактички нема ни основно, без разлика на фикцијата.


Тенка е линијата помеѓу романтичноста и лигавоста затоа што со лигите може да ги изгаси свеќите и ништо од соблакање на гаќите.


Не ја чекај, да сакала да дојде, таа ќе те чекаше.


Не се плаши, не се бој, не пикај глава во песок како ној, биди свој и не давај да те заебава тикварот тој.


Не бараат да мислиш како нив, затоа што ќе сакаш да грабаш како нив, а интелигенцијата мора да бега или ќе ја ликвидираат на разни начини.


Полесно ќе се разбереш со тие кои не те разбираат, а сакаат, од колку со тие кои можат, а не сакаат.


 Цело време повторуваат демагогија и пропаганда дека напредуваме, се’ додека не поверуваме во тоа и навистина се мрднеме.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од збунет

Пишување by zbunet on Чет Aвг 15 2013, 22:08

Глуп значи туп, ама проблемот е што ги има еден куп.


Законот постои за да се спроведува каде може, а не каде треба.



Со некоја личност ти е светло и во најцрна темница и не ти паѓа на памет да палиш светло.



Важното не е така лесно видливо во шумата на неважни работи со кои сме опкружени и кои ги декларираат како важни, а всушност се само лажни.



Секоја цивилизација си има свој крај, но ние никогаш не стигнавме до цивилизација.



Нема подосаден од сит, затоа што гњави со банални глупости.


Националност? Абе од таа што најчесто прстот им е во нос.


Не може да имаш план додека си дел од нечиј план.


Сексот е како и винотот, не е добро само на голо, си сака и добра подлога.


Сите се филозофи кога се работи за туѓа кожа, но кога се работи за нивната испаничено врескаат и сите им се криви.


Некој е често жесток, а на некого му е често петок.


Точно е дека постојат многу можности, но ги немаш на располагање.


Женското најчесто сака тој да ја сака само неа, другите да не ги приметува, а они да го приметуваат.



Тој пропушти еднаш, да биде два пати.



За неа му иде од внатре за внатре.



Со кого животот си поиграл, не му е повеќе до игра.



Дожд и главоболка, едниот тропа на прозор, другиот во глава.



Не би те менувал за ниедна друга, па ни за две, затоа што вредиш за три.


Патот кон твојот дом, поплочан е со многу нагазени мастки за џвакање.


Сакај го оној кој те сака, а кој не, дај му кака.


Сакала, сакала и еден одбрала, или погодила ил се покакала.



Мажите не изневеруваат толку колку жените им додаваат. Коа ќе почне да гњави за некоја банална личност оти нешто и’ се увртела у глава, а никогаш не е таа за која се сомневаат.



Кај нас се’ е до толку добро за да биде лошо.



Ајнштајн докажал дека не мораш да имаш добри оценки за да успееш, како што добри оценки не значат дека ќе најдеш добра работа и ќе бидеш добро платен.


Не е љубов ако при прегратка не му дозволиш на куче да те извлака, бебе да те измочка и маж да ти прдне.


Шугава е таа среќа, ако подлизурковци од тебе се чешаат.


Сакам да не работам и да имам пари, а не да работам и да немам пари.



Потешко му е на оној кој те теши затоа што неговите проблеми се секогаш поголеми од твоите.


Нервози имаат и богатите и сиромавите, само што богатиот може да се дере по кого сака и пак ќе го сакаат.


Пријател ти е оној кој може многу да те разочара.



Колку подолго го чекаш тоа што го исчекуваш, кога ќе го добиеш помалку ќе му се радуваш.


Лажните пријатели се како кучиња и мачки, ќе се вртат околу тебе додека им фрлаш по нешто.


Уживај во друштво како секогаш да ќе бидеш, спремај си занимации како да ќе бидеш откачен уште утре.



Упаѓање сред реченица? Исто ко да му прдиш додека некој јаде.



Често те гледаат како вол или како валута.



Своја домичка, своја слободичка и своја погаќичка.


И на дожд и на сонце автомобилите стрпливо ги чекаат своите газди затоа што немаат свест. Значи стрпливото чекање е резултат на немање свест.


Со пари можеш да купиш неодреден број на луѓе, со страв, уште повеќе.


Јас имам сон! Само чекам да ми се приспие.


Не е важно повеќе дали е лажно, важно да е мазно.


Кога не би постоела фантазијата сеуште би биле во пештери каде на многумина таму им е местото, а сепак ги користат нивните изуми.


Помина времето кога се дружеа заради интерес, сега повеќе воопшто не се дружат заради депресија.


Свесни дека од луксуз можат многу да се откажат затоа што е скапо одржувањето, па затоа ги покачија цените за одржување на човечкото тело.


Каде нема писмен народ, таму едни исти се на власт.


Тој е одговорен затоа што така му одговара, да не му одговараше ќе беше неодговорен.


Безобразно можеш да зборуваш само со таа која те видела гол, инаку ќе те смета за вол.


Беа како свежи банани и поморанџи, насмеани, весели и полни со финти.
Па се здомија, се стекнаа со обврски и потреби за пари.
Сега личат на лимуни и кисела зелка од ланска година.


Ако нешто те боли тоа е затоа што си заљубен или затоа што не си.


Два пати распрашај се, еднаш жени се.


Додека бевме деца си игравме со замислени пријатели...епа изгледа со интернетот играта со таквите пријатели продолжи.


Има активни кампањи против цигарите затоа што го загрозуваат здравјето. На работните места има повеќе загинато и сепак не прават кампањи да не се работи се’ и сешто и без услови за работа кои го загрозуваат здрајето.


Фирмите се претворија во чистилишта, чистат од вработени.


Никогаш нема да бидеш толку лош за тој кој те познава, колку за тој кој не те познава, никогаш нема да бидеш толку добар за тој кој те познава колку за тој што кој не те познава.


Добриот изглед на стари години се’ почесто се должи на техниките на балсамирање на живо.


Сите сме некаде, но почесто сме за никаде.


Сите сме како патници во воз, разликата е што некои се во прва класа, некои се гужваат во купе или во ходник, некои се кријат од кондуктерот за да не платат карта и што се симнуваме на различни станици.


Од тоа што успеав да ги протолкувам просечните цени низ светот за обични луѓе, воглавно заклучокот би бил: “Не се грижи каде и да одиш, никаде не е поскапо од Охрид во летна сезона “


Некогаш било тешко да ги убедат луѓето дека од нечиста вода можат да се разболат, така и сега е тешко да бидат убедени дека со отпор ќе добијат подобар живот.


Љубовта е како лута пиперка, отвара апетит иако понекогаш знае многу да лути, ама пече кога си заминува од нас.


Твоите најдосадни мисли кои те прогонуваат и не ги кажуваш никому, обично немаат врска со реалноста.


Не треба да се грижиме затоа што не ни’ требаат ни среќа, ни несреќа, туку ние им требаме и ќе не’ најдат кога ќе им требаме.


Сексакви ги има.


Велат: „Плати па клати“. А ние се клатиме од ужас кога ќе добиеме плата затоа што е толку мала.


Повеќето бараат тоа што немаш, повеќето немаат тоа што бараш.


Тој и таа се пријатели, затоа што таа не сака ништо повеќе.


Не знам зошто кога работат под сијалица и кога наеднаш ќе им снема светло често велат: “ Е сега . . р ќе видам!“


Не и’ верувај на жена која додека разговара со тебе изгледа како да ќе те бакне, затоа што ќе те натера прв да ја бакнеш.


Кога грдо пајче ќе дојде на власт или стане богато, сите се преправаат дека гледаат лебед.


Додека си во исти околности, не можат да ти се случуваат разни работи, посебно не на подобро.


Налет еротика ако е стекната со мака и мотика.


Човечкиот род е мајмунски изрод.


Хуморот се’ помалку го има и затоа народот повеќе јаде грав за да има после на што да се насмее.


Ако молчиш кукавица си, ако зборуваш искрено, непријател си.


Многу теории на заговор во пракса се само празни оговарања.


Кога машко се зафркава за други жени дека ова - она ќе им праи, тоа е смешно затоа што општо познато е дека машко многу збори, а скоро ништо не праи, а женско кога се заебава на тој начин тоа веќе не е смешно, оти може да напраи кога сака и боли таа заебанција. Значи тоа што го може не е смешно.


Кој е сега модерен живот? Машки да се полмат со стероиди, женски со силикони и снобови да јадат лајна.


Животот е ѕид низ кој буткаш со глава, цигли паѓаат врз тебе и една ќе те дотепа.


Знаат тие дека општо не е добра ситуацијата, ама не е до толку лоша додека ним им е добро.


Мека душа е како мека крпа за бришење патос и за тоа најчесто ја употребуваат.


Кога мало дете ќе се искака во нокшир ја вика мајка си да и’ се пофали: „Ге, мамо, ге!“, оти мало дете нема со што друго да се пофали.
Така тоа останува во навика и кога ќе пораснеме така да кога ќе купиме нешто ново сакаме да се пофалиме оти веќе големи сме да се фалиме со какушки.


Кога си во депресија и се сомневаш во себе, значи ќутек ти требе.


Се’ се мери со пари и според тоа знаеш колку памет имаш кој се признава.


Зошто ги гледаат како будали тие кои не се продаваат за пари? Затоа што се малцинство.


Во лапсусот е вистината.


Има жени што први приоѓаат, ама први и си одат.


Ако вистински го љуби и банана ќе му љупи.


Ако некој непријатно те боцка и пецка, тоа е затоа што е сељак и не го рецкаш.


Ако брзо ти бара, тоа е затоа што шара, а не затоа што си посебна или посебен и друг пат не бара.


Нема поголема радост за глупиот кога ќе сретна поглуп од него за да може да го исмејува.


Плачеше затоа што немаше кондури, додека не виде човек без нозе, и го праша:
- Човеку, како остана без нозе?
- Па немав кондури


Светот најчесто не’ мрази, а ние се браниме со самобендисаност.


Во шумичка на гранче пее врапче, ако стенка, тоа не е врапче.


Нема плодна нива, ако нема сочна слива.


Градат, мислејќи дека така ќе го прикријат економскиот резил, како ѓубре под тепих.


Сакаат да не’ спуштат на земја, но не од добри намери, туку за да си ги бришат кондурите со нас.


Некогаш имаше здрава комуникација, а сега е повеќе нездрава имитација.


Ако машко му зборува на друго машко лошо за негоиот изглед, значи е педер, затоа што ако му зборува убаво ептен ќе се познае дека е педер.


Како што престанаа да веруваат во вештерки, вампири, самовили итн. така треба да престанат да веруваат во политичарите и тие ќе исчезнат.


Е - плаќаш, плаќаш...сега и електронски ќе плаќаш.


Ако си искрен те третираат како екстремен, ако си екстремен, никој не може да рече дека си лажен, туку само дека погрешен ти е погледот кон работите. А кој може да рече дека исправно гледа на работите? Ако рече така значи е екстремен.


Зрелото размислување не е во сооднос со нашето навидум зелено, а всушност скапано друштво.


Мислам, значи збунет сум.


Жената е како лубеница, не можеш да ја знаеш каква е додека не ја отвориш.


Молчењето е злато
За тој што те ограбува


Среќата е во нас, а не дали има пари, добри цицки или газ.


Убави нозе ги третираат како наменети за црвен тепих, а тие другите за калдрма.


Дека парите малку значат, доказ се лошите услуги и производи кои ги добиваме за нив во секојдневието, без разлика колку сме платиле.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Aвг 18 2013, 09:36

Добриот збор се купува или сака да ти го продаде.

Паричникот е огледало на самодовербата.


Секогаш прв страда, последниот на хиерархиското скалило.


Кај нас секој втор се прави паметен, а секој прв му е втор придружник.


Додека зборуваат на маса со чашка, изгледаат разумни и цврсти, но штом станат набргу стануваат мутави, млитави и се виткаат.


Се прават дека се ова или она, затоа што се недоправени и недоквакани.


Изложен е на мобинг, а тој гордо лази.


Тие на власт тргнаа кон подобро утре, а ние останавме вчера.


Културно е да се прди надвор, но не до толку да ги снема мушичките кои се вртат на светлото од најблиската бандера.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Сеп 22 2013, 14:11

Повеќето функции кај нас се чиста фикција.


Дефиниција за спонзорство - Фаст фуд од дог.



Не постои повеќе морал, само тоа што мора.



Што е хорор слика за пијаница? Празни флаши.



Нема повеќе ништо на сила од како излезе Вазелинот.



Не се арогантни тие што омаловажуваат некого заради низок статус и имање, туку тоа се само курвичиња и педерчиња, и не моеш да им бидеш муштерија.



Среќата сега се сведува на само да ги намалиш проблемите кои ги имаш.



Паѓа кеса со ѓубре од повисоките спратови, замисли си желба.



По лајно се пушта вода и ти олеснува, а не се нервира.



Да не прднеш додека мочаш е исто како да играш без музика.


Животот е подарок, но како кондури непробани на подарок добиени и никој не те прашува дал ти пасуваат, има да си ги носиш.



Гласот на вистината најчесто е осамен, лагата е секогаш во друштво или нема да успее.



Интелигентен човек е свесен дека ништо од тоа што знае не мора да биде точно.



Не се плаши од болката, боли само додека дишеш.



Тоа што мислиш за себе не е секогаш точно.
Тоа што го мислат за тебе најчесто не е точно.



Кај и да е, уште малку да се стрпиме и ќе ги покакаат, покачат де, платите у државава.



Да зееме од сите шо ги познаваш, најарните ќе ги зееме да праиме со нив влада. Имаш такви асални? Ја не.
Епа затоа све шутраци и куртони се нудат да бидат политичари.



Ако не сака да се жени, значи сака цвеќиња.



Кога лош човек е лут, значи нешто добро се случува.



Среќата е обмана за да ја оправдаат нееднаквоста помеѓу луѓето.



Додека имаме сериско шпански, велико братски и турбо фолк - овци, политичарите не мораат да се плашат дека набргу ќе ги изгубат мандатите.



О’ човек ли е тој, кој во вино утеха не бара? 
Маж ли е тој што не лаже? 
Жена ли е таа која не вара?
О’ ти.



Остриот јазик е како мачета - сабја со која си го расчистува патот низ густата џунгла од лигуши и кодоши.



Што е всушност надежта? Избегнување на реалните факти и ментална мастурбација.



Работите се такви какви ги доживуваме, садо или мазо, од напред или по газо.



Идеолошка теорија е заеднички да градиме среќа и сите да бидеме среќни, но прагматична пракса е да градиме сопствена среќа врз туѓа несреќа.



Со секој пораз, губиме образ, но како веќе немаме образ, ниеден пораз не може да не’ погоди.



Медиумите се платена војска која може да порази секоја војска, но работат само за тој што има да плати.



Кралевото на кралот, божјото на бога, за народот само тикви и шипки варени остануваат.



Никогаш не сум бил присталица за тешење со полошо, туку да се земе кралевото, а кралот да се обеси.



Тигари, лавови, водопади и ова - она, убави се на поглед, ама замисли да паднеш таму...значи нема ништо поубо од жена.



Се е можно...кога е на твоја штета.


Да разговараш со некој непријатен е исто како да имаш голема бубуљица на газот и не моеш да седнеш ко шо треба.



Хемароиди се како да имаш професија која ја мразиш, а ја работиш затоа што мораш.



Не си ни прв, ни последен, не те сака само тебе, туку такви како тебе.



Секој за себе мисли дека е незаменлив, а за другите дека се заменливи.



Коа си џапнат ко да си у мозок апнат.



Смешни се ликсури кога се занесуваат дека со тебе можат муда да мерат и не бираат момент, фраер знае до каде може да иде и си ја чека својата шанса.



Лесно се множиме, но уште побрзо се делиме.



Животот е краток како и секој негов дел, значи составен е од миничи.



Тој што има многу пријатели, ни тебе нема да ти биде пријател.



Започнува учебната година, време е за нови уцени.



Родени сме како робови, без разлика како се нарекуваме и требаат многу пари за да ја откупиме нашата слобода.



Кај сиромавите последна умира надежта, а кај богатите - алчноста.


Гулабот е симбол на слобода затоа што има слобода да ти се посере на глава и да ти кидне оти има крила.



Нема поголема лага од таа да не’ наведат да навиваме за други, а тие да велат дека тоа го прават за нас.



Судбината има раце и за неа сме играчки со кои неуморно си игра и се самозадоволува.



Сите се на почеток фини, додека носат мини.


Нема таков кој се однесувал како и повеќето, а да успеал во животот.


Вода има во Венеција, но ние исто толку си имаме корупција.



Иако кај нас на прв поглед нема ништо сериозно, ако човек се загледа подобро, ќе види и нешто сериозно, на погреб на пример...иако не на секој.



На риби им треба вода, на жени им требаат продавници.



Срцето вели едно, нагоните друго, а умот може само да се кае што и да направи.



Ниеден совет или критика нема долготраен ефект, човекот не се менува, твое е само да трпиш додека ти се трпи.



Ќе биде каква е на господ вољата или на ѓаволот бељата.



Нискиот стандард, незапосленоста и недостапно здравство се обид за убиство.



Значи нема популарност ако нема блискост со власта, па и сега е така и секогаш ќе имаме лустрации затоа што кодошите се неисрцпни.



Повисока свест бара повисок стандард.



Децата одат на училиште тука во септември.
Чести врнежи.
Луѓето се враќаат од одмори и одат на работа.
Пожолтени лисја паѓаат од дрвјата.
Повеќето луѓе имаат кисело лице.



За да биде морален, мора да биде приморан.


Здраво е да се има конкуренција без разлика дали се работи за бизнис или приватен живот, те прави да бидеш поубав, попаметен и посилен, но сепак нелојалната остана доминантна иако се грди, глупави и кукавици, но затоа се многу расипани и се’ повеќе ги има.


Проблемите се често едноставни, но почесто ние сме комплицирани.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Пон Сеп 23 2013, 15:10

NE! NE! i NE! ... Проблемите се често KOMPLICIRANI, но ние сме EPTEN EDNOSTAVNI ZA DA GI SOGLEDAME I RESHIME, OTI SAKAME DA BIDEME "FLEKSIBILNI".
A koga malku podobro ke razmislam, ic ne e loso da sme ednostavni, ako ne za drugo, barem nema da ne boli glava od tie sto sakaat da sme fleksibilni! kez 

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Пон Сеп 23 2013, 18:36

smesko

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пет Сеп 27 2013, 15:53

Ако раскажуваш многу за себе, ќе очекуваат така да се однесуваш и ја губиш слободата.


Молчењето може да ти донесе злато, ако раскажуваш однапред за своите планови исто како да си го потрошил пред време.



Секој само на себе мисли, но ако е нешто неубо, тебе ти го кажува, наместо на себе.



Животот ни’ лупа шамари, а ние се обидуваме да си го сочуваме образот.



Како се усреќува жена?
Се фаќаш за новчаник и на неа трошиш, трошиш додека она не рече - Доста!



Често те негираат, ама тоа ништо не им помага, баш напротив.



Важно да се имаш курс, а на курлиња што се курчат не обрнувај внимание.



Пушти на прва, а тоа сигурно успива, тоа е канал за ретардирани кој успива. За да спиеш мирно мораш да бидеш глуп.



Пар е кога имаат доволно пари, во спротивно е непар кој води до распар.



Сегашната секогаш е прва, оти претходните биле само загревање за да не се шине.



Вистинска љубов е ако остане иста у понашање и килажа и после бајаги години.



Кога жените велат “не“, значи дека треба да бидеш упорен. Ако рече одма “да“ значи лесна е. Ако ти дала значи и на други дала, ако не ти дава, значи дека само тебе не ти дава.



За муж и жена е важно да имаат и горе и доле и башка у рамнотежа.



Ако не може врската да биде успешна, бар да биде утешна.



Сакај ако сакаш да сакаш и не какај.



Кој е свесен за последиците не сака да напаѓа, но кога е принуден, тогаш е безмилосен затоа што е свесен за последиците од милоста.



Нема разлика помеѓу инвалид и сиромав, и двајцата живеат во рамките на својата бедна ограниченост.


Рано оставија Барбики за да се плеткаат со секакви будали.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Вто Окт 08 2013, 03:00

Каде застануваат делата, продолжува јазикот.


Штом од гласачи добил глас, тој смета дека добил и газ.



Законот е креиран според моделот на жена и затоа има дупки, башка за некого мајка, за некого маќеа.



Човекот и кучето се до толку блиски да често не може да се разликува кој е поголемо куче или човек.



Цени скапи за умови тапи.



До толку го упропастија говорот да сега секој добар збор може да значи и нешто лошо.



Учи се на гордост на млади години, затоа што на стари тешко се оди исправено.



Ако не разбира зборови, не можеме да го третираме како човек без разлика на неговиот изглед.



Не им верувам повеќе ни на делата, затоа што често се со расипан и лицемерен мотив.



Никој повеќе не е наивен, но принуден е да живее како будала.



Главоболката е како аеродром каде се спуштаат мислите од облаците.



Каде завршува диетата, таму продолжува мешето.



За добар секс, нема подобар афродизијак од платени сметки.



Секој има свој пат и секој е лизгав.



Грд човек значи невоља, твоето сожалување скапо ќе те чини.



Обично на психијатар ги праќаат тие кои досаѓаат наоколу, апе зошто не ги праќаат и овие што ни’ досаѓаат со надуени сметки?


Се случува намерите во почеток да им се искрени, се’ додека не станат искрени со себе дека се лажат себе си и другите.



Што и да направиме ќе се каеме, дали затоа што требало или можело подобро, скоро исто му доаѓа. Затоа терај си го ќефот, но доколку знаеш што е твој ќеф, а што е ќеф на кој те убедуваат дека треба да ти биде.


Пцуењето е како и плукањето, само што пцуењето стига подалеку и може спроти ветер. Плунката е киселина за да ја раствори и олесни храната, а пцуењето, ситуацијата.


Луѓето се често осамени, бедни и очајни и затоа најчесто те имаат за пријател, да беше обратно, немаше ни да те познаваат.


Кога таа му мрчи, него мозокот му се грчи.



Не е толку Homo homini lupus est, колку што е Homo homini lupaat gluposti epten.



За да биде успешна врската најважно е филмови да не гледаат оти за љубовта од филмови научиле и после све нешто им е кусо.



Убава женска нога го прави првиот чекор кон врска и без да зачекори.



Некои на улица се уличарки, а некои на работа се ходничарки.



Според платата која ја земаат, на многумина всушност им е професија да бидат будали.


Тие кои сакаат да ти помогнат, не можат, а штом можат, не сакаат.



После многу грешки се ужива во љубовта и животот, кога ќе ја знаеш цената.



Цело село гледа невеста во бело, а младоженец може да биде секој.


Мислам дека како знак за ВЦ би требало да биде сликичка од говорничка бина.



Зошто ефтини гуми се бетер од проститутки? Затоа што се дупат кај стигнат.



Жената има интуиција и чувствува кој би можел да бидеш и тој го сака, а не тој кој си сега.



Поважно е да знаеш кога да замолчиш од колку да знаеш што зборуваш.


Надвор пукаат петарди само за нова година, а во ВЦ преку целата година.


Со глава низ ѕид не може и љубов на сила не иде, но со ум многу ѕидови паднале и многу жени легнале.


Замисли дека си директор ил газда и жена ти да ти бира секретарка, каква ќе ти одбере?



Мислевме дека трговците со дрога и оружје се најлоши, но лекарската фела ги шие.



Беа славни времиња, срамни времиња, но барем живи бевме.


Само венчани можат да спијат заедно, а ќе им се смеат доколку само спиеле со други.


Ако некој те пофали, често потоа знае да направи да зажалиш за тоа.


На филм, батката седнува замислен и за кратко време му истекнува што да направи. Кога ќе се сетам колку пати сум седнал така замислен и кога така би ми истекнувало, кој знае што ќе направев до сега.


Кој е поперверзен? Боки - 13 или оној кој работи за 200 - 300 еу за некое говедо и е послушен гласач на избори?



Велат дека кај нас се 2.5 жени на еден маж, но вистинската бројка е по 25 жени на еден поситуиран маж.


Во што е поентата на релативноста на Ајнштајн? Во тоа што повеќето немаат поим за што кажувал, а сите го признаваат како најинтелигентен.


Нема поубаво од тоа да легнеш, а под тебе добро познато лице.



Само храбри жени се принцези, а не разгалени мочли и мрсулки кои само си замислуваат дека се принцези.



На слаткоречивите им се лепат уши, а ќе си заминат осолени.



И начинот на говорот може да открие дали потекнува од нездрава околина.



Политички науки најдобро се учат во затвор.



Сомнителниот останува сомнителен и од како ќе докаже дека не е виновен затоа што и судовите се сомнителни.



Љубовта е слатка, но под неа на себичните и глупите ги чека горчлив отров.



Само вол во секоја гледа крава, а само крава во секого гледа вол.



Како Херкул кога се борел против стоглавиот змеј и кога ќе му исечел една глава, никнувале нови три, епа така и нас ни’ никнуваат нови цицки за музење и нова волна за стрижење.



Реалистот живее оптимално, оптимистот нереално, за песимистот копач у глаа оти е страшно досаден.



Понекогаш е најпаметно да си останеш дома и во своите гаќи.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Пон Окт 21 2013, 14:57

Кога глуп ќе полуди, а уште и на власт, нема ништо пострашно.


Во диви времиња, поделени се на племиња, во нашиот случај, на политички партии.



Среќа е кога ќе се забришеш после добро свршена работа.


Сериозни нации се со богата економска историја, а не со воено - идиотска, како што мудриот се срами од тоа со кое се фали будалата.



Малкумина останавме да се бориме со кризава, јуначки трпиме.



Коњот е племенит, не може да биде газда затоа што нема племенит газда - парцијални примери на некоја негова великодушност се само заради имиџ, а не оти е фин човек.



Шетаме со мокри грбови, секој по секого задргбно плука.



Најтесногради се силиконските и не гледаат подалеку од своите цицки и муцки.



Лага е тоа кое не го регистрираат сетилата, а посебно настанува конфузна ситуација кога авторитет ти вели дека постои и следува казна ако не поверуваш.



Насекаде богатите ги музат тие кои вредно работат, но меѓутоа свесни се дека постои меѓусебна зависност. А кај нас се до толку несвесни да си ја сечат гранката на која седат.



Факт е дека сиромаштијата е оружје, секојдневно закани за отпуштање од работа, а стравот е ист како од физички напад.



На секој натпревар играчите се со повеќе пари, а навивачите со помалку нерви.



Лагата е само алатка за стекнување на незаслуженото и одземање од тие кои заслужиле.


Ако те излажале и направиле мајмун од тебе, значи ти се расипал некој отпорник.


 Непризнавањето е мајка на секоја безгрешност.


Музиката е доведена до тоа совршенство кога веќе не мораш да ја слушаш, туку само да ја гледаш.



Сега се продаваат само полумасни бутови според светски стандарди.



Што е секси храна? Храна која се употребува при секс.



Што е всушност љубов? Во партнерот гледаш каков би бил/а доколку би бил/а од спротивниот пол и сам/а себе се љубиш.



Живееме во време на дезинформации, имаш само избор да одбереш илузија.


Во ова хаотично време секој заклучок е исклучок.



Која заради интерес се мажи добива вештачко оплодување.



Будала прави добрина и никогаш не му велат “Фала“, а луд прави лошо и сите му благодарат затоа што не направил полошо.



Дај му на лажлив циган власт, ќе те лаже како премиер.



Што се модерни Ромео и Јулија? Немаат пари, немаат каде, немаат работа или некоја мизерна, за да бидат у асална веза и им останува само да патат и им иде да се отрујат.



Не е вистинско женско се’ што е женско, ниту пак вистинско машко се’ што е машко.


Зголемена вработеност кај нас најчесто значи, и покрај вработеноста пак се социјални случаи.


Доволивме да не’ третираат како предмети во ова материјалистичко време и можеме да се надеваме само на употребливост, а не приврзаност.



Стана досадно само жените да се прикажуваат како жртви и љубовните совети најчесто се однесуваат како да се однесува кон жена, а мушко? Тој е вол, тој секако ќе трпи.



Среќата во бракот трае додека се брачни другари, а штом забегаат како брачни господа, се растураат како крави и говеда.


Живот без жена е како работа во фабрика во трета смена.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Чет Ное 14 2013, 14:51

Се љуби само себе и таквите како него, значи само машки.


Тешко се постапува исправно во погрешна околина и околностите кои ги наметнува.



Мислам дека им вршиме голема неправда на курвите и ги пишуваме “к***а“, т.е. со ѕвездички, и правилно би било ѕвездичките да се употребуваат за политичар како многу подолна и подмолна професија т.е. “п*******р“ 



По патот по кој тргнал некој застанал затоа што плодови брал, а некој затоа што се усрал.



Колку е поскапо, толку е поефтин човекот.



Колку е поинтелигентен толку повеќе разбира, колку повеќе разбира толку му е поголема толеранцијата, значи тотално е погрешно верувањето дека постојат интелигентни лоши луѓе.



По туѓ грб и сто стапа се малку, а за тој што краде и сто вреќи му се малку.



Хомосексуалците и болните за власт никој не ги лечи, а уште помалку хомосексуалец болен за власт.



Душата ни’ поцрнела и натежнала од рекламни бомбардирања од типот на “Биди алчен и не се сопирај“



Очекувавме свеж капитал и тој навистина дојде, но од џебовите на народот.



Таа е среќно вљубена, најпосле си ги најде своите 30 сантиметри.



Толку често му велеа дека не се такви, да му прејде во навика да вели дека и тој не е таков, дури и кога е таков.



Па што ако тој повеќе се трудел, учел и стварал? Има клемпави уши и тоа е непростливо.



Најчесто во трговијата и љубовта функционираат слични механизми, да те намами за да те заебе, а само ретко добиваш нешто квалитетно.


Ако некому личиш како тешка задача, ќе проба да те реши задргбно.


Мињакот и деколтето постојат за да красат, ама често по улици и преку маси зјапаат секакви непристојни, пијани или дрогирани кои впечатокот го гнасат.



Бараше и душата да ја разголи за да види дали од внатре свети или само е надворешен лажен сјај.



Со време годините стануваат денови, деновите - часови, а потоа сеќавањата нема да траат ни повеќе од минута.



Секоја недела жената е генерал и затоа прави генералка.


Жената личи на слатка играчка, но под тоа се крие и личност спремна да предизвика и плачка.


Во мали работи се познава човекот каков е, затоа што тука се кријат големи опомени.


Храбар и сиромав го третираат како дрзок, а дрзок и богат како храбар.


Законот е збир на услови под кои е дозволено да се прави криминал.



Горки се некои искуства, ама па некои се ептен Максим Горки.


Од сите чуда на светот, најпосакувано е богатењето преку ноќ.


Од сите печатени медиуми ќе остане само ВЦ хартијата затоа што секогаш со газот ќе ја печатат.


Велат дека наутро внатрешен глас им кажува што да прават со денот, но мене само ми вели да идам у ВЦ.



На невоспитан не му се докажува, туку се игнорира, но ако и тоа не помогне тогаш се покажуваат заби.


Ако треба да трпи критики, не значи дека треба да трпи и заинат критики.


Ако е некоја убава, а на пониско работно место подолго време, значи дека нема врски, но и дека не дава на секого.


Веќе и не знаеме ни за кого зборуваме, секој е заменлив, дали горе или доле, остана само системот независно да се развива и да не’ дроби.



Љубовна врска е како пратенички мандат, само што често има предвремени избори.



Да е крадење ова кај нас, сепак не би било толку страшно, но ова е како грабање инвалидска количка од инвалид, цуцла од бебе итн у тој смисол.



Нема полоша закана кон жена дека на сите ќе кажеш колку е тешка и колку години има.



Лицемерни сме кон религијата, господ простува, но партнерот не може долго да глуми господ.


Само чесни маж и жена можат искрено да љубат, тоа не може да биде селективно, во едно да бидат нечесни, а во друго чесни.


Најчесто имаме два избора: Со глава низ ѕид или да стоиш пред ѕид.


Обично лоповите бегаат по кражбата, но нашиве се враќаат и уште се нудат како водачи.


Нема поголемо правење на мутави од одбележување на годишнини од ослободувањето.


Велиме дека полицајците и обезбедувачите од агенции се глупави, но кој паметен и писмен е до толку будала да облече униформа и да ја става главата во торба?


Мафијашите направија филмови за мафијашите колку се тие всушност фини и романтични, а и фашистите да победеа народ за нив ќе мислеше дека се слатки како бомбончиња.


Постои универзален лек против несоница: Сликај ја работната просторија, урами ја и над кревет закачи ја. Облечи работна униформа и легни си. Сонот непогрешливо и на прсти набргу ќе ти дојде.


Рани душа, да те слуша, но душа не е тело и затоа народ гледа бело.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by Sponsored content Today at 07:46


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 8 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот