АФОРИЗМИ

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Чет Фед 07 2013, 12:33

Тоа кое е убаво е кратко како кратка сукња по која загледуваат додека полека одминува и се губи во хоризонтот, останува само по некој вулгарен коментар и во себе беспомошна воздишка.

Кога се чувствуваш виновен затоа што си тој кој си тој, во времиња кога им треба некој друг, а тие мислат дека се таман. Не се, ама повеќе се и затоа изгледа дека во право се. Помисли само колку глупости безумната маса има направено низ историјата затоа што не сакале да слушаат таков како тебе.

Туѓите зборови се како сендвичи и како сакаме набрзина да дознаеме, често не внимаваме од каде ги купуваме и лесно си ги труеме мислите.

Кого нема без него се може, ама без сарма не се може.

Во секој од нас се крие тежок глупак, само треба власт и богатство да му дадеш.

Се дотерува и мириса горе, за да смрди после доле.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Пет Фед 08 2013, 00:37

Ни го смениле погледот за да се гледаме ко други, а истите сме!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пет Фед 08 2013, 12:30

Се правдаме дека би помагале повеќе околу доколку би имале доволно за себе, но како можеме да видиме тие кои имаат доволно, па и преку тоа, не се прекршија од помагање, па дури и обратно.

Наша средина често не се тие околу нас.

Ако вели дека те поддржува, не значи и дека ќе те пипа, а камоли нешто повеќе, но често и тоа значи.

Секое пријателсто се плаќа, само надевај се на подолг грејс период и одложено плаќање.

Тие кои те знаат од мал секогаш ќе те гледаат како мал и кога си бил најлош, никогаш нема да видат дека си пораснал и дека си сега подобар од нив.

Зошто е потребно партнерите меѓусебно да си ги познаваат секој дел од телата? Затоа што не дај боже може да дојде до едниот да биде повикан од надлежни служби за да го идентификува другиот.

На твоја страна може да биде само од креветот заради тебе.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Фед 09 2013, 12:50

Не се продадоа сите, некои чекаат подобра цена.

Кога би имало повеќе работа, помалку политичари би имало.

Заглавен во стапицата на постоењето, не знаеш ни смртта дали е решение.

Често се поистоветуваат со лавови, тигари, ајкули итн, а никој со срни, зајчиња, врапчиња итн, а иако се поубави и помили. А тоа у ствари кажува - луѓето љубат да бидат ѕверови.

Имаме многу глаучи кои ни’ продаваат големина и го запречуваат сонцето.

Една баба у влезот не ми праи муабет - значи имало Господ.

‎...прави вака, прави онака, смеј се, бла, бла, убав е животот и ово - оно, демек од познати мислители препишано. А во нас несакајќи поминува некоја покварена мисла „ Ај не кењај“.

Колку и да е долг говорот на политичарите може да се сведе на:
“Гомна јадам ја,
будали ве правам, бла, бла,бла,
оти ми се може, е т’ка“

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Саб Фед 09 2013, 17:32

Што афоризам ти беше ова последното? ... Не знам дали во еден ред или во два реда да го читам? ...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by the nurse on Нед Фед 10 2013, 14:20

Некогаш треба да скршиш нешто за да останеш цел

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Фед 10 2013, 18:58

Лажењето е призната уметност како и лажната уметност.

Најобјективно мислење за тебе е ако го земеш во предвид средното мислење помеѓу тој кој те сака и кој не те сака.


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Сре Фед 13 2013, 15:03

Криминал е тоа што уште не поминало низ собраниска процедура.

Каде нема ред и закон, Анархистите и Антихристите се главни.

Животот е длабок и лесно може да се удави кој не е површен.

Животот е тежок за тие кои се тешки и длабокоумни, но не и за тие кои го следат ритамот на турбо филкот.

Ти се чини дека ќе траеш вечно и баш е тоа што не чини.

Важно е да бидеш љубено суштество за разлика од ова ебано општество.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Чет Фед 14 2013, 00:43

Филкот како фил или кремче! ... Така ли? ... trepka
Ти во какво општество сме залутале! ... И кај е тој што треба да ни го покаже патот? ... misli

keti


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Чет Фед 14 2013, 17:41

Велат дека бил стар за љубов, а за на ѕидарска скела не е стар? Сигурно на скела не е полесно, туку јадат лајна тие кои не ги бива иако се помлади.

Уживајте во името на љубовта, само внимавајте да не кажете погрешно име.

Цело време се местат со копаните и батаците и потоа се лутат ако ги наречат кокошки.

Се виде дека меѓусебно очи ќе си извадиме затоа што сеништа ни’ ветуваат сништа.

ФБ е плажа и затоа често се сликаат во купачи, а се сончаат на загорени манијачки погледи со спремни бели масла против изгоретини.

Кој вели дека сме назад во технологија? Со купените дипломи стекнавме многу вештачка интелигенција.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пет Фед 15 2013, 14:17

Атлантида не се мешала со останата дивјачка багра макар и по цена да потоне.

Никој не се обидува да биде светец, затоа што тоа подразбира да биде и маченик.

Ни’ ги перат мозоците заради ментална хигиена, само сунет да не почнат да ни’ прават.

Мито - така медицински звучи.

Никогаш не се расправаат дали е камен кога е камен.

Мази, ама пази.

Кој сака да се дружи, треба да знае и да се држи.

Пред да почне да си го бара, треба да знае и што бара, затоа што може лесно да заврши како жаба во бара.

Може да заболи глава и кога се облечени и кога се голи затоа што зависи што облекол и зависи како изгледа гол.

Вистинска љубов е додека навистина го мисли тоа и не е само заради “тоа“.

Вистинскиот пријател е лицемер и лажго само кога е за твое добро, а не само за негово.

Колку повнимателно ќе ја одмота, толку помалку ќе мисли дека е смотан.

Поарно е да мириса на манџи од колку на мажи.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Фед 16 2013, 12:56

Баш ги боли гајле дали ние ги сакаме ил не тие кои се на власт, нивното самољубие покрива се’.

Кога имаме чувство како да умираме тоа само умираат илузиите со кои сме се поистоветиле, а никогаш не биле наши.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пон Фед 18 2013, 11:57

Првата цивилизација биле некојси Сумери и нивното предание вели дека Вонземци дошле и им требале робови за копање злато, ги дофатиле мајмуните и им дотуриле гени, така да ние сме всушност робовска раса.
Тоа значи дека огинот и водата се добри слуги, ама лоши господари, така да истото важи и за човекот.

Ако го делиме животот на два дела, во другиот дел од животот, сносиш последици од првиот дел.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Сре Фед 20 2013, 12:25

Ако не можеш да го оствариш сонот, тогаш продај го, има луѓе со пари, но немаат фантазија или ако имаат тоа се само перверзии.

Тие кои немаат важни пријатели, треба меѓу себе да се спријателуваат, но често не е случајно тоа што немаат пријатели.

Кој не запазува рокови, ќе добива рогови.

Сакај ме експлицитно, а не имплицитно.

Рекламите се’ повеќе наликуваат на шизофренија, се’ повеќе ги кинат конците со реалниот производ.

Сепак тоа што е добро не останува незабележано, колку и да е наместено.

Не можеа против криминалните организации и ги озаконија заради позитивна статистика пред светот.

Власта е со глупавите, а тие сочинуваат голем процент, значи скоро исто како да е со народот.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Сре Фед 20 2013, 23:25

Kogo da ljubam koga toj sto treba da go ljubam ne e toj sto go ljubam! ... Me razbravte neli! ... trepka

keti


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Фед 24 2013, 18:01

Каде повеќето се глупи, паметниот го сметаат за глуп, а себе за паметни.

Некои бутаат заради тоа што сакаат, некои заради тоа што им треба, а некои само бутаат колку да се бутне некаде.

Ги сака нејзините нозе на рамена, а со паметот не и’ е ни до рамена, е тоа е малоумна дрскост.

Многу древни драгоцености ќе останат под земјата, затоа што на никој повеќе не му се копа.

Не е добро да бидеш добар со лошите како што не е добро да бидеш лош со добрите.


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Вто Фед 26 2013, 02:12

Збунет си се' дотогаш додека некој не ти рече дека не си збунет! ... Во обратниот случај си збунет! ... smeenje
Совет: НЕ СЛУШАЈ НИКОГО И БИДИ СИ СВОЈ! ... kez

keti


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Мар 02 2013, 11:22

Не е твоја вина каде и каков си се родил, ама ќе ти ја закачат.

Мораме да поставиме граници помеѓу нас и секакви за да си ја сочуваме слободата.

На кого му даваат мала плата значи сакаат и душата да му ја земат. Има ли појасен показател дека се ѓаволи?

Да те пофалат малце потешко, ама ако згрешиш нозе ќе искршат за да те искритикуваат.

Има многу мажи и жени кои во денешно време не умеат да спечалат доволно пари затоа што сега се печалат на педерски и курвински начин.

Доброто привлекува добро, а лошото ги привлекува добрите да направат да ти биде уште полошо.

Нема полоша жена од машко на власт.

Сите ние сме декларативно уникати, но најдобро не’ разбираат ако не’ споредат со некого што е најчесто навредливо.

Да беше убав животот тогаш и мртвите ќе сакаа да живеат.

Убавите моменти не се створени за да трајат, тогаш само лошите се одмараат.

Не е црна смртта, побелените и ќелави глави се најдобар доказ за тоа.

Зависноста од надежта е тежок наркотик и не’ спречува да ја превземеме судбината во свои раце и да ја направиме каква мислиме дека треба да биде.

Поглупави од нас одлучуваат за нас и потоа се чудиме зошто ни’ е глупав животот.

Најчесто доаѓаат на власт заради желба за одмазда иако имаат тогаш највеќе моќ да простат.

Сакаат послушници кои ќе им се плашат, значи сакаат да ги мразат.

Може да биде дебела, па дури и препорачливо е, ако се работи за линијата помеѓу љубовта и омразата.
Значи дека љубовта треба често мрсно да се храни и со обилно слатки колачиња.

На лошото со лошо се враќа, на доброто со рамнодушност.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Нед Мар 10 2013, 11:19

Додека не’ гњават со таа црна историја, нема да видиме бела иднина.

Силата на водачите е во лудаците во првите редови.

На мака се познаваат јунаците, а на мамка алчните кукавици.

Пушењето е штетно, но сепак народот активно или пасивно и’ го пуши на власта секојдневно.

Сите го сакаат светот под себе, но сепак на крајот завршуваат под него.

Да ја сакаш, не значи да трчаш по неа, оти тоа значи дека си лигав и се сакаш само себе затоа што така дете трча по мајка му оти е посрано од страв, а сиротката ја ставаш во заблуда да мисли дека ја сакаш, а всушност сакаш да те заштити оти си уште мал.

Можеш да ја имаш која сакаш, во мислите, затоа што и да било навистина, кога ќе заврши помеѓу вас, ќе биде само мисла.

Нема полош противник од самиот себе, и двајцата мислите дека сте “јас“, а другиот “тој во тебе“.

Фројд вели дека самобендисаните се хомосексуалци, ете какви ни’ ја водат државата.

Постојат осамени затоа што се супер интелигентни, затоа што никој не може да ги поднесе, затоа што се голтари или заради сите три истовремено.

Додека станува, има врска со светот.

Каде е сиромаштијата, таму е и глупоста, каде е богатството, таму е лудоста.


_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Мар 30 2013, 14:19

Ќе дојде време кога ќе оживеат и Диносауруси за кои ќе се грижат и ќе ги хранат, а низ светот сеуште ќе умираат луѓе од глад затоа што никој не се грижи за нив.

Прво споро се замараш, а брзо одмараш, а потоа брзо се замараш, а споро одмараш.

Комшија ти е ко род со кого најчесто не си во добри односи.

Најјака ерогена зона е партнерот, кога што и да прави, тебе те пали.

Од сите книжевни правци казните направиле најголем приход.

Огледалото те тера да гледаш таму каде ретко кој те гледа и да се нервираш заради тоа.

Често не можеме да си го наплатиме нашиот труд заради некој трут.

Мудриот би требало да работи и за доброто на другите, во спротивно е само покварен и себичен гад.

Добар човек е мртов лош човек.

Кога девојката станува жена, сфаќа дека мајка и’ зборела глупости дека наводно се’ е до тоа да има куќа, пари, коли итн и си фаќа шфалер или сфаќа дека не е се’ во љубовта и си фаќа спонзор.

ЕУ е само приказна за деца намената да го спречи растењето.

Лаже кој стигне и потоа се лутат кога ќе им речат дека се измислена држава.

Ако можеш бори се сам дури и кога е во нивен интерес затоа што тие први ќе те предадат.

Ако те третираат како стока, бар имаш рогови и копита да се браниш.

Од како падна, тој патеше од половина.

Ти си свој додека некоја не побара да бидеш нејзин.

Од идеја за социјален просперитет се претвори во социјална расипаност.

Некогаш седнуваа и везеа, а сега се на фб и се зезаат.

Па нормално дека таа не чека покрај неа да легне некоја вреќа.

Нема мислење за хомосексуалците затоа што има хетеросексуални преокупации.

Сиромав е како исчезнато лице, само што никој не го бара.

Кога те сака и да се бричиш и да не се бричиш, пак убав ќе и’ личиш.

Свесни се дека совеста е десна рака на вистината и затоа често ја ампутираат.

Кај некои таквата ситуација е само фаза, а кај некои нула.

Гледаш околу себе сите со ланци и јареми и велат дека така треба и дека има и бетер, си мислиш дека така треба и сам си ставаш ланци за да бидеш социјално прифатен.

Не е борбен тој народ кој се бори меѓу себе, туку кукавички.

Си бил некој и од никој и ништо и успеал, познавам и јас по некој таков, ама е психопат, значи сепак нешто ќе фали.

Поарно два коња при рака, од колку принц само на слика.

Желбата наша горна нека ја исполни вољата наша долна.

Паметниот пишува, будалата го памтат.

Сексот е лек, само ако не е мек.

Нема свое јас, ама затоа има газ.

Жената е зачудувачки храбра кога наидува густо.

Низ светот бараат изуми за продолжување на животот, а кај нас за скратување.

Зборуваат за Александар Велики, а сепак поголем интерес буди кога ќе помине Александра со велики.

Без труд сака да помине низ иглени уши и затоа лаже и суши.

Да се најдеа порано, можеби сега немаше да висат на фб затоа што е доцна.

Љубов е 24 чесовен секс без разлика на кој начин имате однос.

Жената слуша, чувствува и мисли, но кога ќе почне да гледа и размислува ќе добиеш клоца в газ.

Гледам апели на компаниите да штедиме и на тоа малку кое го трошевме, а тоа го сфаќам како апел да штедиме на правото на живот и помалку да се ствара нов.

Отварам некој профил ил страна и глеам пишуел, пишуел статуси..и си викам “ А, овој нешто кења, досаден некој, пролив“ и после си помислив дека и ја пишуем, пишуем статуси...

Верувај во тој кој те сака, но ако добие власт, не му верувај повеќе.

Треба да загубиш и да те отфрлат за да дознаеш колку си силен.

Во прво време беа наивни и без маски, потоа увидоа дека треба да си набават, но со време лицата им скапаа од недостаток на кислород под маските.

Жената има магија од жаба да те направи принц, ама нема да дозволи да заборавиш дека си всушност жаба.

Повеќе ни’ требаат нерви за да издржиме и да се кезиме ко мутави, од колку нежни срца заради кои плачеме и паѓаме.

Подобри се тие кои не’ одбиваат затоа што знаат дека жал ќе им биде кога ќе не’ оставаат.

Некогаш го викаа “Дечко“, а сега “Мечко“.

Каде се повеќе жени, се цени добар маж, каде се повеќе мажи, добар газ.

Нашите животни патишта се полни со рампи каде на некого му се дига, а на некого му се спушта.

За лудак ќе го сметаат тој кој има две кошули и едната му ја даде на тој кој нема ниедна, затоа што ќе станат рамноправни.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Чет Апр 04 2013, 19:32

За добар канибал нема лош човек.

Мислеше плитко и потона длабоко.

Рано наутро само грди, поспани и измачени можат да се видат, затоа што убавината полека се буди.

Седеше во просторија со слики од голи жени закачени на шајки. Го потсетија на гулабици на гранки.

Жена е златна средина, кога си многу нерасположен таа ќе те орасположи, кога си многу расположен таа ќе те онерасположи.

Ако е навистински мора цел, ако не тогаш може и до пола.

Држете се подалеку од негативците, посебно од тие кои се во минус во банка.

Сега е таа на одмор, го користи стариот.

Каков баксуз е и пари да му паднат од небо ќе бидат кованици, ќе му ја расцепат главата и ќе го утепаат.

Како мали читале “Росица“ и такви станале кога пораснале, арно ама некои па читале “Осица“.

Поарно да се потруди да направи нешто и после да си се восхитува од колку да не прави ништо и само да завидува.

Весна идет

Кога правиш нешто најчесто ќе те негираат, но бар еден ќе го цени тоа и баш заради тој или таа, треба да го правиш тоа.

Нема ништо побрзо од стравот, кој е некогаш добар учител, но почесто е перверзен - какви ги имаме често во образовниот систем.

Парите се измислена работа и најдобро се стекнуваат со измислици.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Саб Апр 13 2013, 19:23

Како изумре магијата? Во нивните ритуали често се споменува крв од девица.

Ако ти е ладно, замисли како им е во жешки предели и така ем ќе ти биде жешко, ем ќе се тресеш од студ.

Им дошло да гатаат и да предвидуваат, не ми е јасно како на никого не му дојде да копа?

Убавината на жените ги предизвикува мажите, а интелигенцијата и интелигентните.

Во нашата држава има нов правец и нова религија, се нарекува - Џабеизам и има се’ повеќе членови кои работат за џабе или воопшто не работат.

Сите сакаме опуштени луѓе, не до толку да бидат досадни ко пролив, но и да не се понашаат ко да имаат запек

Наутро во пет гледам глупави и поспани фаци, си помислив дека и мојата е таква.

Полесно ќе се разбереш со оној за кого имаш лошо мислење, од колку со оној кој има лошо мислење за себе.

Само критика нема да предизвика самокритика туку инат како дупла тебекритика.

Има мајстори, но повеќе се мајмуни.

Сериозниот намќор ни гаќи не менува често затоа што чека сериозно да се извалкаат.

На лавицата не и’ е тешко да лови и чува младенчиња без никаква помош од лавот, додека е тој лав од кого ја добива вољата.

Хуморот потекнува од сексуалноста, кога луѓето највеќе се смеат?

Кога зборува за него највеќе се задржува на тоа кое не го рекол.

Кажуваше дека го боли кукот, а тие го сфаќаа како да не му гајле.

Жена ти е како јавен обвинител - се’ што ќе кажеш ќе биде употребено против тебе. Башка води календар кој ден си и’ рекол нешто лошо и на секоја годишнина од тој немил настан ќе има навраќање и обнова на одговорноста.

Пропуштија шанси затоа што чувствата не попуштија.

Парите и времето се слични - кога ги имаш повеќе, ги расфрлаш и појма немаш после на што си ги потрошил.

Денот се гледа по таа со која си се разбудил.

Што значи просветлени? Со неиспрани мозоци и партиски неопределени.

Одамна астролошки се гледале ѕвездите затоа што верувале дека управуваат со човечката судбина. Не биле далеку од вистината, како што сега главни ѕвезди се ороспии, наркомани и лудаци демек славни личности, а масата се поистоветува со нив.

Тие на власт не се обични лопови и лажговци, тие крадат животи.

Понекогаш не можеме да заспиеме, но поради оние за кои не би сакале да се разбудиме.

Ако ми избегаш и мене паметот ќе ми избега затоа што непрекинато е кај тебе.

Полесно се станува сиромав од колку богат за да имаат кого кучињата да напаѓаат.

Дај му на човека се’ што сака и ќе се удави во своите лајна.

Најчесто не’ интересираат содржини кои можевме да бидеме, а сега сме само обични гледачи.

Постојат само незгодни жени затоа што природно се згодни.

Кога заминуваш, не заборави да ги оставиш пелените.

Гревот на тие кои се возат во автобуси е што се сиромаси и затоа мора да бидат тепани и бодени со ножеви.

Спаси ме Господе од твоите преставници, а од непријателите и пријателите ќе се бранам сам.

Што е илузија на слобода? Можеш да одиш кога сакаш и каде сакаш, ама оти не можеш испаѓа дека не сакаш.

Често жените се жалат на дискриминација, но повеќе е нелојална конкуренција затоа што многу мажи станаа поженствени од самите жени.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Пет Апр 19 2013, 11:17

Пусти желби се како желби за оаза во пустина.

Се жали народов од гласните џамии, а имам и шлакнат комшија кој пушта тв на цел глас, значи ако глуми будала никој ништо не му може.

Живот без љубов е кога има многу пари и стално е со некоја друга, а понекогаш и две.

Живот без љубов е кога има многу пари и стално е со некоја друга, а понекогаш и две.

Нема подобра вежбална од соба спална.

Бакнежите по нејзиното тело се како чукање на нејзината врата, се надева дека е дома и дека ќе му отвори.

Додека ја сака и го сака, далеку се од меѓусебно ранење со кака.

Во прво време им се допаша, а потоа почнува како коса да опаѓа.

Од сељачки култури кај нас највеќе се одгледува хибридна сорта на сончоглед во облик на газ.

Како тргнало со емиграцијава уште малку и кај нас ќе си доаѓаме во странство.

Неговата верба во Господ и државата е толкава колкава му е платата.

Кога фалат некого прво помислувам дека умрел.

Иако обидуваа да му го омаловажат дигнитетот, сепак му се дигаше, затоа што ја имаше мислата водилка кога Галилео иако осуден, тивко рекол: “Сепак се врти“

Жената не е наивна туку дозволува да биде излажана затоа што и’ се сака, а и секогаш може да се вади дека е излажана, што значи машки фраери нема.

Ја грицкаше за увце како глувче кое ја тераше да цивка, но на крајот се испостави дека бил стаорец, а таа мивка.

Туѓа жена е како привремена работа во странство, но како знаеме, многумина не се вратија и таму си останаа.

Главата бргу поминува, ако срцето турка силно.

Разумот трае до овулација, а потоа почнува еволуција.

Кога се намалено пресметливи често за нив еден и еден стануваат 69.

Себичниот несебично те злоупотребува.

Светската банка ни’ ја одзеде невиноста и сега следат реденки од камати.

Прилегнување значи дека има при кого да легне, во спротивно е само легнување т.е. самолегнување.

Од како го соблече гол го влече за нос како вол.

Политичарите ги нарекуваат лопови и предавници, а тие упорно повторно се кандидираат, е тоа е верба во себе.

Сакаше целосно да живее и затоа немаше скоро никој кога го погребуваа.

Има вид на вечерна школа, ама наместо тетратки носат кондоми.

Институциите на државата најчесто се лицемерие зад која се крие перверзија.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by keti on Пет Апр 19 2013, 23:30

Zosto dva zivota bez ljubov si napisal bre Zbunet!

keti


Вратете се на почетокот Go down

Афоризми од Збунет

Пишување by zbunet on Чет Апр 25 2013, 21:58

Бар да стават еден отровомат пред секоја установа - да си лапне едно отровче ако нема да плати.

Тие што имаат од што да се срамат, на тие што немаат, ги нарекуваат затуцани и глупи.

Помеѓу проста маса, интелигентниот и таа што носи мини сукња предизвикуваат внимание со таа разлика што едниот сакаат да го тепаат.

Ќе му даде прст, а после тој и раката и’ ја бара.

Сакаат: " Persona gratis", во спротивно е: "Persona non grata"

Жена е како батериска ламба на полнење, ќе ја наполниш и ќе свети.

Љубов е кога го прифаќа таков и колкав е и да не бара повеќе или поголем.

Се запиша во “Плесна школа“ мислејќи дека ќе има плескање.

Во ова време безобразно е да се побара плата од газда, исто ко да го опцул, а пријавувањето за нерегуларности е всушност да им кажеш виц на службеници кои се досадуваат.

За да има некого искрено треба и во себе да има искрено.

Понекогаш се прашуваш што не е во ред со тебе, но повторно ќе сретнеш некој нормален и се ќе биде во ред.

Алхемичарите сакале да докажат дека може каменот да се претвори во злато, така и алкохоличарите сакаат да докажат дека може да се живее луд и без црн дроб.

Некој и кога спие е буден, а некој и кога е буден спие.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by Sponsored content Today at 04:00


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 8 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот