АФОРИЗМИ

Страна 1 of 8 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Пон Јан 04 2010, 14:23

Трудејќи се да ја расветлат вистината, не фрлија во мрак...






Кога еден народ постојано кука од својата влада, тоа е знак дека владата
треба да распише избори – за нов народ...








НЕ МОЖЕЈЌИ ДА ГЛЕДААТ КАКО POLEKA ИМ УМИРА ДРЖАВАТА,
ЕДНОГЛАСНО И ИЗГЛАСАА - ЕУТАНАЗИЈА...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Пон Јан 04 2010, 19:40

Дарвин беше во прaво. Ева го направи Адам мајмун.

Во мене се бори будала и гение. Се плашам да не попушти попаметниот.


Последната промена е направена од zbunet на Чет Јан 07 2010, 11:12. Мислењето е променето 1 пати

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Пон Јан 04 2010, 23:04

posledna misla na edna prostitutka - zivotot e kurva...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Јан 07 2010, 11:17

Жената е секогаш занимлива кога е заљубена: тогаш е попаметна, поодлучна и послатка од било кога. Мажот е расеан, непромислен и плачливо нежен.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by trpe on Чет Јан 07 2010, 15:13

Бесмислено е да се мразат сите рози, бидејќи си се изгребал од еден трн.


Бесмислено е да не веруваш во љубов,бидејќи една била невозвратена или неверна.


Бесмислено е
да се откажеш од своите сништа бидејќи еден не се остварил.


Бесмислено е
да се откажеш од сите пријатели бидејќи еден те изневерил.

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by Кидман on Чет Јан 07 2010, 15:14

леле Трпе колку си паметееееееенннннннннннн.....................

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by trpe on Чет Јан 07 2010, 22:15

А тек чавките да не ми го испија паметот... Кај ќе ми беше крајот

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Пет Јан 08 2010, 23:03

Би можеле и ние да се опаметиме, но со тоа би го изгубиле националиот идентитет.

Не седат залудно просјаците на улица, има народ пари.

Неопходно е вистината за нас да се пробие во светот, затоа и ставивме пробисвет за амбасадор.

Бројот на платеници и издајници достигнува до милион. ЦИА ќе мора да ги праќа на принуден одмор.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Саб Јан 09 2010, 09:36

Еден е патот, рече водачот, и тргна кон
провалијата...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Саб Јан 09 2010, 09:38

Жената
што има богат маж има сиромашен
- кревет...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Саб Јан 09 2010, 09:38

Денес е се помал бројот на ограбувачи на банки, а
се поголем на банки што ограбуваат...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Јан 14 2010, 20:15

Ако кажеш некоја тајна на својот пријател, води сметка дека и тој има пријател.

Во војна и љубов се е дозволено, вклучувајќи го и убиството.


Да сфати жена и афоризам, не може секој и секогаш.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Јан 14 2010, 21:09

Големи луѓе расправаат за идеи.
Средни за случки.
Мали за луѓе.

Мрзливоста оди толку полека да сиромаштијата бргу ќе ја стигне.

Оној што проценува туѓа вредност, најпрво треба да има сопствена.

Полесно е вистината да ја ошамариш од колку да ја погледнеш во лице.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Јан 14 2010, 21:16

СО ПРИНЦИП СЕ ОПРАВДУВААТ И НАЈГЛУПАВИТЕ ПОСТАПКИ.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Јан 14 2010, 21:20

Кој направи добро дело нека молчи. Оној кој го прими, нека раскажува.

Ако долго живеат заедно животните се засакуваат, а луѓето замразуваат.

Тие без корен се најжилави.

Чувај се од бившите пријатели повеќе од непријателите.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by Александра on Чет Јан 14 2010, 22:42

Честопати, не сме знаеле што сме имале додека не го изгубиме, но исто така, не сме знаеле што ни фалело додека не го најдеме.

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Нед Јан 17 2010, 21:45

Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.

Љубовта е како печурка. Дознаваме дали е отровна дури откако ќе ја изедеме.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Сре Јан 20 2010, 00:59

Тој што сее семе од срцето, не мисли на жетвата…

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by kazablanka on Пет Јан 22 2010, 08:08

Комунизмот
не одвои од Црквата и од Бога, а плурализмот не врати во паганството -
на секои парламентарни избори си бираме богови пред кои ќе се клањаме
наредните четири години и ќе им принесуваме жртви...

kazablanka


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Пет Јан 22 2010, 21:50

Жена, како тоа убаво звучи. А тек како стенка !

Најдобра е шведска маса на француски кревет.

Подалеку од очи, далеку од матичар.

Сообраќаен натпис : АКО МОЖЕШ ОВА ДА ГО ПРОЧИТАШ ЗНАЧИ ВОЗИШ СО ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА !

Имам проблеми со мокрење. А убаво и’ реков да ја фрли мастиката за џвакање.

Ме сака ! Да ме мрази не би ме мачела толку.

Славната порно глумица не се откажува. Славата се повеќе и’ се шири.

Добар сум во кревет. Веднаш заспивам.

Во сезона на парење на китови, на гњурците им се препорачува маска со брисачи.

За разлика од вистинска војна, жртвите на љубовната војна страдаат од промашувања.

Треба да им се забрани на женските да носат провокативна облека или да ги проредат бандерите !

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by fragola on Пет Јан 22 2010, 23:13

Uci od greskite vo minatoto,no ne se obiduvaj da gi popravis istite.-licno moj aforizam

fragola


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Саб Јан 23 2010, 21:19

Во нејзино друштво сум како дете. Секаде би сакал да пипнам.

Ја открив филозофската димензија на љубовта. Во љубовта нема филозофирање.

Со жена ми расчистив. Како и секој прав маж и’ помогнав да ја среди кујната.

Омилен спорт кај многу парови е ритмичка гимнастика на партнерот.

Ако ретко се гледате поверојатно е дека повеќе ќе стенкате од колку што ќе зборувате.

Најпосле го свати филмот. Сонувала.

Од нервозна жена полоша е само депресивна љубовница.

Не сум духовит, ама затоа сум страшно досаден.

Животот е како дух од лампа. Се појавува како последица од трлање.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by trpe on Чет Јан 28 2010, 15:14

-Ја олесни државата како патриот, товарот го задржа за себе.

-Народот го избра своето.Така и му требаше!

-Тој е човек од збор.Кога ќе почне да зборува, не престанува

-Наизменична струја-час ја има, час ја нема

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Вто Фед 02 2010, 21:14

Воља е да се натераш себе си да правиш нешто што не ти се прави.

Испаднав глуп. Сега сум и јас некој и нешто.

Многу кои ги водеше срцето, ја изгубија главата.
Многу кои ги водеше главата, го изгубија срцето.
А можеби требаше да пробаат со душата ?

Некогаш птиците умираа пеејќи, а сега умираат кашлајќи.

Ни сам себе не се разбирам. Ете така станав поет.

Не ги сакаат сите џепните книги. Џепарошите на пример.

Првото еротско искуство го имав со професорката по биологија. Ми ја зема “ Еротиката “ и ме прати кај директорот.

Од сите детски болести најдолго се боледува од онанија.

Онанијата е работа извадена од контекст.

Девиците се недопрена природа.

Маж со мозок може многу да направи, ама жена со мозок може сешто да направи.

Жената е единственото суштество кое ги бричи нозете.

Шизофренијата е кул. Не мора да дава пари за дрога.

Чекорот од лудак до манијак е многу мал. Доволно е лудакот во раце да земе некое оружје.

Со годините човекот станува подобар. Му снемува сила за пороци.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by zbunet on Чет Фед 04 2010, 02:03

Ако од нешто бегаш цел живот, на крајот ќе сватиш дека си предодреден за тоа.

Во добро огранизирано друштво, човекот е осамена појава.

Постигнати се незапамтени успеси. Никој не се сеќава на нив.

Кога сатирата е на пола копје тоа значи дека слободата е мртва.

Се‘ што му ветија на народот, народот им овозможи да имаат.

Неспособните имаат способност да ги онеспособат способните.

Секое школо се плаќа. Затоа ја купуваат дипломата.

Од плата не се живее. Од неа се изумира.

Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до песна.

Шега на страна. За црни денови.

На лагата и’ се кратки нозете. Затоа не се гледаат зад говорница.

Демократија е право да бираш меѓу две зла.

Непријателот е разбиен. Секаде е околу нас.

Не го оставија народот на цедило. Сеуште го цедат.

Во темелите на државата се нејзините најодбри синови. Затоа ѓубрето е секогаш на површина.

Се изјасни дека сака достоен живот каков доликува на човек. Го нарекоа комунист и го протераа.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: АФОРИЗМИ

Пишување by Sponsored content Today at 12:28


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 8 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот