Има ли овде домаќинки???

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Тото on Саб Aвг 07 2010, 16:14

Ми падна тенџерето со таратор на сред кујна se slucuva
Ги потрошив сите салфетки и тоалетки и пак има траги од злосторот help

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Пон Сеп 13 2010, 17:06

Син ми ќе има роденден
ај сега да ве видам домаќинки едни дајте рецепт за торта
ем да биде брза, ем вкусна, ако е помастравлија

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Пон Сеп 13 2010, 18:33

Јас ретко правам благо,но со ,,реформ,,торта на пример не можеш да згрешиш.Важно,јајцата , по можност селски,да се на собна температура.Путерот со најдобар квалитет и мати го со правшеќер(нели да не крцка).Чоколадата што поцрна,тоа подобро(најскапата).Оревите да се овогодишни,некои и ги потпекуваат.Ако ставаш ,,Хопла,,никако растителна(нема ништо здраво во неа).За шам од белки јас не сум,затоа што бактериите обожаваат живи јајца.А и јајцата не се тоа што беа порано.Најважно:МАМА ДА Е РАСПОЛОЖЕНА!додека ја прави,да внесе љубов во неа flower Тоа е најскапиот додаток!Нека му е среќен роденденот!

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Пон Сеп 13 2010, 22:05

Кидман, еве еден предлог за роденденска торта од мене, која што е многу вкусна и не е тешка за приготвување...

Бајадера торта

18 јајца
18 лажици шеќер
18 лажици мелени ореви
9 лажици брашно
1 1/2 кесички прашок за пециво
9 лажици какао
Тортата се состои од три кори, а за секоја кора се матат со миксер 6 јајца, 6 лажици шеќер и 6 лажици мелени ореви, па се додаваат заедно помешани 3 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за пециво и три лажици какао и смесата се меша со лажица. Оваа смеса се претура во правоаголен плех со димензии 30 х 40 см. кој е обложен со хартија попрскана со масло (за подобро да се одлепи кората) и се пече на температура од 200‘ околу 15-20 мин.
фил:
смеса 1: 450 гр. мелени бисквити
300 мл. ладно млеко

смеса 2: 1 и 1/2 маргарин (кристал)
350 гр. шеќер во прав

смеса 3: 450 гр. мелени ореви
300 гр. врело млеко (оваа смеса треба да се излади).
Сите три смеси потоа се мешаат заедно и се додава уште 1 и 1/2 шишенце рум (шишенцето рум е од 100 мл.)
Потоа се соединуваат трите кори од тортата со филот меѓу нив, а при тоа секоја кора се попрскува со млеко за подобро да се соедини со филот.Со овој фил се премачкува и цела торта одозгора и се става глазура од 150гр. чоколадо за готвење, 9 лажици шеќер, 10 лажици млеко, 6 лажици масло и 6 лажици какао.

Наместо глазура, тортата може да се премачка и со бел фил, кој може да се обои со прехранбени бои, а за контурните линии да се употреби прелив од чоколадо.

Бел фил: 1/2 литар млеко
6-7 лажици густин
200 гр. маргарин
250 гр. шеќер во прав
Млекото се става да проврие и во него се додава густинот (6-7 лажици) кој претходно се меша сомалку ладно млеко и се меша се додека не се згусни (исто како што се подготвува пудинг).
Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер и во оваа смеса се додава оладената згусната смеса со млекото и густинот и сето заедно се меша додека не се направи глатка смеса зау красување на тортата.

Прелив од чоколадо за контурни линии: На шпорет се става сад со 70 г. путер и 100 г. чоколадо да се стопи. Потоа се тргнува садот и се додава едно разматено јајце и сета смеса се меша заедно и со неа се прават контурните линии.(може да се употреби шприц за да бидат линиите потенки).


Еве како изгледа тортата ако се украси со бел фил во различни бои...




Доколку имам можност ќе напишам уште еден интересен рецепт на торта, која исто така често ја правам и децата многу ја сакаат...
Среќен нека му е роденденот на син ти и му посакувам се најдобро...

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Пон Сеп 13 2010, 22:09

бајадерата сум ја правела
и да ти кажам право, не е ни брза ни лесна
а исто и реформот на Хоти
ајде Далас, сета надеж ми е во тебе!!!!
Имам јас време, на крај на месецов е роденденот, ама...

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пон Сеп 13 2010, 22:48

Abe kupi, ne si ja zamaraj plavata glavicka

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Пон Сеп 13 2010, 22:50

Имало време Кидман...ќе ти понудам тогаш и други рецепти..


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Пон Сеп 13 2010, 23:07

Кети, знам дека ќе ми пратиш, дури и дека би дошла да ми помогнеш во украсувањето да беше поблиску

Збунчи, нека ми се претураат пари и нека се преку сто плави глави обврските, никогаш нема да им купам торта за роденден

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пон Сеп 13 2010, 23:09

Epa kupi mi mene

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Вто Сеп 14 2010, 01:38

Ова не знам дали да го сфатам како комплимент или не. Демек требало недомаќинка - експерт за мрзливи рецепти да се јави на рапорт во тема за домаќинки. jazik

кора

6 јајца
6 лажици шеќер
се матат убаво
со кратко доматување се додава
2 лажици масло
со вилушка се додаваат
8 лажици мелени ореви
измешани со
2 лажици брашно
1/2 пециво
рендана кора од 1/2 лимон
се пече во подготвен плех 30х40 цм.
се превртува на чинија за служење
се остава да се олади
па се попрскува со фанта или
тенок шербет со малку сок од лимон или цел портокал
пак се остава за да се изгуби сокот од површината

фил

750 мл слатка павлака се мати
се додава
200 грама рендано (на крупната страна ) чоколадо најлепше жеље со суво грозје, кора од портокал и лешници (сите ги има на омотот) и
100 грама бело чоколадо (не рефус)
се распоредува на кората

цела површина се покрива со ресана од портокал
ресаните да бидат со чоколадото надолу
на секоја ресана со четка се натапкува малку! фанта или шербет (пази да не потече во филот)

се полева со глазура од
мал филџан вода
мал филџан шеќер
да зоврие и да се избистри
се трга настрана
се додава кршено
200 грама чоколадо (може и млечно)
100 грама путер
се остава
по 2-3 минути се меша до глатка смеса
се полева врз ресаните

со остатокот од павлаката се украсува како сакаш

за меџик тач посоли малку прехранбен златен прав


инаку, јас во секоја фаза додавам по една ванила kez

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Вто Сеп 14 2010, 10:56

200 грама рендано (на крупната страна ) чоколадо најлепше жеље со сувогрозје, кора од портокал и лешници (сите ги има на омотот) и
100 грама бело чоколадо (не рефус)

Ај ова објасни го. значи треба да барам такво чоколадо, најлепше жеље? никад чула. ами како се ренда кога е со суво грозје и со лешници? А тоа белото чоколадо и тоа да го рендам?

п.с. нема место за маџик тач. Горе ќе има слика со гола женска

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Вто Сеп 14 2010, 11:44

,,Најлепше жеље ,, е сосем пристојно чоколадо од Соко Штарк.За рендање немај гајле,ние еднаш добивме чоколади со лешници што децава не ги јадат,па ги изрендав во куглоф,што убаво дојде.А женската ќе биде скроз гола или до пола. paga smea

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Вто Сеп 14 2010, 12:05

каква ќе најдеме, не ќе пребираме сеа...

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Вто Сеп 14 2010, 18:51

рендај СВЕ! kez
vnimanie! ova bilo 300g affraid izvini Kidman. znaci cela tabla 300g i 100 gr belo flower

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Ептен го препорачувам

Пишување by Кидман on Чет Ное 04 2010, 18:54

Рецептов се вика - Кидман го бендисува


1 главица кромид се запржува, се додава 600гр пилешко бело месо исецкано на коцки и околу 100гр пушено месо и тоа на коцки.
пропржув, пропржув...,
се трга од оган и се додава 2 варени јајца изрендани на крупната страна на рендето, 1 живо јајце, Вегета, црн пипер и една крем супа од печурки (во прав, неварена).
Меш, меш, меш... и се истура во огноотпорен сад, се покрива и се печи околу 45 мин

јас денес тоа го спремав за ручек и уффф...колку изедов - исав да се немало

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Пет Ное 05 2010, 00:53

уф, просто мирисот го почувствував. мора да е превкусно. ќе го пробам рецептот за викендот guska

но, за да не паднам во искушение, за десерт ќе им го направам ова (гледај долу) , па кој му стиска нека се облажи jazik


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пет Ное 05 2010, 01:06

lol!

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by na oko on Сре Дек 01 2010, 10:46

abe zeni ajde ragajte mi se jade mekiciiiii

na oko


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Саб Дек 04 2010, 00:34

невообичаено за македонската кујна, но многу „типско“ мезе за седенки со одбрано друштво jazik
п.с. наместо газирана минерална вода уште подобро е да се употреби пиво


Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Чет Дек 30 2010, 23:16

Има,има...еве замесив точно 111 кифлички.Уште да ги испечам(ако не ги загорам) smesko
А овој мојов:-Еј,знаеш што да направиш за утревечер!
-Знам,ќе бараш селско месо...е не може.
strumfeta

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Тото on Пет Дек 31 2010, 01:22

Многу сакам загорени кифлички. За пред гости - срамота, за на врапците - греота, за Тото - тамам smesko

Тото


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пет Дек 31 2010, 11:24

За нова година ќе се претворам во врапче и ќе ви застанам на прозорецот за да пробам од вашите кифлички, ако се сожалите на мене kez

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Пет Дек 31 2010, 11:32

Може,може kezи руска салата ќе ти дадеме

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Пет Фед 18 2011, 12:38

Супер лесен (а и брз) сос за тестенини

250 грама мелено месо ------ се пропржува на
масло ----------------------- (да се оддели меленото на ситни парченца и да порумени) па се додава
1 средна главица кромид ---- рендана на крупно ренде и
1 поголемо чешне лук ------- само пригмечено со страната на ножот
------------------------------ се пржи додека кромидот да „исчезне“ (5 мин) и се додава
1/2 литар обична незачинета доматна каша во тетрапак
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
1/2 лажиче бибер
1/2 лажиче оригано

Се вари на тивок оган 20 минути со повремено мешање. Пред служење извадете го лукот!

Во меѓувреме, ги сварувате тестенините, а тоа сигурно знаете како се прави jazik

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Чет Мар 03 2011, 21:03



Ако не ви се готви... kez



Еве еден домаќин,што као,,случајно,,те одбира во продавница,ќе ти испазари,па може да си го носиш дома да ти зготви ручек.

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Sponsored content Today at 20:27


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот