Има ли овде домаќинки???

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Нед Апр 11 2010, 07:27

денес за ручек, Бумбар-ќофте. Убаво јадење со неубаво име.

( хахаха а има и едни слатки кои се викаат - курешки. Кој беше тој паметен што им го измисли името)

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Нед Апр 11 2010, 13:03

...курешки, а ? , тоа мора да се женски слатки

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пон Апр 12 2010, 19:40

Ќебаби од суви смокви.

Се зоврива шербет од 150 гр. шеќер прелиен со вода. Се додаваат 300 гр. суви смокви ситно исецкани и 300 гр. ореви ситно исецкани и се замесуваат со шербетот. Се обликуваат во форма на ќебаб, се оставаат да се засушат малку, се преливаат со чоколадна глазура и се декорираат со шарени трошки.
Глазура : 150 гр. чоколада за готвење растопена со 3 лажици зејтин.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Пон Апр 12 2010, 20:04

па и не се баш нешто... пих

мене ми се дефинитивно хит месеца, МРЗЛИВИТЕ МАКАРОНИ .ги подув дома со нив

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Пон Апр 12 2010, 20:48

Е да де, тури све наеднаш во рерна без предигра

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by zbunet on Сре Апр 14 2010, 21:06

АМЕРИКАНСКИ КРОФНИЧКИ

- 3 јајца
- 1 чаша (150 - 200 гр.) кисело млеко или јогурт
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 пециво
- 13 - 15 лажици брашно.

Се мати малку со миксер и се додава брашното истовремено. Се зема со мало лажиче од смесата и се пржи во загреан зејтин.

_________________
http://jazbunet.blogspot.com/

zbunet


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by alisa on Пет Апр 23 2010, 10:15

Кидман напиша:денес за ручек, Бумбар-ќофте. Убаво јадење со неубаво име.

( хахаха а има и едни слатки кои се викаат - курешки. Кој беше тој паметен што им го измисли името)

Не си фер, ако ја знаеш рецептата напиши ја

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Пет Апр 23 2010, 19:15

од што ма од ќофтето или оф слатките?

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by alisa on Нед Апр 25 2010, 10:16

Па не би било лошо и двата рецепта, прво оди главно јадење, а потоа десерт. И двете имаат интересни имиња

alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Пет Апр 30 2010, 02:04


keti


Вратете се на почетокот Go down

Роденденска торта

Пишување by keti on Сре Мај 05 2010, 20:39


keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Вто Мај 11 2010, 21:17

давам половина царство на оној кој ќе ми даде идеја што да направам за ручек за утре?

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by trpe on Сре Мај 12 2010, 11:01

Што реши, што вкусно ќе јадете денес?


trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Сре Мај 12 2010, 11:58

леќа

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by trpe on Сре Мај 12 2010, 12:18

Леќата е позната како многу вреден енергетски продукт. Во 100 грама леќа содржи 338 калории, изобилува со витамин Б, и големо количество јаглено хидрати. Леќата не содржи ни заситене маснотии, а не содржи ни штетен холестерол.

Леќата спаѓа во групата на мешункасти растенија, а заради богатството од протеини, за леќата се вели дека е замена за месо.

Исто така таа е богат извор на витаминот Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк.

Високата содржина на витаминот Б6, ја прави леќата поволно да делува на нервниот систем, а со голема содржина на железото исто така ја прави леќата, да биде корисна во спречувањето на слабокрвност.

Леќата не содржи заситени масни киселини, ниту штетен холестерол, а e инзвонреден извор на растопливи и нерастопливи влакна.

Растопливите масла го намалуваат нивото на гликозата и холестеролот во крвта, со што се намалува потребата за инсулин кај лицата заболени од дијабетес.

Нерастопливите влакна ја подобруваат "столицата" -

trpe


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Сре Мај 12 2010, 12:53

хихихи.... трпе, му го извадив ова на Word на син ми
зашто гарант ќе се расправаме зошто сум направила леќа место ќофтиња

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by alisa on Чет Мај 13 2010, 01:03

Предлог за појадок:












alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Александра on Чет Мај 13 2010, 12:17

klementina mori, pa tebe za se' te biduvalo

ovaa idea me potsekja na pogovorkata

"Poarno jajce vo dlanka otkolku jajce na oko "

Александра


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Чет Мај 13 2010, 18:38

СУПА СО ЗЕЛЕНЧУК

1 компир (исецкан на коцки)
1 кромид (исецкан на кругови)
1 морков ( исецкан на ситни парчиња)
1 зелена пиперка (исечена на кругови)
магдонос
фиде
масло
1 литар вода
зачин и сол

Зеленчукот се мие, чисти и сечка ситно, се става во лонец во кој се додава ладна вода, малку масло, зачин и сол по желба и се готви 15 минути. Потоа се додава фиде и магдонос и се готви уште 5 минути, и се служи. По желба се додава и сок од лимон на готовата супа.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Чет Мај 13 2010, 19:17

ОРИЗ СО ЗЕЛЕНЧУК И СОЈА

ориз ( 5 раце - оризот се става во чаша или во некој друг сад, се потопува во вода и се мие)
50 грама соја ( се потопува во вода и се цеди)
кромид (две главици исчистени и исечени на ситни парчиња )
1 морков ( исечен на ситни парчиња)
250 грама грашок
100 грама печурки ( исечени на ситни парчиња)
100 грама варена пченка
2 зелени пиперки (исечени на ситни парчиња)
1 црвен домат (исечен на кругови)
магдонос
масло
зачин и сол

Во тавче се става масло и ситно исечен кромид и се запржува малку, па се додава ориз, соја, грашок, печурки, морков, пченка и пиперка подготвени на горенаведениот начин. Во посебен сад се става малку масло, се додава смесата од тавчето, па се додава и врела вода (на 1 чаша ориз се додаваат 3 чаши врела вода), се става зачин и сол по желба и се остава малку смесата да врие на оганот, па се додава магдонос и исечениот домат.
Шпоретот, односно релната треба да се загрее на температура од 250 степени и во неа се става садот со сите состојки и се пече 15-20 минути. Садот треба да се стави на долниот дел од релната (не на решетка) за побргу да се зготви.
Се служи со парчиња лимон и во комбинација со свежа салата.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by keti on Чет Мај 13 2010, 19:32

МАРЦИПАН

500 грама мелени бисквити
200 грама кокос
300 грама вода
500 грама шеќер
1 маргарин
какао (2 лажици)

прелив: 100 грама чоколадо, 3 лажици вода и 1 лажица масло.

Во сад на оган се става водата и шеќерот да зовријат, па се додава и маргаринот да се растопи. Во друг сад се ставаат мелените бисквити и кокосот и се додава врелата смеса од првиот сад, па се меша добро. Оваа смеса за дели на два дела и во едниот дел се додава какао.
Во посебен калап обложен со фолија прво се става белата смеса, а потоа се додава и какао смесата и садот се остава во фрижидер еден до два часа.
Марципанот се сервира во посебен сад (се вади од калапот и се отстранува фолијата ) и се прелива со преливот од чоколадо.

keti


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Пет Мај 14 2010, 21:00

400g.brasno,1 jajce,200 ml.jogurt,100g.sirenje,1 pecivo,1 lazice sol,se se mesi ,se razvlekuva kora od koja seces krugovi ili for mi kakvi sakas i gi przis na vrelo maslo!Brzo i lesno!Bon appetit! P.S.Ova e nesto kao brzi mekici!

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Кидман on Саб Мај 15 2010, 19:34

ова ќе го пробам сабајле за појадок
изгледа лесно и вкусно

благодариме hot nurse,
пиши уште некој хот рецепт

Кидман


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by the nurse on Саб Мај 15 2010, 20:51

Fala,poveli i drug pat!

the nurse


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by alisa on Чет Мај 20 2010, 19:02

Шарени ванилици

100 гр. сецкани ореви
100 гр. сецкано чоколадо
100 гр. суво грозје
1 ванилин шекер
1 прашок за пециво
2 јајца
12 лажици шекер
1 маргарин (250 гр.)

Маргаринот се мати со шеќерот да се соедини и се додаваат јајцата, ванилата, пецивото и се додава брашно по потреба (тестото да не се лепи и да може да се обликува). Потоа на крајот се додаваат оревите, чоколадото и сувото грозје. Се развлекува кора и се вадат форми со калапчиња или округли со чашка. По желба оревите може да се заменат со кикирики за колачи. Откако ќе се испечат може, а и не мора да се валкаат во прав шекер, по желба.


alisa


Вратете се на почетокот Go down

Re: Има ли овде домаќинки???

Пишување by Sponsored content Today at 12:26


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот